Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Април месец на шегата, правам шала но и примам шала на моја сметка но некако денес не ми е дојдено ни до првото ни до второто.Цела вечер сношти се обидував да заспијам, но некако не идеше и баш кога на момент сум се задумал за неа од некаде се појави на сред толпа народ онака убава како и секогаш како што ја паметам од пред скоро неполна година.Таа бујна коса тие зеленки очиња на помислив дека дека е реалност, ја зграпчив за рака ја тргнав накај мене силно ја стиснав и ја прегрнав со моите раце и реков сега никогаш нема веќе да те пуштам сега си моја, се насмевна со таа прекрасна насмевка и започнавме двајцата да танцуваме да да танцуваме иако немаше музика за танц, се тргнавме подалеку од толпата народ и онака прегрнати заедно гледајќи ја во преубавите очи ја бакнав, во истиот момент кога ја бакнав почуствував нешто боженствено нешто неописливо со збор, се насмевна повторно ја погледнав беше преубава блескаше со цел сјај, ме држеше прегрнато и не ме пушташе мммм колку беше убаво чуството :inlove: и кога повторно и кажав: убавице од сега не те пуштам од сега си моја и кога повторно пробав да ја бакнам почуствува силна болка во градите, болка која не се издржува срипав и целиот задишан, облеан во пот, погледнав наоколу оооооо па тоа било само сон :headbang: ,животот се пошегува со мене ме прелажа за момент во сон, за момент се почуствував среќно и исполнето за момент заборавив на сите мои грижи и препреки во животот, дефенитивно се залажувам со сите девојки она е вистинската за мене она е таа која ја чекав долго време,затоа ветувам дека ќе се борам за неа дека ќе стане моја и дека ќе му удрам шамар назад на животот за таа невкусна шала што ми ја приреди, убавице моја каде и да ми бегаш каде и да ми се криеш ќе бидеш моја ќе го почуствуваме тоа што го почуствувавме на сонот ветувам :!: ;) :lol: .
     
    На DAngel, SparkyAngel и K.Mari4ka им се допаѓа ова.
  2. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк гладна кокошка просо сонува.

    денес сонувам како давам отказ од работа и одмарам лело лето.

    па кај се бара сега работа на почеток на април кога се е толку убаво и расцветано? :lol:

    сонувам како секое утро си го проветрувам станот пијам кафе на раат, го впивам миризот на топлите утра, дома се ми е средено цакум пакум. нема прашнинка, сите алишта ми се испеглани, имам време да читам во паркот и да гледам серии.

    го чекам мм со убав ручек а јас свежа и убава го чекам за десерт :D

    ќе сонувам што ... не наплаќаат за тоа
     
    На bittersweet, eli25, Trnche и 6 други им се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    ...денеска баш напротив, сите треба да ги тргнеме нашите маски :angel:
     
    На Lov3 и marama им се допаѓа ова.
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Вчера вечер во 1 часот цела куќа ја кренав на нозе.
    Седам и на брачетка на фб и пишам на дедо му се слоши однесеа го у болница...
    она кажува на нејзините и идат кај дедо и јас целата се смеам и они шо е смешно и јас АПРИЛИИ ЛИ-ЛИ...
    и чичо вика ти не си нормална со сертификат од кревето ме дигна живото за 10 години ми го скрати...
     
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ми се скрши филмот и за 1ви април и за се.. :@
     
  6. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Кога е убаво времето, сите се среќни!
    Ова за вчера, каков ден, какво расположение.
    Нешто невозможно, си бев заглавена во емоции, па се префрлив на тоа убаво расположение.

    http://www.youtube.com/watch?v=CeZbbx5SPTs

    Видете што убаво песне :D
     
    На Shelea и Boleyn.7 им се допаѓа ова.
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Конечно малку време и за форумов .. :) Ама КОНЕЧНО
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Најобичен ден како и секој друг, не се истрчав да излажам ништо, само мајка ми сабајле ме прелажа дека имам вошка, па се извадив од памет во 7 сабајле и ми вика Априлилили, и ја бев оваква |( |( |( !!! И после :@ . Хахаха, се пошали жената, ама ја лани не се маскирав, а ни оваа година нема. И мислам дека веќе ми пројде тоа време, едино ако би ставила маска е онаа само за на очи, како што имам 2 години една по друга ставано само различни и сум си поминувала ооооооодлично на журките. Оваа година најверојатно нема да отидам нигде, прво земајќи го предвид фактот што утре пак сум од 8 сабајле на факултет, а МОРАМ да одам, а не ми се урла до 3 сабајле во некоја дискотека, дур доам дома, дур се преоблечам и тие тантара пантара ќе ме фати 4, и со 2 саати сон не се издржува следниот ден, а второ не ми е филинг некој баш, да беше викенд ееее тоа е веќе друго.

    А и, многу луѓе секој ден си лажат, па го прославуваат денешниов ден зошто можат комотно да си се опуштат во лажењето, и никој да не им зема за зло. Ама, си ги знаеме бре, си се знаеме кои сме и што сме сите, наши сме што се вика ;) :lol: Ааааааааааах, леле :D

    Ама дефинитивно, ние ставаме невидливи маски на себе во другите денови од годината многу почесто, отколку што тоа го правиме на овој ден.

    И овој ден ме потсетува на тажно чувство, кога две години во школо бев во истиот фустан што сега не можев да го најдам да и го дадам на сестра ми, едната година Снежана, другата принцеза во истиот само ставив и круна и сите деца ми викаа дека сум во ист... и таа во истиот што беше минатата година како принцеза, оваа ќе оди како Султанка... не е за парите, ама едноставно на моите не им се фрлаат пари за маски секоја година и ги разбирам коа може да се изведат неколку маски со еден фустан... ама ме болеше зошто се децата такви, одма маана ќе ти најдат, не те оставаат да се порадуваш... ја чекам сега да си дојде, да ја прашам како поминала, се надевам не и го расипале маскенбалот само поради тоа што е во истиот фустан, и зошто моите не ги фрлаат парите во Вучко секоја година за различен фустан како некои... ама 1 ден е во годината, така да... треба да се игнорира.

    Ах, одам да одморам... па ќе учам конечно :geek: време е.

    http://www.youtube.com/watch?v=CKgiYaqVVOs

    п.с. Дојде сестра ми, сите и ја пофалиле маската :lol: Фала богу... ми падна камен од срце...
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Април е најубав! Не дека е мој месец. Денес и сонцето е досетливо да те излаже да излезеш со големи наочари за сонце и лелеава кошула, денес сите се најголеми шегобијци со излитени фори.. и најважно - денес можеш на сите да им го кажеш тоа што ти се врти во глава без да чувствуваш вина потоа само поради тоа што ќе кажеш априлилили. А утре? Утре можете повторно да ги наместите истите маски, да ги ставите насмевките и да си кажете ќе биде се во ред!
    :f:
     
    На kravce, lunicka и Lella им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.329
    Допаѓања:
    29.137
    Пол:
    Женски
    Сега седам и ги слушам баба ми и комшивката, што зборат како мали деца, и се смеат на глупавиот турски филм... :tmi: :lol:
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК....конечно го дочекав и тој момент :inlove: :inlove: :inlove:
    [​IMG]
     
    На sweet-star, Lella, Dazey и 46 други им се допаѓа ова.
  12. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Дојде време да се фатам за книга
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Се смеевме со дечко ми дека имало премногу вештерки низ град, дали се маскирале или демаскирале :D ?

    Пред некој ден случајно на Шител наслушнав како ги декларираа 90-тите како мрачен период, знаете веќе она Бранко е за се‘ крив сценариото. Крајот на деведесеттите беше периодот кога бев средношколка и немаше ништо мрачно, ни траурно во тоа време, сеуште немаше толкави разлики во финансиската состојба кај луѓето и имавме пристоен живот, не одевме на шопинг во Солун, ама можевме да си дозволиме да бидеме убаво облечени и Милките беа по 40-45 ден. а на фиксен (мобилни тогаш беа реткост, бидејќи само бројот беше изгор скап, а беа актуелни т.н. цигли на Нокиа 3310-ката која стана антиквитет како Комодоре персоналниот компјутер) за 200-300 ден. имаше да ја ,,прегориш,, слушалката :D ... Смешно е што сакаат да ти оцрнат по секоја цена и за болни интереси дел од нешто што ти е познато, а ти било и драго... И навистина ми е криво што двајца неизживеани и вечни мангупи во обид (бидејќи се кладам дека во младоста биле крајно смотани) ја уништија оваа земја, едниот политички - Латас (со ширење на небулози и еднонасочно интерпретирање на настаните, согласно владината перспектива и не знам како не му е срам да се нарекува себеси новинар или репортер сеуште, кога еден папагал е способен да биде истрениран за оваа функција), другиот културно - Вучиќ (знам дека не е повеќе тука, ама тука помина најмногу време на делување) со тоа што шундот и културниот кич од секаде го собра и го актуелизира... Овие двајца нанесоа повеќе штета отколку торнадо да поминеше низ земјава, сериозно... :| Така, Шител го пласира торнадото Вутас...

    Не ми е целта да додевам со носталгии, само смачено ми е што децата на тие транзициони богаташи, и на новопечената демек политичка елита, урбаните мафијаши и спонзорушите денес сакаат да се претстават како џет сет во државава, а сите на купче се криминалци и нивни полуретардирани потомци, затоа барем не им помагајте да им се восхитувате, реално или виртуелно, небитно. Бидејќи смрдат на суета, ама кревка им е подлогата и додека сите под поимот хистерија мислат дека треба да визуелизираат жена која вриска, всушност секој обид за исфорсирано привлекување внимание врз себе е всушност хистеричен напад.

    Денес е ден на маскирањето, ама време е да почнеме, ете нека е од утре со демаскирање на она што е труло во државата Македонија. Еден начин е да ги нарекуваме нештата со своето вистинско име, бидејќи луѓето често се кријат зад поимите. Така некоја спонзоруша, која дебело со плаќа шопингот во Солун со оргијашење, е убедена за себе дека е старлета во џет сетот, некој дилер е убеден дека е дистрибутер на психостимулирачки супстанции за подигнување на расположението или сите сексуално настрани се само љубители на егзотични фетиши итн. итн.

    На крајот на денот, секој легнува со својата совест, а дури и на крајот на светот да отпатуваме (има сега и за на Марс мисии, ама само за во еден правец била доставата :D , не знаеле уште како да ги вратат оние кои ќе ги испратат) си ја носиме совеста со себе, под сите маски и терминолошки семантичкии мимикрии и дриблинзи, најважно е сеуште да бидеш - човек и да имаш извесно достоинство за себе и кон себе, знаејќи дека не си загрозил, ни уништил намерно ничиј живот. Така твојот живот станува поднослив, па дури и добар, ма колку и да не е ласкав секогаш...

    :)
     
    На Lilit, BurstBerry, Bozica1980 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми се смачи од лигушкиве.Цело време ми се пика "Здраво Голден!Дојди да те гушнам.А,што правиш?".Уште прашуваш?Ми изиграва мила тука а,ја слушам после дека 300 глупости зборела за мене.Што ти е филмот?Gossip girl ќе ми глумиш?Марш таму! :devil:

    Инаку денов е убав.Нов месец,нови почетоци и мојот роденден се наближува :party: Среќна сум нема некоја посебна причина. :)
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК човек треба да внимава какви луѓе поминуваат низ неговиот живот, какви остануваат и заминуваат, за да не му биде криво подоцна за нив.Треба да ги чува покрај себе, доколку тие навистина му значат и го заслужиле своето место во неговиот живот.
    А доколку човек се сомнева во другите,се сомнева во себе си, бидејки преку туѓите постапки, веројатно се препознал себе си.Арно ама никој не се спознава себе си, туку секој секого спознава, притоа оградувајки се од истото.
    Смеењето е здравје за човекот, а убаво е кога човек ќе успее некого да насмее :)
     
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Априлилили? :wasntme:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.673
    Допаѓања:
    253.083
    Априлилили :D
    За малку ќе ти поверував, ама фејсбук ми е преплавен со вакви изјави :D .

    едит: Кравче ме преварила :D
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Сноу ако ни праиш априлили срам да ти е стварно!!!
    А тамн се израдувавме
     
    На bittersweet, Buttterfly, kate21 и 17 други им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Хахаха Јуле :D
    [​IMG]

    глеам јас у другите свадбени теми нема еуфорија :D
     
    На JuLleE и Hipster им се допаѓа ова.
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    На kravce и Hipster им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.