Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    СДК дека децава од моето маало ми го разубавија вчера денот. Навистина се вратив во времето кога јас бев дете, кога ние игравме криенка и кога по цели денови неможеа да ме приберат дома. Си играа викаа, се слушаше детски џагор, колку само се почуствував среќна .
    Само сватив дека во суштина правото детство сеуште не е заминато.
    Горда сум јас на децата од моето маало :) , бидејќи сеуште знаат што е игра :) !
     
    На Serafima, Tiki-lolipop и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  2. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Tука сум како да несум, живеам колку да постојам, полно е со луѓе а нигде човек да видиш,се е проклето полно а јас сум празна.. моменти кога се ми фали и ништо не е како што треба да биде се обидуваш и не иде,пуста завид и љубомора..колку ли само лагата боли :emo: .Мозочето ми е блокирано немозе да мисли а јас уште поеке се заглавувам ...додека да соберам сили ке стојам долу на дното и ке набљудувам :) а потоа ништо нема да биде исто .... :drunk:
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    На дофат ми се иднината што секогаш сум ја посакувала и иднината која навистина би ме направила среќна.
    Двете се подадени од исти раце, само треба да ја одберам левата или десната. Дали тоа што некогаш сум го посакувала и понатаму ќе ме прави среќна? Дали јас ќе се пронајдам навистина таму? Дали го можам јас тоа?
    Од друга страна знам дека оваа среќава е сигурна и повеќе од сигурна. И ќе бидам навистина среќна.
    Но, како да се откажам од нешто што сум го посакувала кога ми се нуди?
    Не знам дали можам со моите дланки да ги склопам тие две па да имам се.
    Како ли да одлучам? :worried:
     
    На bittersweet, imelda, Moira и 10 други им се допаѓа ова.
  4. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Кога киснеш пред шпорет и го чекаш кафето да се свари- никако да се свари, кога се завртиш за секунда на другата страна- оно отишло веќе ..... :swear:
     
  5. Catalea

    Catalea Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    ..Сакам да почнам нов живот сега во средно.Не да завртам лист,туку нова книга во мојот живот.Прво да си го сменам однесувањето,потоа да се запишам во тоа средно што сакам,да ослабам,од септември да почнам да учам и да бидам одлична ученичка сите 4 години.И да си најдам другарки.Сега за сега само тоа сакам.
    Не е многу нели?
    Знам дека се од мене зависи.За да ослабам треба диета да држам и да вежбам,за 5 треба да учам,за да си најдам другарки треба да бидам дружељубива,искрена,весела и најважното како што вика татко ми да не избувнувам,да размислам пред нешто да кажам и да не започнувам расправии.
    Навидум изгледа мн лесно,но не ми се чини баш така.Не знам што ме чека,ама едно знам.Знам дека се ке дадам од себе да успеам и нема да се откажувам бидејки иако е тешко знам дека можам. :)
     
    На Inna5 и encimenci им се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Положив математика :D Многу е чудно чувството :D
     
    На Moira, kravce, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Колку е само убав денов.Во школо се оди како подмачкано,надвор сонце грее па ќе можам да играм одбојка денес.После часови се собравме сите осми,неколку деца и смислувавме за наставниците текстови за алманах,не дека пишувавме повеќе се смеевме и зафркававме.Како и да е,баш беше супер и сфатив дека сме добра генерација,со исклучок на некои личности,и дека колку да викав дека нема да ми фали школово ќе ми фали,децата,онаа атмосфера што ја имаме во училна,ходниците,абе луди сме.Наставниците сигурно нема да ми фалат,добро освен по Хемија и Физика,друштвото многу.Уште 2 месеца заедно,мислам дека треба да ги искористиме за дружба и тоа што ќе одиме на екскурзија ни е плус.Во среда не сликаат за во алманах и одвај чекам после тоа да ни ги дадат сликите и да им раздавам на тие што сакам и да ми дадат дури и си имам направено список :lol:
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Последниве неколку дена се чувствувам како вулкан којшто може да еруптира во секое време. Ама се изолирав од се, се смирив, и подобро така. Се разочарав, ми падна тешко и сакам само да си ја смирам главата. Никој да не ме меша и вплеткува во ничии проблеми. Сфаќам дека секоја досада е поубава и од најмалиот немир.
    Денес чувствувам и физичка болка, а кога ќе помине сето тоа ќе си дозволам едно освежување, се надевам се ќе испадне како што треба.
     
    На Someonespecial, Divinebutterfly и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.308
    Допаѓања:
    158.270
    Со загинувањето на Никола Младенов... кажете збогум на македонското новинарство.
    Чувството ми е како цела држава се руши и одломки лебдат во бескрајниот простор на космосот...
    Не верувам во случајности.
    Извор.
    http://www.facebook.com/notes/фокус/живот-подарен-на-новинарството/498995913483345

    http://www.plusinfo.mk/vest/86372/IN-ME ... ite-vlasti
     
    На antonina, AIT, MacenceEna и 14 други им се допаѓа ова.
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Денеска ми се сруши сиот свет над мене,денеска едно мало сонце отиде на небото,Ангели ве молам чувајте го тоа мало срценце чиј што лик вечно ќе биде во моите мисли и срце.Никогаш не ми било и нема да ми биде јасно како може се да е толку црно,мачно,тешко,зарем мора да е така?Како некои црни облаци да надвиснале над нас кои што немаат намера да се тргнат.Таман помисливме дека се е добро и дека ќе се среди таа тажна вест сите не распарчи. Па што направило тоа душиче за да го изгуби штотуку почнатиот живот,зарем Бог толку многу го сакал кај него па си го зел,барем нас да ни го оставеше да се радуваме на неговиот живот.
    Солзите не запираат,болката во срцето е преголема,неиздржлива.Ако болката кога дете ги губи родителите е преголема тогаш мајката кога ќе го загуби своето дете е неописливо огромна. Ах проклета да е далечината што не можам да го прегрнам,да сум крај него,да земам барем дел од неговата болка кога не можам целосно.Не можам да си простам себеси што не сум крај него кога најмногу му требам,срцето ќе ми препукни.Во овие моменти нема утешни зборови кои што би можела да ги кажам некому па за тоа има огромна тишина во која што се слушаат само плачот и воздишките од тага.
    Почивај во мир мое малечко,сигурна сум дека таму горе мама и тато ќе те чуваат и кажи им дека јас тука со него сум среќна и дека се ќе поминеме заедно и ќе сме заедно засекогаш без разлика на се.
     
  11. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Жалосно е што кај нас мора да умреш за да те признаат ко човек, за да ги признаат твоите дела и за да те величат!
     
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Пред некој ден заедно со ѕверчево отидовме во продавничката. Му купив паштета, малку да го закрепнам, зашто беше малку болен. Толку беше радосен, почна да скока, да се радува, да не стои во место. Почна да привлекува внимание. Сите го гледаат, го галат, додека дојде една тетка, која го расипа целото расположение на сите.
    Почна да вика:
    -Леле колку е голем? Каква е таа ваша гордост? Каква е таа ваша гордост да гледате такви големи кучиња?
    Не колку зборовите, толку колку гнев имаше во тие зборови, во нејзините очи.
    Срцево ми се параше, ама ставив една насмевка на лице. Ја погледнав, се насмевнував на секоја нејзина реченица, иако толку сакав да и кажам многу работи. Ајде да не рече нешто повеќе, да ја скротам таа нејзина лутина.

    Можеби проста секојдневна случка, но за мене значајна. Сфатив колку таа жена е празна, без грам љубов. Сфатила во животот, дека чувањето куче е гордост. Не сфатила дека тоа е љубов, чиста, вистинска. И ми беше жал што таа тоа очигледно не го почувствувала тоа во животот, па затоа и така ги гледа работите. Воопшто не се обидела да засака едно такво животинче, да види што е тоа љубов. Да види, дека тоа „големо„ куче има толку голема душа која знае и многу повеќе да љуби од нашата, човечката.

    Го анализирав тој настан во себе доста долго. Барав секакви оправдувања, одговори, но навистина едно останува, гордост, себељубие или најстрашното омраза. И не само тукутака да се дојде до тој заклучук, туку е потполна вистина. Од себе, од својот живот.
    Секогаш кога и да му пристапам на ѕверчево со смирение, без ни малку гнев, без да го повишам тонот, или само да молчам, тој веќе чувствува се. Иако е темпераментен, скока, се радува, тогаш е спротивност. Мирен, се гали, ја слуша секоја наредба, не се спротиставува, не каса од радост. Но некогаш е потполна спротивност, знае да скока, да каса за да играме... тогаш сфаќам колку мојата душа е забранувана и колку немам воопшто смирение. Тој ми е термометарот на душата, кој секогаш ја кажува вистината.

    Молскавично ми светна една мисла на една книга која ја читав неодамна. За човек кој живеел континуирано 2 години на островот на Преспанаското Езеро. Цели 2 години на островот преполн со змии, без ниедна да го касне, заедно се движеле, а ни една змија не возвратила со лошо кон него. А тој само кажа: заради нашата гордост, заради тоа и животните се плашат од нас и затоа се бранат со напад на нас.


    Се радувам кога читам доста девојки кои опишуваат случки за своите кучиња, мачиња, или други миленичиња. Навистина се радувам што ја чувствувате таа љубов. Затоа ќе им дадам еден најдобронамерен совет на оние кои не ги сакаат.
    Обидете се.
    Обидете се да сакате.
    Тогаш ќе сфатите што е вистинска љубов :!: :inlove: .
     
    На Monna.Monna, imelda, Moira и 26 други им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.687
    Допаѓања:
    22.811
    Пол:
    Женски
    Леле или пак мојана комшивка со коментарите нејзини.
    Се распрашувавме за кутриња, раса, ова, она (инаку планирам да продолжам напред по толку години страв од врзување со милениче поради загубата на моето кутре која многу лошо ја поднесов :) ), па затоа се распрашувавме со мм за која раса, што, како стојат со особини, дали може да се чуваат внатре или не...

    И комшикава вика „Ќе ни` го сотрете семето бре! Наместо млади, здрави, прави деца во најплодните години да правите и да ги чувате па да направите добро дело, вие на кучки и мачки мислите.“

    Ќе и` вратев, ама се шокирав од нејзината ограниченост па ми снема зборови.
     
    На imelda, kravce, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  14. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Јас не знам како секој еден глуп чоек во државава си зема за право да им се смее на други често и попаметни :puke: неможам да ги поднесам луѓиштава во мојов град. Дечиштава поготово ко ментални нешто, ко озрачени се. За средношколци и основци викам, и за некои до факултет што стигнале :puke:

    убав ден беше денеска :)
     
  15. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Абе денеска да ви кажа многу убо си поминав со другаркиве.Фативме СПРЕЈОЈ се испрскавме од гла до петици и забегани сите се мавтаме по улица, врвит еден шо го познаваме не глеат и се крстит, ние патос се смејвме ко будали. :rofl:
    Бидете поздравени и убав ден на сите! :)
     
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.142
    Пол:
    Женски
    ^
    Извинете за офтопик.. Чекај малце, ти немаш ист аватар ко Јагода123?? :?: или само е сличен? :geek:
     
  17. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    сдк ако може некој да види во темата мобилни телефони и ако може да ми одговори :*
     
  18. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Не су знајла дека и та имат таков :D
    Сеа ќе го смена.
    :D :D
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Станавме луѓе од навика,без желба да пробаме нешто ново, без желба да ризикуваме, без стремежи за подобра иднина... Тивки, мирни, задоволни од тоа што го имаме, затоа што, нели... додека нешто функционира не треба да се менува. И секогаш е така, во се... И сите сме такви... мизерни, тромави... Се држиме за тоа што го познаваме како давеник за сламка... Без разлика што е тоа, дали една мизерна врска за која и самите сме свесни каква идинина ни носи, или работно место кое не нуди никаков напредок... или па макар и најобичното кафе што го пиеме секое утро, без желба на пример да го промениме некогаш со едно јаболко или пак шолја чај... Се е до навика... ама навиките не го изградиле светот, туку човековата љубопитност и желба да истражува... Па не може се да иде кон полошо, нели? Можеби некогаш баш со тоа играње на сигурно избегнуваме нешто уште поубаво...
     
    На Moira, kala21, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  20. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    80% од градоначалнициве хирурзи, кардиолози, разни доктори ... Ако се зголеми наталитетов во следниве 4 години Груевски е крив, не Бранко :lol:
     
    На i-v-a-n-4-e му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.