Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    Колку и да се правам силна, пред бубачки во куќа сум целосно неспособна. Не знам како да се справам со нив. Премногу ми се гадни да ги сплескам онака, а никако не ме слушаат кога им викам да си летнат низ прозор. Ете утрово за да избркам една смрдливка од спална, потрошив скоро цело шишенце лак за коса прскајќи ја за да можам да ја „онесвестам“ и полека полека да ја испратам надвор каде што и припаѓа. Но пустата неколку пати се освестваше пред јас да ја исфралм и сето тоа беше дополнителна мака, дополнителни врескања. Ќерка ми беше безбедно одалечена од настанот, сместена во количка и ја гледаше мајка и, толкав човек како паѓа пред едно мало едносантиметарско бубаче. Срам да ми е.
    Некаде бев прочитала дека мажот во куќата имал само три улоги, да убива бубачки, да отвара тегли и да ја чува куќата од наводни крадци. Си се смеам но вистина е.
    Штета што утрово, убивањето односно во мој случај исфрлувањето на бубачката падна на мој грб. :rofl:
     
    На Elennaa, anabel-a, anuskaNESTLE и 2 други им се допаѓа ова.
  2. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Да мое беше,ја чував 2 години,единствена мачка која толку долго сум ја чувала,другите ми ги убиваа уште по неколку месеци.Да,соседите го тепаа, малку се пореметени,па постојано се караат,не се живее од што врескаат,во 00.00 се колат,со ножеви со стапови излагаат да се тепаат,па сега најдоа дотичните на миленици да си тураат бес. :envy:
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    ^ Извини те читав по темиве, не би да ти ја зголемувам болката сега, ама и ти си виновна што не го однесе мачето на ветеринар, а ако си и давала + апчиња како реглан на своја рака можам да замислам зашто ти умрело мачето. Да чуваш милениче е одговорност, не е само земи го и пушти го на улица да ти го тепаат соседите или да го удри кола. Несакам да ти судам или слично ама ако нареден пат се одлучиш повторно да си земеш миленик научи прво како треба да се чува.
     
  4. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    ^ kikkki, а, како ти им го дозволи тоа? Да го тепаат маченцето? ;(
     
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Не и дадов реглан,не се осмелив,и дојде ветеринар,плус цело време бевме во контакт со ветеринарот,значи се беше толку брзо што додека да дојде таа умре.А да,и дечко ми ми викаше да ја однесеме,ама како ?Ми беше жал,неможеше да мрдне од под,јас уште да ја молкнам до кола.
    Не плукам по соседите од бес,ама имам и соседи УБИЈЦИ.Да,да,пред 2 години убија невин човек,па за нив мачка не е ништо.Едвај чекам да се тргнам од ова место и мене ќе ме убијат.Сите се луди,едвај чекам да се одселиме од овде. :puke:
    Како мислиш им дозволив?Да знаев би ги убила.Ама излезе надвор само на кратко,ја пуштам кога ќе присака да се шетни малку надвор,па потоа ја немаше два дена,и си дојде тепана.Викнавме ветеринар и ни кажа што терапија треба.Ама ова беше толку ненадејно,толку брзо,незнам. ;(
     
    На HollyWoodGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    свакам дека ништо не свакам :D
    кои матни политики се водат во државава-страв да те фати-да побегнеш од своја кожа е :worried: :x
    не сакам веке да читам и да мислам-колку повеке дознавам информации, толку повеке ми доага да побегнам не низ врата туку низ прозорец :rofl:
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [​IMG]

    Обожавано нешто :inlove:
     
    На Dog-lover, SimplyElegant, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Епа не ми е јасно како девојка од 20-тина и нешто години сеуште на фб става слики со испрчена усна и плејбој поза :$. Изгледа многу јака цура е! Немам никаков проблем со слики од плажа и со слики каде женските сме во купачи, се додека тие слики не изгледаат извештачено и дебилски! Што поприродно тоа поубаво за очи - рекоа многумина!

    Не сум како некои да зборувам како биле срамни таквите слики. Бидејќи ајде сега да претпоставиме дека живеевме во Австралија на некое туристичко место, па верувајте таквите слики и таквиот изглед ќе ни се секојдневие. И што сега, леле срамота да им е на девојките што ставаат слики со купачи.
    Кога ќе слушнам вакви коментари јас малку ги препознавам скриените комплекси кои ги носи критикувачот.
    Еве мене убаво ми е да гледам слики од одмори, таквите албуми може и ми се најомилени бидејќи се гледаат море-езеро, младост, свежина, природност (девојки со чисти лица без ниту грам пудра) и неизбежниот поим СРЕЌА. Мислам дека луѓето на одмор ги доживуваат најсреќните моменти во својот живот.
    Или пак кога некои ќе речат срамота е да се ставаат такви слики на фб затоашто како пријатели на истиот ги имаме газдата и колегите од работа. Епа нели самите треба да ги ограничиме поимите забава и работа?! Незнам како може во денешно време ваквиот однос газда-вработен да се пренесува и на фб. Малце не ми е својствена желбата на луѓето да се оди дотолку дури и да се надгледуваат луѓето на фб. Божем ќе создадат вистинска слика од него за другата личност. Луѓето се испраксирано да бидат лицемерни и да лажат во реалните односи лице во лица, а да не зборувам пак колку е полесно да се лаже преку социјална страница. Многу лесно сликите можат да се направат фотошоп или пак да се ставаат некои тешки мисли кои воопшто не не претставуваат вистинските нас. Ама па ни тоа не е лошо. Според мене во таквите ситуации самите си се лажат/лажеме.

    Кога ќе се сфатат дека фејсбукот е страна за забава и опуштање!
     
    На Isabella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tami1

    tami1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    48
    :yawn:
     

    Прикачени фајлови:

  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.328
    Допаѓања:
    29.133
    Пол:
    Женски
    Лелее, цагер сум фанала во последен миг.. :o :lol:
     
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    После ќе трчам малку т.е. малку повеќе од малку одамна немам трчано....
     
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.491
    Допаѓања:
    23.067
    Пол:
    Женски
    Торбицата ми е спремана, јас со свеж лак на ноктите, многу радост и насмевки, и може да одам на гости кај дечко ми! :) Секогаш се радувам кога одам кај него дома, во неговиот град. Не е исто како секојдневното одење во Штип во станот. Со нетрпение чекам да излезам во новиот бар, да одам на свирка викендот на мои другари кои ќе свират таму, да се прошетам во големиот парк, па покрај реката... И така женски - убаво ми е.
    Не само заради викендов што доаѓа, туку и онака, има позитивна енергија во мене.

    Брат ми се сликаше вчера за табло, преубав тој на дада! Матурант, блика од ентузијазам и нетрпение за се она што го чека после матурирањето. Мерак ми е кога го гледам таков весел, среќен.

    Вие останете поздравени и искористете го сонцево што срамежливо се појавува денеска, оти за недела пак најавија дожд.
     
    На crazylady, ocila, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  13. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Еве јас тука да кажам да не ме има на телевизија,бидејќи и така само телма може да ме даде се друго е на власта нели.
    Јас не сум политички определена ,ама овие го претераа.
    Вчера на врата ми пратија др да ги прегледа моите наводно пензионери биле,завчера слушнав од блиска особа како се зборело зошто не сум гласала дека имам бебе немало кој да ми го чува ,а моите не можеле сами да отидат до месна заедница бидејќи биле болни.
    Можеби и дома знаат што јадам и колку пати во вц одам а.
    Епа ебати државата сето продадени души за еден глас .
    Ете сега има митинг на мојата улица ,актуелниот ми градоначалник ке говори оносно пак ќе лаже .
    Изреволтирана сум бидејќи ништо не направи за мојата населба, едвај една градинка која ја градеше сто години и ја пушти пред избори,а што е најтрагично нема место за многу деца од околината а не па од малку подалеку абе жива катастрофа.Да не збориме дека нема ни една месара ,а пошта и банка на два километри а за деца место да си поиграат научна фантастика ставил две љуљашки и две клупи кој попрво да седне .
    А простор за изградба не дека нема туку кој да го лапне да го гради е работата ,уште не се решиле изгледа .
    Уште многу има и да се збори и да се кажува но кој те слуша ,овде да си напишам да си олеснам душичка само тоа ми преостана.
    И да :!: во недела очекувам лимузина за моите и бејбиситерка за малиов за да одам на гласање :puke: .
     
    На Adi888 и kravce им се допаѓа ова.
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    ОЧИ ПОЛНИ ЖИВОТ
    Во 70-тите години светски познатата Марина Абрамович има интензивна љубовна и креативна врска со перформерот Улај (Уве Лајсипен, Германец). Кога почувствувале дека нивниот однос доаѓа до својот крај, решаваат да го направат својот финален заеднички перформанс. Секој од нив тргнува од еден крај на кинескиот ѕид. Одат еден кон друг, се среќаваат некаде на средина за да се гушнат за последен пат и никогаш повеќе да не се видат. Е, сега....

    Во 2010-та година, на ретроспективата на Абарамович во музејот МоМа, таа ја изведува својата точка "Уметникот е присутен" во која споделува минута заедничко молчење со секој непознат кој ќе седне на столчето спроти неа.

    Странците се редат, точката си врви. Но, во еден момент се појавува и Улај, без таа да знае за тоа.

    Еве што се случува:



    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=OS0Tg0IjCp4


    јас се расплакав ...
     
    На Peppermint, Trnche, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  15. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Леле Господе кога ќе им објасниш на девојчињава дека не е се до парите и дечковците.Кога ќе сфатат дека цицките се за во прслук не за на фб,дека не си фраерка ако имаш пари и ако ги понижуваш другите,оние "посиромашните",дека не си фраерка ако имаш дечко на 14 години а на 15 си ја изгубила невиноста.Неможам да ги сфатам,не разбираат дека они со тоа се бедни,за жалење,дека се посиромашни од нас зашто имаат само пари,зашто пола од тие "другарки" ги искористуваат и дека утре ако им треба нешто нема да бидат со нив.
     
    На deedee0, Divinebutterfly и Adi888 им се допаѓа ова.
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК знам дека секој човек има маани, нема совршен, ама понекогаш се прашувам дали навистина вреди толку човекот за да можеш да ги издржиш сите негови маани и да преминеш преку нив.
    Да, нервозна сум, ништо по моја вина, туку од туѓи фрустрации.
    Време е да си се вратам на навиките кои ме прават среќна.
    Почнувам веднаш. Одам да јадам.
     
    На De-lovely, Isabella, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Се повеќе и повеќе се разочарувам од луѓето околу мене.Зарем сите се исти?Дали некогаш ќе најдам вистинска другарка?Зарем до толку светов пропаднал во злото на луѓето?..Зарем? :(
     
  18. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Не сите пеперутки во стомакот се љубов, со чест на исклучоците ама не сваќам заљубени се а после 2 недели очи не сакаат да си видат.. Е, каква е таа љубов бе?!

    И револт мал затоа што одамн не сум се логирала и сега забележав што е ова бе со копирање на никовите само ставање бројка,доста ги видов, бидете малку по креативни :!: . Мојот не е нешто WOW ама мој си е.
    Сакам да ви се заблагодарам на сите што сте ми го честитале роденденот, знам доцнам ама не бев во можмост да се логирам.
    Љубов до сите
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    Некои жени стварно треба да преземат нешто во врска со нивните хормони.

    Ситуација: правиме муабет за нешто.

    Таа: Абе, кај има тоа и тоа?
    Јас: Јас мислам дека кај нас уште нема.
    Таа: ОК.

    Неколку дена подоцна

    Една друга: Абе го најдов тоа што го бараше, го имало тука.
    Таа: Еее знаев, а Теси (гледа накај мене, чиниш очи ќе ми извади ко да сум и` избегала со вереникот на ден на веридба) лом ме направи кога ја прашав.
    Јас: Лом те направив или ти реков дека мислам дека нема? Ај не драматизирај те молам. Никој не е должен да го трпи твоето драматизирање.

    Да не беше трудна ќе и` одбрусев: „Свадба спремаш, бебе чекаш, а ти на секој МОЈ потег мислиш.“
    Ама стварно. И снаа ми беше трудна па кога чувствуваше дека не и` се сите овци на број ќе се затворепе во соба, ќе се исплачеше, немаше да се социјализира, да обременува други со нејзе.

    Ја сум и` крива шо на 19 и пол години почнала живот на жена и сопруга за кој очигледно не чувствува дека и` е време.

    остатокот од разговорот на неколку пати ми нагласуваше „е така што правиш не чини/заради тоа вака/заради ова онака.“

    Добро бе, до кога со вакви тешки простачи ќе си имам работа? Де беее, во урбанизирана средина во 21 век се`уште, СЕ`УШТЕ постојат вакви ограничени створови. Алоо, луѓе, кога не ви се сите овци на број, одете на лекар, не е срамота, не тероризирајте околина со вашето умоболие, никој не мора и не е платен да го трпи тоа.
     
    На Isabella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    ..билдерецов мој до толку е `среден` што ми иди да му ја средам една.
    Сум добила награда на PEPSI ,само што најверојатно не ќе можам д а ја земам ,затоа што ги средил кодовите така убаво во некоја канта.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.