Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    Денов ми е наЈсупер.. цел ден си се прскам од смеејне и се некој глупости си правам.. :D
    вечерва се трудам да се сконцентрирам малце и да фатам книга да подучам.. морам :)
     
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Какви ти се фиоките, таков ти е животот а? Океј, челенџ аксептед се даваме на чистење. Решена сум бомбонче да си ја направам собата. Некако ми се сменија идеите за убаво и желбите и сега сум посветена на мал милион проекти. Идеи, идеи, идеи, само чекаат да бидат преточени во нешто. Доаѓа нивното време.

    Нека се пушти сонцево да го јавнам точакот долж Кеј. И да го освојам Водно. Непроценливи ми се моментите кога испотена, белите дробови ми се полни со кислород, мислиш секое меурче внатре приказна за себе. Па зашто да не?! И

    Ја сфаќам цената на вистинското пријателство и во моментов мислам дека сум измамена од неколку банки. И ме нервира тоа, и ми тежи со уште сите други проблеми. Не, не е исто како порано. Ни од далеку. Имам чувство дека редам слагалица ама не почнав со рамката. Некако талкам низ делчињава, ја редам и прередувам средината, а всушност не ја знам ни сликата.

    Ете, среда. Музичево ме размрдува, видеово ми ги скокотка стомачните. Хих.
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... zQWmAwNNCw
     
    На kravce, Umbrella22, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК преку глава ми е веке од луѓе кои што знаат повеке за мојот живот одколку јас самата не ми се верува до кој степен веке нема да отидат, си имам среќна и убава врска и што ке слушнам сега сум имала СОСЕМА ДРУГ ДЕЧКО од оној вистинскиот и доаѓал кај мене сум ишла кај него :o :o :o од каде доаѓаат тие верзии не ми е јасно ? Како може некој да каже кога нема никаква врска , за да каже некој мора да ме виде? а јас шо од дома не излегувам ми напраиле 300 филма го мразам овој град ги мразам сите такви луѓе како не им е срам бе сами да си измислуваат свои истории и да си ги шират ? Шо ке постигнат со тоа ? Мене ми е битно што душата ми е чиста и дечкоми ми верува а тие таквите НЕКА ЈАДАТ ГОМНА СЛОБОДНО КОЛКУ САКААТ ! ! ! ! !
     
  4. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Чувството е незаменливо кога ќе видеш дека си положил Англиска книжевност со 100/100. ^_^
     
    На Buttterfly, sweet-cherry, sadangel и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    8) .... :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Денеска на ТВ го гледав Монк - мојот омилен детектив. :) За разлика од другите пати, овојпат малку се подзамислив, епизодата ме подзамисли. Се појави нов детектив кој совршено добро ја спроведуваше истрагата, и токму поради него, Монк беше отфрлен од случајот, исклучен од истрагата. После испадна дека детективот мами, но тоа сега и не е толку битно. Монк беше толку повреден, навреден, поразен, заради тоа што така лесно, преку ноќ, неговото име го засени некој нов, дотогаш непознат детектив. Во разговорот со својот психијатар, му откри дека сака да се повлече од работата, токму заради новиот детектив. Психијатарот го убедуваше дека не треба така лесно да се откажува, дека е нормално од секој добар детектив да има уште подобар. Не треба заради тоа да се откажуваме, да се обесхрабруваме и да се повлекуваме. Не треба да очекуваме секогаш да го држиме првото место. Меѓутоа, Монк беше цврст на своето, и веднаш беше подготвен за новото работно место... Тука ќе запрам. :?:
    Епизодава ме подзамисли, затоа што многу ме потсетува на мојот живот. Секогаш сметав дека во одредени нешта сум слична на Монк (иако не одам до крајности, како него :D), но оваа епизода дефинитивно ме погоди! И јас како него, на првата препрека што ќе ми се испречи на патот - потклекнувам. Лесно се откажувам затоа што се плашам од порази, не знам како да се справувам со нив. Полесно ми е да го завртам грбот како ништо да не било, да се откажам макар и од тоа што цел живот сум го сакала, и од тоа во што сум го вложила сиот мој труд. Во никој случај не ми е лесно (зарем воопшто, тоа може да биде лесно?!)... Само ми е полесно - споредено со поразот и горчината што тој ја носи со себе.
    Епизодава ми дојде како порачана, во право време.
    Монк сепак на крајот успеа уште еднаш да се докаже себеси, ги разреши сите сплетки кои настанаа, остана детектив број 1. Тој сепак не се откажа! А јас? Што ќе направам јас? Мислам дека е крајно време и јас да ја истуркам работата до крај, да бидам како Монк и во оваа ситуација - да се задржам на тоа што го сакам и да работам неуморно, без разлика дали и колку порази ќе доживеам. :angel:
     
  7. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Не е да се фалам но до сега имам изгубено 3 телефони , добро и еден испран во перална , и затоа на моите не ни му барав нов телефон затоа што знам дека ќе фатат да ме кудат. Но изгледа си знаеле тие што сакам.Ме изненадија вчера со веста дека ќе земеме телефони , еден за мајка ми еден за мене , најпрво си помислив дека ќе ми зедат некој глупав но ми рекоа дека можам да одберам :party: .
    И најнормално мене веднаш умот кон поу ми лета :lol: и одбрав самсунг галакси У мисалм дека направив добар избор , па ќе видеме како ќе се покаже телефончево во петок (тогаш ќе ми стигне )
    Ааа и денеска имам многууу работа : поправав оценки , и според мене многу добро си ја завршив работата , уште математика ми остана 4 :doh: ...... Како и да е едвај чекам да дојде петок и тогаш очекувајте да бидам активна во темата андроид апликација зашто тапа сум .Инаку телефонот ми е подарак од мајка ми и татко ми за полуматура .Многу ги сакам бе :inlove:
     
  8. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Денес се вракам од школо и одма седнувам на маса да јадам (навика :lol: ) пуштам тв, и само гледам “ИЗБЕРИ ДЕЛА, МАКЕДОНИЈА СЕ САКА СО ДЕЛА„ |( Значи уште еден круг ке има, а јас кутрата се израдував дека нема да досаѓаат со тие реклами за владата |( ;(
     
  9. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Тешки се крстосниците во животот.
    Имаш повеќе избори, а незнаеш по кој пат да зачекориш.
    Ризикот е голем. Но, успехот може да биде уште поголем.

    Некогаш навистина ни самите не знаеме што сакаме. Или пак само што сме сигурни, доаѓа нешто кое ќе ја разниша таа сигурност и ќе не направи поколебливи.
    До кој степен на среќа се стремиме?
    Зошто мора да сум перфекционист? Зошто авантурист?
    Горда на особиниве, ама понекогаш толку е невозможно да се справиш со нив.
    Авантуристот и немирниот во тебе трага по нешто ново.
    Перфекционистот, бара ситница во тоа ново, да го направи да изгледа како непотребен ризик. Кој не вреди да се превземе.
    Можеби пред нас имаме нешто повредно од се` што понатаму ни следи...а, може да го изгубиме токму поради таа потрага кон ново, кон неискусеното.

    Таа е таа, незапирлива сила која не тера да правиме работи за кои сме мислеле дека никогаш нема да ги направиме.
    Ми навира мисли, кои никогаш не сум мислела дека ќе можам да ги помислам. Ми дава желба, за работи кои сум била сигурна дека никогаш нема да ги посакам.

    Дали треба да се прифати искушението без страв и без трепет...без совест и каење?!
    И, онака самите ги сносуваме последиците. Секоја грешка, сами ја плаќаме.
    Животот е еден, можеби затоа нуди толку можности...треба да се пронајдеме во вистинското.
    Кое ќе не исполнува од глава до пети, секој нерв, секоја клетка...кое ќе живее во секоја наша воздишка и ќе биде врвот на духовното задоволство!
     
    На julie77, encimenci, lunicka и 11 други им се допаѓа ова.
  10. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Добро е,пак се враќаме на ист колосек само што овој пат не сакам да помислам како ќе се одвиваат ситуациите понатаму.Доста ми е од многу мислење,доста ми е од се што би можело пак да ме разочара..

    Само што се избањав,седам со мокра коса и го допивам ладниот чај од шумско овошје.Денот помина како и секој вообичаен ден.Празни муабети на факултет со луѓе кои верувајте ми се одамна прочитани.
    Некој од нив мислат дека се центар на светот и дека можат да влијаат врз останатите,некој дошле без идеја во животот и играат како што свират овие првите,а третите се оние малку кои љубоморно ги чувам до себе,бидејќи се ретки,бидејќи се двојат...

    Брат ми ми се јави и ми кажа фрли ми го новчаникот од прозор,му го фрлив одма,без притоа да размислам и да го ставам во нешто за да не му се резлетаат парите и документите,бидејќи новчаникот не ми се затвара.
    Да,да,се случи,се разлетаа,уште не е дојден дома и се надевам дека ништо не му недостасува,се тешам дека е така бидејќи ако се случеше спротивното веќе ќе добиев некој повик со закана :D

    Од ден поминат во излежување додека се завртам дошло 11..Обврските за утре ме чекаат,денот ми почнува рано а јас немам абер да се приберам во кревет.
    Изгледа пак ќе читам некои теми по 100пат ... |-)
     
    На anichka94, teddybear и Ilusionist им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Денеска еден на фб ми прати линк за наградна игра и, нетипично за мене, гласав. :)
    Седам на фемина, играм зума и во другиот таб гледам порака на фб.
    И кога ми заврши нивото, кога можев да ја паузирам, отварам фб со фаца а ла Изет Фазлиновиќ и помисла „ко смета“ :D
    И гледам на чет еден што не го познавам (ми останал од лудото време - 11-12 години, кога како брлива додавав пријатели :$ ) ми пратил линк да лајкнам за наградна игра. |(
    И таман мислев да го отерам се-знае-каде, не знам што ме натера, го отворив линкот и гледам - наградна игра за бебенца. Леле кога го видов бебенцето, како се разнежнив. :inlove:
    И што да правам, слаба сум на слаткиши, ќе лајкнам и оро ќе играм. :lol:
    Тоа е, си се распекмезив едноставно. :rofl:
     
    На anichka94 и tessie им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Совест.
    Или ја имаш или ја немаш.
    Но од превише знае да боли глава.
    И да не звучам како Калимеро, или како Балотели поарно :D абре се нешто мене ми се дешава фриковски..
    Се започна еден убав ден, кога случјано си најдов пара во стариот новчаник, како се нашла таму незнам, ама ете чуда се случуваат, не викам више не.
    И среќна прeсреќна викам ја трошам, ќе ја еб*м не ја штедам.
    И си се упатувам во еден бутик, си се подновувам што се подновувам, и со продавачката нешто заправуваме муабeт дека многу ги краделе. Запрепастена бев искрено, незнам каква совест имаат тие луѓе.
    По 3-4 дена случајно незнам што ме натера да си го пробам чудово, и што да видам, продавачкава заборавила да ми го извади тоа пластичното. И се ќе беше во ред, да ја имав сметката, ама јас ја заџтарив во првата канта. Шта речи а не заплакати.
    И така од срам, страв и незнам што, 2 дена не спиев како што треба, на никој не кажав, од страв, како да сум ја украла стварно. Куку црна јас.
    Го мавав со чекич, со се што најдов дома цврсто, мускули набилдав мислам. Ништо, џабе, неќе.
    И више на работ на очајот викам ќе и кажам на мајка ми, знае какво дете има, нема да се посомнева недај боже. Среќа го извади некако, старост, мудрост, текнувало.
    И и кажувам дека 2 дена по ред не сум како што треба заради тоа, ме направи будала.
    И за правење сум, некои крадат милиони спијат навечер мирно и спокојно, јас за нешто што не сум ни помислила, па тек направила не бев раат што викаат.
    Наравоучение, БУДАЛА СУМ и тоа голема.
     
    На Monna.Monna, bittersweet, Foreveryoungiwannabe и 26 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.131
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Јас се помирив со некои работи. Колку нетипично за мене. па уште малку и нема да можам да се препознаам. Тоа е, понекогаш мора да се проголтаат и некои горчливи работи што ни ги зготвува животот. Ама иронијата беше толку преголема што веќе и ми беше смешно. Толку ми беше смешно што не можев ни да се изнервирам. Па тука си го применувам она Што и да е, ќе помине...

    На посветлата страна, ме чека интересен викенд, не знам од кога не сум се израдувала на викенд. Едно заборавено чувство, ама навистина е убаво да се потсетиш на него. Ко тинејџер некој, тоа среда, јас едвај викенд чекам. :rofl:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.687
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    Ај ти глеаш слаткиши, а мене све мамици шо ми се скоро на мојот профил и стално ме гњават да „лајкувам“ за нивното дете да добие ова, она, тоа...
    Шо ќе праиш...кога се драги личности во прашање, ќе гласаш. Ги усреќува а со тоа и мене ме усреќува.
     
  15. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    28ми март 2013 година.Пред 18 години дошло на свет мало,женско дете по име Лорита.Се родило со 2кг. и 700 грама.Бидејќи било мало и слабо требало да седи во инкубатор неколку дена.После година дена му израснала првата коса,портокалова и му се појавиле мали пеѓи на белото лице.Било многу педантно дете.Сите играчки ги има сочувано до неговата 18та година..
    И денеска малото дете слави полнолетство :) Луѓее пораснав :^: :^: :^: :^: :beer: :d: :ninja:
    Нека ми е среќен роденденот,па почестете се со убава чоколадна торта.
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, kate21, Foreveryoungiwannabe и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Се сеќавате во она кученцено на интеренет кое викаше „Не е понеделник, не е понеделник..“? Епа јас го правам истото, самоубедувајќи се во тоа дека немам емоции.
    Се молам само нека потрае среќава, само нека потрае ова што го имам.
    И иако знам што се случува, повторно се самоуништувам, но посилно е од мене. Знам дека од другата страна на слушалката имаше женски глас. Ама ако. Важно мене ми е одлично во моментот. Се чувствувам убава, посакувана. Изневерена. Од сама себе.

    Уште еден ден на ѓерданов.
    Тамо доле преко многу, многу граница.. Редам ѓердан, по бисер за ноќ, во раце негови..
    http://www.youtube.com/watch?v=Ji06MuP4-0w


    И секој си има лоши денови. Епа јас се гушам во нив, се додека не доаѓа тој. Кога ќе дојде, се издигнува во најголемиот сон пред мене. Не постои. А јас го барам.
    Криенка. Животов е криенка.
     
    На ilipili, Serafima, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  17. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Ме нема извесен период на форумов, премногу обврски ми се собраа, затоа ви се извинувам за моето отсуство.
    Заклучок мој од изминативе две недели:
    Сите трчаме по материјалните добра, да заработиме, да си приуштиме ручеци и вечери, да можеме да возиме убава кола, да живееме во сопствен стан, да можеме на децата да им купиме убави и скапи колички итн итн. на крајот, заминуваме, изморени од маратонот, а со себе носиме ништо. Ни поминува животот во пребројување, дали имало или немало за одредена ствар, а најмалку сме имале време за сопствената среќа, за тоа што вистински не радува.
    Имам пријателка, нема време да си ги види децата, израснаа со баба им, она трча гради кариера, заработува огромни пари, има само 10 дена во цела година кога оди на одмор, единственото време кое го поминува само со нив. Наутро на испраќање плачки, мамо не ме оставај, земи ме со тебе, навечер само еден бакнеж за добра ноќ. Мајка и и зборува, имаш добра плата за да можеш да не го правиш се ова, само да не беше човечкото око толку ненаситно, можеби и ќе сфатеше што сака да каже.

    Не е само таа... другар мој, некогаш најдобар, нема време за спиење, а не пак за социјален живот, менува директорски места како чорапи, од повеќе на уште повеќе, има речиси 30 години и е сам, презгоден, преубав, препаметен, џабе кога секоја девојка му раскинува зошто нема време за нејзе.

    Стравот од губење на материјалното е се повлијателен на луѓето отколку самата духовна среќа.
    Во животов правиме се, само не и она што не исполнува, само не и она што вистински не радува, кој почувствувал знае за што зборувам.
     
    На Doozy, encimenci, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.687
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    Хистерија владее. Водете љубов почесто. Помагало викаат.
     
    На Mishela, imelda, julie77 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Незнам дали и кај вас е така,ама еве мене кога во љубовта не ми оди,ништо не ми оди. Ништо не ме радува,се е привремено,почесто сум тажна место насмеана,за се ми е сеедно,се ми пречи,се ми е безвезно,сите успеси ми се џабе,не ме радуваат,знаете зошто? Бидејќи ја нема таа најважна личност со која да го споделам тоа и да славам. Па и некои ситни успеси,не само големи. Немам на кој да ја дадам сета оваа љубов што во мене,што ја чував,а можеби не требаше,што остана неискажана и невидена...Се ми е монотоно,среќата е на моменти,а почесто ме измачуваат мисли и спомени,за жал...Веќе ни надеж немам за ова. Само тагувам за љубовта.
    Знам,некој ден ќе има љубов пак. Не како оваа. Велат првата љубов не се заборава. Ете оваа беше таква. Бидејќи на почеток беше вистинска,искрена и чиста,бидејќи тогаш двата се боревме,ништо не можеше да не спречи,ги надминавме сите разлики и граници,но сепак не запре нешто. Вистинската причина ни јас не ја дознав. Дали не бев доволна него? Другите ли беа поважни? Кога јас паѓам на последно место од листата,повеќе преферирам воопшто да ме нема на листата. Никогаш несакам да сум последна опција,неважна честица од нечиј живот. Бидејќи на некој некогаш ќе му бидам на прво место и најважна! На некој што ќе знае да цени што му е приоритет во животот. Јас зажалив што го ставив на прво. Си мислам,не сум ни глупава,ни грда,ни лоша,ни невоспитана па за да бидам на тоа место и никој да не ме сака. Ќе има некој што ќе знае да ги цени моите особини и на некој ќе му бидам се! Така и тој мене ќе ми биди се. А оваа мака можеби ќе помини и ќе остани само како лекција.
     
    На bittersweet, teddybear, green.eyes и 24 други им се допаѓа ова.
  20. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Почивај во Мир Никола Младенов.

    До денес не го знаев човеков ни кој е, ни што е.
    Отворив неколку статии, видов кој е, ја прочитав неговата последна колумна, прочитав една колумна на Ивановска Јоци и не ми требаше многу за да укончам некои работи.
    Ако е стварно така 'јазк нека му е на тој што си го чисти патот.
    Страшно, не сакам ни да размислувам, јасни ми се одамна многу работи.
    :x
     
    На ludoto19, NoellePage, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.