Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Имам навика уште од мала да читам весници. Тоа е единствениот медиум преку кој се информирам за дневните вести. Кога прв пат излезе Фокус како неделник, мислам дека одвај го чекав секоја недела затоа што беше со квалитетни текстови, прекрасно уреден, многу ретко се косеше со моите ставови. Кога стана дневен весник, се трудев да читам секој ден, колку што можев секако. Никола Младенов за мене важеше за човек кој што ќе си го кажеше мислењето, па ако треба светот ќе го преврти. Докажа секако и со судењето со дотичниот БЦ и дотичниот Латас. Едниот од едната, другиот од другата страна. Од едниот победи од другиот изгуби. Човекот едноставно знаеше што е рамнотежа и нитуеднаш не повлече страна освен ако тоа не беше вистинската. И, сега повеќе го нема... Треба да поверувам дека патот кој нон-стоп го возеше му го одзема животот. Дека неговиот "депилиран" јазик нема ништо со неговата смрт. Ајде, да речеме дека се сложувам, сеедно. Јас сум никој и ништо. Само сакам неговата душа и неговата фамилија да добијат мир. Знам што значи, го поминав ова што неговата фамилија сега го проаѓа. Боли до срж! Не престанува!!!

    Почивај во мир, и ти блгодариме за сите овие години што ни овозможи да имаме добри и реални инфоммации. Ти благодарам на трудот! ;(
     
    На NoellePage, julie77, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.686
    Допаѓања:
    22.802
    Пол:
    Женски
    Значи можно било толку дебиилни глупости да се иссонуваат во една вечер. Ц-ц-ц...
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера што ми се случи на вракање од медитација :x
    не носеше еден од лугето што е таксист со своето возило мене и една жена и одеднаш две момчиња Роми му го попречија патот-едниот пред колата излезе,а другиот ја отвори вратата-беше премногу пијан и кога му рече на човеков да ти го видам ..... јас :tmi: а прво си помислив сака да го ограби-таксистите се честа мета на секакви лудаци , наркомани и сл. да не беше тој со нас, да бевме ние две сами-незнам што ке правевме :worried:
    арно другар ми ми велеше да се најдеме да те испратам на пола пат ама јас душичка, да не го мачам цел ден е на нозе.
     
  4. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Не знам ни како да почнам.
    Го знаете ли она чувство кога сте биле дел од нешто прекрасно, нешто што ве исполнувало и ве правело среќни... И тогаш наеднаш - ладен туш! Сето тоа престанува.
    Поминуваат денови, месеци, можеби и години... А вие сеуште стоите на тоа место, заглавени во времето и не знаете што да правите со себе...
    А тоа "нешто" било премногу добро за да го заборавите толку лесно. Толку убаво и исполнително што не ви дава да продолжите напред, едноставно срцето ви се кине кога ќе помислите на иднината без тоа. А гордоста пак не ви дава да се вратите назад. И што сега? Стоите во средината, тапкате во место... Не знаете што ќе биде понатаму, а и не сакате да дознаете, додека спомените од минатото ве влечат упорно назад и тапа болка ве удира во градите. И се надевате и молите сето тоа да се повтори уште еднаш... Уште еднаш да се осетите најпрекрасно, среќно, исполнето, да чувствувате како ниту една сила не може да ве спречи, како ниту едно нешто не може да ја потисне радоста во вас, да се почувствувате ВОЗВИШЕНО.
    Барем уште еднаш...
     
    На Boleyn.7, encimenci, Umbrella22 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сите болки (физички ) можат да бидат излечени со топол кревет, топло чоколадно млекце и лебче со еурокрем.

    колку е прекрасен животот кога вака убаво ти започнува денот, немораш да се стегаш во непријатна облека , гледаш намуртени фаци и стресови. едноставно лежиш во пижами и уживаш во секоја минута и работата од дома е попријатна... ах кога само би можела вака секој ден....
     
    На Bright, Foreveryoungiwannabe, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.686
    Допаѓања:
    22.802
    Пол:
    Женски
    Eе чичко Андриќ убаво си кажал...

    [​IMG]

    Друг муабет. Зошто се луѓево толку "свилени"? Зошто мораат се` лично да си сфатат? Од каде таа огромна потреба за самосожалување и идеја дека околу нив се врти светот? Не разбирам.
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Не знам колку пати им имам кажано на моите, а они пак... и пак... и пак... :geek:
    Цело време им викам дека ми е страв од се` што е мало и мрда. Лази или лета. СкАка или плива.
    Добро бе, инсект. Од инсекти ми е страв. :wasntme:
    Сестра ми вчера цела возбудена, вика по мене. Јас влегувам во соба, она ми ја става главата пред врата... црв. Јас пискам... она писка... јас пискам... она писка.
    Она се исплаши од мене, уствари. :D Се оддалечив неколку метри, почнав да викам: - Уби го! Уби го! :D

    Ради нив, ми е страв да лупам пиперки за ајвар. Секогаш пред да лупам, прашувам:
    - А имаат црви? Демек моиве дома пасат црви, па знаат каде се. :D
    Ај подобро да не ја кажувам пак бубишарпскава приказна. Оти ќе ме лазат морници, мислам. :D
    Само малку ми фали, да помислам каде се шета сега тој црв... ќе почнам да лебдам.
    Се се`, ама до инсекти, НЕ! :D Ми се може бе. Па им се плашам. :D

    .... и така. Деновиве сум си малце така, како потресена. Ама ќе ми помине.... и после пак ќе дојде. :D
    Љубим вас. Сега само што слушнав една среќна вест. Цветам.
    Цветај расцветаааај, љубов милаааааа... пушти корениииии.... дај ми силааа.... Гори изгориииииии...
    Добро, доста. Доста ги замарам овие околу мене со песни, па уште вие останавте. :D
     
    На Shpagetta, Foreveryoungiwannabe, OneDirection и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.834
    Вчера НаТочак бевме гласни, јасни и полни елан!

    Се надевам дека ќе им стане јасно и на луѓево во каков сив град живеат, колку ауспуси дишат, дека кога паѓа магла, градов е густ ко тесто, дека децата дишат чад, а постарите се жалат на притисоци, главоболки, и дека наместо да возат автомобили на работа, можат да пробаат еднаш - со точак. Чист зен. Вчера додека возевме, не мислев на ништо, бланко. Возиш и викаш гласно, мафташ по случајни минувачи и радост те опфаќа. Можеби е бесмислено, покрај сета лакрдија градска, но, ете. Верувам. Поефтино е, поздраво е.
    Е сега, тука има еден проблем. Не можеш да возиш како што тоа ти сакаш. Паркирани на тротоари, високи спојници, несовесно возење и претркување. Но, затоа излеговме во толку голем број. Читав некаде, дека и градоначалников на Општина Центар, Тодоровиќ, дошол да вози. Ако. Нека види и ние со какви маки се соочуваме. Мене искрено ми е сеедно кој доаѓа. Важно е дека вози и дека развива некаква свест. Нема поубаво и победничко чувство кога извозените 10 км ги заокружуваме со заедничко кревање на точаците во вис. Мал триумф, над сето сивило и чад.
    Скопјенце мое, како само некогаш сакам да ти ги извадам ѕрцките од Љубов!
    Ете така, така си го чувствувам, кога го возам со точак, ми е полесен за гушкање. Да се надеваме дека нешто ќе се смени. Да веруваме.

    А денов цути. Мене, ко на пубертетлијка, ми никнале две рокчиња на брадата. Вчера Кај Перо залеавме после точак ракииче и шопска и сфативме дека тоа е тоа. Животот ни е тргнат во правец патување. Авантури сакаш? Еве ти ги, светот е пред тебе. Можеме да ги почнеме од дома, а потем кон надвор. Уште утрово резервирав собичка во Охрид, а тој ќе купи карти после работа. Доволно е да се напиеме винце на Канео и на зајдисонце да си го возљубиме она Нашето, пак.
    Треба да се перат алишта, да се спреми рециталот за вечер. Лала не’ викна во Менада на пијачка, не знам дали ќе имам сила до тогаш, ама ок. И си повторувам во себе - не заборавај чадор, полнач, наочари... Вртежи.
    Сакав да кажам, дека свесноста и да ни ја продаваат, нема да ја купиме. Тоа го забележувам по низата зајадливи коментари по сите општи обиди да се смени нешто, да се направи подобро утро, и за нас, и за идните генерации. Многу е лесно да мрчиш пред компјутер, нели. Ама да излезеш и да се избориш за себе и за доброто на сите, е тоа некако на сите им е проблем. Се’ додека мрчиш, ништо нема да се смени. Се’ додека се жалиш дека "така требало да биде", така и ќе си остане. Чекор, по чекор, нештата треба да се менуваат. Ништо не се случува преку ноќ, и ништо не станува добро, ако пристапиш со презир, неинформираност и само со желба за позерај. Од такви работи, сме на ова дереџе.
    Важно е да не е тажно, а уште поважно е да не е лажно!
    Отидов јас да мирисам наше езеро, драги.
    Некогаш, асфалтот прегрева од нашите чекори.
     
    На Monna.Monna, Mrs.Cuper, Dreamer и 6 други им се допаѓа ова.
  9. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Денеска нема да мислам, ни утре, ни викенд... се до вторник, не го употребувам мозокот више.. го иступив секој ден жал ми е ке го оставам да си одмори :lol:
    И плус СДК дека малку ми е досадно на работа, некако секој ден се едно исто, па уште кога нема работа, страшно.. ми се оди на кафе негде на сонце, муабет да си правам со луѓе на моја возраст 8)
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.686
    Допаѓања:
    22.802
    Пол:
    Женски
    Ах бреее...ќе се задавите од толку оговарање.
     
    На kate21, anichka94, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  11. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    СДК , фајќај се за книга смотан еден :D
     
  12. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    конечно се уклучив од лаптопот малку ми е терсене ама ке се навикнам :D
     
  13. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Секое расцветано дрво-ми измамува насмевка...

    Одам по улица, и се радувам :$
     
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    сдк ФАЈЗБУКОТ не е крив за растуените врски и бракови тоа е само доказ колку луѓето се незрели и склони на неверство така да не го обвинувајте фб ако врската не ви успеала , ако скаате да останете верни ке останете и покрај фб и незнам покрај што веке не така да ФБ не ви е крив !
     
  15. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Денес ќе јадам пиле за ручек. Ќе одам на курс, ќе поучам, ќе си легнам.
    Ќе го згаснам рано денот.
    Станувам весела, непромислена и слободна. Уф понекогаш сакам да бидам и независна. Камо да можев.
    Го сакам денов, се сакам себе, го сакам.. Не, не го сакам него.
    Него го искористувам за посебни ситуации. :D На пример кога ми треба љубов. Ете, себична сум. Но ниту му требам, ниту ми треба. Едноставно е. :D

    И знаете кога некој ве мота? А е старо аро? :D Епа ова моево старо-аро пробува да ми ја потцени интелегенцијата, пробува да ме смота како сарма. Арно ама и јас го мотам, ама не приметува. Мора да се потрудам повеќе. И буквално му викам, слушај старо, не ме мотај, и само што ставив точка на крајот од реченицата, ме погледна невино :wasntme: и проба да ме смота.
    Си ибал мајчето. :D

    И така. Ајде одам да поучам, затоа што утре ќе се журкам. :geek: На црвена јабука, иако јаболки не сакам да јадам, сакам да ги слушам. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=yN6QHQid ... b5OQDdvVw4
     
    На kravce, anabel-a, WarriorAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Нејќам изненадувања, ама денес сфаќам дека животот без изненадувања е програмиран, однапред предвиден и понекогаш досаден... денес сакам пријатно изненадување, за промена. Please God :)
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.804
    Допаѓања:
    100.668
    Пол:
    Женски
    Дали после 40 години треба да се одречеш од своите соништа,желби...или треба да се гази по утврдени патеки...дури и кога на тие патеки ништо не не чека.Ова се мисли кои може да ме стават во криза на средните години...и нормално е да човек во одреден дел од животот подвлече црта и погледне што и како направил.Обично сите велат дека е доцна за било што да се промени...Работа...партнер...начинот на живот..а никој не прашува дали сме навистина задоволни.Зошто после 40 години веќе ништо да не очекувам??
     
    На kravce, WarriorAngel, Nefertitii и 2 други им се допаѓа ова.
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    12.054
    Пол:
    Женски
    Народов МАКЕДОНСКИ (нели голем народ сме, силен), е всушност толку ситен, како прашинка, занемарлив дури. Нашава Македонија има многу работи да ни понуди, само што никој не го гледа тоа, а се повеќе се уништува.
    Четврток денес, а мене ми е како сабота.
    Славевме вчера годишнина, ме однесе на местото кое што знае дека го обожавам. Преспивање таму, вечера и многу вино. Многу вино.
    Тишината на природата и водата околу ми ги наостри веќе затапениве сетила. И студеше, ама дури и студот ми беше поднослив. Нова шанса за нас двајца, која ни беше навистина потребна.
    Пред некое време скромно, онака, му кажав дека ми треба еден ден, цел, посветен на нас само. Го избегна одговорот, а вчера ми докажа дека ме слушал се што сум зборела.

    Неколку километри подоцна, стапнав со ногата во метежов наречен Скопје. Загушливост и тепачки насекаде. И како да не ти затапат сите сетила? Тоа го сфаќам како одбранбен механизам.
     
    На kravce, bittersweet, Waka-waka и 10 други им се допаѓа ова.
  19. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    4.033
    Пол:
    Женски
    Денес на школото ми беше преубаво. 8) Две деца од нашиот клас носеја гитари и на одморите свиреја. Беше преубаво. Едниот од тие што носеше гитари е тој што јас го сакам. :inlove: Работевме на едне голем проект, ама готаво го завршивме и утре малку ќе прославиме, а и денес малку ама утре ќе биде подобро. Па и време беше колку само се мачевме. Колку е само убаво кога се пее во друштво, па посебно кога еден од тој што свире е и тој што го сакаш. За момент успеав вистински да се насмеам, без внатрешно да ја почуствувам таа грозна болка што ја лувствував претходно. Денеска беше одлично.
    И така денес цел клас си ги ипеавме пените што не потсетуваат и ни будат спомени
    Еве да ви доволам малку од атмосферата :P :P
    Волио бих да си ту ове ноче тако требаш ми....... Ако су то само биле лажи....
    И мојата најмилена кога и двјацата само си разменувавме погледи -- Дали ме сакаш или ме посакуваш, и не е толку важно ти ми се допаѓаш... И многу други песни. :rock:
    А јас како да летав од среќа, ете тоа е моќта на музиката, а и на љубовта. Се беше супер додека бевме на школо сите бевме радосни и распеани, а потоа завршија часовите и дома. Јас повтроно разочарана, каква и што си бев, тој си замина, а ни чао не ми кажа, јас му кажав нот тој или не ме слушна бидејќи се качуваше во такси, или...... или... има многу причини.
     
    На Someonespecial и pamelche им се допаѓа ова.
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    СДК дека одам да соберам и пружам алишта па комшиките да зборат како сум вредна
    се надевам ќе ме видат ,баш во тој момент ќе бидат надвор , доста веќе муабети како сум лежач
    и да ме фалат утре бре да ме земе за жена некој еее :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.