[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    СДК дека доолго време ве читам,а сега и се регистрирав на форумов... :)
    Се надевам дека ќе се дружиме..
     
    На Glossy-girl, Someonespecial, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    5.893
    Вечерва во вис. Опуштено со Нора.
    Петок морално е да се искочи. Да, али до автобуска на по една кифла со виршла.
    Позади зграда ги уништувам инвестициите. Да биле поквалитетни ќе издржеле дете од 60 и ситно.
    Идеме у провод. Бегам и од парк. Таму ќе треба да се соочам, а не сум спремна сеуште.
    Стара чаршија, да го осетиш прво убаво мирисот на скара, да се измориш, да ги преброиш сите сокачиња и кај Дестан. Фино, со кромид. Многу кромид и топло лепче. Буковка од комшии.
    Префинето дури.
    Пари нема, дома пешки.
    Се до наредна частенка.
     
    На Moira, Domino, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    А толку малку треба за среќа знаеш,
    ноќ полна месечина двајца вљубени топла соба чај и мнгу бакнежи.
    Проста среќа
    еден ти една јас

    знаат оние кои се среќни.
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    „ Маче во кој месен комитет искачаш? “

    Ама она ооооозбилно еј, претеризам е ова бе! Луѓево више во кафичи не моеш да ги најдеш, све кафињата по штабови ги пијат!
     
    На Miss.Ricci, Someonespecial, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  5. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Јас би сакала да му кажам ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ на Бога што им помогна на моите да преживеат а мене и брат ми не не остави сираци, фала ти Господе!
     
    На Moira, tweety26, Annie.mk1 и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Јас сум ви луѓе еден заљубеник во ретрото.
    Толку го сакам тој стил...толку слобода дава.
    Самоувереност, елеганција, достоинство.

    Таа атмосфера ме опушта и ми дава некоја сигурност.
    И, плус тој ретро стил на облекување СТРАШНО го почитувам.
    Ретко кој го претпочита...се плашат да не бидат критикувани или исмејувани. Оти знаеме колку околинава ни пати од комплекси.
    Но, познавам неколку такви личности. И мило ми е.
    Кога сум со нив, како да ставам на себе ''ретро'' наочари и живеам во тоа време.
    Така, си летам јас малку со мислите, во ова касно доба.... :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=CH3rx8LhrQo

    И, сакам да доживеам некоја ретро љубовна приказна...во долго розево фустанче, ме брка на игранка, па скришно се гледаме, дека не е дозволена љубовта. Па тој адреналин, страст...
    Долга прошетка по ливада. Разбушавени коси и по некој цвет заплеткан во нив. Priceless!
     
    На Moira, tweety26, Hopeful и 8 други им се допаѓа ова.
  7. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    687
    Дека ми должиш најмалку 1000-ка за гориво.
    Заради тебе едно 100 пати го утнувам патот...не вртам на семафори , вртам кога не треба...кружам како оса по градот со пуштено ЦД и во главата еден куп мисли , од оние што ни сама на себе не се за кажување...
    Пролет ли е , полет ли е...кој ќе ти знае , ама чувството е мх, мх, мх.....
    И само знам дека НЕ , ни под разно не сакам да престане, па што сакаш мисли си.
    А знам и ти „мустро“ една што си мислиш, а мислиш јас не ни помислувам. :*
    Епа , види, знам и супер ми е ..... :inlove:
     
  8. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    По дифолт на туѓи родендени си поминувам поубаво :D :?:
     
  9. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Денес расчистувам со еден дел од моето минато, од моето детство, од моите спомени. Мојата прва, детска љубов, подоцна и најдобриот другар.

    Ја гледам неговата слика, но не го препознавам. Ги знам неговите очи, неговиот поглед. Знам дека кога ќе седне пред фотоапарат се кочи, му се познава во аглите на насмевката. Ретко ги знае тие мали работи за него, треба човека да го сакаш за да обрнеш толку внимание.

    А тој, кој ме познаваше како што самата себе не се познавам, за мене одамна не знае ништо.

    Можам да ви раскажам каков му бил денот - само две секунди да го сретнам, избегнувајќи го неговиот поглед, а тој можеби не го памети ни моето име. Или не сака да се сети.

    Пробав се што знаев, секоја своја храброст и слабост. Изгледа само ќе минуваме еден покрај друг како странци.

    Го сакав од сенка, отстрана, предоцна... Тој мене невешто, неусетно.

    Попусто.
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Тошо Малерот ми е прв братучед. Кога е убаво времето - никој жив не те е*е три посто.
    Утре 19 степени, а? Заеби (помина полноќ, не мора да се цензурирам), ќе си извадам еден стол на тераса и ќе им мавтам на соседиве од кулава од спротива.
    :hai:
     
    На Ilusionist, kravce и julie77 им се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Инспирирана сум за Сакам Да Кажам дека не размислувам сеуште за брак и свадба, но бидејќи живеам со партнерот и вчера читав малку во темата Брак:

    Не е лесен брачниот живот на Балканот или пак оној кој би требало да се води на балкански начин. :D
    Какви ситници постојат кои можат да ви ги спојат жичките. Уште од старт проблеми.
    Јас до пред година дена незнаев дека според некое правило свадбата мора да ја платат родителите на младенците. Јас кога ќе слушнев за таков гест си мислев дека родителите биле фини луѓе и сакале да помогнат. Ама тоа според некоја традиција да ти било така. И искрено мене не ми се допаѓа тоа. Мислам што ако моите неможат да си дозволат такви трошоци?! А јас си имам заштедено?! Ќе ги мачам ли со додатни трошкови?! За мене правилно е младенците сами да си платат ако се решиле за свадба. И правилно е да не им се меша никој додека се планира свадбата. Може сугестии, но да остане само на тоа.

    Или зашто секогаш мора да постојат препреки меѓу снаата и свекрвата?! Еве дечко ми искрено нема кажано ништо за моите родители, а признавам јас сум му кажала по нешто :$ за неговите. Јас мислам дека ние жените си ги правиме проблемите. Стари или млади, без разлика жени си се жени. Манџики. Дотолку на мојот не му пречи ништо кај моите, а мене почнаа да ми пречат некои работи. Зашто свекрвите не си ги остават синовите да живеат како сакаат и како ќе си одлучат? Ете нека сфатат дека не се единствените жени во нивниот живот. Треба да им е убаво на срцето кога ќе видат како некоја жена го прави нивното дете среќно.

    Јас сега одам на викенд и ако повторно врне кал ќе си го потврдам баксузот кој го носам во себе.
    Ви посакувам љубовен викенд.
     
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Вчера се колнев дека саботното утро ќе го искористам за подолг сон. Ролетната крената до плафон, прозорецот свртен кон исток, сонцето ја докажува својата моќ пред дождливите недели, силен звук на косилки за трева, мирис на трева помешан со мирис на кафе од кујната, мажето станало за на работа...
    Сонував сон, чиста крв црвена, варено јајце, а жолтката во облик на машки полов орган.Велат трудниците почесто сонуваат еротски соништа, но ова беше нешто сосема поинакво, ова беше како блиц-сцена на Хичкок.
    Не смеам да се опуштам и да се радувам на убавината на денешниов ден, за утре најавија силно невреме. Деновиве имав впечаток дека живеам во Лондон, па во еден момент се пошегував дека и не е лоша идејата да почнеме да ковеме една арка, како онаа на дедо Ное - поројните дождови не знаат за милост, ќе се случи уште еден потоп ако продолжи вака.
    Креативноста на мојот ум беше во заложништво на својата сенка, впрочем и јас не можам да творам кога таа е несреќна. Мајчинскиот инстинкт ми стана уште посилен, чудна природа, ми се изостри како фотографија во највисока резолуција, насетувам и гледам промени кај малечката, како полека се трансформира од пргаво и темпераментно дете во девојче со елегантни потези, нежна кожа со боја на слонова коска, посмирена, повисока,поразбрана, Боже, па таа расне и се оформува како своја личност, а како времето изминува, се повеќе и повеќе неприметно се измолкнува од мојата закрила и станува индивидуа сама за себе. Не се плашам, чувствувам некакво непријатно чувство на радост помешано со адитиви од милион емоции кои веднаш ја менуваат брзината на ритамот на срцето, а во стомачната празнина не чувствувам повеќе грч, туку нежно треперење на крилца од пеперутка, новиот живот создаден во мене ме потсетува дека расне и станува човек.
    Впрочем пролет е...време на растење...
     
    На slavica999, bittersweet, Moira и 20 други им се допаѓа ова.
  13. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Еве го пијам утринското кафе, нема ништо поубаво од тоа да се начека саботата уште од 9 сабајле, па цел ден натенане да си ја терам. :D
    :coffee:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Тренд стана на форумов да немаш аватар м? :emo:
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.748
    Пол:
    Женски
    Смислата на животот е љубовта.Ако наидете на ваков знак по патот на животот само продолжете понатаму!
    [​IMG]
     
    На Moira, tweety26, Shelea и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    На диета во ПМС - работава сам се лажам сам си верувам .
    Каква диета кога незнам попрво што да ставам во уста благо солено кисело ,комбинации од двете ,трите или сите одеднаш.
    Денов имав куп обврски ,оддамна требаше да бидам замината ама решив да си поспијам ,и да одложам барем нешто.
    Вчера сосема рандом личност ми укажа на некои работи за кои се думам оддамна ,така е во право е ,но...
    ЉУБОВТА Е ВИША СИЛА .Цврсто стојам зад тоа.

    како што кажа Луничка всушност тоа е смислата на животот.Ке да е некоја коинциденција ова со знаков .
    Можеби да ,можеби не ... Кој знае :wasntme:
     
    На Shelea, Trnche, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Многу убаво сончево утро.Јас така рано си земав си пешачев и се изндишав чист воздух :$ Ептен убаво ми дојде.Ја обожавам пролета воедно и месецов.Ма сакам се :D
     
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    СДК
    http://www.youtube.com/watch?v=LLub8uIo1nE
    http://www.youtube.com/watch?v=812HHetzbe4
    http://www.youtube.com/watch?v=8nh931yRQIM
    и сите слични денсинг песни :wasntme:
    Ако има камери во канцеларијава, барем се надевам дека ќе им се допаднат моите Мајкл Џексон и Дерек Хоф потези со мали примеси на мистер Мијаги :wasntme:
    Зграпчете го денот (облечени, оние од Вест нека го зграпчуваат голи). Јас и така денес сум заробена овде до доцна :tmi: Само мецана дома ќе ме жали, оти не сум таму да си играме. Иначе моја мецана дефинитивно повеќе не е куче. Научила финти па дури и се преправа за да ја мазиш и и посветуваш внимание. Кога ќе се сетам дека во јануари 5дена дома досадно ми беше, па по своја волја дојдов на работа :tmi: дајте ми ги сега тие 5 дена, пролет е за мене. :geek:
     
    На Moira, tweety26, JuLleE и 13 други им се допаѓа ова.
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Денес станав полна со живот !
    Го видов времето надвор-милина.Читам порака од другарка дека едвај чека да ме види..
    Сега си направив појадок и после ќе одам да си купам колор шампон.

    Денеска би требало да биде убав ден ! :)
     
    На Elennaa, teddybear, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ах што си ги сакам саботите. Си станав сабајлево порано, топличко, оган немора да се пали. Си гледав Симпсонови, си слегов доле, сакав да правам топло чоколадо. Отиде мајка по леб и купила пудинг :rofl:
    Се изнервирав. Се нервирам за јадење. Таква сум си. Кога не е вкусно јадењето цел ден ми е наопаку. Ама кога е вкусно, мислам светот можам да го освојам. Е арно, испадна пудингот џоа водичка, додека беше топол вкусне беше, ама сега вака... Ама ако, убаво ми е така да си уживам и одмарам.
    Си слушам музика, моментално Бон Џови Олвејс 8) Си го пијам „топлото чоколадо“ и си читкам по форумов. После ќе ги средиме цвеќињата со мајка, ќе се избањам и може да се шетнеме со другачкиве. Прекрасно е времето, си го отворив прозорот, комшиите викаат, птиците си пеат. Абе убаини! Убава сабота, убав доручек, две шољи пудинг или топло чоколадо доста ми се :D
    Утрото по денот се познава, или обратно беше :D
    Денот по утрото се познава!
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.