Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    По ужасенн ден неможеше да биде...Докаде вакаа бе докадее?? :@ заремм луѓево више немаат ни осет ни жал абее ништоо :@
    ајде една победа вечер барем малце да се израдувам http://sportskatreska.com/wp-content/up ... avenje.jpg :party:
     
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас да бидам домачица уште од сега?!
    И тоа домачица за сите, без разлика кој и да е?!
    Он да си покани некои другари, другарки, двојки, шо со години немале контакт, и ајдеееее кај мене ќе се собериме, ајде кај мене ќе се видиме, сите ги кане и кане. :fubar: |(
    Посматрам веќе две недели и повеќе ова, и сега само што си го откопчав патентот на устата.
    Не сум ти ја бре тука дојдена да ти си викниш гости и они фино лепо си седнат, и јас да сум лево десно, чаши, соковi, кафиња да правам, грицки и други ситници да ставам, јао јао Ана невестата |( |( |(
    Нема ништо шо мразам повеќе! |(
    Сакам дружење, сакам кафиња, муабет, и луѓе, ама не сакам некој да ме искористува само затоа шо мојот наивен дечко има конечно сопствено место само за себе, и одма секој ден некој безобразен тоа да го силува, е не може, он ако е наивен и срамежлив да си отворе уста да ви каже како стојат работите, тогаш јас ја отварам устата и му кажувам убаво и смирено него како стојат работите.
    Се научиле сите бре, мерак за да ти дојдат на гости, а никако они да поканат, ни ка ко!
    Сакате да се видиме, кафе, муабет и се друго?!
    Постојат кафиќи милион и еден, постојат кафани, или па уште подобро, постојат вашите ДОМОВИ!
    А јас да трчам и да ве гледам дома, како некоја домачица од прикаските - Е НЕЧЕ ТО ТАКО!

    И вечерва толку слатко и себично си уживам во моето дома, никој не сакам, никој не примам! :D
    Како ми се погоди, дури и он 3та смена, мх мх мх, ова е еден од тие денови, кога не сакаш жива душа до тебе да има, да уживаш и да се давиш сам со себе со своето присуство се додека сам на себе не си станиш здодевен...
     
    На Buttterfly, Foreveryoungiwannabe, Moira и 22 други им се допаѓа ова.
  3. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Времево е за никаде |( Сакам сонце,блузи по кратки,да играм одбојка на улица,да си седам во двор со дедо ми и да се печеме на сонцето.Денеска денот така ми помина,после школо отидов да си купам кошула па имав закажано на фризер и утре ќе се сликаме за алманах.Јас незнам како ќе спијам вечер за да не ми се растури косата,а не ни знам каква ќе излезам на сликата :?:
     
    На Glossy-girl, Inhume, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Денес сум како времево. Облачна, тажна, врнежлива...
    Мислите ми се како капките што капат насекаде. Слушаш чуден тап звук, болка. Се разлеваат насекаде, прават езера.

    Љубовта кон оние кои безмерно ги сакаш понекогаш е толку болна. Болна и тешка. Го чувствуваш гревот на другиот како свој, иако немаш баш никаков удел во тоа. Таа тага те пара. Плачеш дури и повеќе за него отколку за себе. Кога сакаш од срце не се гледаш себе, го гледаш него. Неговото добро, неговата насмевка. Правиш се’ само да ја видеш таа насмевка, тој сјај во очите.
    Се надевам дека и јас ќе го видам тоа повторно.
    Посакувам...
     
    На Peppermint, Foreveryoungiwannabe, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    денес цел ден го преспав :D
     
  6. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.401
    Допаѓања:
    18.059
    Пол:
    Женски
    :o :o :o Чиста вистина :rofl:
    [​IMG]
     
    На senza.parole, Inhume и BlondeGirl8 им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто, ама ако си одличен ученик, одредени особи одма по дифолт те сметаат за бубалица и мислат дека сакаш да учиш и кога треба и кога не треба. :lol:
    Две-три недели не испрашува хемија а јас се јавив пред неколку часа како доброволец, и после тоа професорката предаде уште 2 лекции од истата тема и тие што сега ги испрашува одговараат и за нив. И сега еден другар ме прашува да му објаснам нешто - баш од последниве лекции. :^)
    Wait, what? Please tell me you're kidding me?! Прво, и тие лекции што сум ги учела за повеќе од една недела сум ги заборавила, а второ, му викам: „Чекај, брат, ти стварно мислиш дека ги учев и тие лекции? :fubar: Ар ју аут оф јор мајнд?“ :rofl: :rofl:
    Чудни луѓе. :D

    И да, морам да кажам - Сноу, свака ти част, такво уникатно тролање, таков hoax за први април не сум видела досега. :rofl: Ама не се секирај, јас сум добричка па нема да си го вратам лајкот. :rofl:
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ...
    имам ново љубимче :inlove: ... мојот нов лап топ, кој верувам ретко кој го има тука :wasntme:
     
    На kravce, Gordana10 и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  9. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    летоооооооооооо дојди си побрзоооооооооооо :) :) :) :) :) :) :)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Вие не знаете колку се радувам на саемов на книга,едвај го чекам.Туку,добив главна улога во претстава.Сега го учам текстот,сценарио ли се викаше?Како и да е... Немам сила веќе за ништо. Истоштена сум максимално,а незнам како ќе издржам до јуни. Кукам за распуст,почнав да го сонувам. Реалноста секој ден се повеќе и повеќе ме рсзочарува. Последнава недела почнав да плачам веќе секоја вечер. Ми се има насобрано се,и едноставно морам да се испразнам. Ќе биде подобро,мора.
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Грев е да бидеш среќен во денешно време. Низ нос ќе ти го извадат ако си секогаш расположен, и позитивен, и фин, и да можат, ќе те исечат на половина, да ти ја извадат душата и да видат дали стварно си среќен или лажеш. Затоа што по правило ти секогаш треба да кукаш и да се жалиш и да ти фали нешто. Вистината е дека најчесто ти фали здрав разум, малку комон сенс и осет.

    Среќна сум, исто како што вика клише поговорката - не затоа што имам се', туку затоа што знам да го ценам тоа што го имам. Имаше време кога немав ништо, ама баш ништо. Немав детство, барем не безгрижно, ми го земаа себично, ми го скршија на милион парчиња како стакло, ме распарчија и ми оставија белег засекогаш. Не бев баш најпопуларниот човек додека бев помала, всушност, немав најдобра другарка надвор од кругот на школото до шесто одделение. Не си играв никогаш на улица или надвор, и контактите со деца ми беа ограничени. Не бев најдотераното и најубавото девојче на светот, уствари, поголем дел од времето одев во алишта кои сега не би и ги дала на баба ми да ги носи. Тогашните ,,дечковци,, , во пакет со тој ненормалниот, не се однесуваа нешто подобро спрема мене, повторно доаѓа прашањето зошто? Веројатно и они самите не знаеја и никогаш нема да дознаат. Бев дебело девојчиште, кое се тресеше пред глупите стравови, половина рационални а половина не, не можев никако да ослабам, здравјето ми зависеше од тоа а не можев... и не бев детето, девојчето, девојката, како сакате кажете, на кое се' му било овозможено и подадено на готово. Ама за ниедна ебана работа во животот.

    Не не, извинете, ама не. Имав само мозок, о фала ти Боже, секој ден се заблагодарувам за тој мозок и за тоа што правилно си го искористив. Се исплатело форсирањето да се учи цело време, а? А мајке ми, уште и го користам. И сега, сега имам младост, не сте свесни колку уживам во неа и надополнувам за сето изгубено време од порано. Околу мене има толку многу прекрасни луѓе, на кои можам да им се јавам во секое време, и за кафе и за пијанчење и за плачење, а и за копање на мртов човек. Можам да се заколнам дека сите, сите до еден ќе дојдат и ќе ми помогнат. Грев ли е, ако сега, во мојата најскелетна :D фаза, во моментот кога изгледам подобро од кога било, уживам да се дотерувам и шминкам и средувам и изгледам убаво? Помило им е на сите да гледаат мрсни и небањати коси, се ситат, си го хранат егото, неголи средена и негувана девојка. Ме заболе за сите превртени очи кога ќе си купам нешто ново, пази молим те, скапите работи што ги купувам... На крајот на денот, и да се скапи, мои пари, не се нивни, не се ваши, мои се! Од кај знаете вие дали јас гладувам или не за да си купам нешто?

    И да, не ми е жал што веќе не учам како порано. Затоа што животот не е само проклетото учење, не е само бубањето, животот е се' тоа што се случува надвор од факултетот. Олеснување е што не ја земав стипендијата, веќе ништо на светот нема да ми ја врати амбицијата и желбата. Ставив точка на тоа поглавје, си гледам за мене, гледам мене да ми е убаво и топличко на душичката. Имам бе кој да ми ја стопли, и за тоа ли ви е мака? Оти имам некој кој КОНЕЧНО, значи конечно и првпат во живот, ме гледа како нешто најсвето? Мака ви е, за вас и вашите, што ве лажат, изневеруваат, што сте глупи при здрав мозок? Ден аген, цркнете пак, ваша грешка, ваша глупост, ваш мозок.

    Знаете, ми се СКУ*ЧИ од сите и од се'. Имам право бе да бидам среќна, имам, и пукнете и цркнете и фрлете се од Милениумскиот крст ако сакате. Нема да ми ја земете. И ќе газам преку луѓе ако треба, ќе бидам нечовечна и никаква и гадна спрема сите, ама ова моево ,,среќување,, ќе потрае. Додека сум способна да мислам, ќе трае. Оваа среќа не ви ја давам, себично ќе си ја чувам. Моја си е, заслужена си е, па макар и цркнеле од мака и повторно се родиле, нема да научите да цените и чувате така како што знам јас. Е, тоа е тоа болното ради кое вие никогаш нема да бидете толку среќни колку што сум јас.

    Расипани до коска, до срж, злобно болни... каде отиде светов?
     
    На Someonespecial, Elennaa, Johny и 53 други им се допаѓа ова.
  12. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Сеуште сум среќна тоа е добро.Дури и тогаш кога веќе почнувам да ја губам надежта,се појавува тој и ми ја враќа насмевката повторно.Ми приреди преубави изненадувања кои никогаш нема да ги заборавам.
    Не сакам никогаш да се смени,нека остане ваков,а јас ќе се потрудам животот да му го направам колку што може најубав...со посветеност,верност,разбирање и најмногу љубов. :inlove:
    Да сум имала долга врска предходно,но никогаш не било вака.Одамна знаев...ги потрошив годините со сосема погрешен човек.Но морав и тоа да го доживеам,сепак од лекциите се учи.
    Незнам што и како ќе се случува понатаму,незнам колку долго ќе останеме заедно...само нешто ми преостанува...да се надевам и да го памтам цел живот. :) :l:
     
    На Elennaa, Hopeful, Moira и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од една случка од минатиот викенд, размислував и СДК дека многу ама премногу мразам не скромни луѓе.
    Бев на кафе, големо друштво, познати/непознати, избори беа, сонце пука, јас уживам... Кулирам, баш! :rofl:
    Кога, побрзо од светлината ми седна една, некоја, никоја, до мене и почна: "Вауу, пудрата, колку ти е убавааа, вау". Мојата е од Диор. Мама... таа, таа ми ја купи. Таа ме тера да користам квалитетни пудри. " Океј, викам фино, наочарите на очи, се вртам, го барам сонцето, оваа пак: "Аииии, маската од телефонот, кај ми е телефонот?Лепа да не ми го виде телефонот? Ајфон4Ѕ? Бел? :?: "
    Готова бев да ја разлупам! Не, и' викам, не го видов!
    По две минути, еве ја пак: "Леле, леле, глупава ХХХХХ, клучевите од колата ќе ги барав за малце во макијатото!"
    Е тогаш...е тогаш беше прашање на време кога ќе станам и ќе ја разлупам!
    Гуска!
    Диор, Ајфон, клучевите со потенцирано "Л" од колата... Ми се повраќа! Ми се гади од такви!
    Незнам која и беше целта, ја знам, ме знае, не сме некој бфф веќе, неразделни, имаме "Здраво!", ама добро се знаеме која е која.
    Што би јас да потенцирам што имам? Ми идеше да и речам, така ли мУри те сакаат другарките, дечковците?! Оди, отруј се со син камен!
    Сакав да и речам, Ајфонов мој пак плаче за нов, само година и пол е стар, колата в гаража пајажини собира, ама битно станчето ми е црвенко и најцаканко, ама тогаш ќе си се плукнев самата себеси, ќе си се гадев од себе, зошто мене тој ми е најпростиот муабет на цел свет, да потенцирам што материјално јас поседувам......
    Несакам! Сакам и се трудам да останам каква што бев и пред овие неколку години. Сакам и знам да ценам. И сакам такви да ме опкружуваат! Нормални, приземјени... А не, некои нафурани суштества на кои парите душата им ја испиле!

    Јас сакам да истакнам нешто за факултетот на пример, како добро ми оди, како имам уште една година со 5 испити, како ќе сум нешто што ми е желба. Да истакнам како мајка ми' е моето се', најдобра другарка и подршка моја, дечко ми- таков каков што ЈАС сум посакувала.... Е тоа не пролазна работа во животот, а не нешто безвезно, што не ти ги брише солзите кога плачеш, кога ти е тешко, кога душата те боли.


    Ми олесна... :D :D
     
    На naturally, lolita97, Elennaa и 31 други им се допаѓа ова.
  14. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК освен тоа што бев ВТФ на прашањата од испитот, денес денов ми беше во главном супер. Мислам никој не сака дожд, а мене пак понекогаш ми годи. Со чадорот под рака и наваму-натаму се расшетував, ми е некако пријатно и интимно додека врне. Различно што знам. :)

    Сфатив дека понекогаш кукам без причина. Јас не знам што имам да се грижам кога околу мене имам толку прекрасни луѓе, мислам на оние најблиските, ми го полнат срцево, врнело надвор или не. ;)

    Така да мене денес ме огреа сонце, или ми светна кликерот, едно е, битно среќна сум. Ете конечно изговорив. Не ми фали ништо, т.е заедно со тоа што ми фали СРЕЌНА сум. :sun:
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    СДК да на пола пат до фамоѕната 30ка ;( .И не,ни сама веќе не ѕнам што со себе,каде понатаму иѕгубена сум свати ме.Господ нека ме чува при ѕдрав раѕум :devil:
     
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    не знам од каде да почнам а каде да завршам.
    Денес требаше да правам хамери по историја...и ајде ќе правеме со другарка ми ....
    дојдовме кај мене печатачо не сакаше на печате...отидовме кај неа скраши ми го USB ...се смеевме полаа саат ко ненормални....
    земавме да сечеме испечатииме ..слушааме песни и викnааане на кошарката..а јас се беех договорила да трчам....но кога сватив за што станува збор ми се идеше да ги отепам....
    бар можеа да ми кажат и на крајо што се случи...детето ми понуди врска а јас ништо не одговорих..
    и сега ми ее се хаос у главата.... :) сакам го ама незнам што да направам...
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Ми недостасува летото. Ми недостасуваат топлите зраци на сонцето, ми недостасуваат ластовичките, ми недостасува мирисот на цвекињата и треват...Ми недостасуваат ноките во кои седев покрај прозорецот и гледав кон небото, а на небото светеја месечината и ѕвездите. Секоја вечер седев до сабајле и си пишував со другарките на фб, читав фемина и ми беше интересно. А, најбитно е тоа што не одевме на школо, и јас бев слободна како птица ^_^ . Па почнав да тренирам тенис, се научив за многу брзо време, и секоја вечер искачавме со другарките. Беше се толку убаво...

    Ми недостасува мирисот на морето и песокт. Ми недостасува капењето во вода и играње со песокот. Ми недостасува одењето покрај морето, собирањето школки и правење замоци во песокта. Ми недостасува ноќното шетање низ малото градче и запознавањето нови пријатели...

    Едноставно ми недостасува се што правев летото, најмногу од се ми недостасува слободата... Сега сум како птица во кафез... Секој ден стани во седум, оди на училиште, врати се, одмори, учи учи учи, па на крај на фб и фемина... Едноставно сакам ЛЕТО!
     

    Прикачени фајлови:

    На tweety26 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    И кога ќе се завртиш, секоја втора манекенка...
    Мајката...
     
    На Glossy-girl, CoverGirl10, t.i.n.k.e.r.b.e.l.l и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    СДК
    Абе многу мии се спиеее..ептен |-) не сум спиела денеска баш убаво ..
    Мили мои феминки најубаво да ми спиете ... :*
     
  20. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Многу ме интересира како ли се зборува на час по македонски јазик во градовите во внатрешноста?
    Дали зборуваат на локалниот дијалект :^) ?
    А, исто ме интересира како пишуваат писмена работа по македонски? Пак на дијалект?
    Чисто онака, гласно размислувам околу писменоста на младинава...
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.