Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Многу се нервирам кога луѓето не знаат што зборуваат, а уште повеќе кога не се способни за објективно расудување поради некои идеи вградени во нивната глава за кои немаат никака основа.

    Во повеќе наврати сум ја прочитала Лилит како го напаѓа ФОН.
    Не сакам да навлегувам во дебата, само јавно ќе и кажам дека ФОН е одлично организиран универзитет со одличен кадар и функционира извонредно.
    Што се однесува до образованието стекнато на ФОН и начинот на тестирање, го оценувам како далеку поефикасен од било кој државен. :nod:

    Што сте го зајаделе ФОН?
    Јас сум запрепастена од условите на студирање на некои државни универзитети.
    Ама некому не му одговара да има престижни приватни универзитети во државата. :!:
    Доколку било поинаку ќе се зголемел квалитетот на државните универзитети, ќе се зголемел бројот на студенти на приватните, а квалитетот на целокупното образование во државата би отишол еден степен погоре.

    За жал, образованието во нашата држава е речиси бесплатно, за разлика од светот, каде се отвараат сметки на деца со самото нивно раѓање, со цел да добијат квалитетно и се разбира скапо образование во некој нашироко познат приватен универзитет. :)

    Кај нас сите заминаа на факултет.
    И тие што се борат за десетки и сакаат да научат, и тие што еден испит немаат положено цела година.
    Да беше образованието квалитетно и скапо, младиве ќе ги преиспитуваа своите приоритети и ќе размислеа дали да најдат работа после четврта средно или една година да утепаат запознавајќи го Скопје, лежерно, на одмор.

    Епа дури размислуваат вака луѓето, ФОН и другите приватни универзитети во државата ќе имаат уништена репутација, а неспособни ќе земаат добро платени работни места. ;)

    Ајде, плукајте пак и натерајте ме да изнесам статистички податоци!
     
    На Oxymoron и anichka94 им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.804
    Допаѓања:
    100.668
    Пол:
    Женски
    Не сакам да зборувам за неа ,ама веста за неговото напуштање длабоко ме потресе.И што е најстрашно дознав со задоцнување.Проклети исклучени телефони.
    Смрт.
    Се е разумно само таа е без објаснување.Што да и кажам на неговата сопруга?Признавам дека многу ми се допаѓаше во младоста.Беше сон на секоја девојка што ја знаев..и мој сон.А сега...сега остануваат само невидливите честички од неговата душа кои умеат да ја прободат таа студена извесност на постоењето.
    Животот е дива и непредвидлива ѕверка,сурова во својата убавина.Ќе те помилува или гризне,без објаснување.И продолжува понатаму како дете кога несвесно ќе ги скине крилата на пеперутката.
    Ме погоди многу твојата смрт...не ја разбирам воопшто и не знам зошто доаѓа без најава по најдоброто за нас.Зошто ги прекинува најубавите приказни помеѓу двајца.Не ја гледам смислата во смртта.Како одеднаш да угасиш свеќа и да го оставиш светот без еден пламен на топлина.
    Сакаше да свири на гитара.И сега ги гледам неговите топли сомотски очи.Знам дека сега можеби пиеш кафе со Хендрикс...и не можам да поверувам дека засекогаш исчезна....како што не верувам дека секој од нас ќе исчезне...цел...Сигурна сум дека твојата енергија уште долго ќе постои..како невино сонценце во овој космички живот.
     
    На Monna.Monna, kravce, CuteEva и 15 други им се допаѓа ова.
  3. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    4.033
    Пол:
    Женски
    Ете и тоа се случи, дојде и таа ден. Денеска беше важна ден за нас, за нашиот клас. Денеска презентиравме еден многу важен проект на кој што работевме еден месец, ова беше првата презентација, во Април ќе го презентираме и пред неколку министри. Се заврши и ова но јас сум преморена. Не само јас цел клас, па затоа заслужено отидовме калсот и се почастивме во еден ресторан, не бевме цел клас, само тие што можеа, ноооооо важното е тоа што и тој што го сакам школскиот беше .. ;) Цел ден бевме заедно од 7 30 од кога и почнуваме па се до 16:00 часот, сакам секоја ден да биде вака. А ЈАС ЈАС повторно си блескав од среќа бидејќи беше до мене, седевм едден наспроти друг и само погледи разменувавме :$ тој ќе се загледа едно време во мене а јас се правам дека не го гледам а ако јас се под око посматрав, па ете и тоа го научив. Бев среќна до 16:00 часот, а подоцна повторно таа болка, тој еден вид на депресија, кој што никао не можам да го надминам. ААААА поради тоа и не можам да се опуштам во друштво јас само молчам, а тоа не е добро. Така беше и денеска едвај зборував, се срамев цело време, една школска ми се обарти два пати а јас само молчев и и се насмеав, само малку ептен малку и направив муабет, ете сега жалам за тоа :worried: . А морам да се променам, вака нема ништо да направам, самоооо ќе ми бидам во поголема депресија. ЈАС МОРАМ ДА СЕ ПРОМЕНАМ! а тоа ќе го напрам во скоро време, бидејќи јас верувам во тоа СЕ ШТО СЕ САКА СЕ МОЖЕ јас сакам и затоа и ќе успеам
    се читкаме фемина............ јас постојано ве информирам :P и се надевам еден ден во оваа тема ќе ви напишам дека рррррррррррррррррррр се променила не е истата личност, не е таа срамежливата личност која само црвенее и се срами. Ќе биде и тоа во скоро времеееееееее
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Catalea

    Catalea Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Нешто одвнатре ме тера да се чувствувам осамено.Сакам да излезам со некоја другарка,да се дружам,забавувам.Но не.Повторно,како и секој викенд јас седам дома пред ком.Смачено ми е веќе.Што да кажам,што да излажам таков е муабетов кога некој ке ме праша како сум,но како и секогаш кажувам дека сум добра со насмевка на лицето.

    Инаку,во април едвај чекам ке одам во Црна Гора за викенд со роднини (тетка ми и братучетка ми).Ми треба промена.Макар и да е само за викенд.А и одамна не сум била во Црна Гора,многу одамна,уште откако имав некаде 2-3 години.Цел викенд без моите,а и со братучетка ми ке бидам,ке разговараме,ке шетаме.Многу ми е пријатно во нејзино друштво.Како постара секогаш знае да даде корисни совети,а и убаво е времето да се помине со неа.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Кога ќе пораснам :) сакам да имам момченце. Убаво со виткана коса и така слабичко. Кога ќе видам такво детенце ме исполнува некое мајчинско чувство.

    Денеска додека се шетавме со мојот си видов двајца дечки кои порано ми се допаѓаа. И двајцата се горе доле на моја возраст, додека пак мојот :inlove: е постар едно четири години. И морам да признаам дека во глава ми се вртат прашања од тоа како би ми било со нив. Знаете и двајцата отсекогаш ми биле преслатки, такви се со црн тен, ептен секси. Ама пак мислам дека треба да си седат сега за сега во минатото.
     
    На anichka94 и Serafima им се допаѓа ова.
  6. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Сакам да кажам дека уште од сега го планирам летото. Преполна сум со филмови во главата и само си викам да не ги заборавам и да поминам едно прекрасно , незаборавно лето преполно со дружење, забава, а не пред комјутер 24/7.
    Сакам да започнам со курс по англиски .Да го учам во школо но не го знам соврешено.Сметам т.с сигурна сум дека ке ми биде премногу потребен во животот, а јазик плус не е на одмет.Ке се трудам летово да пронајдам некој 2-3 месечен курс па и нека продолжи и на есен но за време на летото обавезно да одам.Јазикот ми е совршен. Ке ми помогне и таткоми и учебници и речници и се , но морам а и што е најважно САКАМ да го научам.
    Втора целза летово ми е да започнам со вежбање.Ке се потрудам овие два месеци до лето да доослабам да стигнам до посакуваната килажа и потоа со вежби, трчање, возење велосипед и слично да успеам да стигнам до некое тело кое ке биде далеку подобро од претходното :lol: Искрено горда сум. Секојдневно уживам кога гледам како ми се веат фармерките, како тесните блузички ги ставам на прво место во облекувањето за разлика од порано кога многу ги одбегнував и со широки џемпери го криев стомакот.(бар така сум мислела дека го кријам :tmi: )

    Друго шо да кажам. Денес е петок јас не излегувам ке останам во домашна атмносфера.Всушност заминувам на екскурзија , но колку тоа претставува опуштање, забава, дружење, исто така претставува и стрес.Пари за пат, пари за таму, пари за јадење, а шо е лошо пари нема.Но сепак не се жалам , штом одам значи ке се снајдиме. ;) Таква е ситуацијата. :|

    Ви посакувам убав викенд. Имајте прекрасна вечер. :*
     
  7. tami1

    tami1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    48
    Вистинската убавина во животот е да се смеете и покрај проблемите, да бидете храбри и покрај разочарувањата,да продолжите напред и покрај неуспесите и да собере сила и покрај болката...
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ми фалат времињата кога на Сител се прикажуваше „Кога лисјата паѓаат“ и сите сочувствувавме со болките на Али Риза, кога едвај чекавме да почне „Зет домазет“ и да се смееме со лудориите на семејствата од Газиантеп и Атина, кога тагувавме заедно со Џемиле и нејзиното семејство во „Бурни времиња“, па сега ја чекаме новата сезона, кога на Канал 5 го посматравме животот на Ѓулу, односно Серап, во „Имотот на дамата“ ... и уште многу други серии вредни за гледање што не ми текнуваат, а завршиле со емитување.

    Серииве што моментално се емитуваат не се така добри. Дури и една што ми праи мерак моментално, „Сеќавањата болат“ и тоа не некој посебен ама ајде да речам колку-толку, ја прикажуваат многу поретко отколку на почетокот. Има многу што да се прикажува, а сепак Сител, ма и Канал 5 додуша, изгледа удрија на квантитетот, наместо да се запази квалитетот, почнаа да прикажуваат разни серии на кои не им ги ни допамтуваме имињата, а не се ни приближно добри како тие некогаш.

    Сакам да кажам, ако веќе емитувате турски серии, нека бидат вредни за гледање. Подобро 1 убава серија па сите едвај да чекаме да почне, отколку 5 досадни, па или да мењаме канал или да чекаме да почне нешто друго. :!:

    И да, повеќе ја сакам аргентинската тин-серија „Ангели“ отколку милиониве турски што се прикажуваат. Некако ми фалат тие латино-серии што се прикажуваа порано, сакам малце да измешаат и да даваат и такви на најгледаниве телевизии :)
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за луѓето што би ја изгубиле работата инаку кога би имала моќ би ја затворила Сител.
    Да ти се плукнам во телевизијата и најголемите газолижачи.
    Од 5 статии во најавата, 4 се за Бранко. Па мрш у три лепе бре, човек да не може да разбере што друго се случило. Битно знаеме колку пати и каде грешел Бранко. Опсесија им е, клошари невидени.
     
    На kravce, anichka94, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Се растрчале на сите страни. Бараат маски, перики, боја за лице и триста чуда...
    А, јас само гледам од страна и неможам да се начудам.

    Во дискотеката ќе имало и доделување награди. (Да го прелажат народот, да се направи повеќе гужва)
    Среќа и радости, 50 евра за прво место. Ајде тогаш, да видиме кој повеќе ќе се маскира и кој повеќе ќе се глупира за 50 евра.

    Незнам зошто толку значење даваат. Што да се маскирам? Па како да го изведам тоа? Каде да најдам таков костим? Па многу скапо да не е? Бла, бла...
    Преоптеретување до бесвест. |(

    Тие живи маски...ќе се маскирале? :^)
    Уште некоја маска им фали да шлакнат. И ќе бидат микс од маски! Недефинирано!

    Што да кажам...нема да се маскирам.
     
    На ilipili, Monna.Monna, Angel.girl и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Вистината не е ни онаа што ја кажува власта, ни онаа што ја кажува опозицијата. Тоа се само двa филувани екстреми на она што навистина е, а тоа е некаде измеѓу.

    :o Ах леле, колку сум изумила. Прошле 9 дена откако ми поминал мојот 2 фемина роденден, а ја тек сега приметувам... епа со закаснување, честито нека ми се 2 години овде на форумот, еве веќе терам и 3та. :lol: :party: :bow:
    [​IMG]
     
    На MacaLove и Serafima им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Мене па ми фали времето, кога наместо турски серии даваа американски хит серии од типот на Пријатели, Вил и Грејс, Вовед во Анатомија, Џим, па до тинејџерските.
    Кога во утринските часови даваа цртани, емисии за деца а не дебилниве денешни квази емисии.
    Па имаше асални македoнски серии и нашите глумци не синхонизираа туку глумеа, па народни приказни и емисии и квизови каде се натреваруваа со знаење а не со глупоштина.
    И навечер наместо да не трујат со идотски реални шоуа и уште серии, даваа асални филмови кои не ги репризираа цела недела после тоа, и години нанапред, прикажувај ги "премиерно".
    Али па среќа не зависиме од нашиве телевизииве како порано, имаме поголем избор за гледање на квалитет. Инаку ништо подобро не очекувам, само полошо, што се тиче квалитетот на програмата на нашиве телевизии.
     
    На bittersweet, Annath, antonina и 34 други им се допаѓа ова.
  13. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Во моите очи беше лав. Симобол за сила со очи колку строги толку полни со љубов и разбрање.
    Секогаш искрен секогаш реален,секогаш овде да ти ги отвори очите.
    Последни денови ти беа,си се мачел,си морал. Тоа било биологија,старите заминувале.
    Ама извини,јас неможам на него да гледам како на биолошко суштество. Тој за мене беше идол. Репер за тоа како треба да изгледам на 63. И не ми е сеедно кога пред мене се зборува за ладилници и за ковчези.

    Затоа што таму денес лежи мојот лав.
    Оној кој ми требаше најмногу во овој период.
    Се трудам да останам силен да не цмиздрам и да продолжам ама се ме потсеќа на тебе.

    Почивај во мир дедичко,те сакам најмногу.
    [​IMG]
     
    На Foreveryoungiwannabe, bittersweet, Saya и 36 други им се допаѓа ова.
  14. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Си пијам зелено чајче и си смислувам аутфитови за утре . Денов тотално непродуктивен,списанија ,нет,кафиња и чаеви.Во Јуник читам дека со 5 чаши дневно зелен чај за една година може да се симне 8 килограми .5 чаши чај и 2,3 кафиња? :o Па побогу ке добијам кофеински шок .
    Уствариии....... сакав да кажам дека Фемина е одлична за опуштање и релаксација .
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tami1

    tami1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    48
    Има 12 години и пишала статус 'мразам машки', изгледа брат и и го изел чоколадото. :fubar: |(
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.679
    Допаѓања:
    22.791
    Пол:
    Женски
    Болни за внимание. Ги гледаш како душата си ја јадат кога не им маваш рецка на провокација. Интересни се.
     
    На julie77, Serafima и Hipster им се допаѓа ова.
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Се плашам да сум среќна,се плашам од иднината и од тоа што ме очекува во животот понатаму.Ужасно е чувството кога не знаете што може да се случи следниот миг,кога се живее во страв и исчекување на непознатото.
    Сакам да му кажам толку многу нешта ,но не можам,сакам да одиме некаде далеку од сето ова зло и никогаш да не се вратиме.Како може се да оди надолу секогаш,зарем по Бога сме мавале со камења за да е вака? Кој знае уште колку искушенија ни носи овај живот кој што никогаш нема да го разберам.Ние се раѓаме,живееме,патиме ,се радуваме,создаваме за на крајот да не снема од овај свет.
    Зарем на се во животот што треба да се случи убаво мора да има црна дамка,зарем секогаш мора да е вака? Не можам да го разберам сето тоа што се случува,па веќе доста е толку црнила,мрачни и тажни нешта да се случуваат.Ахх боли,ужасно боли сето тоа, а не можам да го кажеш на саканиот,онај кој што те разбира бидејќи него му е уште потешко и тоа го потиснувате во себе за да нему не направите да му е полошо.
    Добро е што имам вистинска пријателка на која што можам да и кажам се и со која што можам да поделам се,дури и чадорот кога врни и не ни е гајле дали другата половина ни е мокра или не,не е важно каде сме битно сме заедно,заедно ја споделуваме секоја болка,тага и секоја среќа.Тагуваме и се радуваме заедно една за друга.Ако не беше таа јас сето ова сама немаше да можам да го издржам и покрај се морам да сум силна за него пред се.
    Сеиште и покрај се што ми се случува се надевам дека доаѓаат подобри денови ,дека се ќе помине и по некое време овие денови ќе бидат само лош спомен.Не се заборава,но мора да помини и ова еден ден,го посакувам тоа повеќе од било што.Го молам бог само нека ми даде сила и трпение да го издржам сето ова.
     
    На zarah, bittersweet, Hipster и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Се сеќавам на едно момче во минатото кое живееше многу сиромашно. Бевме генерација, само во друг клас. Секогаш сакав да поминувам крај неговата куќа. А таа, трошна куќичка, мислам дека немаше ништо во неа. Немав влезено, не го ни знаев момчето по име, само по изгледот. Се сеќавам имаше само една соба, мал расфрлан двор со стари работи, со кои кутрите си го поправаа домот, а ги собирале сигурно од отпад или некој им ги давал.
    Сакав да се присетувам како живее тој во една соба, а не да плачам зашто имам се, па и леб да јадам. Тој ми беше една светла точкичка помеѓу сите тие мамини мази на училиште. Деца како деца тоа ни било важно. Првенствено ги гледаме другите како се облекуваат, а по тоа сме го донесувале впечатокот за нив. Додека едните буквално ги газеа другите под нозе, зашто се сиромашни, овие само со насмевка или со солза враќаа на тоа. Тажно.
    Мене можеби не ми го направиле тоа, но само колку ми беше жал за нив. Ех кога би го вратила тоа време, сега без двоумење би се спротиставила за да ги заштитам. Ама нема назад.
    Денес тој има изградено куќа. Можеби не е на видно работно место, но се труди. Кога последен пат поминав, срцево ми се наполни со радост. Што беше порано, што е сега. Убавина :inlove: .Момчето се жртвувало за својот дом. Градел куќа, но се радувам што се изградил себе. Додека сите учеа, тој работеше. Ама денес има постигнато повеќе од оние што имаат милиони на банка. Неговите пари се повредни од секое богатство, зашто работел за своето семејство, за својата мајка која уште тогаш беше болна.
    Ех кога сите деца барем малку би научиле од него!

    Денешниве дечиња можеби ќе бидат едуцирани во секое поле, но им недостига само малку љубов, игра. Ми е жал што утре нема да знаат како да се снајдат во животот. Ќе дојде искушение, ќе се скараат со некој, но она што е вистинско како ќе знаат да го видат. Ајде ќе речеме, ќе читааат, ама теоријата и праксата во животот не одат заедно. Мораш да се соочиш со животните предизвици.
    Подобро би го научила да работи, иако можеби цел живот ќе работи, ама она чувство да знаеш нешто кое си го стекнал дома, мислам дека нема поубаво. Повеќе би се радувала ако тие деца би работеле, отколку да ги гледам дома да лежат.
    За такви личности, како и ова момче (а кои денес ги има доста ретко), навистина срцето би го дарила.
    Би сакала сите да знаат, да ја вкусат својата солена пот и да научат што значи да создадеш. Тие пари се непроценливи, мили. Тогаш да ги видам дали ќе ги дадат за луксуз, пијанење или за дрогирање. Ама ние родителите сме виновни. Ајде остави го денес да не работи, ајде утре, а тоа дете полека, но веќе станало возрасен човек кој утре не ќе можеш и збор да му кажеш. Ние родителите сме за стап, а не тие деца |( .
     
    На ILoveYouGod, Libera, Monna.Monna и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Само ова и имајте прекрасен викенд :*
     
    На Elennaa и anichka94 им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.269
    Ќе бира,ќе бира...и на крај ќе чуеш фатила дечко... Воодушевена! Си викаш овој као од Бурда од осумдесетите ќе биде сто посто, чунки момава критериуми... Кога го гледаш сељачиште,па уште и те замеркува, па те додава на фб... го одбиваш,ама сликата со огнено оружје у раче, он у бмв,наредна кавр нешто евра на купче...
    Она пуна среќна! Реди слики по фб, се чекира со него...
    Ох несреќоооооо...
    Тоа се тие скопски девојки со високи критериуми кои тешко кој ги исполнува.
    Да ви се плукнам во сељачкото и комплексите.

    Или оно, фантазира она нешто, Убави станови,архитектури, као демек по патувањата (а она сем одмор со нејзините и нешто од факултет ако ја испратат, со друштво,слабо... уствари,ни друштво нема :( ) нешто музики опасни, нешто амбиции, нешто по книгите, кај неа по дома вечерите чиниш се претвараат у поетски читања. Татко и чита,а мајка и прави мистични звуци (а можете и да го разберете поинаку,овој се дере,оваа плаче)...и фаќа некој што не ја врти два посто... Па после плачењето...па му ѕвони на бившиот друг да го тормози и емотивно да го црпи,као ти љубов мога живота,а тоа благе везе нема,чисто за да си го крене моралот и егото. Сељанка! Другар со прљави раце да не ми пипаш,разбра?! Имаш психијатар, психолог, родители, собери се, среди се,ама другар ми да не ми го тормозиш со тие евтини финтици.

    Жени,па уште и подпросечни,НО со високо мислење за себе. Дај бе соберете се. Оно оние у Ванила шо искачаат се глупи,ама и вие шо ми дремете по Папаја и Капан ан не значи дека немате нешто сељачко у себе.
    Фала!

    P.S. Географските одредници се тргнати за да не бидат разбрани погрешно,да не се увреди некој и да проработи локал патриотизмот. :D
     
    На bittersweet, encimenci, Trnche и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.