Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ај шо ќе се задават, па после човек и на душа ќе ги носи, ни крив, ни должен :D

    Туку, не разбирам како луѓето можат да повредуваат други, не ми е јасно.Па и од што не можат да се справат со проблемите во животот, повредуваат други, мислејки дека тоа им е правилниот начин на решавање.Не се свесни, само колку си наштетуваат на себе си преку таквите постапки.Животот ќе им ги повторува истите препреки, се додека не научат поинаку да ги совладуваат.Не мислам субјективно.
     
    На Someonespecial, tessie и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  2. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    целосно се согласувам,а ако сака некој да изневери ке најде начин исто и ако сака некој да си остане верен ма колку и да има шанси ке си остане
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Во право си Гордана10.
    Се согласувам со тебе,но проблемот е што таквите личности не го согледуваат тоа....Нажалост....Се додека не почуствуваат на своја кожа како што рече и ти:"Животот ќе им ги повторува истите препреки, се додека не научат поинаку да ги совладуваат".Поздрав до вас две и имајте ми убав ден
     
    На Gordana10 и tessie им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    22.800
    Пол:
    Женски
    ^ Ах бе драги ричи и горде, ниту јас не ја сфаќам таа нивна филозофија, такозвана „Ако на комшијата му цркне козата мојата ќе оздраве.“
     
    На rici.aaaaa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    СДК дека страв ми е да се вклучам на фејсбук а 2 месеци не сум била вклучена и ми е страв да не имам некоја порака од некој,мислам срцето ке ми излезе,а и претходно бев вака затоа не се задржувам многу време онлајн,си мислете оваа ненормална ама и јас си мислам така и изгледа имам некоја нова болест ФЕЈСБУКОФОБИЈА :^) :x
     
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    И повторно, денес бев од корист па бев замарана ненормално.
    А кога не си од корист небитен си.
    Абе срцки се сите околу мене, или во мене е проблемот или светов едноставно не е тркалезен...
    Ауу ауу.
    Нит ми се учи, нит ми се прави нешто.
    Во вакви денови сакам едноствно само да ми е здодевно.

    И многу сакам стари бабички и дедовци. Редовно си ги гушкам овие од маалово. И доста често им завидував на оние околу мене што си живеат со нив, и покрај тоа што само слушав Уф дај Боже да умре што побрзо не можам да ја/го поднесам...

    Не е фер, вратете ми го дедо ми, нозете ќе му ги мијам ако треба, исто како што го гледав пред да ми умре, мислејќи дека така ќе го одржам во живот.. ;(
     
    На anabel-a, prettyliar, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Зошто само некој личности што ми значат и ми се многу мили ги губам?? Зошто господе?? ;(
     
  8. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Мoжеш ли да оддолееш на крушевски локум со ореви и печени јаболка со мед?Јас не .Си прикаснувам од се по нешто,па во ПМС сум така да опростено ми е.На моменти ми доаѓа инспирација ,но брзо ја снемува .Па затоа во нотесот за таа намена ,си шкрткам мисли за потоа да ги склопам кога ке дојде моментот.
    Некогаш бев шашаво дете кое незнаеше да цени ништо во животот,сега сум девојка која ужива во мали работи и токму тие и ме прават среќна.Како печеното јаболко во случајов.КОга ке загубиш драга личност тек тогаш ти се враќа филмот назад колку убави мигови си пропуштил не само со него ,ами и од твојот живот .Тогаш почнуваш вистински да живееш.Тажно е што мора такво нешто да се случи ,но колку и да е болно така е .
    Сменив аватар овој некако поубаво ме отсликува ,несовршено уредна сум па така и со аватарите ,секогаш наоѓам некој кој е најблиску до мојот карактер и лик .Све то мора да буде усклаѓено - како што би рекол Шојиќ.
     
    На kravce, anabel-a, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    О Боже, зошто ме направи личност што се си зема при срце? :(
     
    На Miss.Ricci, Doozy, Stoimenovska и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    И јас како плавуша се си земам на срце. Се нервирам, плачам за работи кои не можам да ги променам. И не, тоа не се работи од типот зошто не ме сака, зошто си замина и сл. Плачам за сиромашните, плачам кога има војна, плачам зошто љубовта скоро и исчезна, заедно со искреноста, вербата и другарството. Живееме во навидум убав свет, се што посакаме можеме да го имаме, барем она материјалното. Од целиот тој луксуз ослепевме. Го изгубивме духовното, ја изгубивме човечноста.
    Од денес и јас ќе играм по правилата. Значи нема веќе цимолења, кој ме сака и јас ќе го сакам, ама помалку. Кој ме мрази ќе го мразам дупло повеќе. Нема да гледам на секој да му угодам, ќе си гледам само за себе. Зошто во денешно време само ваквите успеваат. Ова се вика начин на преживување.
     
    На ana-girl, Kathlin, Plavusa.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Денеска, ден за одмор.
    Кога ќе кажам "одмор" не мислам на тоа дека не бев на факултет, или дека немав вежби 100 саати :lol: , туку мислам на, ден без учење.
    Како што се чувствував гадно минатата, цела недела, па чекањето на резултатите ме докрајчи. Се исплатеше, зошто сум положена! :rock:
    Грипот, ме исцрпи, но со антителата мои и него го решивме! :rofl:
    (Ова ептен стручно. :D )

    Со него, ако почнам да пишувам ќе мислите бајка раскажувам, ама не, со него јас го живеам мојот сон.
    Отсекогаш посакував да имам маж, ама маж во вистинска смисла на зборот, кој ќе стои покрај мене, кој ќе ме подржува и теши.
    Ме утеши...иако мислев дека тој нема да ме издржи таква, каква што бев претходната недела.
    Ми рече: "Јас знам, срце, дека ти сакаш стабилност, сакаш да знаеш на што си. Гледам се мачиш со факултетов, па во последно време размислувам да те барам за жена. Барем со мене нема да се нервираш и нема да се грижиш дали ќе те издржам кога си нервозна, напната, кога ми се раздераваш. Барем така ќе знаеш дека секако и секаква ќе те поднесам и подеднакво исто ќе те сакам!"
    Јас ваква :o ! Викам, Боже со што заслужив вака, со што?!

    Го прашав и него. Ми рече дека никоја друга не го сакала и не го правела среќен како мене!

    Овие зборови, ме вратија назад. Ме натераа да сфатам дека уште сум човек. Ме натераа да сфатам дека не сум станала идиот, запоставувајќи се' за да ги исполнам зацртаните цели.
    И среќна сум.

    А и муабетиве дека ќе ме барал за жена се зачестија! :rofl:
    Сакам, сакам, многу сакам! :l:
    Сакам и едвај чекам да дипломирам.
    Ако е се' според плановите супер ќе е. Ќе ви пишам в година, здравје Боже, од Дубаи или Франција. ;) :rofl:
     
    На Angy.g, Glossy-girl, kravce и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Во право си Гордана10.
    Се согласувам со тебе,но проблемот е што таквите личности не го согледуваат тоа....Нажалост....Се додека не почуствуваат на своја кожа како што рече и ти:"Животот ќе им ги повторува истите препреки, се додека не научат поинаку да ги совладуваат".Поздрав до вас две и имајте ми убав ден[/quote
    Животот е тркало...и се тече се се менува...како што правеле еден ден и нив така ќе им прават!
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Колку многу работи можи човек да направи во денот,само ако сака! Еве денес денот ми беше многу исполнет : ) Прво бев на презентација,секогаш кога имам време и можност сакам да се надоградувам,сигурно ќе ми послужи некој ден.Пријатно беше,убава беше презентацијата,многу луѓе собрани,дури и се видов со две другарки со кои одамна се немавме видено,иако има едната зборувано вака така за мене,сепак онака ми беше мило што ги виодв,бидејќи порано многу се дружевме.Другата ја разбирам,има обврски,оди на работа,се гледавме почесто кога излегувавме во поголемо друштво,така да не и замерувам.Набрзинка испив едно сокче после презентацијата и продолжив накај вујко ми и дедо ми.РЕдно беше и нив малце да ги видам,да ги подружам,да ми се пожалат :lol: да направиме еден муабет,а ете и успат едно кафе со вујко ми испивме.Да сум ги посетувала почесто.ПА да,сега кога ќе се подстопли,зошто да не? После тоа од таму ајде да се видам со една мила другарка,малце да се развеселиме,и двете со нервози и барем да ни поминат нервите малце : ) Нели за тоа се пријателите : ) За да прошеташ,да помуабетиш,да делиш Ikram бисквитки,да делиш еден чадор и се! ТАка ќе помини малце нерасположението и досадните денови. Многу значи тоа малку поминато време,но добро искористено. Да,врнеше,но беше пријатно. Го обожавам дождот како денес,врнеше ситно,онака да ти паѓа на лицето и да ти ја разнежнува душата...Е да,на косата моја не и се допадна,но мене да :lol:
    И и викам на другарка ми ајде да си купам лента за депилирање пошто на Гоце Делчев му сум конкуренција,мустаков мој порасна :D Па вечерва да фатам да го тргнам,да заличам на чупе :D
    После испраќањето со неа,тргнав кон дома,чадорот не го отворив,оставив онака да ме прскаат капкички и да ме освежуваат. После ми текна на ова де :D
    [​IMG]

    И ок,сепак патот до дома друго ми донесе за мислење,на патот пред мене ми се испрече една паркирана погребална кола и се замислив онака,колку порано се плашев од нив,се криев,се крстев и чудесии,а сега сфаќам дека тоа само превоз до вечниот дом,дека тие нема да ми направат ништо и да има внатре,бидејќи тоа им е само последното возење.Кога си пораснал појасни ти се некои работи. И искрено не ме плашат веќе мртовци,страв ми е од живите! Бидејќи реално тие можи да ти наштетат,а другите кутрите заминале веќе... Е и така,цело време ми е такво,од смеа во тага,од тага во смеа и тоа е...Па и животов е таков,да незнаеш дали да плачиш или да се смееш...
    Кога стигнав дома,го здогледав кученцето на комшијата и решив да си поиграм со него,па и него му треба другарче греотка е.Му подвикнав,а тоа почна да скока ко жапче :D Срцуле ми е,бело ко снег...И си поигравме и со него,прво му беше страв иако ме знае,почна да лае,ама го викнав и се приближи полека па после ми ја душкаше раката,да ме запознај.Го погалив и ми даде ноџе и си се поздравивме :D После тоа го оставив и продолжи да си игра со тенџерето за храна :D Смешка една!
    И така,побрзав да напишам се што ми помина низ умот со вас,бидејќи ќе заборавам,а не секогаш ми идат такви мисли. Сакам да ве поздравам и да ви посакам и вие да ги искористувате деновите,да не се давате на тагата и проблемите и да не ги заборавате пријателите.Освен тоа,кога можете направете нешто добро.Ем другите убаво ќе се чувствуваат,ем вие.Еве,за денес за мојов пост,оваа песна ќе ја ставам.Имајте убава вечер.
    http://www.youtube.com/watch?v=iyfu_mU-dmo
     
    На kravce, Moira, lunicka и 9 други им се допаѓа ова.
  14. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека во сопствената куќа чуствувам огромна негативна енергија , два дена бев кај стрина ми и ми беше преубаво а овдека неможам ни 5 мин да седам
     
  15. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ама џабе тие каењето после јадењето на сочен тост.
    Готово.биднало.белким нема да ја плашеш шољата да и блуеш.
    Од понеделник ќе трчам.ветено сторено.
    Ма јок ако треба и сама ќе одам.
    верувале или не можам комотно рацеве да си ги потпирам на стомаков.
     
  16. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    Ич не ми се оди на училиште ама ич. Ме има смрзено нешто деновиве :D
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... јас и тој, гурманлук на ниво.
    Додека тој јадеше гурмански сендвич, јас зобев салата и зјапав во тие коси ситни очиња. Кога се смее уште поситни му се. :D Еднаш му кажав дека за малку немаше да отидам на втор состанок со него, зашто кога се смеел, очите му се стеснувале, а мене тоа не ми се свиѓало. :?:
    Каде ли ми бил паметот, абе шлакната сум со умот, знаете ли?

    Сега не можам животот да го замислам без тие ситни очиња, кои ги зјапам ненаситно со моите големи очишта.
    Знаете ли кога ќе ги ококорам, имам белка и долу и горе околу зеницата, и дечко ми се фасцинира како е тоа можно, очите да ми зафаќаат третина од ликот?
    :D

    anyways... (воведов еј) |( ... конечно се решивме во што да се маскираме, и сме си купие шеширчиња, секој за својата пригода.
    Хуго ќе биде Алекс од Clockwork Orange (моја идеја, нека не ве лаже дека него му текнало). :!:
    Јас... не ви кажувам, зашто тука вестите одат viral, прашање на секунди е кога ќе се рашири, и сите ќе ми ја украдете идејата, па ќе си молчам до понеделник.
    Малку беше што ги испразнивме рафтовите во ДМ од маската на Алверде и ѓумбирот низ продавниците и супермаркетите, сега па и сакале да знаат во што ќе се маскирам...
    НЕ МОЖЕ БЕ!
    ]:)

    :D
     
    На kravce, Trnche, Moira и 18 други им се допаѓа ова.
  18. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Утре два теста :tmi: Не бе ќе ме умре школово мене и баш во последниве месеци,ама ај ќе издржам а за екстерново па,како што иде си се плашам по малку.Само физика,хемија и германски нека не се паѓаат другото што сака нека се падне.Иначе денеска денов многу тапа и брзо помина како секој ден и гледам утре петок леле не ми се верува претходната година еден ден ми траеше како вечност сега одма завршува.Дека "учам" и брзо поминува јбг :lol: Имам една наставничка по вештини,абе душа жена бе,и ни го измисли текстот за класот и цел час и читавме што имаме напишано за нас и наставниците,во канцеларија не брани абе може повеќе од класниот не тинтра а и си признава дека сме и омилен клас.Понекогаш пола час ни збори како треба да се однесуваме,ни кажува кога сме претерале со оценките и однесувањето,ее кога сите би биле вакви.Не ми се верува дека уште 2 месеци и чао школо,друштво значи јас неможам да се замислам во некое друго школо,со некои други другарки,во друг клас со други наставници ама ај ќе се навикнам.Искрено,се плашам да одам таму сама,се плашам што ми носи иднината и знам дека со ова сум можеби кукавица ама ете се плашам од нешто ново зашто мислам дека нема да успеам.Ама ајде,ова нека биде мојот нов почеток.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Значи колку само е лош народов..... тоа немам зборови :x
    Знам дека луѓето немаат доверба, тешко ја градат и уште потешко ја одржуваат.
    Луѓето немаат пари па често се завидливи према останатите.
    Немаат слободно време (или може го имаат на претек па незнаат што со него) па немаат пријатели.
    Луѓето се исфрустрирани.

    Јас не.
    Јас сум оштетена од ова погоре.

    Ме искрадоа, поштено, пред мои очи.
    Му дадов на девојчето фластерчиња за херпес 8комада по цена од 110 ден. а тоа едно фластерче да ти било толку. Не сум ја видела убаво шифрата на компјутер, она си искористи моја мала збунетост, и така со нејзиното тртлесто тело и насмевка на лице ме искраде повеќе од 700ден. (нели 1=110, 8=880), и излезе задоволна со фраза дека “ааа па мене ми одговараат овие. стално ги користам“.

    Прво. ако стално ги користи, знае колку им е цената (не е мала разликата)
    Второ. лажга невидена е
    Трето. јас памтам фаци., посебно оние кои ме украле а ми се покажале.

    Јас тие 700- и нешто денари ќе ги заработам и утре и задутре, и ниту ќе ме збогатат ниту ќе ме осиромашат. Само не знам како истата таа девојка (која се декларираше како стален купувач кај нас) утре пак ќе влезе и ке побара аналгин, кафетин, витаминче или нешто слично. Како нема да и биде срам?

    Зарем немаат луѓето срам?!

    Јас ја частам. Не ми е проблем.
    Само...утре (не дај Боже) ќе и затреба бре сируп, температура ќе качи, ќе има некоја потреба да влезе во аптека.... со кое лице ќе побара лек?!

    Многу се плитки луѓево во мозокот.
    Ако мисли дека ме зезнала..... не ме зезнала ич. Јас ја частам. Само нека се помисли кога пак ќе влезе во аптека. Дали и што ќе добие, и...... по која цена!

    Друго што сакам да го кажам..... иде проооооолееет
    :sun: :f: :sun: :f: ама со пролетта и друго иде :l:
    ќе видиме што ќе бидне од второто

    Викендов сум слободна.
    Ќе скитам, ќе акам и безделничам. И никој ништо нема да ми може 8)

    Типкава ме изнервира со фластериве за херпес. ]:)

    ПС. Сакам да се маскирам во Покахонтас 8) Само ако видам некоја Покахонтас низ Скопје...има да ја нема :!:
     
    На Nine25, ilipili, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.308
    Допаѓања:
    158.269
    Четири генерации на жени на купче. Нескромно заклучувам дека имам жени змејови во семејството. Ме боли што поминале премногу за да бидеме ние денес. Мајка ми престанува да ми е се и сонце, она е мој универзум. Секоја жена која е мајка е прекрасна хероина...ама не...приказна која чини живот, приказна која не сум ја знаела... Лесно е да се бориш за позиција во компанија, прелесно е да добиеш диплома,прелесно е сето тоа...не е лесно да го направиш она кое таа го преживеала и се изборила. И ја симнувам капата и и го подарувам сето воодушевување. За мене не постои посилна жена,заедно со баба ми! Само години потоа, мене ме боли тоа што некогаш неа ја болело...како вина,како бреме,жал ми е што премногу пати морала да се грижи за мене покрај се тоа што претходно и го донел животот... И ден денес кога ќе се свијам во нејзина прегратка се чувствувам како ништо на светов да може да ме повреди! И уште ми вели, ееех, ситница, затоа ти ќе бидеш среќна и немој да дозволиш некои мочли таму да ти го променат ликот (за неа тоа е израз менување лик во смисла, да се муртам).
    Мама моја ти си најдобра,ти си жена за восхит! Ја сакам твојата мекост и душа, го сакам твојот посебен мама-мирис!
     
    На Trendafilka, Buttterfly, kravce и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.