[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Најпрво, да и‘ честитам на Сноу за вчерашната објава, секогаш сум почитувала добро масовно тролање :D и уште нешто прочитав дека Дузи е заљубена и баш ми е мило, бидејќи со неа сме родени на најубавиот ден во годината, на самиот почеток на летото :emo: , летните деца посебно сјаат, е така да си знаете :sun: ...

    Неколку денови по ред легнував во 3-4 по полноќ, за да завршам некои обврски, ама синоќа си легнав во скоро 1 и веднаш сум нов човек, малку добар сон прави чуда. Сепак, јас сум утрински тип, колку и да сакам понекогаш да ја впивам утехата на темнината и тишината на ноќта, многу повеќе ја сакам свежината и светлината и свежо исцедениот оптимизам на утрата, иако би порачала посончеви утра во секој случај, ама немам тука баш некое влијание :( ...

    Открив уште една карактеристика зошто тој ми се допаѓа толку (знам дека заљубените жени знаат да бидат удав на тема своите партнери, ама нема спас од тоа :rofl: ), а тоа е бидејќи ни се фолира, ни се форсира, тргнувам од основните потреби па до крупните нешта, точно си знае што и колку и како и си го спреоведува тоа. Оној кој во однос на обични нешта не е искрен со себе и со другите (пр. знаеме дека е на диета, ама вели не ми се јаде, а изгледа како да ќе почне да гризе луѓе околу себе, не е страшно да признаеш дека си гладна, ама си трпиш, баш човечки е и ќе бидеш разбрана или тој едвај успеал девојка да фати, сега секс гуру станал наеднаш, па ќе дели совети), тешко дека ќе е кога ќе се јават оние навистина големи препреки. Бидејќи лесно е да си насмеан и да шеташ по кафиња и дискотеки кога друг ти води грижа, нема ништо полесно на светот од тоа. Ама, она што навистина вреди е човекот кој ќе остане покрај тебе кога животот ќе удри толку силно што ќе паднеш, оној кој ќе остане и биде потрепа во буквална, не само фигуративна форма. Затоа, јас не тагувам никогаш по бивши љубови од раната младост, кога светот бил прилично розев и безгрижен, не губам време на идеализирање спомени, практичен карактер сум и го вреднувам оној кој навистина знам дека (ќе) се грижи за мене и го покажал и докажал истото и со кого се гледам како стареам и не ми пречи таа трансформација.
     
    На Elennaa, kravce, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  2. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    баш..тажно а вистинито :)
    [​IMG]
     
    На Elennaa, Someonespecial, Loritaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Миев садови, кога наеднаш ми дојдоа слики.... слики од сите моменти кога сум плачела де од еден де од друг дечко.... бев мала, наивна, заљубина(или барем мислев дека сум? :?: ), бев ли вистински повредена, или само требало да го поминам и тој период од животот :geek:
    Но, од една до друга слика застанав до периодот пред да го запознам маж ми... слика јас во солзи , поради него НЕМА.
    Ја сфатив добро познатата “Маж што те сака никогаш нема да дозволи да плачеш од него“ .
    Едноставно требало да поминат сите дуги искуства добри-лоши за да го најдам вистинскиот, кој никогаш до сега не ме направи тажна и покрај премногуте маки и искушенија кои ги имаме, кои уште долго ќе бидат присутни , но знам дека сме на добар пат , на вистинскиот пат.
    Колку е само важно да се има почит, разбирање, договор, муабет помеѓу партнерите...

    Аххх од каде сите овие филозофии во момент кога имам шанса да одморам(бебе спие, а јас филозофирам :$ )
     
    На kravce, Waka-waka, tweety26 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Времето минува. Навидум се е исто а се е толку различно...
    Една случајна средба ме натера да се навратам во средношколските денови и да сфатам колку работи оттогаш се смениле. Да, случајно налетав на тогашниот дечко на една од школските со која бев многу блиска. Мислам дека никогаш немав видено толку чиста и искрена љубов како нивната. Се чувствуваше неверојатна хемија меѓу нив. Скоро и да не се караа. Во очите им се гледаше љубов. Наеднаш ненадејно по завршувањето на средното прекинаа. Сега типот водеше друго девојче за рака. Изгледаше среќен и задоволен. Откако се поздравив со него сфатив дека некои работи навистина завршиле. Во главата ми пролетаа 1000 мисли. Дали целосно ја заборавил? Дали и оваа девојка ја сака толку силно? Дали би бил повторно со другарка ми? - Многу прашања - малку одговори...
    Ете одамна завршил тој период. Секој фатил свој пат. Паровите кои седеа на клупите во училишниот двор одамна се минато. Повеќето имаат други девојки и дечковци, некои дури и станале родители... :o
    Размислив и за себе. Да, сменета сум и јас. Сеуште ми се драги некои личности од тој период но сега е се минато. :)
    Луѓето се менуваат, чувствата се менуваат, мислењата се менуваат, ставовите се менуваат...
    Всушност се се менува само спомените остануваат. Спомените се засекогаш врежани длабоко во нас...
     
    На DELFIN-15 и Serafima им се допаѓа ова.
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.754
    СДК го користам времето додека несум мажена да се истргам по креветот :rofl: не дека после нема да е по убаво ама како што сум ненаситна на голем кревет после пола простор многу ке ми значи хаха јадниот тој секогаш ке биде разголен кога ке спие јас се земам од кебе до чаршав :lol:
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Ќе си земеш кревет со поголеми димензии од вообичаените и исто ќе си уживаш :lol: Што вика маж ми неможеме да се најдеме на спалнава не пак да се допреме :rofl:
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Само ова:
     

    Прикачени фајлови:

    На ceca-1, Elennaa, Glossy-girl и 7 други им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... имам нова "љубов". :wasntme: Јас сум нечија љубов ...

    Април е мој месец, пролет период на љубов и само љубов ... Само нека е љубов. :angel:

    Ама, каде е таа ... таму се и комплицираните односи, ситуации ...

    Сепак љубете и нека би љубов насекаде. :)

    Пријатен остаток од денот ...

    http://www.youtube.com/watch?v=TQQ6SfPZggw
     
    На ceca-1, Elennaa, Foreveryoungiwannabe и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Обично мразам вакво време, ама денес толку ми е убаво, се чудам. :^) Требаше да бидам во депресија и кукање зошто нема сонце да си шетнам за да ми помине неубавото чувство.
    Добро е бе, напредувам. :rock:
    Ама знаете, најубаво е кога ќе се изнаплачеш наеднаш за неколку работи истовремено. Ти доаѓа како нескафе три во едно. Почнуваш да плачеш за една работа, и наеднаш ти текнува на уште неколку лоши работи, и ајде наеднаш исплачи се за се, да не мора посебно ден за ден. :lol:
    Не сум во пмс мајке ми.
     
    На martinuska, Elennaa, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Како врне...колку сакам да запре дождов....се надевам утре поубав ден со сонце....искрено некој тажни и глупи мисли ми доаѓаат кога е овакво времево....нема веза сепак


    [​IMG]
     
    На tweety26, De-lovely, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    го земав резултатот-за срека се е ок е негативен :)
    фала ти Господе семокен што ме чуваше :bow:
    малку фалеше да се расплачам сред улица а колку црни мисли ми се провртеа низ глава :x
     
    На Srekicka, encimenci и Doozy им се допаѓа ова.
  12. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Ке измрдам со памет од оваа времево :rain: :sun: :rain: :sun: .Вчера сонце,денес дожд.Ке врне 10 минутки па ке престане па после 5 минути пак ке почне да врне.
    И на училиште денеска ни кажаа дека на 26 април ке се оди на екскурзија,па сега ти како знаеш и умееш снајди се,најди пари и појди за 20 дена на екскурзија.Е ај да те видам ?? :swear:
    најдобро што ми се случи овој ден,. да се пофалам, си купив многу убав рачен часовник и црно секси прслуче :$
    Друго се е безвезе,почнувајќи од дождливото и сивото време,завршувајќи со пмс-от што ме дрма 200 на сат.
    И тоа е :rofl:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    И покрај тоа што си наредив некои 3-4 четворки (кои требаше да бидат петки :devil: ), денот ми е прекрасен. Се чувствувам олеснато, помина и ова тримесечие, сега збираме сили за ново.
    Немам напорно учење за утре па затоа и се чувствувам убаво. Нецелосни 2 месеци и гудбај со ова школово!
    :)
     
  14. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    381
    Се чуствувам како да сум лик од делата на романтизмот. Несреќна и незадоволна од она што го имам, копнеејќи по некоја розева иднина, живеам од ден за ден, бесцелно, во некој мој замислен свет отуѓена од сите.
    Ме нервира и срами сиромаштија што ме опкружува, онаа во која се наоѓаат повеќето мои блиски роднини и онаа во која моите како намерно да ја создаваат.
    Често имам чувство дека не сум родена на право место и кај прави луѓе.
    Немаштијата на никој не му е драга, ама има луѓе кои ја прифатиле и се соживеале со неа, луѓе без амбиции и волја за нешто подобро.
    Неможам да ги поднесам.
    Жал ми е за децата, братучедите мои, жал ми е кога ги гледам нивните тажни погледи кога и на ретките нивни барања за шнолка, ластиче или мало топче, постојано се одбивани дека сега моментално нема пари.
    Особено ми е жал за неа, мојата миленичка, што ја учев да зборува и да оди, која беше најмирното и најсрамежливото девојче, сега веќе со полни 9 години сосема се изменила. Од што? Не знам.
    Не зборува многу, станала повлечена со себе, ретко се смее.
    Срам ми е што гледам дека и купуваат обувки, останати од пред којзнае колку години, само затоа што биле 200денари. Срам ми е што гледам дека нема други фармерки освен оние што ние и ги дадовме, останати од мене.
    Срам ми е што таа тајно се срами од другите.
    И жал ми е што прераснала во такво разбирливо девојче што се прифаќа, не бара повеќе, се собира во себе и постепено и таа се повлекува со некој свој свет.
    Не сакам да созрее прерано како мене, не сакам...
     
    На Elennaa, Shelea, Moira и 16 други им се допаѓа ова.
  15. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    СДК
    Денов ми е ужасен, вклучувајки ја и минатата вечер . Незнам од каде да почнам,,, незнам што да напишам....знам дека ми е претешко, пагам во депресија. Немам желба за ништо.
    те лажат најсаканите а не чуствуваат ни ронка совест да се извинат. Сите соништа ми се срушија врз глава.

    Ужасно ми е. немам никој кој би можел да ме ислуша, да ми биде рамо за плачење...
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    10.130
    Нели секое чукање на срцето е чудо? Секоја мисла, збор, насмевка се чудо. Имаме толку капацитети да создаваме, да креираме да го обликуваме светот околу нас, а забораваме. Се заглавуваме во површно секојдневие и грижи и не ги креваме рацете кон небото. А можеме, цел универзум ни е на дофат на рака, само ако се обидеме.
     
    На Serafima, hrcace, Katerinceee и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.754
    СДК ЗОШТО ЛУЃЕТО ГИ ЖИЕВАТ ТУЃИТЕ ЖИВОТИ А НЕ СИ ЈА ГЛЕДААТ СВОЈАТА РЃА ??
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Се сакам таква каква што сум, и никогаш нема да се сменам. Па многу ми е гајле што зборат за мене, ако не им одговарам чао, пријатно ;)
     
  19. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Не се каам за нештата што ги направив ,жалам за нештата што не ги направив кога имав шанса .

    И на крајот од денот запомнете вие сте нечива причина за насмевка :)
     
    На tweety26, Someonespecial, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.222
    Пол:
    Женски
    Ме нема, немам што да кажам.
    Животов оди надолу, не нагоре. Полека, полека тонам, се држам за една сламка која се повеќе попушта.
    Го имам Него и го немам.
    Живот!

    Бидете поздравени, благодарам за грижата.
     
    На Peppermint, Foreveryoungiwannabe, Moira и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.