Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^ Барем си имаш ајвар , кај нас одамна е изеден :lol:
     
    На Hipica, MSkorpionka и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Во мојот живот постојат 2 мажи.Слободно можете да ме обвините за неверство.Така сум среќна ,а знам дека правам голем грев.Од кого да кренам раце? Би сакала да можам да направам комбинација и од 2 та и да создадам нова личност.Понекогаш кога доволно сме страдале , бараме утеха во туѓа прегратка,но кога ке не обвие носталгија, се враќаме на старото.Дали поминатото време и вложениот труд сега паѓаат во вода? Дали во моментот кога бакнував друг маж, засекогаш умре мојата љубов за него.. Дали е љубов или е навика? Ако е навика зошто сеуште треперам кога ке ме допре нежно,ќе ме баци во чело,ќе ми каже дека ме сака.. зошто секоја вечер плачам за тоа што му го направив?!
    Јас сум обична психопатка.Секогаш ги повредувам тие што ги сакам.Намерно или не..
     
    На Trnche, lunicka, Oxymoron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    врвот за денес

    Дете во емисија кај Ивце - Пивце: “Порано идев на англиски, ама веќе не идам... требаше да платиме и татко ми ме отпиша...“
     
    На Marge, Srekicka, Foreveryoungiwannabe и 21 други им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Цела зима не се разболев, сега се разболев. Имам температура, предозирана сум со витаминчиња и разноразни таблети, мислам дека по малку и бладам, носот ми е хаос, главата ми чука како камбана и не функционирам луѓе мои веќе :lol:

    И што ме прави горда е што се ова не ме спречи да излезам прееска, да си чекам во Три за потпис од Винка на новата книга, и да одам до кај дедо до болница да го гушнам, цело време вика не доаѓајте не се мачете, а кога ќе отидеме или јас или брат ми процветува човекот. Е ај не отиди ако ти дава срцето... Јез да бев како некое зомби, ама мање више битно :D

    И такој, дома им потрошив две тоалетни, ете да не се чуди мајка ми зошто кога пазариме купувам од пакетите со 24 тоалетни. Па дома на глава ми се качија, голо шеташ дете, дрн дрн, јас цела зима гола шетав и не се разболев, ама значи буквално гола, ниту боди поседувам, ниту хулахопки, апсолутно ништо такво, и сега тие нашле памет да ми солат. Ништо не разбираат, хах ама барем ме разгалуваат цело време сега :D Е сеа, има две опции како може да оди понатаму болеста... ако не оздравам за некој ден изигравајќи доктор сама на себе(што е успешно во 90% од случаите, освен кога ептен ќе ја промашам терапијата :D ), тогаш ќе паднам у кревет и ќе биде многу лошо затоа што тогаш сум хистерична, лигава, ништо не сакам, никој не сакам, мрзлива сум, плачка сум.. и сите светци да се симнат не би и помогнале на мајка ми тие неколку денови :D Ама рака на срце, тоа се случува еднаш во неколку години така страшно да паднам па не верувам дека сега е тој период. 8)

    Човек, сите сме си различни, сите сме тврдоглави и си тераме по свое па макар да одиме со главата во ѕид. Барем јас сум таква, се правам на свој начин, па макар да требала да го срушам ѕидот со глава, теле бе теле.

    Живот како живот, благодарна сум за се и ценам се што имам, и се надевам дека таму негде, некогаш, ме чека нешто уште поубаво, нешто за кое сонувам и не ја пуштам надежта затоа што животот е целосно исполнет кога најголемиот сон ќе ти стане реалност... :)

    Пролет е, ставете насмевка на лице и стиснете го копчето офф за лошите чувства и емоции... бар за момент. :f:
     
    На Elennaa, anuskaNESTLE, Foreveryoungiwannabe и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам... :)
    Можеби некогаш ќе научам..
    но МОЖЕБИ ...
     
  6. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво чувството кога ке стекнеш нови пријатели и нови познанства. А, наубаво е чувството кога ке му помогнеш на некого... Денес запознам многу нови личности и тоа од Америка. Многу се комунитативни, друштвени и насмеани. Децата се на наша воздраст, и многу добро се сложувавме. Во предходен пост имам пишано зошто дојдоа ама сега пак ке напишам :D -дојдоа од Америка преку некој проект за во Европа и дојдоа во нашиот град, во нашето училиште и ни го разубавуваат училишниот двор со нови клупи, летниковци и разни други работи. Дојдоа во понеделник, ама ете денес имавме среќа да се запознаеме. Навистина се многу добри, не учеа како да играеме на некој песни, после игравме кошарка и на крај ги белевме клупите :) . Се сликав со сите за спомен, бидејки еднаш идат и можеби никогаш нема да видам некој од нив ;( . После се конечно да се опуштам и да уживам во животот 8) . За жал во петок треба да си одат, ке ги испратиме со хорско пеење од училиштето, ке направиме некоја забава и на крај сигурно ке се испратиме со по некоја солза ;( . Досега не сме биле така сите заедно, мислам да се друживе..... Сега сите деца од училиштето помагаат, и сите заедно соработуваме и навистина е прекрасно.

    Иначе пак сабајле врнеше, ама поручокта ни дојде сончето и сите не расположи :sun: :f: . Од сабајле сите намрштени и разочарани дека врнело и на крај сонцето... Дојде април и мислев дека времето ке се смени, додека во март во еден ден се менеа сите годишни времиња-сабајлето топло,поручокта дожд,вечерта снег па ветар... Конечно почна да се стоплува и ајде учте малку и ЛЕТОТО!!!

    Добра ноќ на сите, имајте слатки сништа ВЕ САКАМ!!! :* :hug:
     
    На Elennaa, lunicka, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.305
    Допаѓања:
    158.261
    Ми оди од газот да си гризнам зошто не ми текна да речам, абе јас ќе гласав за неа,ама Илија ме иритира... како не ми текна?! :worried: :D
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ааааааааааа дали тоа конечно почнавме да се сфаќаме со историјата?! :D
    Бегај таму Хипи, не си прави филмови. Гарант на професорката и‘ се бендисала блузата што ја носеше на колоквиум ;)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Отварам фемина, во мала пауза меѓу учењето и прва тема која ми се појавува е „Големиот брат“.
    Really?

    Треба да сте ментално заостанати да ги гледате тие простаци, а да не зборувам колку е запрепастувачки тоа што не само што ги гледате, туку и ги коментирате.
    Па и во медиумите не можеш да прочиташ никаков друг наслов освен „Ава ова“, „Ава она“ .

    Како ќе ни горат мозочни клетки инаку?!

    I am devastated.
    Seriously.

    Знаете како оди песната „This is the end...“
    Навистина. После ова ништо повеќе нема да ме изненади.

    Голтајте се што ќе ви сервираат! Навистина е флексибилен човекот, еве во пракса докажано.
    Се прилагодува на секакви услови.
    Порано кога немало кој да им го пере мозокот постоеле: Њутн, Да Винчи, Достоевски и остали.
    Сега постоиме ние, и големите Ким Кардашијан и Џастин Бибер.

    Оглупаве човечката нација, луѓе! Свестете се навреме!

    http://www.youtube.com/watch?v=ZD74-1G9o_U
     
    На sweet-star, Foreveryoungiwannabe, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Само по филмовиве докториве и сестриве стојат до тебе и ти ги слушаат маките, те советуваат.
    Во реалноста, една инфузија ќе ти закачат, ќе си истече, ќе се наполниш со воздух, крвта ќе ти се врати назад во шишенцето и никој нема да те ѕирне..
     
    На ceca-1, Elennaa, Glossy-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Што има подобро од една долга,мачна,исцрпувачка тура шопинг?Многу нормално кога ќе ги слечеш чизмите и ги испружиш нозете.Е тоа мили мои ви е опуштање.Денес си купив кошулче утре кондурчиња.Е единствено што не ми се допаѓа е тоа што си ги трошам парите.Да имаше барем едно пола саат во месец кога се е без пари.Тоа би било супер идеа.Сега добра ноќ утре е нов ден.Поубав ден. :*
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Што им е на луѓево бе брааааат ?
     
  13. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    За сите цури, шмизличиња, уфилмани девојчиња во розов свет чекајќи го принцот на бел коњ т.е. белиот коњ во повеќето случаи, сметајќи дека некој ќе им додели орден или медаља за невиност на 25 или 30 год. итн. :rofl:, еве топ фотка... :D

    [​IMG]

    Nothing personal here, само да се насмееме, има вистина во сликава. :lol:
     
    На Doozy, midnight.flower, joelle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.658
    Пол:
    Женски
    Не знам дали некогаш сте почувствувале кога ви се случуваат лоши работи долготрајно и последователно,да се запрашате ,дали е возможно такво нешто е не ли е тоа лош сон.Посакувате да се разбудите и олеснување да помине низ телото.Тоа сепак било сон.Ама не, и да се штипете и полевате со ладна вода вистина е. Ви се случува вам и сега.Ах,животе.Кога ќе те престигнам за да ти се насмеам в лице.
    Нека оди се по ѓаволите!
    Се делам на половина.Едната тоне ,другата вели враќај се назад.Имаш уште битки да биеш.
    Грч во срцето,во мозокот....
    Изгледа дека и солзите ме напуштија,не можам ниту солза да исцедам...
    Велат дај го детето на неговата мајка ,а проблемите на Бог-тој ќе ги реши!
    Гледам сонцето ѕирка зад завесава,имам заљубен пар гугутки на терасата,кои изгледа повторно прват гнездо за своето младенче.Се надевам дека мачките нема да им наштетат ,мора да ставам некоја препрека да не можат да доползат до гнездото.Денес мора да излезам од дома,ме гуши куќава ,ме гушат работиве.Пари како по обичај нема(а кога имало последен пат).Кавги ,расправања,дебатирања...тоа е атмосферата дома.А толку сакам да е обратно.Децава нервозни нема со нив разбирање,маж ми приказна за себе [​IMG],а јас збунета ...
    Ќе нурнам во денов ,со мали изгледи дека нешто ќе се смени...
     
    На slavica999, Elennaa, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  15. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    сакам плата,многу сакам плата :D како би ме израдвало сега едно:Има префрлено плата :wasntme: уф
    па и ова сонцето какво расположение ми прави...имајте убав ден ;)
     
    На Elennaa, kravce, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    не сум ни плашлива ни себична, ах се што имам поминато во овој краток живот... и којзнае што допрва ќе доаѓа...

    најголемата дилема што ме мачи во моментов е мајчинството. кога е време ? треба ли конечно да се одлучам, треба ли да размислувам да анализирам? или да се препуштам па животов да си го носи своето...

    сакам промени сакам и дете еден ден но што ќе биде?

    не е едноставно тоа, се плашам за односот со маж ми. јас сум навикната секој ден да се будам со бакнежите и галењата негови. јас сум разгалено детуле во неговите раци, и зависна од неговата љубов.

    ако еден ден се одалечиме заради проблеми со деца или пари како ќе биде тоа ? тој е мојот столб .

    убаво ми е сега среќни сме млади сме, заљубени занесени со милион планови и реализации.

    и тој како да ја чуствува мојата несигурност, ме гушка и се колне на вечна љубов и посветеност без да речам збор... те сакам
     
    На Elennaa, anabel-a, Doozy и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    18.057
    Пол:
    Женски
    Се што е мало е слатко!
     
  18. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Предлагам јавно палење на клада на мутавиот Трендо заедно со сите негови т.н. „новинари“ и „колумнисти“. Бре, памет низ уши ви тече, лигуши :makeup:

    http://off.net.mk/bookbox/nik-kejv-e-kriv
     
  19. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК страшно ме погоди денов... :x
    Уште е 10 часот,а веќе чуствувам како да сум го поминала цел ден.Страшно будење,уште пострашна смрт.
    И знам дека многу ќе ме осудат,плачам за маче?За милениче?Знам,знам,будала сум јас.
    Секој човек што бар малку има човечност во него,не би сторил вакво срање.Да тепа маче?
    Секако,тоа ти е,нема храброст да си ги реши проблемите,па ќе кршат чаши и ќе го тураат бесот на животни,соседите ми мои.Сега се караа,викаа,од дното на душата,им посакувам смрт во најскоро време. :@ Не не сум лоша,ама ја претераа.Мислам,клети се до толку,што дури 7 мачиња до сега ми убиле.Ајде,едно знам,нека се радуваат ако тоа им го задоволи егото,ама сите плаќаме за своите гревови,денес или утре,малку или повеќе,се зависи од нас.
    Умре мачејќи се,ми беше жал,сеуште ми е,плачев,ама веќе немам ни солзи.Ај,ќе си ја чувам маката во себе.:worried: 2години,заедно,ја чував,си играв,се каравме,се тепавме,ме гребеше по раце,секогаш кога ќе ја изнервирав,ама тешко е да се навикнам,ми фали,уште сега ми недостасува.
    Нека почива во мир! :angel: Ќе јадат тие ***** за тоа што ти го направија,ама знам,ќе се каат за гревовите.А најтешко ми беше да гледам како умира,пред мои очи. ;(
    Не сакам да трујам веќе,нема да пишувам поезии и бисерни дела тука за некој лајк,несакам,ова го пишав зошто ми беше тешко,ако некого сум растажила многу се извинувам.Ве поздравува kikkki и имајте убав ден,за мене 04.04 беше најужасниот ден.едно големооооо :hug: до сите.
    Повторно се извинувам ако некого растажам :worried:
     
  20. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Аман ма kikkki, и мене ме расплака вака насабајле. ;( ;(
    Душичка маченцето ;(
    Твое било, а они го тепале, или?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.