Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    хаха абе една е мааајка !
    Ме прашува мајчетинава дали до сега сум имала "спиено со машко"
    Леле кога зедов да се смеам..
    Па немам бе мајче,со кого ? долга врска сум немала,на мувач да му ја дадам невиноста не иди во обѕир !
    А така дали сум спиела со машко.
    Па да...прегрнати,се сеќавам страв ми беше да заспиам,да не ми направи нешто..
    Ах будалетина,така се прави тоа.
     
    На VIN.diesel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Иако често размислувам, анализирам, тупам и филозофирам никогаш, ама никогаш на план не сум сакала да ја ставам смртта. Можеби затоа што и никогаш не сум се вистински соочила со неа, пу пу сите мои да бидат здрави и живи :l: Ма, кога ќе подразмислам... имаше една баба Коцка, безобразна жена која секогаш не плашеше, ама со добра душа. Кога таа почина не чувствував некоја голема тага, само мало неразбирање и сеуште неприфаќање; како сеуште да ја гледам нејзината јадра става како мава со бастунот. Но, по една недела баба ми раскажа како минеле со мојата помала сестричка покрај нејзините порти, кога таа кажала: Бабо, ајде да се помолиме за баба Коцка!
    Се заклучив во купатилото и плакав скришно, срамејќи се, никој да не ме види, за покојната баба Коцка и за нејзиниот зарипнат глас кој никогаш повеќе немаше да не плаши. Готово, толку си велев, нема назад.

    Така и сега.
    Најмногу боли чуството на неотповикливост, тотален крај, готово е, нема назад.

    На фејсбук немам црна профилна, слика со нив немам објавено, никој и лично не сум познавала, а не дека не ми се крши срцето. Ќе си поплачам под туш, кога и да сум сама, во автобус ќе пуштам некоја солзичка, сум на карта нервоза и ранливоста и сум за тоа никој да не знае. Мојата тага нека биде тивка и скромна, зашто не можам а да не помислам на фамилиите, нивните девојки, другарите... каде сме ние останатите тука? Од каде таа смелост гласно да тагуваме кога не сме ги ни запознале!

    И останаа социјалните мрежи каде се тагува, се добива утеха, се споделува и му одаваш почит на починатиот (?). Никој нема лоша намера, секој чувствува неизмерна тага и жал, но денешната изопаченост ваквите трагични настани ги руга до болка.

    И сега најнадежното, најтажното и најутешителното... Животот продолжува!
    Само без нив. Тие изгубени во координатите, ние тука со нашите мали радости, земни задоволства и гадости. Ништо веќе нема да биде исто, но се ќе се заборави. Ние ќе заборавиме, најблиските нема.

    Момчиња, почивајте во мир!
     
    На crazylady, Elennaa, kate21 и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не знам дали ми се причинува или е вистина, ама конечно почнувам, значи почнувам да сфаќам, а уште не сме во зрелата фаза на сфаќање, дека дефинитивно треба да почнам да се ставам ако не целовреме, ама барем кога е неопходно во туѓата кожа кога се расправам... дефинитивно треба да се погледа и од другата страна на паричката.
    Ама ја сум таква личност, гледам само од моја перспектива. И уште згора на се, се гордеам со тоа.
     
    На VIN.diesel и Lepaaa им се допаѓа ова.
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.491
    Допаѓања:
    23.067
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е од лицемерни, дволични луѓе околу мене. Ама навистина не можам да ги поднесам повеќе. И тоа имаат не 2 палта, туку 202! Се менуваат на секои 5 секунди, во зависност од тоа со кој се во друштво. Пред мене зборуваат едно, позади мене друго, мислат трето, а на крај прават нешто сосем четврто! Епа аман веќе од тие таквите! :devil:
    И не можам да бидам во нивно присуство колку и да се трудам да не ги забележувам, или да не се замарам со нив. А токму таквите ги има насекаде, на факултет, во кафуле, во теретана, ама баш секаде. И не, нема надеж дека ќе се истребат со тек на време, туку баш напротив, се размножуваат. Некој што до вчера си го сметал за човек во вистинската смисла на зборот, денес ќе те изненади со некоја постапка толку многу, што ти иде да си залепиш шамар сам на себе за да се освестиш.
    Не знам, дали дека секогаш тргнувам од себе и од тоа дека се што мислам и го кажувам, ама навистина ми прекисна од лажни насмевки, прегратки и празни муабети! Уф!
     
    На Greeen, t.i.n.k.e.r.b.e.l.l и Lepaaa им се допаѓа ова.
  5. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Моментот кога му праќаш на дечко ти слики од јаки женски да исплакне очи, а ти одговара со разочараност, со барање да испратиш нешто со не толку егзотична убавина, бидејќи имал поскромен вкус.
    О Боже, дали го измисли специјално за мене, во пакет со сите негови готвачки способности, грижливост и желба да ми удоволува на секое мое размазено барање? :wasntme:

    А да, ако не сфативте, дојдов тука само да се пофалам :D .
    Шега. Целта ми беше дека не се` што ни е убаво нам, изгледа исто во машките очи. Би сакала да можам да ги оставам комплексите настрана и цврсто да верувам дека некому сум му убава каква што сум. Со дебели листови на нозете, темни подочници, дебели бутчиња... А најмногу милувам кога ќе ми каже дека не ми ги прифаќа маните, туку ги обожава. Да му се инаетам, да ме закача за носот и да ужива во таа лута фаца, да искомплицирам одредена ситуација, а сепак на крајот од разговорот ќе ми каже "Те сакам".
    Или пак, кога ќе му принесам со сета своја искреност дека мојот начин на сакање е себичен и не би одела на своја штета за да го усреќам, а тој сепак ќе одговори само јас сум му доволна и ништо поинакво не би го направила посреќен отколку сега.
    Во последно, го замарам многу со здрава исхрана и му испраќам рецепти со екстремно скапи состојки. А тој, научен на брза храна и со минимален интересен за нешто диетално, а уште поважно, со нешто ситно в џеб, единствено што прашува е кога сакам да готвиме. Знаете, она кога не ви е по мерак, но самото сознание дека личноста која ја сакате се радува, ви го пренесува истото чувство и вам?

    Тој ми е втора причина после семејството, што сум благодарна за секој нов ден живот...
     
    На ceca-1, Elennaa, Monna.Monna и 34 други им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.028
    Допаѓања:
    123.896
    Најболно нешто,кога поминуваш пак низ старите рани.И прашањето на кое нема одговор-Зошто,зошто.....само тоа останува.Да прашаш со што сум заслужила јас или тој.Цела недела ми се вртат сцени од минатото и си најдов милион разлози зошто Господ сакал така......
    Сепак тој знае дека не сум лоша душа,само доста твдроглава,знае дека плачам за сите нехумани работи околу мене,дека сочувствувам со сите.А што да кажам за него,ако јас не сум заслужила тој барем да....Знаеш и самиот.
    Јас почнав да размислувам и да се убедувам дека сум баксуз на кој неможе да му биде убаво барем еднаш наредено како што треба.2 месеци се смешкав,зошто мислев дека конечно излезе виножитото после поројните дождови,и дури се осмелив да си кажам-Не ми се верува дека тотално сум среќна,дали е можно,зар ќе трае???-Се разбира не.
     
    На Elennaa, Ilusionist, Moira и 4 други им се допаѓа ова.
  7. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Обесувам мартинка на гранка штотуку расцветана. Онака замечтаено погледнувам кон небото, нели да си замислам желба... и во тој момент гледам сјајна трага од ѕвезда што паѓа.

    Ја обесува и дечко ми неговата, па ме бакнува.

    И ајде не биди среќна...
     
    На Elennaa, kate21, Elichka и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Сдк знам дека многу од вас нема да ја светите мојата болка ако ја немате осетено но ајде сепак ке ја кажам може за миг ке ми олесни.Се осеќам премногу тажно осамено и несреќно поради немањето на најголемото богатство а тоа е братот сестрата.И додека сега многумина се караат и тепаат со своите братчиња и сестричиња јас плачам бидејќи немам ни со кој да се гушнам и навечер пред да заспијам да си ги кажеме маките да се бакнеме за добра ноќ и да се стуткаме како мачиња на ова врнежливо време.Сеуште го молам бога да се случи тоа чудо и во куќа да ни заплаче и да ни се насмее дете не е битно што јас сум веќе девојка за мажење несум како другите да се лутам ако родителите чуваат друго дете бо покасните денови.Ова е многу голема празнина и бочка особено вака се осеќа додека сите спијат а ти сам во креветот лежиш и сеуште се надеваш на невозможното.Џабе ми е што имам се кога нема некој да ми ги облача моите фустани и да ми ги расипува шминките.Сеуште се надевам на она што се случува во филмовите дека некоја ноќ вака лежејки ќе слушнам детски плач ке излезам и ке најдам оставено детенце од некок што немал услови да го чува но тоа не е возможно.Не ги обвинувам моите што ненамерно вака ме казниле бидејки мајками изгубила едно дете пред мене и мене ме родила на ризик...Никогаш не би сакала да имам само едно дете бидејки знам колку ќе го боли еден ден.и еден мој совет до сите вас НЕ КАРАЈТЕ СЕ СО ВАШИТЕ БРАЌА И СЕСТРИ БИДЕЈКИ ДОДЕКА ВИЕ СЕ КАРАТЕ И БО ЕДЕН МОМЕНТ ПОМИСЛУВАТЕ ДЕКА НЕКОГАШ Е ПОДОБРО ДА ГИ НЕМАТЕ НЕКОЈ БИ ДАЛ ЦЕЛ ЖИВОТ САМО ЗА ЕДЕН МИГ ДА ОСЕТИ БРАТСКА ИЛИ СЕСТРИНСКА ЉУБОВ.ова е мојата тага која што некое време ме остава будна во креветот
     
    На kate21, Hopeful и lunicka им се допаѓа ова.
  9. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Не ми се спие веќе. Немам желба ни да јадам.
    Живеам само за оние 120 минути поминати заедно.
    Не ме интересира ништо друго.
    Гајле ми е и за факултетот, за светот, за облеката, шминките.
    Чкртам се, немам волја веќе.
    Ме гуши животот.
    До кога вака бе животе, ти побарав љубов само, некој да ме гушни, да молчи со мене. Не е ли доволно тага, болка и борба.
    Се изморив искрено, гајле ми е дали ќе умрам денес или по дваесет години, гајле ми е каква ми е косата денеска, и гајле ми е за глупавите обврски од утре.
    Може светот комотно да се сруши, и за него ми е гајле.
    Ама не можам да се сфатам самата себе, кога ми е гајле за тоа дебилско суштество. Кога не мрднува ни со прст веќе за мене.
    Дај замини си веќе еднаш.
    И знаеш што, јас сум поголем дебил од тебе, и покрај се, пак сакам да спиеш до мене :swear:
     
    На CoverGirl10 и lunicka им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Помина веќе некое време... се прашувам дали на битерсвит малиот сеуште е нудист :^) и дали сеуште со такви лесни вести си го поминуваат денот? И да ви кажам, се заинтересирав, ја нема нејзе да даде репорт, па отворив некој австралиски сајт да видам што се случува. Ахааааа, некој мутиран свински грип се вратил во Австралија. Каде се фоките а? Каде се? Каква е таа пропаганда дека таму се е убаво? И подоле во вестите, ви го претставуваат
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... jgvmb8ld9U
    :tmi: се е во ред луѓе, имаме робот правосмукалка што сама ќе чисти. :D Па и да има некоја лоша вест, ќе тркнат до плажа, малце сонце, сурфање, уживање...баш им е гајле :wasntme:

    Туку, гледав пред некое време една свадба од 80тите. Од селските свадби. 3 дена свадба, ма какви 3, цела недела. И на свадбава сите беа слаби, ама многу слаби. Да го оставиме на страна начинот на живеење и исхрана тогаш. Како може бре да не си слаб кога цела недела играш македонски ора? На една еднодневна свадба, ако ги изиграш сите ора колку кг. можеш да ослабеш? Имаш тука пајдушко, циганчица, чочек, рипаш, скокаш, вртиш вентилатор со марамчето...Се е тоа вежба. Они тука вежби ќе даваат аеробик, зумба, мумба, ово оно. На народот му требаат свадби за физички да се активира. :!: Башка весело е, не се осеќаш под притисок како кога на клипот со вежби таа ти вика -Кам он, ју кен ду ит, пуш ит, пуш ит хардер. Ти да го пуш ит хардер :D Вежби за раце, за нозе...па и за кичма и стомак...ако се одлучите и на маса да се качите. Шејк ит шејк ит :dance: Секако и можноста дека ќе најдеш некој млад загреан сват кој ќе ти клекне на колена додека мешаш...ама тоа во друга област веќе иде. :^)
    И така...еве ви една песна (не е народна де, не се плашете :D ) ама е добра за денсање :)
    http://www.youtube.com/watch?v=VxqQ4Tpq5MM
     
    На ceca-1, bittersweet, anuskaNESTLE и 13 други им се допаѓа ова.
  11. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Значи да не заврне, одма грлото, главата ајдеее витамини лекови ... па уште и дечко ми, а знаете машките какви се кога се болни, какви пекмези се, па ме боли главата, па не можам да мислам, не можам да зборувам, се лигават, одма мамичка кај е небаре пред умирање се, а не обична настинка :lol:
     
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ем неможев до 5 и пол да заспијам,ем ко кукурек станав во 9.Што е оваа несоница што ме има фатено :worried: Главава ми врие,ми се чини ќе ми пукни...Џабе немам обврски,пак не можам да се релаксирам,пак нервози од секаде...Убаво е само што можеби ќе си го регулирам спиењето.
    Кафево да го допијам па да бркам работа.Како не се поправи ова времево смотано,па да прошетам малце...Ама сепак ќе излезам колку да се прошетам ко ќе можам. Морав маката негде да си ја пишам,можеби полесно ќе е :) Ех да беше сега вака...колку го сакам местово,сакам да одам некој ден овде :) Санторини,сон ми е :) Сакам да си пијам кафе таму на тераса,убавини...Вие сите имајте ми убав ден,јас ќе се средам,ќе помини и ова.

    [​IMG]
     
    На Elennaa, CoverGirl10, ludoto19 и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Ако ви е тежок товарот да го носите на своите плеќи, одморете од товарот, пренесете дел на некој близок на кој му верувате, додека зборувате со него за својот товар барем за момент ќе ви биде полесно и ќе соберете доволно сила за да продолжите понатаму, зошто ви треба сила бидејќи колку ќе е долг тој пат што морате сами да го поминете незнаете, затоа штедете ја силата за новите искушенија додека да стигнете до целта, а сила ќе ви треба зошто понекогаш ќе треба да вложите толку силен напор за да се поместите само еден милиметар. Сакам да кажам чувајте ја силата за уште потешките времиња кои ќе дојдат не трошете за ништо што не е еднакво вредно на вас, вашиот живот и среќа.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Денеска ќе си го направам денот да ми биде интересен. Станав на време, пред мене е целиот ден, ќе го зграпчам и ќе уживам во благодетите. :) Ќе го поминам работно претежно, ќе си седам на моето лаптопче, ќе програмирам и ќе си правам $. :) Тоа во текот на денот, а за вечер ќе видиме... night party веројатно. :D

    :coffee:
     
    На Elennaa, Avril.09 и Ilusionist им се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.832
    Сонце, фала ти што изгреваш!


    Среда, неутрален мек ден. Перница.
    Во 3 одам во студио. Многу се радувам. Ништо не разбирам кога кликаат по дирките, мерат математики во звук, акустика, ми објаснуваат фис, терца, ова она... Ко нов јазик да слушаш. Магично! Само треба дисциплина и многу раат.
    Кога ме праша Фиши што мислам, и реков - Како некој да ме спрема за некакво доделување награди, а мене фустанот не ми е закопчан. Баш тоа чувство. Но, ако.
    Сфатив дека некои релации ми се реобновуваат, некои ги подзаборавам, но не можам веќе да се борам со своите змејови, а не па со туѓите. Да, туѓите. Правам нешто од себе во животов, зар и за тоа му должам некому објаснување? И ете, си врват деновиве. Времево игра пинг понг со нас, заговор за главоболки - присутен.
    Едвај чекам да почне саемот на книга, и сама кроце кроце, како со крилја, да ги облетувам штандовите и да си купам едночудо нови наслови. Сум зарѓала за одредени тематики, ама тоа ми е сега предизвик, да си ја барам стручната литература што ме интересира. Пролет, во полет. Залет и налет.
    Градниците стегаат, мислите бегаат.
    Сај си дошла од север на кратко, чека виза и е возбудена. Сакав да ја распрашам за административните рампи што ги доживеа, ама тоа викендашки ќе го разглобуваме. Приказните не стивнуваат, а богами ни мувиве што играат шамански денс низ соба. Еден ден јадеш кифлички, другиот ден, си го гледаш стомакот и викаш - Не, денес јаболко и чај од камилица. Епа да.
    А мириса на полнети пиперки и ете, така, животот не е фер.
    А кога бил, па?
    Вечер во Менада, Излез слават трет роденден. Поканета сум, и драго ми е што успеваат низа години да го освестат студентскиот таргет и да направат нешто свежо, паметно и свесно. Нека им е среќен!
    Некогаш се прашувам, да не беше Менада, каде ќе се дешаваа половина од културниве читанки низ градов. Некогаш си констатирам - што е многу, најмногу е. Местото кое ми беше половина факултет, половина душа, сега веќе е само обичен градски кафиќ. Жал ми е, но така е. Ќе си го сакам, но... Сакам и да си кажам што ме мачи.
    Менада беше интима на една ера. Не можам да објаснам што е сега.
    И ние не можеме да си се објасниме што ни е, нели. Па си пишуваме вака, за да ни олесни.
    Тоа е, пориви на една пролетна среда.
    Отидов да пеам, многу се радувам.
    Ш.
     
    На Elichka, anabel-a, Peppermint и 4 други им се допаѓа ова.
  16. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Сдк.
    Цел ден се нервирам ми требат типпс.
    Треба да и поклонам нешто на бремена жена а немам појма што и како.
    Скоро сите од фирмата и дадоа нешто освен јас а таа веќе заминува не е уште многу на работа...
     
  17. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Уште што нема да видам колку е тажно кога ке видиш некоја кој мисли дека е во филм,а загреови не е ни статист....Жалосно
     
  18. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Земи и крема за стрии , ке и треба :lol: се зезам ;)
    Можеш некоја книга за мајки, на пример дневник за бебето.
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    понекогас колку пати да го повторуваме она истото :!: пск ке го повториме и колку пати ке повториме дека нема да повториме пак ке повториме :| живот!.
     
  20. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Дивајн,земи ме и мене,земи ме.Ги молам моиве со месеци летово таму да одиме(иако се води како место за малди,за забава),ама инат водат,неможело.Ако ти е у план идењето,слободно земи ме :wasntme:
    Се што ми треба е тоа.Еден летен одмор на Медитеран,уф... Почнав да сонувам лето,па плажи,па море,ма што да ви кажам.Мајка ми доаѓа пред некој ден да ме буди,насмеана во сон ме нашла.Па како нема да се смеам,кога отидов во Санторини.Уште да беше реалност...
    [​IMG]
    [​IMG]
    Второ,саем на книга.Нестрплива сум,ќе пукнам.У план ми е купувањето на некои книги,едвај чекам да ги имам.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.