Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Мачно ми е..
    Иако легнав во 3 и заспав во 4 не сум наспана ама ич, еден куп обврски денес цел ден.
    Земање карти за нова година, аеробик, не се нафаќајте да бидите организатори тешко е. :x
    Ашш поќе шо ќе организирам нешто.
    Немам еуфорија за ништо, ни за нова година, ни за елка китење ,нити па за ружање дома, едноставно ми се чини дека целиот свет пропаднал, преку гла ми е од то чувсство, се се врти во круг, сакам нешто ново, сакам да одам во некој друг град, со нови луѓе и нови познанства.
    СДК дека се откажвам од него, немам поќе сили да се борам, немам сила и неможам ништо да напрам поќе, ако ме сака, нека ме бара и нека трча по мене, оти па јас по него. Ако треба да бидиме заедно ќе дојдат деновите наши. Ти си крив едноставно, ти самиот се си напрај, јас да се нервирам за тебе
    Не Фала.
    Имам и други проблеми во животот јас.
    Се надевам дека ќе си достојам на зборот,а нема да паднам на неговите зборови, over and over again. :doh:
    Ми иди да си легнам и да не станам 2-3 дена да се одморам од се, смачено ми е најсериозно.
    Училиштето единственото добро шо ми оди е то, барем од то сум задоволна и ќе си останам.
    Одам да си го згреам столчето, почнаја со испитвања и тестој.
    После ис аеробикк тајмммм :dance: :dance:
    2 сати да заборам на се и да се посветам на играњето.

    Имајте убав ден. :hug:
     
    На Divinebutterfly и SexyLady им се допаѓа ова.
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Конечно ми го направија телефонот, цела недела без саглам телефон, човек неможе тетоважата да си ја слика :wasntme: Навлечена сум на How I met your mother :o Не очекував дека ке биде толку интересен, мислев дека е некоја си бледа копија на Пријатели но, му дадов шанса и сватив дека се тука некаде со Пријатели. Еве јавно им се извинувам што почнав толку касно да ги гледам и за казна може Барни да ме посети кога сака ХкМММм :wasntme: :$ . Оваа недела имам колкоквиумска и завршено е со пртпоследниот семетар, само се надевам дека ке помине се во најдобар ред и ке положам се. Почнаа да се прават Новогодишни планови а мене искрено не ми се оди никаде. Дали поради овој ПМС- ов сум вака настроена не знам но се ме нервира и сношти се скаравме со дечко ми. За глупост како и секогаш но му се налутив :@ Знам дека ке се смиреме пак но не ми е јасно зошто без потреба правам тензии?! Ааа, да, ПМС |( А утре можеби ке одам за Струмица да испијам по едно кафе со Наташа, Глувче и Ирена. Би џелос бичес. 8) :rofl:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Не сум доволно патетична.
    Не сум доволно лигава.
    Чувствувам мала грижа на совест бидејќи супер ми е деновиве.
    Почнав да си учам...

    Сфатив дека уште не сум спремна драстично да ја скратам косата, а длабоко во себе сакам.
    Храброст? Па ми треба за многу работи.
    Ама ќе биде еден ден, и тоа годинава :)
    Во меѓувреме, срамежливо ќе се насмевнувам под брк...
     
    На mims-89, crazylady и Nightwalker им се допаѓа ова.
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    What goes around comes back around!
    Тркалото се врти!
    Кармата е кучка!

    И има уште многу вакви фрази кои велат дека лошото ќе им се врати еден ден.
    Но, денес заклучив дека ако не ги ставам моите прстиња во манџата на судбината, таа никогаш нема да ја наплати вистинската цена.
     
    На AnaKarenina и creshicka им се допаѓа ова.
  5. Wytney

    Wytney Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    8
    се осекјам грдо нервозна сум и сите ми се криви се надевам дека кје ми помине ве4ер коа кје испаднам со срценцето :inlove: (редно беше да се среда работите мегју нас :P
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... денес драги луѓе, сум гледала Парламент.
    Нормално, вообичаената порција во денот, мора да се соџвака и дегустира, а после баба ми да бистри политика, да ги колне оние кои го колнат Главниот, зашто нејзе и' е убаво, пензиичката и' рипна, дедичко си се возика вторник и петок, прв е таму на пазарот, уште во 15 до 9, "да не ми се продадат убавите мандарини" :^)
    Абе некој ден сакам да им мавнам по една чврга, ама после жал ми паѓа, многу се изнамачени во животот, од ништо створија нешто, од едно-две, останувам со солзи кога слушам како се земале без ништо (и ова ништо не е метафора, токму е едно големо, реално НИШТО), спиеле на земја, на сламарица, не стигнувало ни за јадење...
    Единствено тогаш заплакувам без перде и срам, зашто и на овие години денеска, имаат да ни дадат, да ни позајмат, да не' пречекаат...
    Се прашувам - кога престанува родителската грижа?
    Баба ми вели - никогаш.
    "Ќе те мислам и на горниот свет."

    Што се однесува до убавината - баба вели :!: дека јас сум најубаво девојче. Ама на нашата улица.
    На други улици - други девојчиња си се најубави.
    Ете ти - скромноќа бабина.
    :D
     
    На Strumfeta93, mims-89, Chocoholic и 10 други им се допаѓа ова.
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Да кажам колку луѓето се оттуѓени, да кажам колку луѓето живеат во свет на Фејсбук и после Фејсбук, нема трето. Или си он, или си офф. Да кажам колку не ги препознавам луѓето со кои некогаш активно сум комуницирала, или да кажам колку луѓето всушност биле такви и за време на нашето дружење, пред, и после нормално. Да кажам ли дека гледам завист околу мене, љубомора, чак и омраза.
    Да кажам дека сакам многу љубов околу мене, сакам никој никого да не мрази, сакам никој да не ми прави лице и да ме оговара зад грб, сакам луѓето да бидат искрени еден со друг, сакам искреност мајку му стара. И С К Р Е Н О С Т !!! Збор кој го опишува мојот идентитет, а нигде не го гледам...


    Во Новата Година сакам СЕ. Уствари нејќам ништо. Зошто никогаш ништо не зависи од Дедо Мраз во животот, никогаш и не важело. Да кажам дека сакам повеќе пари, што дека. И наредната година ќе ме храни и облекува еден човек, а друг ќе се туфка како нема работа. Третиот пак, ќе контактира со мене во денот само 5 минути дали и толку. Да кажам дека сакам среќа, што дека ќе кажам. Да кажам дека сакам слога, пак нема да ја најдам. Пак ќе се шушка зад грб кога ќе се поздравам, пак некој ќе те лаже, пак.



    Јас, вечната позитивка и секогаш насмеана веќе ја губам надежта дека ќе биде подобро. Јас секојдневно ги тргам розевите очила и го гледам сивилото околу мене, и не гледам никакви промени. Напротив, се оди надоле. И што ако се радувам на Новата Година, кога пак се ќе биде исто.
    Барем некоја светла точка да се појавеше на патот, барем една ...
     
  8. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    на која страница и да отворам, кај и да се свртам само голи жени, по некоја танга и чат-пат купача.
    сегде само ЦИЦКИ, ЦИЦКИ, ЦИЦКИ!!!!!
    од толку што се е лесно достапно и на маживе ќе им се смучи.
    кај вака бе, порано доживљај било да видат цице а не па да пипнат... одма беља работа :rofl: :rofl:
    сеа тапа . сакам да живеам во некое општество со нормални морални вредности...
    ако постои такво ... :?:
     
    На martinuska, Magnolija, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... повторно ми се враќа вербата во форумов. Мило ми е што некои работи полека си се на своето место ... Мило ми е што со одредени личности и покрај војните и погрешните мисли, искажани лоши зборови и сл., комуникацијата е нај нормална и за почит. Мило ми е што полека се откриваат вистинските вредни за почит лица, а оние другите одат во заборав (таму им е и местото). Мило ми е што мојата теза дека голем дел од работите и луѓето одат по обратно пропорцонални принципи е точна. Мило ми е што колку некој и да сакал да ме орцни, не успеал ... затоа што има паметни и разумни личности кои процениле и знаат која сум. Сакам што постојат реални и стабилни ... полни со разбирање и почит личности на форумов. Сакам затоа што со нив можеш лесно и без резерва да комуницираш. Другите не вредат.
    Сепак на крајот од денот некој си легнува со чиста совест, а некој не.

    Сега одам да пеглам завеси ... со тато ... :wasntme: Да, да ужива да пегла човекот. :!: :D

    Гушки и бацки до вас
     
    На Shelea, marama, Neytiri и 3 други им се допаѓа ова.
  10. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк во последно време ништо не ми оди од рака. Се подреков ли, ме подрекоа ли незнам што е работата.
    Се трудам но трудот не се цени. Се мачам ниту маката не се цени.
    Треба ли сега да бидам незадоволна од себе или од другите? Незнам на кого да ја префрлам вината. Можеби најдобро би било на мене. Ајде ќе погледнам низ прсти.

    Одлучив да внесам некоја позитива во мене.
    Денес си купив карта и наредната недела одам во театар. Има премиера на Парите се отепувачка, па колку пати да сум била, ќе одам пак. Го сакам театарот, ја сакам миризбата во театарот. Го сакам глумењето, и начинот на кој глумците го изведуваат тоа.
    Освен оваа позитива решив викендот да ги наполнам белите дробови од вашето загадено Скопје. Било загадено? Не би рекла. Ако би правеле споредба со некоја друга метропола, јас би рекла Скопје е планински воздух. Не е битно.

    Ви праќам среќа и убавини во деновите кои следат. Ќе ви требаат. Ви кажувам од искуство.
     
    На AnaKarenina, Nightwalker и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Nomen est omen.

    Оваа поговорка означува дека името одговара на субјектот или објектот кој го носи истото. Се сеќавате на експериментот кога неодреденоста (на формата) се барала со истиснување (на волуменот) пред многу време и сега има повторување на историјата. Некако ми се чини дека се удавивме барајќи ја нашата ЕУрека!

    И она што секогаш ме смее е што ние сме во суштина толку радикален народ, што пре би поднеле некој да ни брцне во око, него да ни се меша во став :!: :D !

    Инаку повторно си потврдив дека и покрај фактот што често не сум сфатена правилно, ете и сега кога би споменала што ме воодушевува би добила серија :^) , затоа мудро ќе си премолчам, ама важно интуицијата ми работи перфектно и ги сфаќам на вистински начин (не)луѓето. Една од најтешките борби е секако обезбедувањето факти, без нив се‘ е градење кули од песок во воздух. Секогаш за било што треба тешка артилерија некогаш е тоа базука, некогаш знаење од овој или оној тип, ама има и такви порази кај кои автосаботажата е незибежна и саатот го отчукал правото време... :o: Па, време беше...
     
    На SexyLady и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    11.809
    Пол:
    Женски
    Која е границата на толеранција за незрелоста? Зарем не е веќе срамно да се криеш позади сукњата на мама?
    Тешко е родителот да мора да ја чисти прашината позади тебе која си ја направил од пребрзо возење. Само заради мрзата да ја фатиш метлата во рака.
    Ама и кривицата пак паѓа на родителот, затоа што не те научил како треба во животот. Не те научил кога треба да покажеш храброст.

    На нашава грутка земја ова ми е се почеста појава. Секогаш викам дека тие родители нема да се вечно живи за да те влечат цело време.
    Важно е да научиш да пораснеш сам, без разлика колку е висок татко ти.
     
    На Chocoholic, SexyLady, zhap4e и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    No more words !
    [​IMG]
     
    На mims-89, smooch, SexyLady и 8 други им се допаѓа ова.
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Само 2 милиони луѓе имаа среќа да се родат во Македонија ,останатите имаат се друго! :D

    Тие сме тие среќните :lol:
     
    На SexyLady, zhap4e, x.Daisy.x и 4 други им се допаѓа ова.
  15. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.760
    Мило ми е што се е ок :)) Не сум среќна ама сум задоволна...
    Сега можам да се спремам за одење Скопје на раат ...
    Само се надевам дека нема да има магли :D

    - Времево беше одлично, залосно беше да се остани дома... а го имав тој план :lol:
     
    На Annie.mk1 и Nightwalker им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ако почнам да ги тегнам ушињата на одредени персони, и им давам да дуваат свеќички на торта двапати годишно, дали ќе пораснат побрзо ?! :wasntme:

    Затоа што не е можно да се однесуваш како ДЕРИШТЕ на години кога треба барем на ниво ДЕТИШТЕ да си. :D

    Не е кул кога веќе се декларираш како самостоен и независен, да се однесуваш како попален тинејџер. Мислам, ало, пораснавме луѓе, готово. Сфаќам јас, се сфаќам, и сториите да останеш дете во душа, и се тоа... Под тоа се подразбира да гледаш малку попозитивно на светот, да не сфаќаш се толку трагично и да научиш да се радуваш на малите работи. Радости за дождови, снегови, за сонце, за насмевка и чоколатце, се тоа ценам. Ама тоа не значи дека треба да бидеш дете цело, проклето време! ]:)

    Не бе не, стварно не ги можам. Не е до мене, ама мојата фреквенција вибрира на многу поразлично ниво од половина свет. :|

    И почнувам да се прашувам дали навистина не постојат вечни пријатели и непријатели, ами вечни интереси ?! Затоа што бројот на моите пријатели енормно се зголемува пред колоквиумска недела. :puke:
     
    На Strumfeta93, Chocoholic, sesilija и 6 други им се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    We have Smart phones and Smart Cars. Can we start working on making more Smart people now?

    Туку сдк, мене ако ми се исполни ова што чекам да ми се исполни, сериозно ке размислам да станам верник.
    Знам, звучам како believer with benefits, ама мајке ми, I need it. :|
    Ај ај, ке биде. Мора! :)

    А! Си добив нови Новогодишни украсчиња. Убави, златни, со зеленко и црвенко...абе цел ден ги меркам и мислам кај да ги закачам. Како мало детенце сум за овие работи.
    А утре конечно и елката ке си ја накитам и празничното расположение може да започне. :inlove:

    Може досадно е со сликиве, ама како да не се радува човек на ова? Па детето во мене го буди бре!
    [​IMG]
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК .... жени живнавме на форумов. :) Некако ми беше затаен ... некоја фина енергија проструи тука, ако и требаше. Него сакав да кажам утре едно 40 дена големко бебе ќе не посети. :$ Леле ... едвај чекам да го видам тоа к*ле на тета. :D И ќе го дарувам со паричка за да си купи што побрзо и уште едно братче или сестриче.
     
    На crazylady, zhap4e, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Денес истури дожд, наместо да трчам накај дома, јас играв со него, поминував покрај ниските куќи и нацртав 33 срциња на 33 прозори. Или некој ќе се насмее на нив, или некој ќе ме направи наудрена, јас важно ширев Љубов. :D

    Се мешам со мирис на печена тиква, винцето ми се вари бадемите се спремни. Си се сакам денес.

    Кичмата ми остана во лабарторија, помеѓу илјадници дафнии, кои ме чекаат и утре. Од денес многу го сакам името ЕВА, ама многу. Ме израдува макар било за кратко. Дојде и ми кажа Ирена можеби најдовме и тема за докторат за тебе, а то значи Ирена ќе престане да бара работа оти ќе биде платена врхунски. Ма ја испобакнував, изгушкав, и таа таква- ама мене ни ќерка ми не ме бакнува вака. Ако јас ќе те бакнувам за цел свет, ти само радувај ме..

    Рипкам, како мало дете на дожд без чадор..

    Втора шанса дадов, оти не сакам да бидам питка која ќе се разделува преку интернет. Можеби ќе биде поинаку кога ќе го видам во очи, или ќе чука срцево, ил ќе мирува..

    Ах приказна..
     
    На PrinceOfPersia, Strumfeta93, Chocoholic и 15 други им се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денов ми е као какао. :)
    Среда, а јас во петочно расположение.
    Магла, а јас си шетам со цвикерите.

    Денов ми е као какао.
    Густ со обврски, а сладок со успеси.

    Јас сум као дама, он е као фраер
    И сме као пар, као добар пар
    И цел свет е као какао!

    http://www.youtube.com/watch?v=FCCTHZg7Wao
     
    На LittleDevil, teddybear, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.