Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Знаете што, јас се извињавам ако сум досадна, ама некако морам да се искажам. :D

    Во последно време гледам околу мене врски, врски на кои, жими мене, не им ја сфаќам поентата. Некои пропадната инвестиција уште од сам почеток, некои кои само си пополнуваат време, некои врски без врска, некои во кој едниот бутка напред а другиот бутка назад, врски во кои, мајке ми, намерно се останува трудна за да го ,,врзеш,, ха, нема он кај да бега после тоа, ќе те сака вечно |( , врски во кои сфаќаш дека симпатијата во градинка имала повеќе шанси да остане со тебе отколку тоа створењето кое светот го знае како дечко...

    Значи, зошто со сила се прават глупи сите? Розовите наочари бам, ставај, фурај. Знаете, многу луѓе си го гасат мозокот, не се глупи, ама си го гасат. Сакајќи или не сакајќи, не знам стварно и не сакам да дознаам, затоа што изгледа сум една од ретките кои има вклучен. Мисли си дека те сака и те почитува ако си му оставила простор да оди и да ,,проба,, нешто друго, он пак тебе ти ѕвонел навечер, тебе те сакал. Браво бе, најпаметна си, ние другиве сме ненормални и будали. Тебе те сака ако му подметнеш дете, да, ќе го гледате со трава и со гранки, битно вие се сакате.

    Нека биде најљубоморен, немој да претнеш никаде, какво испаѓање башка, нормална ли си, он те сака. Немај другарки, нека нема и другари он, немај слободно време, немај свој живот, нека нема и он, бидете си амеби и сакајте си се. Живејте си во вашиот совршен, мал свет и сакајте си се. Само од љубов се живее.

    И знаете што.

    Љубовта не е ама ич комплицирана. Колку само може да се ужива во неа, не се свесни добри 95% ненормални и нефункционални примери како погоре. Плукав цело време, и уште ќе плукам по таквите, не сакам нешто такво, нема шанси. Врските не се ич комплицирани кога се тераат како што треба и кога има некој разумен во нив, кој не го гаси мозокот. Односно, кога двајцата мислат, се трудат, и не се плашат од тоа да веруваат во другиот. Да ги дигнеш раците и да се пуштиш, да паднеш и да знаеш дека ќе дојде некој да те фати.

    Не сте свесни колку повеќе си го ценам момчето и колку повеќе ми навлегува во душичката кога ги гледам другите околу мене како се замараат со проблеми кои нас не ни се ни на крај памет, кога го гледам колку се труди, и мисли, о Боже, мисли и размислува, прво за нас, па за мене, па на крај иде за него. Од каде ми никна и ми изникна вакво нешто никогаш нема да разберам. Отсекогаш мислев дека нема да можам да функционирам со некој кој не е барем 5 години постар, ама испадна дека ми треба некој кој е тука некаде, не со години, него тука некаде со моето ниво на созреаност и размислување.

    Имам бе нормален човек до мене еј, нор-ма-лен. О мој Боже е работава. И секое утро се заблагодарувам за тоа што го имам. :hai:
     
    На WildCherry, bittersweet, 1209 и 41 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.673
    Допаѓања:
    253.084
    ^
    У контекст на муабетот на Дузи :) .
    Не подметнуваат само девојките бебиња, јас би рекла дека тоа повеќе го прават мажите.
    Намерно го прват тоа, ја врзуваат девојката за себе, си наоѓа жена по свој терк и он слободно после ќе си води ергенски живот.
    Поверојатно е мажот да ти ја смести отколку жената. Мажот треба да сврши.
    Освен лагата дека жената пие, а всушност не пие контрацептивни таблети, друга не знам. А младите и оралната контрацепција се како магаре и козметика, барем во Македонија.
    Така да... јас вината ја барам кај мажите. Сепак тој треба да ја заврши работата.
     
    На eli25, bittersweet, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Најтешко е кога не знаеш дали да се откажеш или да се бориш за некој. Велат никогаш не се откажувај од она што го сакаш. Но, зошто тој некој не се бори за мене. Дали таа борба ми е загарантирана со успех? Сигурно не!
    Сум пробала многупати досега,но секогаш таа борба завршувала неуспешно. Никој не можеш да натераш да те сака, па колку и труд да си вложила во тоа, колку работи си направила за таа личност.
    Со сила убавина не бидува, посебно кога и самата потсвесно знаеш дека нема шанси да ти се исплати сиот вложем труд и дека тој труд што ти го внесуваш за него и се што правиш за него тој го прави за друга.
    Е тогаш, најмногу боли!
     
    На Serafima и kikav им се допаѓа ова.
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Станувам алергична на луѓе кои цело време се прикажуваат како жртви. Па добро која е потребата секогаш да бидеш оној наивниот, оној кој го искористуваат, оној кој нема среќа, оној против кој е цел свет? - Не разбирам!
    Крај на крај, ако навистина секогаш излегуваш жртва значи си будала... :geek: Друго логично објаснување неможам да видам...
    Деновиве забележав и дека страшно ми сметаат оние љубовни емотивни испади, јавни изразувања на чувства, глумење Ромео и Јулија, и врски кои почнуваат со засекогаш а завршуваат за 2 месеца...
    Навистина, потребно ли е сите да знаат се за врската? Каде е приватноста? Каде е интимата?
    Помислувам дека кога ќе бидам во врска ќе изгледа се толку тајно што некој би помислил дека ја кријам врската... :lol:
    И да, вечерта ја поминувам дома благодарение на друшките што ми сменија план 5 за 12... Аххх, кога ќе помислам само што пропуштив... :emo: :tmi:
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.131
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Не можам да ви опишам колку убаво се осеќам. Kо нова јас. Rainbow 1.1. Не знам, ама стварно не знам од каде се слеа сета оваа позитивност во мене. Кој ме читал знае дека на работите гледам со песимизам, секогаш прво се разочарувам, потоа може да тргне на подобро. Ама нееее, нема сега тоа. :rock: Убаво ми е, едноставно е така, нема некоја посебна причина, ама стварно се чувствувам убаво во своја кожа. Порано само си наоѓав замерки, ваква сум, таква сум, сега едноставно сум јас, таква каква што сум и се сакам максимално. И убаво ми е. Најубаво. :dance:
     
    На sesilija, ozbilnazena, Annath и 24 други им се допаѓа ова.
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Само будалите се држат за спомените, паметните создаваат нови!

    + Вечерва беа толку блиску а премногу премногу далекууууу. :( :(
     
  7. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    I'm sure as hell the happiest I've ever been. ^_^
     
    На bittersweet, kravce, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Сликава ја објаснува мојата моментална ситуација.

    Не ми се верува бе еј.. Уште како ништо да не се десило, ајде на кафе да сме иделе.. А заборави ли дека додека беше со таа мочлата твоја не смееше ни муабет на фејс да ми напраиш, љубоморела женската, нејќела да сме многу блиски.. и сметало.
    Ццц :clap:

    Скиме ја делим ваздух чоечееее... |(


    идиии бреее....
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.782
    Пол:
    Женски
    Ја оставаше да биде среќна, а во себе вриеше. Вриеше кога гледаше како друг полека полека ја освојува неговата малечка. Сакаше да ја грабне и да ја однесе некаде далеку од сите, да му покаже на светот дека таа него го сака, дека е само негова. Негова. Ама срцето не му дозволуваше. Гордоста. Егото. Инатот. Инатот не му даваше да ја побара и да и каже дека ја сака. Не можеше да верува дека се` му прости и после се` и дека толку проклето го сакаше. Ама и тоа поминува. Свесен беше, а времето си течеше, поминуваше. И немаше повеќе време. Поминуваше и среќата, и тагата, и болката. Па дури и љубовта. Еден ден, се` поминува. Некоја насмевка можеби ќе се врати, некое пријателство со напор можеби и ќе се обнови, ама не и љубовта. Изгубените шанси, никогаш не се враќаат. А после се`, јасно е – кој што си посеал, тоа и ќе си жнее. ;(
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, HoneyBun, Umbrella22 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.267
    http://www.imdb.com/title/tt1817745/

    Кога нијанси на сиво има друга конотација. Евтини од Ванила,обидинетете се, имам филм за вас!

    *евтините од Ванила го гледаат разочарано и прашуваат каде е јакиот лик од филмот што ја работи глупачката "јако"* * одат да гледаат Велики Брат*
    Земјината топка експлодира!
    "Човештвото" конечно е "обединето"...во безлична глобула со надеж дека некад у иднина ќе настане протоѕвезда. Но за жал... ако гледаме светло на таа иднина, дури и навистина постане протоѕвезда, заради присуството на до тогаш непознатите елементи за космосот и неговите закон,наречени простота и суета кои сакаа да создадат провидна ѕвездена величина,а елементот разум сака да се бави со апсолутизми, нема да постигнат унитарност ради недостиг на третиот елемент, истата нема да ја изоди својата хајашева патека и за конечно, ќе постане големо Ништо!

    Па-па-пау!
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Дефинитивно најголем страв мие кога после излегување погледнам во новчаникот.
    Чаши лево,чаши десно..ајде уште по една бате.
    И така се до последниот е*ан денар..ама во моментот не те боли Ку*

    Туку...Што би направиле вие ако:
    Штотуку сте влегле во такси ја кажувате улицата,и ви ѕвони телефонот
    Во исто време се молите да е,и да не е тоа што мислите.
    Ама е.
    Го погледнувате неговото име на екранот од мобилниот,и си викате баксус сум.малер сум.што сум !?
    Ви проаѓа мисла во главата да му речам да застани на таксистов или сепак е доцна !?
    не е доцна,ама е брука,ама да сакав толку многу,немаше да ми биде важно што е.
    Ама не сум сакала.
    Сакав жими мајка.сакав да бидам вечерва со него,ама на копилето му текнува многу доцна.
    Извини браааааад,ама не сум распуштеница на која и е сеедно дали ке си појде во 2 или 6 сабаље.
    имам родители кои би реагирале на тоа...за моја несреќа досега реагирале многу пати.
    Море ми се плаче ми се рика.
    Одамна не сум се исплачила онака од срце.
    Уствари да,сама сум крива,барам од луѓето да ми ги читаат мислите.
    Тоа тие исто како да си викаш сама со умот....ај бе јави ми сеее,
    и оп телефонот ѕвони,ај речи ми да се видиииме и оп тој ти вика.
    Ама нема така.
    секој си бара знак дека ти нешто сакаш.
    ама јас стојам страшно лошо со давањето на знаци.
    иако ги имам.не ги искажувам.
    И уште еднаш ако некој ми рече дека сум сериозна,го убив.
    Ќе учам вештачко смеење
    лека нојЌ < 3
     
  12. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Само од нас, на пребарувачите може да се напише Стара Скопска Чаршија и да излезат капкејкс...
    Да се впише име на некоја од старите згради и да ти излезе политичар...
    Да се впише име на споменик стар многу години, а во резултати да излезат високи потпетици.
    Ова се само мали примери, а колку многу ги има со екстра големи пропусти... Ех оваа чудесна македонска нација!
     
    На OneDirection и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  13. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Ќе биде hot & sexy summer. Can't wait... :D

    :sun: 8) :beer: :coffee: :muscle: :cash: :party: :dance:
     
  14. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    249
    Добро утро на сите ранобудни и за сите што се расположени на вакво тапа врнежливо и мрачно време
    [​IMG]
     
    На OmniaVanitas, Divinebutterfly и Dog-lover им се допаѓа ова.
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Оооо добро утро,oвааа деее добар ден :D Времето ни се смена,па дури и не пречека со дожд за да ни се спие и да не можиме да се навикниме :D Додуша денес недела,можи секој да си поспие,а и поради дождот се одложуваат некои работи.Па ај,од утре понеделнички ќе се прават :) Јас сите денови си ги сакам,зошто би го мразеле понеделникот? Па нели и другите денови се оди на работа? А и неделата,досадна била,па нели е таа ден за одмор,па и треба да е досадна малце :D Или ете време да си се средиме,да си посветиме време себе си и на семејството :) Еве јас си го пијам кафенцето и денес планирам да си се подсредам,лошо вака без дечко,почнуваме да се запоставуваме,иначе повеќе ќе гледаш да се средуваш.Ама ај,па јас ќе се средувам за да бидам лепа и можда па некој ќе се заљуби во мене :D А и за мене,да ми е убаво.А и диета си почнав,барем со вас заедно повеќе мотивација имам и таман,да заличам на девојка не на ќофте :D
    Ајде сега,имајте ми убав ден и се читаме повторно,кој што сака нека ме дружи за кафенцето :sun:

    [​IMG]
     
    На kravce, ilipili, CoverGirl10 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Кога некој несака да ги избрише сликите на мобилен на кој лошо си испадната
    [​IMG]
     
    На Elennaa, Annath, Micheleljubov и 24 други им се допаѓа ова.
  17. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Нема полош родител од оној кој ги дели своите деца ...
    Понекогаш стварно посакував да бев дете единче .Kако да имам кнедла во грлото и со ниедна солза неможам да ја исфрлам лутината која се насобрала во мене .
    Сестра ми е сета спротивност од мене .Себично ,површно ,материјално и злобно суштество.Многупати ја препознавам во постовите на Лилит оние за Сектор и Ванила ,и криво ми е зошто е таква .
    ПОВРШНА ДО ДАСКЕ.
    И јас заради тоа празноглаво створење трпам неправди како парични така и душевни . Ма не , не е она виновна ,мајка ми е поголем кривец за се во ова .
    Нека ги чукнат малку главите ,на крајот од денот семејството и семејниот мир се поважни од било која цифра на пара :fubar:
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  18. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Вчерашниот ден беше еден од најубавите,ми беше роденден и денот убаво ми почна.Моите другарки ми честитаа на посебен,специфичен начин.Се радувам што ме знаат толку добро :clap:
    Денот стана уште поубав кога ми ја донесоа мојата торта,розава баш како што сакав и вкусот нееодолив. :^:
    А изненадувањето што ми го приредија ми го подарија најубавиот подарок,слика од омилените сериски ликови и се разбира нутела хахахха :rofl:
    Си поминавме супер еден од најубавите родендени...Ви благодарам :*

    Се надевам ќе ми се исполни желбата :D
    Имајте убав ден ;)
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе се цела година со маски, неофицијално, а само еден ден се со маски пак, ама официјално, па дури и ја менуваат маската за тој ден, бидејки другата им се здосадила наеднаш.И мислат дека тоа не се приметува.Се приметува до толку што и птиците го знаат тоа.Не за друго, па и купуваат маски, епа зш купуваат? Зш фрлет пари? Нема потреба... :)
    И се некакви денови постојат за се нешто, а патем и навистина не се потребни.Барем да имаше некакво фајде па за еден ден така да се одбележи.Ама вака џабе патот.

    А и почнав со јога пак :) ми фалеше :emo: убаини :angel:
     
    На Antoninaaa, tessie и Nefertitii им се допаѓа ова.
  20. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Периодов ми е без врска, џаболебарам и спијам. Немам желба за ништо.
    Се мразам што сум ваква..
    Потребна ми е некаква мотивација и да пресечам.
    Да ги кренам ролетните, собава со денови сончев зрак не видела.
    Да ја средам - да се средам и да прошетам.
    Да ги избистрам мислите, да ме фати свеж воздух, да одморам од глупостиве и да почнам да живеам НОРМАЛНО.
    Мала искра ми недостасува, за да пламнам и да се разбудам..
    Си велам, можеби еден букет со свежи, миризливи зумбули, собрани од мојот двор и недостасува на мојата валкана соба?
    Тоа е тоа..
    Доволен мотив да ја средам.
    Всушност како не се сетив порано? Истото е и со новата гардероба.
    Една нова маичка, знае да ме мотивира да го средам целиот плакар.
    Мене малку ми треба за да живнам, да пламнам, да се разбудам... :!: И додека не победила мрзата, отидов јас да наберам букет, миризливи, свежи, сини зумбули и да ја средам мојата мала џунгла.
    Ве поздравувам! :hai:
     
    На ilipili, anuskaNESTLE, Waka-waka и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.