Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.831
    Црно бел телевизор надвор! Дури и љубичиците на балкон ми се бунат.
    Април, многу си смешен, како да ти речам...

    Но, ок. Денес завршува конкурсот за дизајност на корица за мојата прва книга. Ги сортирам цело утро сите добиени мејлови, сликички и фајлови со секакви примероци и обиди. Среќна сум. Некако имам чувство дека сево ова ќе експлодира во вистинско време, ќе направи конфети радост и тоа ќе биде тоа. Исто, сета енергија вложена во тие стихови, инспирација од немајкаде, од главоболки и радост, од нервоза и младост, сето тоа ќе си се вкоричи во едно мало пакување, што никогаш нема да можам да го заборавам. Мисија, мала но за мене голема. Траг, што би рекла Дани, на едно време, кое мене ме обои, ме состави и ме направи ваква каква што сум. Едвај чекам да ја концептуализираме цела промоција. Соништата, се остваруваат ако навистина добро играш и во реалноста и со нив. Никој не може да сонува место тебе! А и ниту да остварува.

    Вчера пак си го собравме сето другарско емотивно клопче во едно ќоше, залеано со топло нес и бајадери. После 40дневниот помен, и читајќи ги зборовите на драгата моја што ги напишала за мајка си, сфаќаш мали сферични благости. Дека животот е краток, мигновен, дека Марина Абрамович и Улеј и те како пренесоа порака што треба сериозно да се сфати, и дека навистина Уметникот е тука. Да, животот е тука, додека ти трошиш енергија залудно за туѓите недостатоци или болки. Наместо сето тоа, погледни во себе и ископај си го личното богатство. Отсонувај. Ми значат тие кратки потсетувања во денот, кога солзите и смеата се само парче од песната наречена живот.
    Како ќе цениш она што го имаш, ако не видиш како му е на некој што го нема? И нели е поважно да сме еден за друг тука, отколку било што друго?

    Утре е совршена сабота за да се гледаат уметнички фотографии од Јапонија. Сакура цреша, минимализам и техногигантизам. Еве го и линкот, поставката ми се чини ќе трае неколку дена, па слободно искористете си го денот за нешто витално и уметнички вредно:
    http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=503A489D9D64DE47865305E6EA466F52
    За сите мали случувања.
    Ха, дури сега забележав. Сите реченици ми се темпорално подредени. Денес, вчера, утре.
    Така, си се навраќаме секогаш на се’ што е денес или било вчера, но секако знаеме дека утрето никогаш не умира.
    А богами ни добрата мисла.
    Што би рекла водолијана моја = Нек пукну душмани, ама ние ќе се радуваме на секој миг од животот!
    И така би.

    Да, црно бел телевизор, но во душава изгрејсонце.
    http://www.youtube.com/watch?v=S7FlqCaqavE
     
    На Trnche, Peppermint, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  2. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    Немам пишано одамна на форумов. Од сите работи во кој шо можиш да бидиш ВО јас сум во лајна. :rofl: абе тресам глупости. Убо ми е од ко го каснав атлантис чоколадцето. :*
     
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Се надевав дека сабајлево ќе одиме со малечкото на кеј и дека таму ќе се изнатрчаме. Ама многу е тмурно.
    Сакам да го научам да трчаме во ист ритам. Ама се си мислам дека нема да ми успее бидејќи тоа трча како брза срна. Многу е мал ама нозете му се како шпагети долги (како моите и на партнерот). Сите тројца сме си мини, наши, интимни манекени.

    Вчера слушнав дека Винка Саздова годишно одвојува четири месеци, за тоа време се дистанцира од своето семејство и твори богатства. И сето тоа го прави во преубавиот Охрид. :inlove: Така некако се одвива и мојот план само што јас не допуштам да сум далеку од мојот Љубен. Па тој ми е инспирација - тој е мојата Муза :D. Тој и всушност ме тера да пишувам и доколку нема да е покрај мене јас само ќе си пливам во езерото. И воедно чат-пат мора да си ги видам моите родители.

    Мора да станам поактивна. Утре ќе одам да јавам коњ. Дика-дик-так. Во моите мисли!
     
    На kravce, Nefertitii, SEKERLEMA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Сите чекаат сабота за да можат да се изнашетаат, само јас за да дојде изборниов молк.
    Не сте свесни каква тортура ни се изврши дома, што од на врата звонење секој ден,те едните те другите, па и на телефон, амн не ми се верува поупорни луѓе не сум сретнала.
    По 5 пати во ден да ти звони некој за да те анкетира а ти не сакаш.
    И последен пат љубезно ги замолив дека немам време и искрено несакам да одговарам.
    И замислете за 5 минути ми се јавува нејзиниот колега од истата агенција со истите прашање?
    Некои луѓе не заслужуваат љубезност.
    Зарем до толку сте досадни. Озбилно ја претераа веќе.
    Хау фар ис ту фар?
     
    На kravce, JuLleE, sweet-cherry и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    Оваа ми е дефинитивно најомилената тема на форумот. Не само што претставува место каде можам да ја оставам мојата тишина гласно да зборува, но можам да ги чујам и вашите тишини, и на некој начин си сфаќам дека не сум сама. Мило ми е поради тоа. Мило ми е што голем дел од вас носат во себе една уметничка душа која гледа убавина во секој атом. Дури и ако не ја гледа, се обидува да ја пронајде. Да, уметникот е присутен, во контекст на видеото кое што го гледав вчера и на многу начини допре до мене.

    Јас и мојот Улај се разделивме на Кале. Се разделивме засекогаш. Седевме на клупа и го гледавме јарболот со државното знаме како не стивнува од ветрот. Дојдовме заедно таму, но тргнавме секој на своја страна. Не верувам дека некогаш повторно ќе се сретнеме. И да се сретнеме, во тишина ќе си се погледаме, без да дозволиме и очите да ни зборуваат. Кога со некој си кажал и што треба и што не треба, понатаму што и да кажеш е премногу. Така да, тишина.

    Не знам колку добро сум постапила во животот. Не можам да се наречам добар човек, но сум далеку од лош. Не знам дали сум избрала правилно, времето ќе каже, како што ни кажува се друго. Знам дека среќата за која како дете сум ја мечтаела не е таква. Не сум ја добила среќата која што сум ја посакувала. Се трудам се да исправам, скршеното да го поправам, нечистото да го исчистам, но премногу е. Не можам да постигнам да наместам се во совршен ред. Сум станала перфекционист. Откако ќе го наместам креветот не ни седнувам на него затоа што не сакам да го растурам. Тоа мора да е мојот начин да ги пополнам нерамнините во сопствената душа. Терапија... 200 квадрати стан за чистење и збор нема да кажам, само ќе гланцам. Ќе се лечам. Кој знае можеби и ќе ме бидне.

    Само мојата сончувка црта насмевки на мене. Само таа ми создава брчки околу очињата од што премногу се смеам. Моето дијазапамче, така си ја викам. Чудесно е, како сета лутина и гнев, пред нејзе ги снемува. Само таа вистински ме исполнува со среќа. А за се останато, за нерамнините и прашините, за немањето вода секој ден поради дефекти, за недоразбирањата со маж ми, за тоа што тој не се ни обидува да сфати, за тоа што тој не се погодил таква уметничка душа, за тишината во мене, и вревата околу мене, за се што не може да се дезинфицира со раствор оцет-вода 50-50 ... за сето тоа ќе треба многу работа, многу време. Да се откажам, сепак сеуште не можам.
     
    На Trnche, kravce, Springy и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    Ако не те за*бе,или повреди другарка нема кој бе.Од тој што не очекуваш,очекуваш рака да ти дае,таа нож ќе ти забие.Али тоа е,човек на се се навикнува,треба да му дадеш време на времето.А во меѓувреме kill those bitches,they dont diserve to be your friends.
     
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Колку нови форумски ликови има. Не сум ве читала одамна, ептен одамна. :)
    Имате поздравче од мене, за сите. :*
     
    На Glossy-girl, kravce, L-enna и 8 други им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.658
    Пол:
    Женски
    Сдк нешто во врска со раѓањето деца ,како една од причините за стапување на лудиот камен.И со кои се препреки и размислувања се сретнува секој женски створ на Земјава.

    -ако не можеш да имаш деца,тогаш си фалична и си ги упропастила животот на својот маж (една од најголемите глупости и неправдини што сум ги слушнала :( )
    -ако не сакаш да имаш деца -тогаш си себична или мострум!
    -ако имаш вонбрачно дете-си родила копиле,и сега цел свет има право да те нарече курва,и твоето дете има помала вредност од другите деца (од ова експлодирам).
    -ако имаш деца од повеќе партнери-ти си жена која ги лови мажите со деца,а децата ти се јадни.
    -ако имаш едно дете-што си останала со едно(пак си себична)?
    -ако имаш две женски -што не си родила син!
    -ако имаш машко и женско-што не си трето,кај има за две има и за три!
    -ако има три деца-каде со толку деца,дали си нормална?
    -ако имаш четири деца-треба да се стерилизираш!
    -ако усвоиш дете-дали си нормална кој знае чие е детето ,можеби родителите му се наркомани и криминалци?!
    -ако бидеш старател-не си ти наивна, знаеш каде лежат парите!
    Заврти -наврти,никогаш нема на другите да угодиш.Угоди си на себе ,па било која варијанта да ја избереш.
    Ова да не го гледа човек Јанко-јади бурек ,свашта му паѓа на памет.
     
    На Trnche, kravce, antonina и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Hey girls! :*
    Дојдов да ви кажам дека го напуштам форумов, поради одредени личности што овде те следат за секој твој направен чекор па потоа сето тоа, со додаден ''шлаг'' се пренесува на други личности.
    Ќе ве читам, ветувам и ќе ставам :*: на тоа што ми се допаѓа :wasntme: .
    А може и после некое време ќе се вратам..
    Чао, останете со добро. :hug:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Конечно петок.Денешниот тест е преместен за наредната недела,а тоа значи наредната недела 1кг.кафе до мене,шекер и стартуваме цела недела! На моменти депресија ме мава,се карам со него,но имам право бе,тоа знам! Денес повторно насмевката беше дел од нашите лица,а вечерва уште поголема насмевка дека ке се видиме по две недели.
    Имајте убав ден,убав виденд :*

    П.С Фемина благодарам за твоето постоење!
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847

    Зарем сеуште постојат толку прости луѓе со вакви размислувања? Ќе почнат ли некогаш луѓево да си гледаат за себе, или кај нив е се под конец? Мхм, сигурно!


    Него јас не можам да разберам девојки што не се депилираат во зима. -Не се гледало. :^) Јаааа мајката, па нели сака дечко ти да фати мазно раче/ноџе (за интима се подразбира), да не се осеќа како да треба косилица да земе. Или исто во зима, несредни нокти на нозете, само натни ги чорапите и завршена работа. :tmi: Абре девојки, не е лично за око! Не треба да закажувате третан на педикир, сами за 10 минути можете да се средите и да изгледате убаво.
    Се повеќе гледам посредени и попедантни машки отколку женски. :|

    Во контекст на муабетов (превземено од фб):
    Кога ќе помине зимата па девојките одат на депилација

    [​IMG]
     
    На Serafima, kravce, antonina и 13 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.658
    Пол:
    Женски
    Има секакви луѓе,и баш сешто имам слушнато и на своја и на туѓа сметка.
     
    На Ilusionist и Micheleljubov им се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    понекогас се нервираме и расправаме,со или без приЧина :!: ама кога ке дојде некој посериозен проблем е тогас свајкаме сто знаЧи вистински проблем.

    :?: па можеби малце ке ни дојде памет да не се нервираме секогас а? :?:
     
  14. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Господе постојам и јас !!!! Изгледа како да ме имаш заборавено.
    Дојдов до тој степен што почнав да се плашам да побарам на моите 20 ден за кифла.Се плашам затоа што,просто и едноставно тие НЕМААТ да ми дадат.Едвај крај со крај крпиме и тешко живееме.Јас со парите што ке ми ги дадат за на училиште(100 ден. за цела недела,20 ден дневно) и 100 ден за викенд за едно кафе кога ке излезам успевам да заштедам за сите мои основни потреби бидејќи неможам да очекувам од нив,од нивните плати нема ни сметки и за јадење.
    Ахх кому да кажам,кому да се обратам.И на другарките кога ке кажам дека немам не ми веруваат.А како ли да ми веруваат кога едната има баба во Германија,другата има сестра во Авганистан.
    А кого имам јас?? Мајка и татко кои се убиваат од работа и едвај една плата вадат заедно.
    :swear: :swear:
    ТЕешко е многу,туку ај да не ширам и тука негативна енергија,доста беше :hai:
     
  15. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Многу ги мразам разделбите, многу.... Уште сега ми недостигаат децата и тоа многу, каму ли пак во понеделник... Незнам многу празнина чувствувам во себе многу...

    Дојдоа во понеделник така изненадено, неочекувано. Дојде една другарка во одделението и ми вика: "надвор дојдоа Американци" и ја само вака ја погледнав :^) . Па нели 1ви април беше и викам се шегува со нас и не поверував. И кога влезе математика во одделението ни рече дека имаме гости и дека ке бидат тука една недела. И ја конечно да поверувам :D па дури се зачудив малку...После часот отидовме сите на големиот прозорец а тие запознаа да ги прават клупите... Дојде вторник и сите така само зјапавме во нив, ми беше страм да им се приближам. И дојде среда и на физичко сите девојчиња од одделението отидовме кај нив и се запознавме. Потоа не викнаа да одиме да не научат да играме на некој песни. Отидовме и не научија... Посе школо останавме и им помогнавме во работата, потоа игравме одбојка и многу забавно веше. Вчера-четврток завршија со работата, ни ги направија клупите, ни го направиа детското катче и сите легнаа на тревата да се сончаат, тие многу го сакаат сонцето. Некако тажно се осекав вчера дека денес ке треба да си заминат. И ете дојде тој проклет ден денес ;( . На трети час отидовме на проба од хорот, пеевме и се спремавме за настапот. И дојде часот кога требаше со настап да ги испратиме и отидовме да пееме пред училиштето. Сите се наредивме и почнавме да пееме, сите околу нас плачеја бидејки несакаа да се разделат. Јас едвај се воздржав да не заплакам бидејки неможев да издржам. Кога испејавме јас почнав да плача и цело време си ја гушкав Лаура бидејки најмногу си ја сакам :inlove: . Таа е од Америка ама живее во Германија и станавме многу добри пријателки. Таа е најдобрата лчност која што некогаш сум ја запознала во мојот живот. Им дадов на сите едно писмо и таа кога го прочита почна да плаче и ме прегрна силно. И јас со неја почнав да плечам и цел пат, од училиштето одевме прегрнрни :) . И кога миселвме дека е крај дека мора да се разделиме таа ме прегрна и кажа дека никогаш нема да ме заборави, и јас и го реков истото и и реков дека многу ке ми фали ;( . Дојдоа сите деца што беја дојдени од Америка, на плоштад се направи една забава за да се испратиме и Лаура ме прегрна и отиде кај сите нејзини другар. Почнаа да пејат а ние плачевме мноогу. Во тие три дена колку се дружавме, а само два дена зјапав во нив :D . Навистина беше многу жално. Потоа дојдоа и дојде Хери и ме прегрна и ме бакна во образ и ми рече дека ке ме најде на фб и дека писмото било преубаво ^_^ . Потоа дојдоа сите други, ги прегрнав се сликавме и на крај дојде Лаура плачејки ме прегрна и ми кажа да не плачам, дека никогаш нема да ме заборави, дека ке контактираме преку фб и дека пак ке се врателе ;( . Почнав да плачам многу, бидејки многу ми е тешко. Таа ме тешеше, потоа се сликав и со неа и ми ги даде нејните очила за спомен... Потоа заврна и моравме да си одиме, ја баканв и ја прегрнав најсилно што можам и и реков дека многу ја сакам и таа мене исто. И си заминавме, цел пат до дома плачев и уште плачам. Неможам да се помирам со тоа што ке си одат неможам. Еве го текстот кој им го напишав, само на нив им го напишав на англиски:

    Здраво јас сум Катерина, можеби немавме многу време повеке да се запознаеме еве сега ке кажам нешто повеке за мене. Имам 12 години, имам една мала сестра која има 5год, 7мо одделение сум и учам во ова училиште. Моето хоби е пеење и танцување. Обожавам да пејам и одам на училишниот хор, а танцувам од мала и кога имав четири години отидов на натпревар за танцување и освоив прво место. Од тогаш почнав да танцувам и да вежбам секој ден, и сум била на многу натпревари за танцување. Неколкумина од вас ме научија да танцувам и на нови песни. Моите омилени прјачи се Beyonce, Jessie J, и Justin Bieber. Јас сум belieber девојка и најголем идол во животот ми е Џастин. Тука скоро сите го сакавте и го почитувавте а некој од вас му имаше одено и на концерт. Тренирав одбојка 6год, а сега тренирам тенис веке 2год. Со другарките некогаш играме кошарка и фудбал. Го обожувам фудбалот многу, и навивам за Барселона. Сакам природа, сонце, свеж воздух исто како и вас. Сакам многу да се запознавам и да се дружам со лугето околу мене. Многу сакам еден ден да дојдам во Америка и да прошетам низ сите места, многу ми се допага државата. Мило ми е што се запознавме и што се дружевме во тие пет дена. Навистина сте прекрасни личности и многу забавни. Многу работи научив од вас, и многу сум ви благодарна за тоа. Мило ми е што одбравте да дојдете во нашиот град и во нашето училиште. Ни го разубавивте училишниот двор и тој доби нов сјај. Секогаш кога ке погледнам во него ке се секавам на тие денови што ги поминавме заедно и што се дружевме. Навистина беше многу забавно овие денови, несакам да завршат. Многу мразам разделби но сега ке мораме да се разделиме, и се надевам дека повторно ке дојдете. Дојдовте така ненадејно, потоа се здруживме и станавме добри пријатели. Ви благодариме за се што направивте за нас, никогаш нема да ве заборавам и секогаш ке се секавам на вас. Ми оставивте многу добри впечатоци. Би сакала вечно да се дружиме. И овие пет дена поминаа како два дена. Несакам да се разделиме но мораме. Се надевам дека повторно ке се сретнеме...Се надевам во иднина дека ке контактираме повторно и дека пак ке се вратите. Секогаш кога ке го видам сонцето ке се сетам на вас, бидејки многу го сакавте. Бевте прекрасни личности бидејки поради вас го усовршив и Англискиот јазик и ме натераа многу од вас да го засакам Германскиот. Го мразев Германскиот многу но вие ми дадовте надеж и љубов да почнам да го изучувам, и за тоа сум ви благодарна многу.
    Во понеделник ке ми биде најтешкиот ден во животот. Кога ке погледнам низ прозорецот повеке нема да сте таму, ке нема со кога да се забавуваме, зборуваме, пееме и играме. Многу ке ми недостигате, неможам да си го опишам чувството бидејки многу ми е тешко. Ке одам во дворот и ке седнам на вашите клупи и ке се секавам на се што соработувавме заедно. Засекогаш ке останете во моето срце ве сакам...
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ти должам објаснување за овој дел :) . Значи она што нашиот народ милува да го нарекува судбина, јас го преферирам изразот животен пат, е резултат на тоа како нашиот карактер реагира на општествените случувања. Значи ти како Лилит, со својот карактер, испратена и во САД, ќе одбереш да работиш во Уницеф побргу отколку во некоја компанија која продава оружје, иако вторава нуди 5 пати повисока плата. Од друга страна - Ева (поради твојот никнејм го одбрав опонентов :D ) нема проблем со тоа дека некаде четиринаестгодишници со тие пушки разнесуваат врсници, жени, старци, се‘ додека си ги има своите Шанел парфемчиња, Лобутинки и со маникираните прстиња си куцка на новиот Ајфон 5. Што има да ја допира или засега нешто што се случува далеку од неа. Е, сега не е дека секој од нас, има било какво влијание од аспект на вселената, ама овој свет тука е всушност одраз на кумулативното мнозинство Лилити или Еви и Евите водат за жал. Така да ние луѓето сме и носители и виновници за тоа каков е светот и штом е никаков, тој е рефлексија на самите нас.

    Се согласивме околу тоа дека системот кој постои ќе опстои веројатно уште неколку векови. Единствено би се променил со понапреден и поназаден, ама нема да дозволат светските моќници. Понапредниот би бил она што го сугерира Цајтгајст, бидејќи технолошки сме во состојба да имаме удобна егзистенција, ама нивната донкихотерија дека светот ќе ги алоцира ресурсите за зедничко добро е многу наивна. И на друго поле се‘ големи идеалисти, сметаат дека луѓето ослободени од борба за гола егзистенција, ќе се посветат на креативни активности, јас сметам дека најголем дел, ако се без обврски, ќе застанат да следат високо-едукативни емисии од типот на Големиот Брат :D , толку од креативноста.

    Поназадната варијанта на смена на системот, ако снема нафта, не се решат енергетските и др. проблеми (како недостиг на вода во одредени краеви) би била не да се вратиме во праисторија, ама некаде во доцниот среден век. Тогаш би биле активностите на луѓето повеќе трудоинтензивни. На крајот на краиштата, на луѓето за да опстојат не им требаат таблети, туку - храна. Не случајно ти ги споменав анархистичките комуни. Уште кога се спомнуваат анархисти, луѓето визуелизираат панкери кои фрлаат Молотови на полицајци, ама во комуните во Данска или Мексико, луѓето мирно си егзистираат и се најразлични по било кои човечки карактеристики да ги разгледуваш. Не сум анархист, да се разбереме, знам дека им се замеруваат доста нешта и точно знам и кои, ама битна е пораката која ја испратија на светот, му покажаа среден прст на системот и дека е можно да опстоиш надвор од него. Бидејќи една од најмоќните алатки на системот е да не убедува во нашата зависност од него по секоја цена и да ни креира нови потреби, кои наводно само тој ќе ни ги задоволи.

    Околу делот со моралот, мислам дека светот денес пати од тоа што ја нема основната моралност, онаа поради самата моралност, ќе објаснам. Сите сметаат дека разликуваат добро од зло, ама во примената потфрлаат. Луѓето за да не направат одредени зла или гнасотилаци, се плашат од казната, дали од затвор или Божјата (ако се верници), а не е одразот на делото врз нивната совест. Ваквата изнудена моралност, демек не правам зло да не си го нарушам обезбеденото место во рајот, е лизгав терен, бидејќи наоѓа начини да се убеди себеси во исправноста или заобиколувањето - може нема да ме фатат, откријат и сл. Голем дел луѓе се подли и подмолни, бидејќи се несовесни, мува не ги лази за постапките дури не бидат тие обелоденети. Овој свет ќе биде подобар кога моралноста поради моралноста ќе завладее, кога нема да се прави лошо бидејќи нема да имаат мир пред својата совест за направеното, ама и ова нема да се случи, поради силата на Евите, поради мнозинството, бидејќи кога екстремнопромискуитетната девојка во конзервативната средина ја третираат како курвиче, нема толкав замав како во средина каде така на големо се постатува и таму таа е либерална, модерна девојка со здрави сексуални апетити и желба за експериментирање. Тоа го направи светот денес, го релативизира моралот, а всушност тоа е најпогубно за човештвото, моралот не смее да се релативизира, она што е добро или лошо само по себе не треба да зависи од околностите, бидејќи има апсолутност во
    себе.

    Така, во светот се најбројни покорни, а подлеци. Да беа само покорни, ама посовесни, подобро место ќе беше. Ако беа пак непокорни подлециве веројатно ќе се испоубиевме сите меѓу себе. Вака, ќе си трпиме и рекреативно ќе си мрчиме што не чини. Којзнае, може и од мрчењето ќе настанат некои промени во нечија свест, бидејќи јас постојано повторувам ние сме генерации кои си го имаме заслужено барем светото право на мрчење :) , со оглед на тоа во каков свет живееме. Дури мрчам, значи имам непоматена свест, ако почне да ми се допаѓа светот, е тогаш - е опасно...
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК....конечно изминува периодот со многу обврски, и пак ќе можам да си бидам тука редовна. :)
     
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Што туку го искусив ова. Дури и ќе реплицирав на еден таков пост - кога: „мислењето не постои“. :tmi:
     
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Благодарна сум му на Бога. Многу е добар со мене. Имам многу работи кои другите ги немаат.

    Првенствено, имам семејство, цело! Не фали никој, дај Боже да е така уште долго време.
    Имам некој што ме сака. Тој некој ме сака безусловно, со сите маани, со се што оди заедно со мене. Кој друг би ме сакал таква?
    Имам кученце кое си го сакам многу мноооогуу, душа моја.
    Не возам bmw, мечка па ич, немам пари секој ден нови штикли и фустани да купувам, ама имам многу повеќе. Здрава сум, жива сум, лична сум :wasntme: Личностите кои ги сакам ме сакаат. Има и такви кои не ме сакаат, ама и јас не ги сакам сите нели.
    Доволно ми е Господе.
    Ти благодарам! :l:
     
    На kate21, Glossy-girl, kravce и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ај бе...ме уништи ПМС! Дефинитивно!
    Ме нервира апсолутно се`
    Им кажувам, кулирајте во ПМС сум, а тие упорно на глава ми се качуваат.
    И провоцираат.
    Разберете луѓе, и арно и лошо, се` ми смета во моментов. Не гледајте да ми угодите.

    Тежок период кај секоја жена, кога сака од сопствената кожа да излезе.
    Мислам крвта ми врие, хормони пукаат на сите страни...
    А, утре ме очекува напорен ден. Кој бара смиреност и толеранција.
    Па и вечерта е резервирана. Нешто што неможе да се одложи. Сите ќе се веселат, а мене ќе ме фати криза...ќе одам во вц, ќе пуштам некоја солза(нели во пмс, се плачи без причина) од толкава напнатост и ќе се вратам да се напијам и опуштам...како ЧОВЕК

    А, толку сакам да се изолирам, и да нема никој околу мене.
    Да бидам сама...па да видам дали сама со себе ќе се испокарам...или само ќе чекам да помине периодов. Оти неподнослив е!
     
    На ljubam, anggell, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.