Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Ми се родија мали мачиња :inlove: 3 :inlove: Црно-бело,цело бело и кафено. :inlove:
    Срцки мали,колку се само слатки... :inlove: Помали од дланка,ама мнооогу се слатки :inlove: :sun:
     
    На pamelche, girl.9, La.Reina.Del.Sur и 10 други им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се чуствувам ко вегетативна билка а сепак насмеана и весела-благодарение на една личност :hug: до него што секогаш успева да ме насмее а тој што ми е сосед како не фака на дело ]:) вчера пред полнок пред мојата зграда а денес после пладне во Центар и низ маало гарант афери ке ми извади срце ја видов со оној :o што зборуваш бе :fubar: а тој и е другарче само :D ама кој да свати :!: па кога е соседов дебил, тоа е-џабе што е магистер воопшто не ми е привлечен-копук невиден а кога ке се сетам дека сама ме пушти да делам фраери по ветришта, да талкам по улици за кој ке гласа а кој не :swear: а зграда до зграда сме и не е тешко на вистински луге да им побараш помош-т.е. да имаш храброст само треба малку повеке да верувам во себе-тоа е тоа, другите девојки не се попаметни од мене :shake:
    со првата личност, ми беше срам па едвај неколку зборчиња кажав ама директно во очи, а со втората личност-прозборев повеке, ама добро подолго време од видување го познавам :)
    сега барем знам пред кого треба да молам и да клечам, ако треба и шаторче да си поставам :rofl: море има сите сили да ги искористам за да дојдам до саканата цел па нека биде што биде :!
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК некогаш ко ќе ме фати некоја нервоза, се осеќам ко на арапски да зборам некому, а не на нашки.... :talk:
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Колку е грдо чувството кога си со бројани пари ,а непознат човек ти бара само десет денари за да купи лек од аптека.Цел ден ме јади јсовеста и го мислам човекот што направи,како не имав вишок како и секогаш ама овај пат ко за беља не беше така :worried: :| .Не можев ни 10 денари да одвојам ејјј и не знаев дали ќе ми стигнат за да го платам тоа што требаше.Ах,тоа е кога сеуште немам работа и дремам дома :worried: .
    Туку друго сакав да кажам за докторите кои што работат со лажна лиценца и медицинските сестри кои што од чистачки само со полагање на еден испит стануваат медицински сестри :^) |( .Зошто се труделе,учеле со години оние кои што се вистински медицински лица,за на крајот да им ја земат работат некои такви? Е токму поради погоре спомнатите се губат човечки животи секој миг. Кога прашувате сестра која е причината за две месечно бебе да повраќа ненормално вели не знам,прејадено е ,не е ништо ај да ја прашам другата,молам????ПА ти треба да знајш,а не другата |(.Е што да кажам повеќе од ова не знам освен дека се случуваат страшни работи.Тоа е за жал реалноста кога не се гледа и цени квалитетот,стручната подготовка и етиката и тие се заменети со тоа каква партиска книшка имаат,кој им е татко,мајка,колку имаат пари за да купат диплома е тоа го гледаат и го ценат :x .За мене не прифатливо,неразбирливо и се мислам до кое дереџе стигнавме.Да му е страв на човек да отиде на болница и да се мисли дали ќе се врати здрав или пак не.
    Инаку јас сум подобра,со нова надеж,морам да сум силна за него пред се,да го бодрам,а нашето кога сме заедно ќе си дојди кога,тогаш.Останете поздравенки и свои :!: :hai: :*
     
    На angelina1, NoellePage, Westlife и 16 други им се допаѓа ова.
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    замисли по цел ден работас низ кујка и се обидувас да заварсис побрзо за да си посветис малце време за себе и некој ти кажува оти си го направила тоа така :tmi: па после он сто цел ден седи на фотејла и кога ке стане кажува леле болна сум се здрвена :D :D тој е да му се смејас арно ама кога ке ти каже за енсто сто си направила неубаво а она цел ден седи зар седи :devil: не да ти пукнат зивци тогас :devil: а бре незнам сто веке :x
     
    На simonka93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Па преку таквото веќе. Само критики и критики за мене сум се здебелила ај кажи еднаш ама секој ден? Јас ако сакам 100 , 200 кила ќе се направам. Доста е.
     
    На anastasijaki и Inhume им се допаѓа ова.
  7. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    4.033
    Пол:
    Женски
    СДК .... среќна сум!!!
    Зошто?
    Има повеќе причини не се нешто многу големи ама сепак се мало напредување во однос на тоа каков период имав предтоа, посотојано нешто црно, негативно ми се случуваше. Е сега подруго е. Помина тромесечјето, успеав ни една оцена да не растурам си ги задржав истите оцени а некоја и поправив па добра сум на тромесечје имам просек точно 4.02. И да најважната е што се одлучив на симпатијата да му напишам едно мало ливче со неколку збора, ќе ви откријам што е кога ќе му го дадам, ама тајно ќе биде тоа. И да утре со него сме на забава охохох цел клас, ќе биде суперрр ;) ;) .
    ]:) ]:) малку сум изнервирана од денешната случка со една школска, како што се вели од контакт ме извади,, а нај се нервирам што не и кажав и останав должна, ама важно е дека сите ја открија каква еее.
    Бидете ми поздравени и имајте убав викенд :hai:
     
  8. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    И пак сум ставена во ситуација која ми предизвикува горчина во стомакот. Денес е петок а јас планирав да останам дома. И денеска една школска ме праша дали ќе одам на една забава која се организира тука. Јас и реков незнам бидејќи несакав да објаснувам дека не ми се излева со моите другарки бидејќи се однесуваат како идиоти. И таа, девојка со која прозобрувам само по некој збор (не сум претерано социјална личност, барем не сега во средно поради што ми се случуваше во минатото-ме третираа како стапка) ми вика ами намини. Ме остави зачудена, бидејќи ми се излегува ама не со овие моите. И сега незнам што да правам. Изгледа ќе се направам болна и ќе седам дома и ќе гледам филм.
    Патем овие месеци забушавав ама решив овој месец тоа да не го работам. И добро ми оди овие денови, малце тешко бидејќи многу тешко создавам нови навики ама ете сакам овој живот да ми биде новата навика. Посакајте ми среќа.
     
  9. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Многу сме станати ситничари сите, се нервираме и стресуваме за се и сешто, а сето тоа си го прави своето и ондак наеднаш оп!!!...ќе си го земе делот. Е така ти е...

    Друго, примеќам и ме изненадува што луѓето, посебно мојата и помладите генерации многу селективно примаат информации.
    Го прифаќаат само она што се согласува со нивните мислења и верувања. И после немало да имаме униформирано и омогенизирано општество! Ма каде бре..

    Не ни помислуваат да прочитаат или слушнат што лошо се случува во светот, дури можеби и од различни извори оти од кај знаеш, кој во што сака да те убеди.
    Ама ете, убаво им е така, среќни се. Дезинформирани (во голем број од случаите ) ама среќни бе.

    Викам лошо оти, не е се рејнбоус и јуникорнс како што викаат американците. А ако го знаеш лошото, ќе знаеш да го цениш доброто.
    Нема ништо помпшно од информацијата, а жално е колку млади луѓе се тотално неинформирани и празни.
     
    На kravce и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Кога се зачленив на овој форум имав толку многу проблемиза кои мислев дека нема никогаш да ги надминам,но благодарение на феминава успеав...се беше некако поинаку.Во последно време има препукување или нај јако ми беше она и пракам ЛП на една феминка со СРЕЌЕН РОДЕНДЕН и тоа по моја грешка а типкава ми пишува
    :fubar: Што повеќе да кажам простотилак :!: :lol: ...Многу би форумов пак да биде онаков каков што беше без препукување и навреди.Знам дека има и мене кои не ме поднесуваат но не се замарам со нив бидејки тоа е нивно право и не ми е грижа баш воопшто.Само сакам да биде форумов онаков ко што беше... толку од мене имајте убав викенд и се надевам дека се ке биде ОК
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК нема ништоо полошоо од настинкаа.. :@
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Па има, на пример рак или некоја исто смртоносна болест... ;)

    Уф, утре денот само да помине па да здивнам малку, редно е. Денеска ми останаа уште ритуалите за "разубавување" што кај мене подразбира бањање, чупање и уште некои ситни хигиенски работи. Доста е толку, па да не се претерува. :lol: Природно си е природно. 100 посто. :)
    И во понеделник да помине се како што треба и ништо повеќе не барам, ќе си бидам мирна. :!:
     
    На CoverGirl10, Monna.Monna, anuskaNESTLE и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Vladus

    Vladus Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    121
    Дека Диоген бил во право кога барал луѓе со фенер на сред бел ден :) :) :)
     
    На kate21, Trnche, prettyliar и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас сум личност која премногу се двоуми кога треба да избере помеѓу две работи на пример, и од толку двоумење на крај ќе го одберам погрешното.
    Тоа се случува најчесто кога решавам колоквиум/испит. Се мислам, се мислам, се мислам, помеѓу две работи бајааааги време и на крај го бирам погрешното...
    Облека- се мислам, се мислам, се мислам, и откако ќе одберам една од работите, ќе одам дома, ќе се облечам и веднаш си велам Ах требеше другата блузичка/фармерки/штикли...
    Експерт...
     
    На Roxanne, CoverGirl10, Ilusionist и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    ...А јас одам да го гушкам, да го гмечам, да го задавам (ова не буквално :lol: ), мојот А. ! :inlove:
    Се спремив, се дотерав, се нашминкав, да бидам уште поубава за него и одам да го видам! Овие две недели беа подолги од кога и да било...

    Денес цел ден сум, што би рекол тој, љубовно расположена. :l:
    Треперам...
     
    На kate21, kravce, Libera и 8 други им се допаѓа ова.
  16. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Денот, како и претходните неколку, сум во прелошо издание, јас сум буквално разочарана од сама себе.
    Незнам дали е до мене, мислам дека сите ние сме се нашле во ваква ситуација...
    Несакајќи, случајно го повредив премногу дечко ми, кажав некои работи кои се знаат и се јасни како утринската зора, а кои не требаа да се кажат на глас, посебно не јас да ги кажам, и не на тој начин.
    Неколку денови по ред, немам мир, немам сон, немам желба за јадење, сум буквално како дух, кој откако сам ќе остане тоне во беда и проколнување на самата себе и тонејќи во моите солзи кисели, како и злобните, кисели зборови кои ги кажав.
    Проклета да сум, некогаш кога сум нервозна, знам да кажам нешто нешто што не треба, ама ова дефинитивно никогаш не требаше, проклета да сум милион пати.... Да не се колнам како некоја голема грешница, но јас ова не го мислев и во овој момент десната рака би ја стала во оган дека жалам со цело мое срце и цела моја душа од гомна која беше пред некој ден, како да не бев тоа јас, како да некој демон влегол во мене и ги пушти тие отровни зборови...
    Немам сон, не можам, спиеше тој до мене, го гушкам, и во сон, раката со сила ја отфрла, а јас повторно тонам во грешните солзи и се колнам по цела ноќ...
    Како можам да повредам така некој кој го сакам повеќе од се на овој свет..... Како можев, како можев, не можам никако да си објаснам, не можам да вреснам толку силно и не можам да си олеснам ни со плачење ни со ништо...
    Тој никако не попушта, се оддалечи, и мислам дека најпаметно што направив овие денови е што денес си дојдив дома...
    И дома не можам да се смирам, мајка уште по мобилен по позна каква сум, и уште тогаш и го објаснив проблемот, тоа е што е, времето не се враќа назад, но јас немам шанса да се извинам најдлабоко и со мојот никаков плачлив глас да кажам се што тука напишав...
    Немам шанса, а и заслужив да немам, Господ е сведок дека заслужив а и тоа ме докрајчува потполно.

    Незнам што ми се случи во тој момент, незнам, и се молам само да се слушнам со него, и да можам искрено да се извинам, бар така малку, најмалку знам ќе ми олесне...
    А си дојдив, на него му оставам простор, да се олади малку, ако е возможно.

    Седам сама во мојата соба, која ме смирува и делува толку позитивно на мене, ама сега се околу мене ми е мрачно и смрдливо, самата на себеси си смрдам и не можам да се поднесам, ми се иде да избегам од самата себеси...

    Верувам дека не секој сака да слуша дополнително за моево каење и грешка, па сакам само да додам, и на момент да зборувам и пишам за нешто друго.
    Денеска од 9 до 14:30 бевме преку факултет во МВР.
    Јас сум фасцинирана, пријатно изненадена и презадоволна од секој можен вработен таму, и на каков начин зборуваа со нас, и ни објаснуваа се и сешто, носејќи не од лабораторија во лабораторија, зборуајќи со сите инспектори и овластени лица, вештаци и се што се најде во таа зграда овој ден.
    Лица кои ги гледаме секој ден на вести, кои зборуваат за тешките случаи, за нови траги, за разрешување на случаите со дадените имиња како Пајажина, Детонатор, и убиствата што се случија последнава година, денес со нас беа добри 5 и пол часа, и на таков интересен и креативен начин ни пристапија, и нашето внимание беше сконцентрирано на нив, потполно.
    На моменти таму заборавав што се случи и имав неколку искрени насмевки на мене.

    Од секогаш сум се гадела и сум го презирала чувството на вина и каење, од секогаш!!!
    Јас сум човек кој е искрен, кој сака и кој дава максимум, ама пред некој ден, јас не бев јас, незнам што ми се случи, и сега би дала апсолутно се, да бар половина од винава која ми тежи на душа и ме отепува да ја снема.

    И Хипстер, фала мила моја, и ти си ми една од светлите точки овој ден :hug:

    Ја слушам песната и се одјавувам со неа, се надевам дека ќе се слушнам со него сега, да можам бар да се извинам, само тоа, само една минута ми треба, после нека оде се по ѓаволите...иако веќе и е.
    Имајте пријатна ноќ, јас мојава ја започнувам со серија и цеден сок, надевајќи се дека сонот полесно ќе дојде.

    http://www.youtube.com/watch?v=O3Nz-bIV04g
     
    На bittersweet, Moira, Roxanne и 12 други им се допаѓа ова.
  17. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    http://www.youtube.com/watch?v=3wazDORAxjw

    срцка е мачево :) ме расположи.
    И ми го поправи цел ден. Не дека имав лош ден, но секогаш е добро пред легнување да се погледне некој позитив, нешто што ќе ти го направи цел ден уште подобар :)
     
    На Someonespecial, antonina, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Не знам што е тоа што е во мене веќе неколку дена, ама знам дека ќе го победам.

    Знаете, од едната страна сум јас, Дузичка, насмеана, среќна, искрено среќна без никаква посериозна причина за грижа. Семејството ми е просечно, имаме и добри и лоши периоди, ама се тука за мене. Имам најпрекрасен човек на целиот свет, човек кој кога ќе ми текне дека ќе бидам физички разделена три месеца ми идат солзи уште од сега, тој ми вика да не сум го фалела толку, да не ми го зела некоја. :D Мој си е, себично си го чувам, мој си е. Имам прекрасно друштво околу мене, ми го разубавуваат денот, кафето со нив е милион пати послатко, има смеи и зезања и се' што може еден млад човек да посака. Разумно девојче, со мозок бре, вклучен ми е, жими мене ми е вклучен цело време. Ако не ми беше, тек тогаш ќе беше полошо.

    И дали дојде време, кога конечно се препуштив и се ослободив од сите стравови и беснила и демони, телото физички си реагира на сето тоа собирано во него. А мајко моја, собирано е со години и години и години, свесна сум, болно свесна сум за тоа.

    Така иде другата страна во мене, тоа што прво почна пред неколку дена, како мала болка, како задевање и поттурнување во градите, да дојде до степен да не можам да се смирам деновиве. Реагирам на најмала ситница, не знам што ми е. Те тресе, те притиска, ти се мати во разумот, ти иде да вриштиш и само сакаш да те гушне некој... За по некое време да помине, и да ти остане тапа болка внатре, потсетување дека нешто тлее внатре. И тоа ми вика барај помош, барај помош, разумна си, свесна си дека имаш проблем, те молам барај помош. :(

    Ги спобудалев сите околу мене од грижи. Срцето ми се пара кога го гледам како ме гледаше, ми се крши внатре нешто во душичката, не сакам да се секира за мене. Заслужува да бидам најсреќниот човек покрај него, да го направам него најсреќен како што тој ме прави мене, да го бодрам и гушкам и бакнувам и сакам најмногу на свет. Не заслужува несигурно детиште кое почнува да се тресе без разумна причина. Се плашам да не си го избуткам и него, пробувам да се стабилизирам и да се насмевнам, само за него и за сите убави моменти. Баба ми и дедо ми, моите, пробуваат, ми зборуваат, сето тоа јас го знам... Другите ми ѕвонат, прашуваат, што ми е, како сум, кога ќе ме видат? А како да му кажеш на некој што ти е, кога ни ти самиот не знаеш?

    Ќе барам, помош, да. Прво за мене. Дали е ова д прајс ту пеј за сите глупости и неубави работи од порано? Нема да дозволам, не во најубавите години и најубавиот период. Не додека ми работи мозокот, ни случајно. Затоа што нема да се удавам сега кога е мирно морето. Сум преживеала бранчиња, бранови, морски бури, циклони, ветришта, цунамија... Дека ќе се удавам од грч на нога, нема.

    Ете така да знаете. :!:
     
    На bittersweet, Bozica1980, eli25 и 22 други им се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    17.251
    Стварно браво за тие, чиј што најголем успех е тоа што фрлиле мачка од петти или што мавале куче со камења.
    Па, јас незнам дали поголем успех од тој воопшто има.

    Ќе си останам јас ’глупа’ т.е. несебично ќе го делам оброкот со гладно куче, ќе ги потрошам последните 10 денари во мене ќе купам лепче за некое гладно животинче, не ми смета.
    Подобо да бидам вака ’глупа’, отколку ’паметна’ како нив.
     
    На angelina1, Someonespecial, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.831
    Петок, пред 12, јас завалена на фотеља, со чај од липа и мирисам некои нови мигови.

    Ми го објавија критичкиот есеј во Репер.

    Почнува нова ера во моето пишување.

    Уживајте.

    http://reper.net.mk/nova-ezoterija-ili- ... -postoenje
     
    На angelina1, Moira, ines.h и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.