Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...It`s Christmas time...almost :)
    Едвај чекам да поминат овие две недели и да дојде Нова година!Конечно да заврши овој пекол, да се одморам и да го почувствувам празничниот дух во мојот дом и во моето срце.Морам под итно да ја накитам елката, а и целиот стан.А треба и да го замолам Дедо Мраз да ни донесе снег во Скопје-вака веќе не оди |( Зима е, ладно е и сакам снег да крцка под моите чизми кога ќе поминувам низ центарот на мојот прекрасен, накитен град...Го обожавам Скопје, ја обожавам зимата и го обожавам декември! :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=J-8VCL4uSUc
     
    На Lepaaa, Ann.94, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    сакам да кажам дека сум зела стаклена кугла и во неа ставив црвени ситни камчиња и лампиони мали и божиќни гранчиња и ја направив најубавата божиќна кугла...мммм :) :muscle:
     
  3. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Сакаш да ја почувствуваш магијата на убавите мали нешта? Создај ја сам и уживај! Сношти се заседнав кај дечко ми и поприлично доцнев. И како што си имаме обичај, тргна да ме испраќа до дома со брзање. А јас пак, ја гледам ноќта така прекрасна и му велам: не брзај, секако доцнам, сакам да уживаме. :) Ме гушна и во тишина продолживме. Градот спие.. само уличните светилки помешани со зачадениот воздух. И ако беше друг ден, кога ќе стигнев дома ќе се нервирав што косата толку ми ја попримила миризбата од надвор. Но овојпат не.. овојпат ми разбуди некоја нежност, хах чудно.. Го спремив креветот и ги поднаместив желозините за всоба да ми влегува месечината. Светлината точно на перница ми паѓаше. Ахх волшебно. Заспав со насмевка во рок од 5 минути.. како дете..
     
    На Lepaaa и zhap4e им се допаѓа ова.
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Од петок снег во Македонија :puke:
    Кога бев дете со душа чекав да падне снег и по цел ден да се шлакам и да изведувам бесни глисти надвор, ама денес, под овие околности - категорично НЕ.

    И така, седам на работа, размислувам за детството, сеуште го лигавам утринското кафенце, немам обврски и седам на нет. Гледам утрински сте нешто пасивни, пасивна сум и јас.

    Ве поздравувам, имајте убав ден, среда е среќа па нека ви се посреќи :*

    [​IMG]
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Точно, точно... но трајни знаења, молам! Јас не го разбираме тоа учења, потење, страв од оцени и од професори, потресување, малтретирање и учење до 3 часот наутро, наштетувајќи си на здравјето и на сонот (кој е многу битен за тебе и за оние околу тебе), ако ја добиеш 5ката и утре тоа го заборавиш!

    Целиот тој систем учи-заборави, учи-заборави ти ја зел младоста бре :D И за што си ти учел? За скапани петки од кој имаш само пенкалце во дневник? За да застанеш пред класот, да ја изрецитираш цела лекција и овие глупаците, шо врска немат од животот да кажат уау колку си паметна? За да ги импресионираш професорите? Ха, со 5ки или 4ки денес секој се запишува на факултет и скоро секој зима диполма, шупаците од твојот клас ги е гајле за тебе, паметна си оти не те разбираат, а професорите секако си ја земаат таа плата! Врти-сучи ти си учеш само за себе! Зашто паметен човек е богат човек! И ако еден ден се најдеш во друштво со паметни и образовни луѓе да не се брукаш или не планираш да се дружиш со такви, а? :^)

    Имам една таква во мојот клас, ја прават паметна со IQ 150+, таа секогаш знае, секогаш е спремна и е вистинска ученичка! А во дневникот весело 5ки реди и на часовите мирно си седи! Неќна ја прашува проф. по спорт: што е респираторен систем? Молк! Епа учиничке мила, да скинеш тоа дневникот со сите 5ки и од хартијата да си избришеш газо! Бруки, бруки! Ама таа учи, таа нема да заспие додека не ја научи целата лекција напамет, таа е денес од ретките кои се ангажираат околу училиштето. И оваа до мене вика: леле џабе и се сите 5ки, основни работи не знае. А и она па вчера ме праша кои биле тие персонални компјутери? |(

    Да не размислат со своја глава малку бреее....
    И не е проблем, ќе станат и ќе раскажат цела биографија на Ками, но да ги прашаш нешто за „Странецот“ ќе чмаат и ќе црвенеат од бес и од глупост, а можеби три пати ја прочитале.


    Сакам да кажам дека ми е одвратно целото тоа бубање и имаш 5ки биологија или информатика, а не знаеш шо е респираторен систем и персонален компјутер! Персонален компјутеееер? Шо правеш ма ти цела вечер? А извини висеш над книгата! А да го вклучеш мозокот додека висеш над неа?

    Респираторен систем, пф...
     
    На Strumfeta93, caroline.costa и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Станав зависна од цимет колачи и цимет во тиква... И цимет секаде.

    Во думи сум да направам нов профил на фб, му фалам за смешна комуникација на светот. Така се изјаснија неколку луѓе, ај велам, атерот да им го направам. Сега ме мрзи, а и на работа треба да одам, така да нека си почекаат. :geek:
    Вчера следевме вести као некои пензионери, и бистревме политика. Си признавме дека сме си и најдобри другари. Супер чувство. Неоптоварено од било што. Заспа порано, јас ја читав Малечката Фадета во кревет, како средношколци на екскурзија си се спопикавме во ќебе и сонувавме како за 14ти февруари ќе си приредиме радости, ако уште сме заедно. Планови, од пензионерство до средношколство. Бранови.
    Секаде :)

    Утрово ме разбуди мирис на зелка, чукање по врати и телефонски повик од здодевна сосетка што бара невозможни услуги како бандажи за фиќо, ловоров лист и слично, а се’ што всушност и треба е само грам внимание оти е сама. Ја поканив на кафе, додека да дојде мајка ми од работа, и само се искикоте и вика: Неее, со мајка ти серии ќе си гледам вечер! Има план, добро е што нема да сум дома кога ќе дојде. Бррр.
    Време, не’ менува.
    Смеа, не’ одржува.
    Како клипов што мачорот ми го прати сабајлево и урлав од смеење на глуФецот што праи титиииит ко свирче. Лудости : http://fc02.deviantart.net/fs70/f/2011/ ... 49iof2.swf

    Ми треба разрешница на неколку лични нивоа. Ќе направам стратегија од каде да почнам. Јануари нека биде за наука и одлука, февруари, патуваме!
    8)
     
    На Bright, Gea и Cynthia им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Кога се смири малку еуфоријата сфатив колку е светот...па најприкладно најверојатно би било гаден?
    Толку многу се разочарувам од луѓето, од нивниот загубен дух и смисла за постоење, од нивната пасивност и неволја за ништо. Отиде безгрижноста во бестрага. Да, секој мора да порасне, ама не мора да престане да биде дете.

    И да, колку повеќе слушам, читам, и на било кој начин споредам и споделам нешто со други луѓе, и малку да дозволам да навлезат во мојот живот, моментално состојбата ми паѓа на нула. Ама во тек е промената. Само фали да не бидам опкружена до толку ниски личности, да не ми грабаат од среќата. Ако си среќен гледаат и тоа да ти го уништат со нивните паметни забелешки, ако си тажен ќе пукнат од радост зошто не се сами во тоа, а за некои и од самата нивна зајадливост. Епа готово е, нема слушање веќе никого, и од сега само добри вести ќе соопштувам, па така ќе престанат да ме прашуваат, зошто на никој не му е гајле зошто си среќен, секој сака да ги знае сочните детали зад тажните лица. Hear no evil, see no evil, speak no evil.

    Бев со денови среќна, прв пат после толку долго време, и тоа успеаа да го присвојат, воедно и уништат.
    Сега се чувствувам како да немам каде да одам. Со нетрпение чекав да дојдам дома, додека не сфатив дека и таму ме чека пекол. Едноставно, доста ми е од слушање поплаки и жалби, па макар биле и од моите најблиски, си имам и јас проблеми бре луѓе, не можам да мислам дополнително и на други кога се обидувам прво да побегнам од моите. Па не ми е периодов дојдено до решавање на некои „животни прашања“, а особено не туѓи.
     
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    [​IMG]
     
    На SuperGirl2010, Cynthia и Magnolija им се допаѓа ова.
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Уште утре и Македонијааааааааааааааааааааааааааааааааааааа :inlove: :inlove: Ми недостига земјата бре...и македонците.Патриот во крв сум :)
     
    На Divinebutterfly, crazylady, kristii и 6 други им се допаѓа ова.
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Денешниве (или независно -вчерашни ) постови во СДК ме РАСКИКОТИЈА ме насмеаа де до немај каде.

    Кој сака плантажи со портокали ,кој купил последна фарба па ќе се кречел во косата :lol: кој мрчи дека ништо не го задоволува ех луѓе.....чудни битиа .

    Сонцевоооооооо го љуббамммм толкуу многу од овде до месечината и назад (така велевме ко бевем мали ) ми ги греее УШНИВЕ школки му дава розева боја шо ти како на плажа да сум .

    Читам книга некако ми се пика под кожа ( а мислев не јас такви не можам да читам )абе луѓе не луѓе ко ќе речам .

    И еден црв што ме јаде да ма је..м кога ќе се реши . :?:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам дека денот е прекрасен :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    ..јас уште нешто сакам да кажам...оваа невена старава....ама ми го зафркна денов со тресење глупости...аииии.....катастрофа!!! :devil:
     
  13. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    СДК повторно ме нападна проклетиов ПМС и нема потреба да објаснувам понатаму, си знаете сите :@
     
  14. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991

    И коментарот доле - Women's logic :rofl: лелее ќе се убијам :rofl: :rofl: :rofl:
     
  15. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Јас сакам да ви кажам дека училиштето ме убива! Немам време ни нокти да си налакирам,а не па нешто друго повеќе да направам за мене. И така од недела ги носам ноктите излупени и за никаде :|
    Немам време за ништо. :x
    Сега ке отспијам и после станувам за една до две тури учење за утре... :(

    Ужасно е времето.Сончево со умерена облачност.
    Баш заникаде и безврска.
    Недифинирано! :worried:
     
  16. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сдк дека смрзнав,неможам да си го запалам огнот а веке сат и пол се обидувам :@:@:@
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК добро кај живееме се запрашува ли некој у животов? За само неколку дена еден куп чуда се случуваат! Почнува да ме фаќа страв навечер да излеувам не само поради кучиња :x
    И сдк аман од рекламана космодиск со коконата што пишувала на табла со главата горе, па затоа кичмата почнала да ја боли |(
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Сабајле кога се разбудив мајка ми ми го покажа новогодишниот венец што го направила.Преубав е,поубав и од овој на мојот потпис,и од оние во Џамбо кои ги гледав пред некој ден.Си изнакупив украси и неколку нови лампиони колку да не е без ич,а и од Џамбо така без ништо не можам да излезам.
    Денес ќе си ја украсам елката :*: иако да имав време,ќе ја накитев уште пред две недели :D
    Вчера им однесов поклончиња на моите најмили внучиња,а денес ќе им однесам на уште две мали срценца од братучетка ми.

    Изгледа неколку пати кажав дека го обожавам периодов.Ќе кажам и пак,го сакам декември,ги сакам сите светилки и лампиони на светот,новогодишните честитки и насмеаните детски лиценца кога им даваш пакетчиња полни со слатки работи.

    Не можам а да не се сетам на сите оние мали деца на кои родителите не можат да им овозможат барем една убава украсена елка со малку играчки под неа.
    Жал ми е и за дечињата,и за родителите на кои можам да замислам како им е кога не можат на своите дечиња да им пружат малку радост.
    Да можам,би им помогнала на сите мали душички,би им однела еден куп играчки и пакетчиња.Ама не сум толку моќна,за жал.Ако некогаш бидам,нема да има детенце во мојата блиска околина кое нема да има играчки,не само за Нова Година,туку за цела година.Пуста желба моја.

    Туку,годинава ми беше убава,исполнета со многу многу насмевки и уште повеќе љубов,се разбира имаше и по некој не толку убав момент,некое сивило кое сакало да ми ја помати среќата,понекогаш сум му дозволила понекогаш не.Луѓе сме,сите имаме и подеми и падови во животот.Важно е искуството,кое нареднава година ќе ми биде за една година побогато. ;) Созреав,ме чека јануари да ми ги честита 28те. :D

    Оваа година ми донесе толки многу моменти кои ќе ги паметам секогаш.Се родија толку многу идеи кои се надевам дека ќе си ги изреализирам во Новата Година.
    Си посакувам и наредната година да ми е таква,ви посакувам и на сите.
    Научив многу работи од фемина,од девојките,од нивната несебичност да се помогне,желба да се докаже,место да се олесни...Сеедно,од речиси секој еден лик може да се научи по нешто.А за среќа,форумот изобилува со прекрасни и искрени ликови...

    Тука ќе го завршам постот оти ме чекаат обврски :D Останете среќни и убави,имајте убав ден!
     
    На zhap4e, Simonna7, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    И така со ред го пишувам прво спојлерчето,а потоа бришејќи ги солзите продолжувам да ти кажам се останато.
    Никогаш нема да ми помине стравот од игли, па макар и најнеосетливи и најнежни биле.
    Би те прашала зошто се појави?
    Зошто ме гледаше и истовремено се качуваше по скалите од недовршената куќа?
    Зошто по не знам кој пат те гледам,како само ми упатуваш една срамежлива насмевка?
    Би те прашала и каде си сега?
    Дали не гледаш и не чуваш?
    Дали ти недостигаме?
    И не, искрено не ми се допаѓа да доаѓам и гледам студен црн мермер.
    Сакам да знам дека те имам, дека ме чуваш исто како што ме чуваше кога бев мала.
    Еј слушни бтњ
    Како убива http://www.youtube.com/watch?v=u0fk6syQ7iY&ob=av2e
     
    На marama, Divinebutterfly и Abeja им се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Предното забче ми тера инает, а и животот исто така. Моментално да можам би се сокрила во голема тиква, како што Џери си живееше во тркалце сирење и таму би пеела арии.

    Ана Каренина ме потресува, мене и мојот биоритам и цела ноќ ме принудува да ја читам. Мачките ми лежат на кревет и не ми прават место па како гревче некое спијам во едно ќоше.

    Праќам рецепти за наградни игри и писма до другарчињата. Чекам новогодишни честитики. И уште некој подарок кој не го собира во сандачето бр.33.

    Средно жалосно, средно радосно, средно неделно.
     
    На Magnolija, zhap4e, Simonna7 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.