Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    СДК дека сум здебелена :@
    Не е фер..Зашто бе...Аман...
    Место, еве тагувам ова-она, да ме мавне некоја депресија и да не ми се отвара уста-ја пустата гладна секој час..Колку глупам одбрамбен механизам имам...Само да се јадело...
    А баш ги разгледав диетите :wasntme:
    Се мислам меѓу диетата на ирена( која ме влече дека за доручек има чоколадо) и УН(која ми е испробана и супер задоволна сум)

    Дај ми боже сила, утре кога ќе се разбудам да видам дека ми мањка струк,а у плус ми се куковите и да си каснам јаболче :$
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Неко меџу нама је...дух :^) Почна сам да си свирка дигитронов од другиот крај на масава. Одам да видам што ќе ми пише...0. Е извини ама за нула не вреди ни да размислувам за духови :wasntme: до батериите е нели :?: :D
    Гледав една емисија вчера на травел ченел. Иначе тоа ми е фејв канал сега, можам 24/7 да го гледам и да бидам среќна...дури и рекламите ми се добри :!: Кој го фаќа, нека ужива. И така гледав вчера една емисија, патуваше Французинов низ Киргистан, бараше номади. Низ цела репортажа, сиромашни, скромни стари куќи, застарени алишта...некој тек како што било кај нас можеби во 80тите или порано уште. Таков впечаток ми остави. И ми беше жал, за децата, за луѓето, за животните, за ситуацијата. На крај ги најде номадите во сред нигде, на планина. Со стадо некој вид крави, од млекото разноразни производи што сами си ги произведуваат. Да не разглабам, моментот ми беше... зошто всушност ми е жал, кога тие можеби и подобро од нас живеат? Човек колку помалку знае што има во светов, со помалку е и задоволен. Можеби не се најсреќните луѓе на светот, ама се задоволни со тоа што го имаат, со својот начин на живеење. И тие номади, можеле да се спуштат во градовите или селата и таму да најдат работа, дом, продавница нели :) Ама не, си останале со својот начин на живот и своите дечиња на истиот начин ги учат. И еден ден сето тоа ќе исчезне и мене ете баш за тоа сфатив дека ми е жал. Тие изгледаа толку здрави, со толку румени образи, чисти лица...
    Реков во друга тема, пазете гравчето од Таџикистан го увезуваат? Епа луѓе, ако на овој начин одгледуваат таму и грав, верувам дека е здрав.
    Сакав да кажам, да кажам... и многу знаење понекогаш не е на арно. :^)
     
    На Micheleljubov, Moira, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.303
    Допаѓања:
    158.255
    Ми се прави гурманка и љубителка на некои јадења кои попрво јазикот ќе го голтнеш него ли што ќе ги изговориш,а башка ги јадела еднаш у живот,а никад не рекла ммммммм туна со младо кромидче!
    Море мрш! Не ти верувам!
    Боженствениот вкус на туна со младо кромидче,леле,леле,леле! Убедена сум дека рајот мириса така!
     
    На ilipili, Offspring и Angel-Adriana им се допаѓа ова.
  4. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
    СДК дека на брат ми утре му е роденден и дека немам идеја што да му купам. Ај да не замарам тука, ќе прашам во некоја од темиве. 8)

    Инаку денов ми е супер, иако е малку облачно. Трето кафе по ред си пијам... :coffee:
    Работа нема премногу и така.

    Останете ми поздравени и пријатен ден :hug: :hug: :hug:

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    4 ЧЕТВРТИ ЧЕТВорток :rock:
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.303
    Допаѓања:
    158.255
    Сите вие кои на 22-23 тврдите дека никад нема да имате деца...се гледаме за цирка 10тина години... Три ќе ги имате. Башка сериозно сакате,не сакате да си признаете,ама победно е кога тврдењата нема да се остварат,него ли да си кажете дека бебињата се прекрасни. Несозреани едни! Уствари чекај...можеби едноставно се прекрасни луѓе кои сфатиле дека за ништо не ги бидува,па подобро е да не се размножуваат....хммм тоа објаснува многу.

    Тоа се истите тие кои во религиски убедувања на фб пишуваат Атеист и се караат со верници без причина. Еднакво ретардирани на посветени верници ака фанатици. Ништо подобри,ништо попаметни.

    Пораснете веќе,аман! Не сте ни модерни, ни паметни, ни напредни, туку глупи хипстери.

    И пошто продуктивен денов,ќе си седнеш на маса за обсервација и све ќе заклучиш...бивш увек ќе се насмее на фората на твојот дечко, и обратно...а додека кај жените оди....мех,дроља,не беше смешно,а умира малце у себе дека типката е пресмешна,а тоа и ја прави подобра од неа... Дакле,жените се идиоти.
     
    На MacenceEna и najubava2010 им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.327
    Допаѓања:
    29.130
    Пол:
    Женски
    Aaaaaaa... мачето ме изгреба да десниот палец!! :@
     
  8. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ете така, скопските позери и позерки ја освоија и последната, досега неосвоива територија...спортските сали.
    Ич не ми смета што дремат по цел ден по таканаречените елитни скопски кафулиња и пијат по десет кафиња дневно, ич не ми смета што решија културно да се издигаат па не пропуштаат премиера на опера или балет. Си ќутат, си дремат, ништо не разбираат...абе смешни се.

    Па слушнале дека нешто Ин е ракометов... Ги гледам вчера исподотерани (само не знам што ќе им се толкави чанти на спртски натпревар). Се утепаа од сликање-пред натпревар, за полувреме, по натпревар, а веќе два часа по натпреварот срцките убави ги објавиле сликите на Фејсбук.
    Е ова веќе ми пречи, и тоа многу. Не за друго, од нив едвај до карти ќе дојдеш. А и атмосферата тапа -па како ќе им се растурат фризурите ако навиваат многу ватрено, ќе им се искршат ноктите ако ракоплескаат многу.
    Плус тоа и баксуз сте...и играта тапа. И да не ве видам на Металург-Киелце (јас всушност сум во Ротердам тогаш, но да не чујам), остајте место на вистинските љубители на спортот, кои не штедат ни гласни жици, ни дланки.
     
    На Moira, Hipster, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    I trazis mrvice nade.,kao lijek za dusu...

    И да сеуште се надевам дека не чекаат поубави денови ...некогаш , што поскоро
     
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Вртиопашка - овој збор за првпат го слушнав како многу мала и дури од тогаш ми беше многу смешен и привлечен за дефинирање.

    Вртиопашка е жена која си го прчи задниот дел од телото секогаш кога ќе намириса високо примамливо ниво на тестерони. Ама буквално трча по таквите силни и снажни тестерони.
    Најчесто вртиопашката очекува секое машко да се пали на неа и да паѓа на нејзината смеа. Таа нема никакви вредности и почит кон никакви врски. Туку сосема спротивното, за нејзина забава ги расипува истите семејни, пријателски или љубовни врски. Таа има една задача во својот живот, да успее да поседува се што е живо и машко. Има и обратни ситуации кога заприметуваме машки вртиопашки. Исти видови се како женските само што овие имаат на себе различни органи :).
    Комбинацијата од двајца вртиопашки кои би функционирале како пар е бесценета. Можат секој да го прелажат и на тој начин да станат моќни и богати. Но најчесто тие се губат во таквата љубовна каша и си бараат послаби и помирни партнери кои ги цедат и на крајот ги фрлаат на страна.
    И повторно инспирирана од блиската околина.

    Јас светот го сфаќам како место кадешто повеќето се трудат да опстанат без никакви човечки вредности. И сакаат се повеќе и повеќе да зграбат.
     
    На De-lovely и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  11. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Tренерки ,ранците на грб и у парк .Пиво ау ,кучката трчкара .Исполнетост ,шо убаво чуство ке беше.
    SUCH A WONDERFUL LIFE :beer:
     
    На Trnche и cveke123 им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакав друго да пишам, па ја прочитав Кравче со репортажите, па ми текна колкава е всушност надменоста на финансиски надмоќните, ете така среќно си живееле и Индијанците пред Колумбо, и Индијците пред Васко Де Гама и замисли доаѓа некој да им соопшти дека ги открил :^) , демек тие се ,,пронајдок,, на цивилизациски супериорниов, па уште се проценува нивната несреќа, мислам реално како и со што се мери степенот на човечка среќа? Ете денес, под моќни ласери и други скапи тракатанци за декор и најсилни озвучувања во дискотеките, не знам колкав список на коктели и разно разни алкохолни стимуланси од мешано потекло, немате ли често впечаток дека она што навистина тука недостига е - забавата?

    А, она што сакав да пишам е во време кога луѓето купуваат (буквално, не фигуративно) лајкови на Фејсбук, следачи на Твитер и гледачи на видеата на ЈуТјуб, налетав на оглас од странска фирма, која бара човек од Македонија да објавува на Фејсбук и да твита она што ќе му наложат. Ете дотаму стигна светов, значи и човечкиот идентитет се стави на купопродажба. Не знам веќе што следно може да се очекува...
     
    На kravce, MSkorpionka и Nefertitii им се допаѓа ова.
  13. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.801
    Допаѓања:
    4.936
    Пол:
    Женски
    Кога тато си дојде дома после операцијата, беше слаб, исушен, со испиени образи, со нозе колку моиве тенки. Сега, пу пу да не го урочам, одимал стомаче и обравчиња, благодарејќи на моите кулинарски способности. :)
    лааажам, на мајка ми :D

    Не сакам овој среќен период да престане. :)
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.303
    Допаѓања:
    158.255
    ^ Теодора, ако твита за фирмата,тоа е сосема легитимно. Денес социјалните мрежи се најдобри маркетинг алатки,нема ништо лошо во тоа кога веќе е за фирма. И се тргува со лајкови. Што мислите она, кликнете лајк и ќе видите кој ви го гледа профилот,по кој принцип работи? Се собираат страни со многу лајкови кои потоа се продавани на одредени фирми кои од старт имаат фан страни со многу фанови и лесно може да допрат до нив. Тешко е луѓето да ги натераш да кликнат лајк за да им промовираш она што треба. Вака од глупост ги собираат и потоа ја продаваат страницата за убави пари.
    За фирмите ми е во ред и тоа е тој начин на пристап. Има луѓе кои се специјалисти во социјалните медиуми без ден школо,ама се добри во истото,така што... Неконвеционалните методи се многу поефикасни за продавање на производи и услуги или било што. Не е ништо ново, непознато и страшно. Цела наука е веќе.

    Пострашното е кога истото тоа се случува од јавни личности кои купуваат лајкови и фанови и следачи и ангажираат луѓе да твитаат во нивно име. Па дури и побогати луѓе кои сакаат медиумско внимание,а не можат да го добијат поинаку...
     
    На antonina, Sara123, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Го најдов ова случајно.Повторно се сетив дека сеуште има глупи луѓе со предрасуди.Наместо да го гледаат својот живот тие се занимаваат со другите.Додека некој се труди,учи и помага на фамилијата некој пак дреме на компјутер и корне живци зошто нема Iphone 5.
    Ми се гади од луѓево ама ептен. :puke:
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Знам дека е легитимно Лилит, ама сепак го има оној момент кога се обврзуваш и ако некогаш она што ќе ти е наложено не е во согласност со твоите принципи и ставови и погледи на свет, ќе мора да се подголтне и спроведе, во смисол даден гз под кирија. Мене ми е слична претенциозноста на ваква маркетинг кампања со политичките и тоа премногу, никогаш не би се согласила на вакво нешто.

    А тоа тргувањето со лајкови и следачи на јавните личности е веќе и премногу распространето. Знаеш, до скоро интернетот беше најнезагаден медиум, мора да сум носталгична што веќе е длабоко инфициран и си мрчам повеќе од навика, не од уверување дека нешто ќе се промени.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.303
    Допаѓања:
    158.255
    ^ Зависи која страна од интернетот ќе ја фатиш. Има една објективна страна која на други места и во реалниот живот е така жестока,кај нас е само силна на твитер.
    Политичкиот маркетинг не го земаме,тоа си е сосема друга категорија која не сакам да ја допирам. Има други категории кои тука се опфаќаат како техники,не е само маркетингот сам по себе.

    Но,од друга страна, ако ги земем и банките за пример. Заработуваат ненормални суми на провизии, на нереални камати и секакви шпекулативни начини на кои успеваат да ти потпикнат што повеќе да им дадеш и да ти земат,но за пари, секако ќе го работиш,не?! Ако земаш 1000 евра плата на пример и имаш убави услови за работа...тоа е тоа. Така е и со тој што твита. Тој секако не твита се нешто, твита да речеме за Винчини, за нови производи, нови вкусови, нешто што поттикнува дискусија, нешто што поставува прашање. Тоа не се коси со неговите принципи, освен со тоа да не му се допаѓаат реално вкусовите на Винчини. Тој што се најмува да твита, сигурно не твита за безпари,а таа работа и со 12 000 денари може да се плати во месецот,зошто ништо и не бара од дотичната личност...

    Проблемот кој го бараш е во системот,а не во алатките преку кои се трудиме да опстоиме во истиот.
     
    На tessie и Camellie им се допаѓа ова.
  18. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ептен сум уморна. Сакам барем еден ден така без обврски да си бидам, да не станувам на сабајле рано и да не одам на школо. Ми се смачи од наставниците, секој втор збор им е за екстерното |(
    Така ептен ми се одмара... Мрзла голема сум станала. И сигурна сум дека не е од тоа што имаме повеќе обврски, ами од мојот начин на живот. Незнам кога спијам кога сум будна. Ќе дојдам од школо, ќе се наспијам едно убаво, вечерта неможам да заспијам и сабајлето сум... :drunk:
    Престанав со вежбиве, и се осеќјам ептен тромаво. Гледам да се хранам правилно деновиве, ама пред тоа јадев што ми дојде при рака. Ептен сум мизерна. А убаво ми беше кога си вежбав и јадев правилно. Сета бев исполнета со енергија и се чувствував прекрасно. Абе убаини, а сега...
    Ама не, од викендов почнувам, мора нешто да сменам. И ќе си направам планер како да ми тече денот, оти вака неможам, ич не сум организирана :$
    И сега арно и ми текна да седнам да поучам за тестот утре, до сега лежев и другото го завршив. А и ме лаже сонцево, се си викам имам време и оп дошло осум часот.
    Инаку пиевме со мајка какао пред малце. Ептен убаво ми дојде :coffee:
    А и сонценцето најмило кај му текна да огрее, убаини :sun:
    https://www.youtube.com/watch?feature=p ... 3lWwBslWqg
    Ајт едно поздравче, цел ден ја слушам.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    389
    лелееееееее како викаат, ''неповратијо ми се овај дан никакав'' :@ .. кој бил во фондот за здравство знае :@
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Lilit, реално, сум мислела многу дали би прифатила и за многу пари и за одлични услови веќе работа која со некои принципи ми се коси, нека е и банка во прашање. Не е тајна дека банките се најголемите легитимни лихвари и дека познавајќи го кадарот, барем во мојот град, не е некоја гордост, ни доблест да им бидеш колешка на повеќето кои не се тука поради одлични перформанси како врвни економисти. И донекаде станувам идеалист, како што стареам, сакам да им се случи едно добро Цајтгајст сценарио и на банките и на цел систем... Може не баш идентично, ама факт е дека светските резерви на нафта се исцрпуваат, почнаа веќе во море да бушат, што е за милиони поскапо, не е дека ме палат дистописки сценарија, ама едно знам - јас и да се вратиме на тие најпримитивни услови (кои ќе се случат ако снема нафта) ќе опстојам побргу од некои кои не можат на таков начин, бидејќи не ме плаши дури и тешка физичка работа. Сфатив дека сме далеку од онаа слобода на запад, знаеш на некои 40 год. со чесна работа да имаш заштеда која ти гарантира финансиска слобода до крајот на животот, овде тоа не се постигнува, така да после повеќе од 10 год. работа низ нашиот приватен сектор, разликата од неколку илјадарки што може би ја добила за да си го погазам достоинството и изгубам идентитетот и себеси во најмала рака - не вреди.
     
    На MSkorpionka и julie77 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.