Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Ќе и` дадам јас на неа Превара....
    Само нека каже дека не е вистина, има да си го земам назад „Ми се допаѓа“, зошто тоа го чувам за вистинската веридба на Сноу :D
     
    На Annath, Lepaaa, Buttterfly и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Шо бе не е вистина? |(
     
  3. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    1 Aприл, денот на шегата и маската. Ден со пролетно сонце, со милно ветре и шаренила. Ах, зошто јас не можам да ја населам пролетта во мојата душа. Се прекорувам себеси за годините што сум си ги наддавала, што сум станала и постара од тоа што треба да бидам. Цел ден си се смеам себе. Смешна сум си. Шега во движење. Се гледам во огледало и си мислам дека нема потреба да се маскирам. Дека и без тоа по цел ден сум маскирана, во лик кој е премногу вреден и одговорен за да се нарече уморен. Не сум уморна, така си се тешам самата. Но уморна сум, и тоа многу. Посакувам да можам да ја тргнам пудрата од моето лице, заедно со маскарата и руменилото под нив, јасно да ги нагласам темните подочници и бледилото. И не толку за тоа за другите да го видат моето демаскирано лице, туку за јас да можам да го видам. И да се потсетам дека „Зграпчи го денот“ не мора да биде деншниот ден. Колку би сакала да можам да размислувам како маж ми. - Душо кога ќе ја платиш сметата од Близу, дигиталната е исклучена. Утре - вели тој. Така веќе три недели нема дигитална. Секој нареден ден е утре. Аххххххх .... Све за љубав :inlove: да :P

    Инаку сеуште сум во исчекување на мојата голема преселба. Мебелот полека полека ќе почне да стига, и конечно јас ќе можам да се разбудам во дом кој ќе го наречам свој. Конечно ќе станам и ќе си направам кафе по гаќи и притоа ич да не ми е гајле. Освен мојата сончувка и маж ми, ќе нема никој друг. Хмммм, сега конечно ќе можам навечер да се прикрадам до фрижидер и да си се почастам нешто без притоа некој индиректно да ми потенцира дека не е убаво да се јаде касно навечер. Да, дека јас не го знам тоа, а го правам затоа што се инатам. Ох леле ... Колку само јас не можам да дочекам, колку само сум нестрплива, не застанувам, не чекам тивко и мирно, сакам да скокнам таму и да се опуштам после овие неколку години. Можеби и ќе се подмладам во душа кој знае???

    А дотогаш, ќе си слушам старо нови муабети. Ќе климам со главата потврдно кога НЕКОЈ ќе ми објаснува колку само е безвредно во денешно време да бидеш високообразуван. Да, дека ние со високо образование не сме го завршиле уличното школо и демек сме неснаодливи. Да работата ми ја најде Барак Обама, патем, јас не бев на 150 интервјуа претходно, не се трудев. Како би можела, според суровиот свет на уличнообразованите јас сум неписмена.

    Ќе ги превртам очите кога НЕКОЈ ќе ми го спомнува зборот елеганција, без притоа да сфати дека елеганцијата е стил, не е парче облека што го купуваш од квази бутик.

    Ќе ги голтам сите тие зборови што НЕКОЈ ми ги кажува во лице, но притоа ми создава илузија дека не се за мене. Глупа сум, не сфаќам. Ох леле ... тавата по главата, така си викам.

    До големата преселба драги мои феминки, само абдоминално дишење. Вдишуваш низ нос длабоко, издишуваш низ уста полека, очите нормално затворени. И така неколку пати, додека се смири внатрешниот бес. После е лесно, после можете на раат кафенце да си прајте и да си смешкате.
     
    На anabel-a, Trnche, MSkorpionka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.679
    Допаѓања:
    22.790
    Пол:
    Женски
    ^^^ Е де, и да е, голема работа. :D Братучетка ми откачена што има направено еднаш на први април у средно...ја излажа тетка ми дека е трудна, ама онака уверливо глумеше, ќе припаднеше жената. Не да не беше смешно, од памет се извадив. После жената не и` збореше цела недела освен она формален муабет „дај ми/ на ти/оди ваму/оди таму.“ :D

    Oткачено дете! :D Нејзе и` го должам тоа што не останав затворена и повлечена. Штета што изгубивме контакт скроз.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.658
    Пол:
    Женски
    Од денеска сум на две диети!Една диета не ми е доволна да се најадам!
    [​IMG]
     
    На Libera, CuteEva, Bozica1980 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Моира за председник!!!
    Овај за тој повод малку е лајк, треба специјална алатка огномет нешто јаче од лајк.
    Сноу не се криј просветли не, да знаеме дали да си зеаме назад лајковите или не, не е шала ова за нас
     
    На sesilija, Mayyya, teddybear и 8 други им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.679
    Допаѓања:
    22.790
    Пол:
    Женски
    Се крие, поуверлива да биде... ;)

    Шо е право, право е, баш би сакала да не е шега. Ептен ми дојде мило на душичката кога прочитав.
    .
     
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Море Сноу, јас прва кликам Не ми се допаѓа ако е по повод денов.
    :devil:

    Ама чекаjте, а може и дечко и на Сноу се шалел, who knows.
    :D
     
    На bittersweet, sesilija, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    На први април 2004 година купив весник и како листав од една вест кафето си го исплукав. Се смеев пола саат. Не укапирав дека е шега, ама најдобра априлили во весник што имам најдено до сега. Шефовите на Нестле истражувале кој е работникот што наместо да принта Best Before на чоколатцата Aero, на тоа место испринтал цели два контејнера на кои пишува Shit Bar. Наредниот ден купив исти весник да видам има ли новости, да не случајно некој купил вакво чоколатце, напишале дека тоа беше априлили. Ме излажаа.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    си сетам јас така со бабата на сопругов и наеднас ми дојдоа спомените од мојата баба(мама на тато) :( лелеее само колку ми фали,таа секогас ме барасе да бидам со неја ама јас како помала не свајЧав некои работи и плус тоа живееев далеку од неја неможец Често да одам :worried: ах колку беа тоа убави времиња кога ситре бевме заедно :x а сега едни таму едни онаму не се знаеме кој каде е :doh:
     
  11. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Другар ми ми ја кажа финтава,може е стара, али ја искористив денес и пукнав смеејќи се...

    Влегува колегата со кој не се мирисаме, и ја му викам
    Чекај,чекај, не кажувај, знам во што си маскиран-во идиот... :rofl:

    На сите им беше смешно,освен на маскираниот...а нели ден на шегата е :$
     
    На DjinTonik, WomanInRed, sweet-star и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Денес денот ми е преубав, комуникативен ден :) . Денес почеток на неделата и на новиот месец Април. Станав утрото а надвор пекаше сонце и тоа КОНЕЧНО по толку влажни и роселиви денови :D ^_^ :sun: . Потоа станав, се облеков и отидов на училиште. Сите беа расположени и се шегувавме со Априслки шеги :D . Влезе калсната на одделенски и ја излажавме дека ке изграме одбојка со другото училиште и таа се насмевна и рече браво на крај успеавте и во тоа, затоа што требаше да играме ама не бевме се спремни, и после стана едно девојче и рече априлили и наставничката се насмевна само и ни рече дека кога слушнала ствармо се израдувала ама на крај ништо... И на крај и испејавме една Априлска песна :) . Потоа дојде наставничката по македонски и ни ги даваше писмените и јас ем си добив 5-тка ем пофалба ^_^ . Потоа во училиштето ни пристигнаа гости од Америка :rock: . Дојдоа наши врсници на посета на градот и на училиштата, така што ке ни го уредат училишниот двор. Јас отидов и се запознав со неколкумина од нив а утре ке одиме со некој од наставниците и ке се запознаеме со сите. Сите се убави и фини, посебно момчињата :mm: . Толку беа убави што цело време зјапав во нив :rofl: . Потоа си отидов дома, учев малку и сега си седам на ком...
     
  13. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Прекрасен ден исполнет со смеа , радост , сонце и еден куп маскирани дечиња ......
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Патетики...Никој не ги сака..
    Очајност, ма дај ве молам, одбивно е.
    Зарем мислите дека доколку молите некого во очајна состојба ќе донесе некаков резултат?
    Само одбивност, ништо друго.
    Луѓево сакаат издржливост, сакаат цврст карактер, со жалопојки ништо не се добива. Зарем толку малку вредите?! Главата горе бре, сила, кој не сака сила? Кој не сака издржливост? Луѓето дури и се плашат од тоа, за љубомора да не зборувам..
     
    На Mrs.Cuper, prettyliar, zarah и 2 други им се допаѓа ова.
  15. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам Јас не сум јас кога сум гладна :lol:
     
  16. biljan4e-bileto

    biljan4e-bileto Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    4
    ех маскембал пусти маки од мала сум ги мачела мојве да ме маскираат сега сама се мачам хехе вшколо се маскираф сега не ме мрзи :!: :$ :D ;) и тоа сакам да кажам феминистки ново кајвас шо имат????
     
  17. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    6.752
    дај веќе еднаш научи правопис.
     
  18. biljan4e-bileto

    biljan4e-bileto Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    4

    аман не се плеткајте џоќер впокер не е форумо писмена македонски :$
     
  19. cute12

    cute12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    47
    Сакам летооо :(
     
    На Katerinceee и biljan4e-bileto им се допаѓа ова.
  20. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Прочитав пост од една нова феминка , да признаам ама воопшто не ми се допадна, беше премногу вулгарен.

    Да можев ке ставев еден ДИСЛАЈК ( DISLIKE), штета сто нема такво копче.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.