Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Не знам зошто постојано сум во очите на другите?
    Зошто јас сум на мета цело време?
    Одејќи по пат да си го слушнеш името позади тебе...во непосредна далечина. :|
    Болно е да си го слушнеш името во некој малограѓански муабет, сеирџиски, лицемерен.

    Никогаш не сум се занимавала со овие плитки работи.
    Секогаш она што сум го зборувала пред некој друг, сум и го кажувала и во лице на таа личност.
    Од секогаш сум го мразела тоа скришно копање гроб, позади твојот грб.
    Не ги сакам тие валкани игри. Незнам да ги играм.
    Или сум премногу добра кон луѓето што вака ми враќаат. Или сум премногу наивна.

    Само знам, страшна е ситуацијава.
    Си гледам во својот двор....во својот живот. Туѓиот не ме интересира.
    Доволно проблеми и мислачки си имам јас, па уште на некој друг да му ја исправам.
    Туку, мало место, а толку прост народ на едно купче.
    Осеќам, тесно им стана...не знаат веќе што да направат од досада
    До каде ли ќе оди глупавоста?
     
    На tweety26, kravce, CoverGirl10 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.303
    Допаѓања:
    158.255
    Теодора,не зборуваме за личните убедувања и идеали. По логика на нештата, уште немам работа,ради истите, но тоа не ме прави револуционер кој ќе ја промени својата генерација,туку идиот. Постарите ми велат, млада си и имаш идеали, ќе ти се променат кога ќе мораш да размислуваш за да прехраниш семејство и едноставно ќе сфатиш дека светот не е вреден да му се дадеш, туку да успееш во него.

    Така што...тука зборуваме за нешто сосема друго, малку избега од првиот контекст. Малку подлизна првичната тема на разговор, забегавме во личните убедувања и како ние би живееле. Јас би работела хуманитарна работа,ама тоа не ме прави бед ес шит,туку глуп човек кој мисли дека можеби со своите размислувања и морали ќе промени ментална матрица на милион луѓе кои генерациски покажуваат една шема на однесување. Би рекла и лудост и страшно преценување.

    И запад,нема слобода. И тоа го научив. Зошто запад има хипотеки и дебели луѓе,на запад нема хуманост. Тој западниот запад. Овој поблискиов,е тука некаде, за нијанса подобар,но и покрут и веројатно со заштедата на 40 години ќе можеш да си ги покриеш со заштедата лекарствата затоа што начинот на живот таму ќе си го земе цехот. И тие ја имаат таа заштеда, токму затоа што го прифатиле начинот против кој ти посочи дека си против (неколку илјадарки плус само у евра). Таму токму тоа ќе ти се случи во најкатализирана чиста форма, ќе изгубиш од достоинството и принципите за да се опстоиш себе си. Било која професија, а најмногу ако си научник и фармацевт,а потоа економист или правник. А да...и таму не си фризер, таму си стилист, таму не си продавач,таму си менаџер за продажба...и така све наводно политички коректно,а не се насочува кон основните нешта кои го засегаат човекот и кои всушност го прават човек.

    Нафтата е само средство за манипулација. А не дека борбата е за неа, кога веќе го спомна Цајтгајст сценариото тоа е само логиката на нештата,а не нешто кое што се случува по "природна" сила на општеството и економијата,банките особено. Но тоа никогаш нема да се случи. Ме чуди како споменуваш западен свет и слобода кога тоа е лулката на се она кое нечини во светов... Земји кои почиваат на војни на километри од нивните граѓани кои живеат удобен систем, црпење ресурси од послаби земји за да нивните граѓани живеат удобства. Од запад потекнува банкарскиот систем, баш од европско тол, во Америка кулминира, од таму потекнуваат сите маркетингшки идеи и феномени. Не ли е тоа двоен аршин во размислувањето?! Малку си ми контрадикторна ако зборуваме во име на фактите. За жал,ние тука сме никои. Ни имаме ресурси (освен човечки) за да доживуваме споредни позитивни ефекти, ни имаме бутур, имаме само ега. А за жал, со ега не се врши размена,ни пак се добиваат пари. Лузер е лузер, дали на Балканот или на запад...исто му се фаќа.

    Така што... систем на пчелина кошничка повеќе нема. Светот нечини, не оваа или онаа земја. Е сега колку ние ќе успееме да му пркосиме и да направиме забележана разлика или колку ќе му се прилагодиме и да го манипулираме во согласност со нашите принципи и да го истераме нештото во насока каква што нам ни одговара или едноставно ќе бидеме опуртунисти... лежи во нашата интелигенција и мудрост. А натегања и клоцања на истиот...и не е некој отпор.
    На крајот...системот на еднаква делба, не го сакам, зошто не сме сите исти (епа извини ама некој научник вади вакцина против СИДА,ние се спрдачиме по форуми и сега...еднакви не сме), но го сакам системот на правда,а правда и еднаквост не е исто (еднаквост подразбирам и сакам,ИНСИСТИРАМ, кога се работи за здравје и право на живот,ранливи категории на луѓе). Но знам,во каков систем и да живееме, ќе биде франкенштајн систем, затоа што мнозинството не поседуваат чувство за правичност и разум.

    На крајот, природно функционираме со две страни,за да има прогрес. Во спротивно,се е утопија и...јеховини сведоци...кхм.

    И да се допунам...последниов период заклучив дека оние кои инсистираат на еднаквост и загарантираност на истото се истите кои се мрзеливи и неспособни, а не оние кои сакаат да бидат прогресивни. Истите оние кои се плашат да направат можеби и буквален исчекор од прагот на сопствениот дом,а не пак да се изборат за големи нешта. Они се робови на себе,а не пак светот и неговото функционирање да им биде виновен...

    Широка тема,да не должам, Рејн ќе не затепа.


    Патем,моронизмот во нашиот банкарски сектор еве го,достигна врв на својата глупост. Централна кооперативна банка два пет плати во минус. Така е банкарска фело,бравоС!
     
    На Mygirl, Moira, Trendafilka и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.397
    Допаѓања:
    18.057
    Пол:
    Женски
    Ми се спие, ме мрзи, а треба да учам :|
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Знам дека заминавме од темата, ама на некој начин луѓето секогаш се поставуваат на централно место себеси, макар и во рамките на вселенските истражувања да е дискусијата, а посебно жените, тоа е дел од нашиот шарм, секој муабет на крај да го насочиме кон себе, за ова сигурно ќе се сложиш :D ...

    Јас не велам дека моите убедувања се исправните или патот по кој треба да се оди, може на старост ќе завршам во некоја анрхистичка комуна, кој да знае :D ... Знам само толку дека и од преголема самоувереност, во комбинација со голема тврдоглавост не секогаш сум носела или ќе носам одлуки најповолни од аспект на мојот личен интерес или оној на блиските. Е, сега колку би балансирала кога би имала потомство, не сум во состојба да предвидам целосно, ама сепак трајна промена и не е можна - можеш да се виткаш, ама и не целсоно да се скршиш кога се оние длабоките убедувања во прашање. Ич не паметам наслови на филмови, ама во оној кај што беше Мет Дејмон коцкар, кај што глумеше Малкович Русин, го паметам разговорот меѓу Мет и Евреинот дека всушност немаме избор, дека она што сме си излегува од нас. И она што го бранам е токму принципот на правда, а еднаквост не преферирам не знам како доби таква идеја, ни сум се залагала некогаш за такво нешто како егалите бла бла, тоа на буржуи и хипстери оставам :D , исто преголем индивидуалист сум за да би се занимавала со некаква револуција, сакам само да останам што е можно понезивалкана од системот кој го познаваме и понезависна и финансиски и секако. Што веројатно може да значи и дека по некои аршини на истиот ќе сум неуспешна, ете и лузер, ама ќе сум горд лузер.

    Го споменав само поради поголемата финансиска независност како подобар странскиот систем, ајде барем како почовечен, бидејќи еден Трајче во Австралија да речеме има 200.000 долари заштеда на сметка, кои кога ќе се разболи од системот ќе му послужат да се лечи, а братучед му Петко тука нема со што ни да се лечи кога ќе оболи од нашиот систем. Дека основата и на тој систем е трула, експлоатирачка, дека ги врзува луѓето со хипотеки и доживотни кредити, не е спорно, ама на крај барем ќе умрат оставајќи некаков имот на децата, а ние тука утре со ова темпо ни основни работи од поќукнина не ќе сме во состојба да им обезбедиме. Компарацијата ми беше дека меѓу две зла, ова нашето е поголемо, бидејќи поскусен ќе те остави, во било кој поглед. Никогаш не сум била апологет на капитализмот и неговите валканици, ама премногу е навлезен во сите пори, немам двојни аршини напротив, она што не му се оспорува е дека ќе остане уште долго тука. Како ќе се носиме со него е индивидуално. На крај, пак ќе ти речам, не знам точно што ќе направам, ама отприлика точно знам што никогаш не би направила, бидејќи она што сум, она што секој од нас е, според мене е одраз на нашиот карактер фрлен во токму оние тековни општествени случувања и мора да го даде оној единствен епилог, кој е единствено во согласност со тој карактер.

    И се уморив веќе од пишување, отидов сега да јадам :) ...
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.158
    Сакам да прашам зошто некои суштества се тотални идиоти?
     
  6. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Моментот кога некој се самонарекува интелектуалец ,а единствените муабети му се разглабање турски серии ,неверства,врски со оженет човек,ми се допаѓа човек од различна религија и такви некои длабоки теми .
    Мислам не ,не е до мене идам Search - книга ,глеам низ мислења никаде книга освен чат пат у сакам да кажам . Налупано две илјади многу интелектуални мислења .
    Домакински факс не е шала .

    И така јас ,не се прогласувам за интелектуалец всушност и незнам ни што значеше зборов можеби сенка за очи м?

    Море прстот на глава и клучното прашање КОЈА СУМ ЈАС? Доколку не го најдете одговорот на ова прашање - обратете се кај психијатар .Најдобронамерно .


    Авторот го напиша ова без никаква умисла ,ако некој случајно се пронајде и навреди тоа не е мој проблем .
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.303
    Допаѓања:
    158.255
    Се согласувам дека ние жените мислиме дека сме мини сонца околу кои гравитираат мини соларни системи... Но во случајов, не ми се пресонализираат работите од проста причина што...моите,твоите разбирања за светот,самиот,како функционира, со своите убави и неубави нешта, не значи дека се согласуваме со истите и сакав да отидам во таа насока. А не дека светот е таков и таков и јас го прифаќам и тоа е во ред и тоа е така. Напротив... светот не го прифаќам и не го сака и младалачки сањарам се уште дека можеби јас ќе го променам,иако уште долго ќе биде таков... и знам дека не можам да излезам од него како победник на начин на кој што јас сакам. Одамна ми е јасно сето тоа... Зошто работите се презаплеткани и покомплицирани,а ние сме премногу мали за да ги смениме или ако пробаме,веројатно ќе завршиме многу неславно. Па ни останува да му се радуваме на убавиот сончев ден. :)

    Можеш ли да замислиш дека таму некаде можеби постојат неколку стотици своевидни Тесла за кои никогаш нема да дознаеме,ниту ќе чуеме...зошто светот е ТАКОВ,никаков...

    Не беше ова разговор за нашите личности затоа што и јас и ти се знаеме кои сме и сме зборувале и надвор од форумов. Туку беше едноставна дискусија како едноставно функционираат работите. Не зборувавме тука како ние би направиле, туку како де факто стојат работите без дискусија дали се во ред или не се (не дека не се надѕира истото кое е во ред,а кое не,но добро),барем ако зборувам за себе. Јас не го персонифицирав ништо од она погоре кажаното дека јас би некако или пак било што што кажав беше насочено кон тебе како личност (она лузер зборев за нашиот општ менталитет,балкански,а не некому лично препишан),зошто ние се знаеме кои сме и какви сме и од друг агол нАли. Ама кога веќе спомена, дека нашиот карактер се одразува на општествените случувања...не би рекла. Ако си работела некогаш за туѓа фирма која функционира во овој систем или институција на државата... ја разбираш логиката. Сакам да кажам, не можеме да останеме нечепнати, не сме толку моќни како единки...а гледаме дека немаме ниту сила заеднички да ги смениме нештата. Зошто светот сака граѓани кои молчат...и ќе прави да молчиме уште повеќе...за жал.
    Ете кога зборуваме за себе си,ниту јас не би земала нешто кое не ми припаѓа,особено од некој на кому му припаѓа повеќе... ниту пак би згазила било кого за да се имам себе си на пиедесталот,но тоа сум само јас, со се спремноста да бидам смачкана,ама затоа почнав да си ги прилагодувам барањата во најхуманата насока на моето постоење во светов и ќе видиме како ќе испадне на крајот. Но моето разбирање на тоа како функционира светот(кој секако не е поле за културен натпревар помеѓу народите),не е во согласност со моите убедувања... да речеме, никогаш не сум го сакала Њу јорк и не ги сакам луѓето кои одвалуваат на него. Можам да си наведам безброј свои карактеристики кои ми се безвредни...безвредно ми е да речам дека сум перфекционист, деталист, дека сум индивидуалец, дека сум борбена, дека не се смирувам лесно...но што ако... што има врска со светот во кој јас постојам?! Просперираат таквите кои се такви,некакви,плус со низок морал и принципи. Постојат такви кои се прегенијални,но со извртени морални вредности и принципи...и тука ги губиме битките на сите фронови. Светот го носат злобни генијални луѓе кои користат и манипулираат на сметка на малоумните со морал кој би требало да биде предмет на обсервација во душевна болница, а такви... насекаде околу нас.

    И така... :D

    Јас одох по гости. :D Ми отвори виуги, ќе се покаат што сум им отишла.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Знам дека еден ден "здраво ќе се акам од ѕидови" поради мојата срамежливост и индиферентност.
    Поради сите пропуштени шанси,баш заради овие две особини.
    Иако звучи тотално идиотски,ми доаѓа да побарам совет.
    Како да станам кучка ?
    а притоа да не добијам одговор
    р'жи ебати глупата.

    Секоја чест,на сите оние кои знаат да поминат меѓу сито и решето,прегазувајќи ги сите принципи.
    И сигурно да стигнат до својата цел.
    Просто им се восхитувам на таквите луѓе,и ми паѓа жал за себе,што не испаднав и јас една таква.
    Од денес официјално се прогласувам за гуска.
    На која и е тешко да крене слушалка,на личност која го чека токму незиниот повик. :call:
    И и гарантира прекрасно помината вечер.
    Нормално како и секогаш,после ќе се тешам со глупавата изрека "па заеби така требало да биде"
    Јас барам многу од луѓето,барам магично да ми ги читаат мислите.
     
    На WarriorAngel, Marjan007, Ilusionist и 3 други им се допаѓа ова.
  9. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    [​IMG]
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Градот е мал. Тука се прават такви работи. Седиме и разговараме за другите луѓе. Дознаваме што им се случува во животот, кажуваме што мислиме, расправаме за тоа дали другите имаат право или не, и им ги решаваме проблемите ако мораме, меѓу своите четири ѕида. Се разбира, никој не го признава тоа, но сите го правиме. Главно се живее така.
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    Убаво рекла Eleanor Roosevelt. Само да живеела во наше време во кое постојат форуми, којзнае како би ги карактеризирала оние кои дискутираат за тоа какви луѓе се одредени форумски ликови - луѓе кои не ги познаваат...
     
    На Sara123, hrcace и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Од пуста мрза со дигитрониве мозокот си го отупивме. :!: :lol:
    Уште малце ќе ни треба дигитрон и за да пресметаме 2+3 колку се. :rofl:
     
    На Inhume му/ѝ се допаѓа ова.
  13. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш сте имале таква потреба за прегрнете некоја личност, да имате чувство дека телото безусловно ја бара неа ? Тоа да ни е потреба како што ни е потреба да дишеме ? Јас ја имам во моментов и мислам дека ќе се угушам ...
     
    На Elennaa, Springy, Domino и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК...нема да биде фер и поштено АКО се поништат ЛП кои ги праќавме како апликации за модератори лани. Работата од типот: пу пу не важи, не доликува на ваков форум со изграден имиџ. 8) Останува да го видиме одговорот на тимот на Femina :f:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Изгледа секогаш навраќам кога боли...
    Плачам а не можам да и помогнам, не знам како.
    Ме боли многу, во градите ме стега, ми трепери гласот, очите ми се замаглени од солзи. И мислам на неа... таа ми е втора мајка. Ме гледаше како растам, се смееше со мене, ме гушкаше кога прв пат се скарав со него, на таа наша мала караница за која се истепав од плачење, таа беше до мене и ме гушкаше, ми рече - ,,Не се нервирај чедо, мала си, не знаеш уште ништо...,, и само така кротко се насмеа и ме прегрна сииилно. Цел свет ми беше во неа, цела љубов нејзина со мене ја носам!
    Плачам... ми недостига! онаа старата, која ми подготвуваше појадок, која молчеше кога бев нервозна и сочувствуваше со мене... онаа која ме испраќаше на училиште и која беше тоолку трпелива со мене...
    Плачам и пишувам. Се тркалаат солзите сами, не можам да ги сопрам.
    Ја сакам премногу. Ме боли кога ја гледам таква... ме боли а не можам да и помогнам. ;(
    Го изгубив него, мојот втор татко. А сега ја гледам неа.... како тоне во себе а не знае...
    Засекогаш ќе ги чувствувам нивните раце кои ме гушкаа и заеднички ме шетаа низ животот.
     
    На Divinebutterfly и UnknownLadyDi им се допаѓа ова.
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Е така, ќе се појават од никаде рандом леѓе, неизлечливи его-центрици со суета до плафон, и ќе ти го укакаат цел ден, а и деновите после него. Едноставно не е можно, не ми е во природата да останам имуна на такви.

    Лошо е, дефинитивно е лошо кога единственото нешто што те тера ,,да се движиш'' понатака, прераснува во нешто што проклето многу не сакам да се развие! Не са-кам!

    А дојдов нешто сосем друго да кажам..
    Толку ми требаше да ми одлетаат мислите...

    I'm out!
     
    На CoverGirl10, teddybear, francais и 6 други им се допаѓа ова.
  17. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Јас му варам кафе на тато, за мене варам чај и натпреварот може да започне :)
    Му компензирам на татичко што нема со кој да гледа фудбал,дека дома сме три спрема еден :D
    Не дека јас сакам фудбал ама ми е мерак да му правам друштво кога имам слободно време,
    така јас одмарам очи со зелена позадина а и ако ми се види некој симпатичен фраер го менувам терминот во плакнење очи ;) :D
    Тато ми нафрла во коментирањето и стручни фрази а јас само кимам и потврдувам а секој натпревар одново го препрашувам :)
    И најбитно за кого навива тој за тие сум и јас, иако си имам и јас така чат пат свои фаворити :!: :)
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Добив зелено цветче! 8) :rock:
    И правам утре тест физика со новиот ни наставник и ич мува не ме лази. :geek:
    Ептен ми треба викенд :doh:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Го слушам Јанко јади бурек вика.. јас кога ќе видам дете на улица неможам со прст да го чепнам а не пак пари да давам за него и да го гледам. Оф бре.И жените што плачеле навечер и перницата тежела 6кг од што била натопена :D :D :D Ич не ми е интересен овој мене искрено.Утре 2 испрашувања , тест јас не се замарам. :| сакам лето!
     
    На hrcace и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Не ми се верува дека само уште еден месец и готво е со средно...
    Колку и да чекав да завршам сепак сакам времево да успори малку..Не сакам да завршам :/
    Т.е од една страна да! Сакам! За да не ги гледам сите кои што се лицемерни.
    Но од друга страна има толку многу што ги сакам и ќе ми недостасуваат...ме фаќа депресија :((
    ахаххахахха :$
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.