Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Oh,this is such a bad joke |( Да ти снема струја во скоро 3 сатот :worried: Арно барем компјутеров е полн :P Ќе почекам малце,а ако не дојди,ќе си одам! ...в кревет :D
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе човек не обрнува внимание на негативните работи кои му се појавуваат во животот, толку повеќе станува имун на истите и единствената преокупација му се позитивните.
    Лошо е кога на човек ќе му стане сеедно за некои работи, тогаш може некои и на глава да одат, нема да ги примети.
    А времево, наместо да се затоплува, се повеќе заладува :| |(
     
    На Someonespecial, SparkyAngel, ozbilnazena и 3 други им се допаѓа ова.
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Кој немал фичо, нека прекине да треска глупости бидејќи може него некој „случајно“ да го тресни од бетон!
    Какви вицови и да пишувате, југословенските изработки на коли и југословенските коли уште се тркалаат низ улициве, собираат еден куп луѓе, не трошат многу и за разлика од новиве пластики се далеку поиздржливи. Со нив се поминуваат големи километражи додека да дојде до поправка за разлика од новиве пластики! Џабе не беа на Олимпијада во Италија.
    Кој немал, не знае што ломоти! Тоа е исто како да коментираат за лап топ, а од него само изгледот да го разгледале!
     
    На kate21, imelda, Miss.Ricci и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Се разбудив некаде пред 30 минути без аларм, а требаше да станам после 1 час од сега. Организмот ми вика дека е наспан иако вчера откако прочитав некои 30 страни од книгата си легнав пред 12 за да бидам свежа за денес, се вртев два часа во кревет без да можам да заспијам, а се будам речиси час и нешто пред предвиденото време. :tmi: Не сум излегла на тераса, ама се надевам дека денес времето ќе биде топло за да можам да ги облечам моите најубави чевличиња кои не трпат дожд за жал.
    Сега ќе си подготвам едно турско кафе иако немам навика секогаш наутро да пијам кафе за добро утро, ама пред тоа треба да си го наместам креветот, сум ви кажувала колку ме живцира ненаместен кревет?
    Почна да ми студи, изгледа ноќеска ми било ептен топло со две ќебиња, па сега сум испотена и смрзната цела во исто време. :|
    Вчера со цимерката и нејзиниот бој пиевме винце, јас го направив бамбус и го пиев со кока-кола, абе после тоа обравчињата одма ми се заруменија, а беше забавно кога видовме дека шишето е со тапа, а немаме отварач за да го отвориме, па моравме да тропаме во комшии кај тетка Венера за да ни позајми отворач. Тие го исклучиле ѕвончето од врата, па мораше да тропаме на врата и после три неуспешни обиди откога никој не ни отвори се повлековме и си влеговме внатре, кога ете после една минута некој ни звони на врата. Ја гледаме тетка Венера со витлери на глава и спаваќа долга негде малку подолу од колена кај нас на врата(инаку врата спроти нас седи) и ни кажува дека спиела, дека маж и и синот и биле излезени, а таа била сама во спалната. :!: Не знам дали беше поинтересно што беше целата во витлери или тоа што ни го силуваше ѕвончето на врата изгледа беше лута што ја разбудивме, ама после тоа целата беше фина, па дури и ни го отвори виното и ни рече дека кај неа дома имале секаков жесток пијалок ама го отварале само за посвечени пригоди ко на пример: нова година или некој друг празник. Ептен ни се најдоа како комшии, морам да се пофалам, а чичко Славе пред нешо повеќе од два месеца ни ја испушташе водата од парното по наредба на нашата газдарица. Па тој колку е интересен, цел ден не можевме со цимерката да се изнасмееме на неговата појава и муабетите што ни ги сврте во рок од 15 минути :lol: И секогаш не вика на кафе, не сме оделе кај нив, не сме биле дружељубиви, а како да им кажам дека нивното друштво баш и не ни одговара дека се пензионери, ама ајде, белки сфаќаат дека генерациската разлика не јаде инаку ќе бевме најдобри комшии што некогаш ги имале, жими мама! :lol:
    Не знам што толку се распишував од сабајле како да ми е ова последен пост, скраја да е, ама знам дека следи убава и исполнета недела.
    Се надевам дека моте прогнози за оваа недела ќе се испостават како точни и јас после тоа ништо повеќе нема да посакам без да се заблагодарам за убавите моменти.
    Имајте и вие убав ден и уште поубав старт на неделата. :hai:
    http://www.youtube.com/watch?v=h81Ojd3d2rY
     
    На Glossy-girl, kravce и pamelche им се допаѓа ова.
  5. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Каков само позитивен пресврт направив во биоритамот изминативе 24 часа и јас не сум свесен. :D Ако до пред 1 ден седев до 7-8 сабајле и спиев до 4-5 попладне еве сега се будам во 7 сабајле наспан :o (дури и јас се чудам самиот) и еве цел ден го имам пред себе. Не сум уште задоволен :lol:, прерано ми е некако ова, ќе се “наштимам“ да станувам во 9 часот и идеално ќе биде.
    Тргнав со мотото во нов месец со нови (и поздрави) навики и еве сум, кога се има волја се има и реализација. :) Нека е добар денот за сите феминки, имајте добар старт на работната недела и ако работите да си земете плата до 5-ти април најдоцна. :D
    Денес е 1-ви април, денот на шегата, ама овој пост не е шега. Ај ќе ве зезам после во текот на денот. :P

    Good morning уште еднаш. :coffee:
     
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ehhhhhh kako denot na segata, moze da ja donese najgolemata taga na svetot....
    Zalno!!!
    Pocivajte vo mir momci... ;( ;( ;(
     
  7. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Понеделник, 1ви Април надвор сончево и најубаво ми е кога ќе ме разбудат сончевите зраци. Го обожавам временцево. Си станав расположена, одморена. Си направив кафица си седнав на компјутер и БУМ!!!
    Тројца млади го изгубиле животот во сообраќајна несреќа.
    Прво си помислив некоја невкусна Прво Априлска шега на Сителовци (си знаат тие да го прават тоа) но кога видов слики, статуси на фб јас се разочарав.
    Па добро бе има ли правда? Толку млади... Животот само што започнал за нив. Не посакувам лошо а уште помалку смрт на некој, но има толку стари, болни и изнемоштени лица...
    Хорор! Едноставно не можам да се помирам со помислата како се сега нивните родители, најблиски... ;(
    Многу ме повредуваат вакви работи.
    Ништо од мојата претпоставка дека денов ќе биде многу убав.
    Сочувство до нивните.
    Дечки... почивајте во мир ;(
     
    На prettyliar, Ilusionist и pamelche им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.679
    Допаѓања:
    22.791
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто први април никогаш не сум го сфаќала како ден на кој мора да се пошегувам. Од дете ми била глупава целата таа работа. Ниту сум била некогаш на маскенбал...
     
    На rici.aaaaa и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  9. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Сакам да кажам дека(односно, да се пожалам)...
    го фатив копилето со другааа ;( ;( ;( ;( ;(
    зошто ова мене ми се случува бе? ;(
    АПРИЛИЛИЛИ :rofl: :rofl: мала шега :lol: :lol:
     
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.832
    Кога ќе се надишеш кислород, после мака ти е да се бориш со воздухов овде. Ама ајде. Да не кенкам. Поминавме бајно. Два дена, а сонце ко спремно за нас. Охрид го доживеав како ново гратче во кое царува тишина, патешествија низ чекори, меко сонце и уште помеки облаци. Собичката со поглед кон езеро, студен тоалет и многу мачки наоколу. Совршенство!
    Денов ќе го искористам за уметност. А како поинаку. Сакам и да се гушкам со драги луѓе и да си посветам време на внатрешното себе. Полирање емоции, спиење во првата Дома, јадење пудинг со огромна лажица и гледање француски ноар филмчиња.

    Маските, денес ќе блеснат во својот сјај. Сфатете го тоа, како вам ви одговара...

    Нема да патетизирам, само ќе и посакам на Пролетта добредојде! Во сите срца да се всели.
     

    Прикачени фајлови:

    На ines.h, la-chicka, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  11. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    [​IMG]
    Koнечно убво сончево време.
    Конечно да ме разбудат сончевите зраци. КОНЕЧНО!
    Нема ништо поубаво од овај период во годината. Кога после ладна зима доаѓа првиот топол сончев ден.
    Ништо не ми дава повеќе мотивација отколку тоа :)

    Имајте убав ден, убав почеток на неделата а богами и на месецот :* :hug:
     
    На kala21 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  12. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Се молат сите дволични персони да ја извадат едната маска , барем денес .
     
    На Golden и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    1ви април, ден на шегата, будалите или на исмејувањето. Имало различни гледишта за потеклото на 1ви април како ден на шегата кај нас или на будалите на Запад. Ова будалите, како дворскиот шут/кловн/будала или исмејувањето како Французите што им се смееле на луѓето кои новата година по старо си ја славеле. Каде е шегата? Изгледа во онаа -имаш нешто на маицата- фора. Ако за другите празници се ставаат маски за да се избркаат лоши духови, да се излажат демони и такви ствари, тогаш зошто на 1ви април се маскираме? Да направиме будали од себе :!: оти е ден на будалите :!: :D

    Да ви кажам искрено, не се замарајте и анализирајте. Забавувајте се. Кој не се маскирал до сега, не знае колку добро е чувството. Биди доктор, кловн, филмски лик...па дури и во бањарка излези. Кога ќе можеш тоа друг ден да го направиш? Ослободувачки е :) Направи будала од себеси, дозволи да се смееш и да ти се смеат...мислам дека не мора да создаваме негативност и околу еден смешен ден.
    Јас? Сеуште се мислам, каубојски шешир, кожната сукња или само нашминкано лице пред тв. :wasntme: Уште да го убедам брат ми бремена жена да биде :angel: :lol:
     
    На bittersweet, imelda, lunicka и 9 други им се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Сакам да кажам...
    Не сакам шеги на туѓа сметка...за да се почуствувам добро,не сакам лицемерие,не сакам совршенство,сакам само да сум срекна...па затоа и вам феминки ви посакувам
    [​IMG]
     
    На ozbilnazena, kala21 и tessie им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    40.760
    Пол:
    Женски
    Незнам кај вас како е ама овде Мизерија е :|
    Сакам сооонце топло .... нејку веке студ :(
    ;(
     

    Прикачени фајлови:

    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Еве кај нас како е :sun:
    http://www.accuweather.com/en/mk/skopje ... ast/227397
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Нели не е срамота ако во двор си имаш место и ти текне дека истото можеш да го искористиш за градинарски култури ? Јас мислам не.
    Па така си го средив онака ученички местенцето за мерак...Е, сега не е големо, ама таман е.
    Малку се зафркаваше Дејан мој со мене..Прва радост на мама.
    Ќе барал субвенции од Министерство за земјоделство за развој на млади земјоделци.
    Во случајов јас. Млада. :D Таман сум си бе. Што ми фали.
    Ако, ако. Ќе дојде маца на вратанца. Абе недам!
    Исто така си добив и честитки со среќа да ми е новата професија :)
    Абе шта речи. Дојде и комшијава Раде, кој остали комшиници го сметаат за намќор.
    Дојде да ми честита со чашка домашна шљивовица из Шабца. :D
    Ај, машала Озбилна, родила ти градина.... Фала, фала чика Раде.
    Кога ќе се оптегнам на убавото време во двор на масана, сунцобран ќе ми прави сенка, па шопска, марулка, разновиден зеленчук тазе набран, се непрскано, ракиичка...
    Мене и малите нешта ме прават ^_^ а на големите одлепувам :P
    Така ме зезаа и за лозницата која си ја посеав со толку љубов ...
    Ама кога даде род, абе што да ви кажам, гроздови на толкави.
    Земјорадник, то ти је поштен посао и баш ме брига ко се самном зеза.
    Имаш алата, имаш заната и свежа салата.
    Јас на одмор неколку дена. Вие арни :) Среќен Април :hai:
     
    На bittersweet, Mygirl, Doozy и 15 други им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.679
    Допаѓања:
    22.791
    Пол:
    Женски
    :) A така. Да си ставиш патент на фразава, одма може да се искористи за некој проект за развој на земјоделството. И од тоа да си ќариш. Ова е време во кое идеите се доволни да донесат пара. ;) :D

    Абе зашто срамота? Kaмо мене да ме биваше за тие градинарски работи и да си имав дворче, ехеее...
    Башка и не знаеме веќе што јадеме од хемии, прскања и чуда...
    А и екс комшика ми викаше дека тие градинарски работи имале анти-стрес ефект (барем нејзе и` делувало), а во ова стресно време и те како добро би ти дошло.

    Ај и од мене со среќа нека ти е. :) :*
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    48.642
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ми бил посебен денов.Единствено нешто што ме радувало биле малите дечиња кои различно маскирани се радуваат без притоа да ја знаат лошата страна на маските.
    Маска.Сите имаме по неколку. Не само денес, секој ден.Глума подобра и од театарската.
    Секое утро ставам маска на себе.Срека,насмевка,тага,солзи. Емоции маскирани колку ти душа сака.
    Стискаш заби со надеж дека утре ке можеш да го покажеш твоето вистинско лице.
    Заборавивме зад која маска се крие искреноста,љубовта,разбирањето,почитта.....
    Го заборавивме изгледот на нашето лице без маски.
    Трулеж и очај под нив.
    Нема да се маскирам.Ке го искористам овој ден да си го покажам своето вистинско лице.Без маска,со секоја "лузна" на него."Лузна" која ја напрвила времето и лугето oколу мене. Лузна која гордо ја носам.
    Ке ги отфрлам маските кои ги ставам секој ден на себе и ке бидам тоа што сум..

    And after all what is a lie? 'tis but the truth in a masquerade.- lord byron

    [​IMG]
     
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    12.048
    Пол:
    Женски
    Зошто така зборувате за денов?
    Маски се знае дека сите имаат. Сите ИМАМЕ.
    Ајде, разбудете го малку детето во себе, бидете креативни. На кратко, колку што трае ноќта, ќе се чувствувате среќно и насмеано.
    Еден ден, кој го посветив на насмевки. Затоа што сабајле кога се разбудив решив така, не дека денес е денот за тоа.
    Денес е денот кога ќе ја излажам мајка ми за нешто. Пример дека се омажив :D
     
    На bittersweet, Elennaa, anuskaNESTLE и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.