Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Се чувствувам ужасно, тешко ми е.. ми се плачи.. немам на кого да му се олеснам, никој не ме сваќа сериозно... сите ми делат памет прави вака, прави така а не знаат колку е тешко тоа.. како да се само обични зборови.
    Направив грешка, ужасна грешка... ама пак, од друга страна тоа ми беше и желба... а сега не знам зошто се чувствувам толку мизерно, ужасно... ми се вриска, ми се плачи.. се чувствувам засрамено, виновно.. како да излегувам од контрола. Малце претерав со пиењето знам... ама повеќе другите ме прават да се чувствувам по засрамено, преувеличуваат и ми паѓа уште потешко.
    Што да правам, како да се спасам од ова грозно чувство, како да заборавам... оф Господе ти помогни ми ;(
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Глупава сабота.
    Во друга прилика, ќе бев многу среќна што сум сама дома.
    Ама сега не сум...зошто моите се на погреб.
    Кај мојата прабаба.А јас, слабак невиден, не отидов.Си се срамам сама од себе, а и татко ми гледам...
    Не можам луѓе, нема да можам да спијам, таму нема да можам да издржам...Толкава крава сум, а упорно бегам од сите пострашни проблеми и си се кријам во златното ѕвоно.Не е дека така ме воспитале, таква сум станала...
    Мојата баба, беше најизмачената ама и најхрабрата жена што постои.
    Во своите најмлади години, го изгубила својот сакан во војна.Потоа се мачела, работела сама за да ги израсне своите сина.Ги израснала, доживеала внуци, а потоа го надживеа и едниот син.Можете ли да замислите колкава е болката детето да умре пред тебе?И од тогаш, се тргна надолу...
    Хероина беше, жена со карактер...
    А јас не отидов да ја испратам? Каков човек сум, не ми се верува...некогаш навистина си се гадам од самата себе...
    Прости ми...
     
    На kravce, tweety26, Bright и 23 други им се допаѓа ова.
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Да седам да здивнам, денес додека имам малку време. Факултет-дома-некоја импровизирана работа-случајно кафе, ете такви ми се деновиве. ЈСП во минус ги ставив со оглед на тоа колку ја користам слободната.

    Лека-полека си го средувам собулево, да затопли и еден креч уште да се удри. Никако да стигнам до цигански пазар да прошетам, имам купче идеи само некои глупави ситници ми требаат. Си средувам вакви мали детали за да не ги гледам тие големите. Не сега, не денес, не неделава и не месецов. Пауза или slow-motion.

    Чај и кафе, да им потонеш во мирис, вкус и идеалот што го носат. Оној наметнатиот и оној реалниот.

    Сакав да го споделам текстов и заборавив. Уживам во човеков и во делово http://www.okno.mk/node/27022.
     
    На Nefertitii, ludoto19 и prettyliar им се допаѓа ова.
  4. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Фак дис шит, заеби и убаво време кога денес ми почнува колоквиумска. Свечано отворање во 18 часот, забавата трае до 21....повелете, наминете, почастете се, еднаш се живее. :D
     
    На CuteEva му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Еј крши нога,мојта колоквиумска заврши ха ха ха :D убаво ни беше на коктел забавата :D се по 2ца новинари (асистенсти)и еден камерман :D
     
  6. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    досадно е без лето.....
     
  7. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Денес,во ова време,се е од корист.Го имате ова слушнато/сфатено 12345 пати,ама морам.
    Морам да искоментирам колку се безобразни луѓево денес.Ќе те залаже,ќе те искористи без око да му трепне и ќе те откачи после.Ма баш им е гајле за тебе.Вчера колку сум се изнервирала со таков пример.Ма воопшто не и беше гајле за моето(кнап) време,па кај ме измавта со небитни работи,па уште и невоспитана ќе се прави.
    Туку,убава сабота.Сончева.Греота е дома да се помине,затворена.Одамна немам седнато вака на фемина,на раат.Обожавам вакви опуштени пролетни саботи.Но затоа,утре ме чека иста таква не толку опуштена недела која ќе ми измине во помагање на мајка ми за чистење,суредување,усисување,менување постелнини,бришење прашина.... Ако,греота е цел ден сама да се мачи,и онака грбот ја боли.
    Знаете од што се плашам? Од иднината.Од тоа како ќе биде,дали ќе биде добро,што ако вака,што ако така....? Премногу се грижам,но се молам се да биде во ред,немам сила за уште едно разочарување.
    Вака убаво ја насмеав мајка ми,мило ми е што ја гледам така среќна,ми требаше ова.
    Вие бидете ми вие поздравени,убаво саботно попладне,а за тие што веќер ќе излегуваат,добар провод :)
     
  8. Cuvstva

    Cuvstva Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Прекрасен сончев ден.Прекрасен ден за прошетка.А јас седам пред ком,читам,размислувам и пишувам.Се прашувам зошто ли луѓето се толку сурови и ти се смеат во лице кога се наоѓаш во невоља.И што добиваат со тоа? Повторно не се среќни. Секогаш луѓето знаат само за едно нешто.Осудување.
    Искрено смачено ми е од се и сите.Одреден период сакам да бидам сама.Далеку од се и сите.Не сакам да излегувам,не сакам со никој да разговарам.Често ке ве читам низ темиве и ке пишувам.. :)
     
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Oтидов уште малку да му се радувам на денот дур не го прекрил првиот зрак на темнината :)
     
  10. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сдк убаво се чуствувам.Излегов на убавиот ден да се прошетам си купив средство за чистење,ракавици гумени за да не си ги запустам ноктите и цело утро во филм влезена ке чистам по дома.Поминав од кај пазарчето ,купив свежи јајца за салата да си правам се занесувам на дијета да бидам.Верувале или не јајцата до дома не ги ни однесов по пат ги скршив од десет само три останаа здрави сама си се смеев нема ден да не си поминам без некој гаф,[шпртљава сум во рацете].Зачистив во кујна,перев на рака дел од гардеробата која е понова и нее за во машина спростирав што на жица што на закачалка успат си муабетев со комшиката за денот и времето колку било убаво.Сега седнав си сварив кафе,направив салата,си ставив чашка ракија за да ја утепам умората.Така мили мои сончевиот ден го искористив по дома,здравје утре ке шетам празник е ,,Благовец''ке јадам благо и нема ништо да работам.
     
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    леле само да знаете како ми доајга :devil: онака се воздржувам али ајде,е сега работава е сто јас снаа демек сум и се мора ли јас да правам,еве утре ке дојдат родителите од сврсеникот на мојата золва и сега сакамсе цела кујка се Чиста да е и се да подготвиме храна и тоа :!: е арно ама јас се правам а мојата золва си легнала тука и игра на ова телефонот и игра и викам да помогне :x ама не,па сега и усте е греота кутрата(нејзините родители) а јас и половината ми боли од цел ден на нози цисти она прави она :x ама не не сум била јас болна само она е болна од седејне и лезејне :x леле бе како ми доајга :devil:
     
  12. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Еве сум пак овде, каде ако не тука... барем некаде да си ја искажам мојата тешкотија.
    И повторно се чувствувам како збунето дете, со измешани чувства, заборавено на патот..
    одам а не знам каде.. битно е дека чекорам, а каде ке ме однеси патот само судбината знае..
    ха, не верувам во судбина, ние самите си ја кроиме.
    Го увидов тоа неколку пати, и ништо не е случајно.. е сега овде малце овие две работи не одат една со друга, ама тоа е.. комплициран е животот.. понекогаш ги повторуваме истите грешки, не да научиме нешто.. туку едноставно се надеваме дека можеби нема да бидат грешки, можеби конечно ке испаднат нешто добро.. тоа е, човекот од надеж живее..Што би биле без надежта? Не би постоеле... таа е единствената причина која не држи во живот, ако немаш надеж не можеш да опстанеш... јас изгледа премногу се потпирам на неа, но се андевам на нешто невозможно.. нешто што и 1000 години да поминат нема да се смени, ама пак живеам со тоа..
    И сега стојам тука на средината... уште ја читам приказната на која и се знае крајот,, наместо да почнам нова книга... Едноставно како да ја изгубив контролата врз себе, врз одлуките,врз животот...
    го слушам срцето, а досега тоа ми донело само болка... и како да се научам да го слушам разумот?
    Кога, како?

    Сериозно ми треба разговор од некој повозрасен поискусен, не да ми соли памет.. туку да сочувствува и колку толку да најде решение за мојава луда глава... да престанам да правам грешки и да се повредувам себеси а исто така и безболно да ги правам работите кои ме повредуваат... ќе речат невозможно е, ама ништо не е невозможно ако се сака.
    Лесно е да се каже... продолжи понатаму, заборави го тоа што било... ама не е толку лесно,
    како јас да не сакам да сум среќна, како јас намерно да сакам да живеам во минатото со спомените..
    едноставно не ми оди, не можам... не сум доволно моќна и храбра да се соочам со сето тоа...
    со моите 17 години научив што е вистинска болка, скршено срце, тага, солзи.... почнав да се челичам, но понекогаш мислам дека тоа не ме челичи туку полека ме потонува и потонува и еден ден ке се распаднам...
    Едноставно не знам дали ме уништува или ме прави посилна.. не знам.
    Би сакала да имав некој кој ке можи да ме упати што да правам, не можам да разговарам со секого...
    не можам да се отворам така лесно, другарките не можат да се стават на твое место едноставно.. по некогаш не можеш да ја сочувствуваш болката со другиот.
    И велат времето лечи се, леши скршено срце...
    лечи да,тоа ке биде повторно целосно ама секогаш ке постои лузна, една мала рана која секогаш постои опасност повторно да се отвори... а тоа е страв... тоа е измачувње...
    Едноставно не е лесно да се живее со таква лузна... велат и љубовта како што доаѓа така и си оди, ама не до љубовта.. до спомените од неа е... тие болат..
    И знам, многу филозофирам.. многу го комплицирам животот како за еден тинејџер.. ама тоа е, во овие години сме изгубени како во непознат свет... не можиме да се сватиме меѓу себе.. се обидуваме да пораснеме пребрзо и остануваме повредени.
    Тоа е тоа, едно кратко резиме...
    чувствувам како животот да ми е пропаднат а што сум видела од живот - ништо.
    Ете тоа е тоа...чувствувам огромна тежина, празнина... болка... ми се плачи ама не идат солзите.
    Ќе пробам да издржам.
    Толку!
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Денес сум се смеела до солзи. И тоа на ручек, ќе за задавев. Мислев тоа марулата низ дебелото црево ќе ми се замота, и ќе ми искочи низ бубрег. :rofl: Иако не е за смеење.
    Мајка ми ми кажуваше, кога биле во болница. Имало некоја жена во собата. И било лошо, цела вечер викала: - Сестро! Сестро! Сестро! Никој 2% не ја рецкал. И се смачило и почнала да вика:
    - Полиција! Полиција, полиција! :D Ама како живописно ми кажуваше мајка ми... се превртев од стол. Иако пак ќе кажам.. не е за смеење. :!: Ама знаете како викаат... снаџи се-па живи.

    Да ви се пофалам, колку сум паметна. :rofl:
    Требаше да се јавам на мобилен кај една другарка. Ама ај, сестра ми имала бесплатни, па од кај нејзе.
    - Ало.
    - Еј, сега ти ќе дојдеме со будалава. Само да се облечам. Дома си да ти дојдеме?
    - (тишина).
    - Ало, таму си, бе?
    - (со чуден глас) А кој е таму?
    :D
    Jaс скроз заборавена дека она не го знае бројот на сестра ми. Kojзнае што си помислила кој манијак е. :D А башка мојов глас, секогаш мутира на телефон. Ни јас не си го препознавам. :D Знам од времето, кога мислев дека убаво пејам и се снимав. И после тоа кога се преслушував... double facepalm.

    И така. За денес завршив една битна работа-се налакирав. Многу битна, стварно. Ја открив Америка. :!: Сега планирам да ги расчистам сите фиоки. И со книгите и алиштата. Ќе си пуштам музика. Ќе си џускам. Ќе си замислам дека сум пред публика. И снимам спот. :ninja:
    Па ми се може бе! :D
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Buttterfly, kravce и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Значи само што си ја измив колата, и ако утре пак врне кал, убичу се, жими се' :devil: Што беше бре тоа вчера? :^) А мојата лепотица тазе миена само ден претходно, за џабе :devil: Бесна сум, 500 денари ми отидоа само за коли миење!

    Туку, јас арна, фала Богу :D , ме немало во темава извесно време, ама тука сум. Ништо посебно не ми се случува, па не пишував во темава зошто немав што да кажам. Немам ни сега, ама дојдов монолог да си поправам :D Ми се збори, ми се прави муабет, а БФФ-от ми е во Англија. Едвај ја чекам да се врати, да сподели импресии, да ми раскажува целата испозанесена, а мене лиги да ми течат зошто не сум била... Ме викаше да одам со неа, ама пуста работа, сега овој период просто е невозможно :( А и да не се лажеме, освен тоа што не можам да земам одмор, ако сака човек да шетне до Лондон, требаат и пари, кои ги немам :doh:

    Ми се шета бре, ми се патува, сакам светот да го видам! Не сакам по цели денови да бидам заглавена во канцеларија со вештачка вентилација и осветлување од кое ме боли глава. Сакам да видам се', сакам секаде да бидам, сакам мојава нога секаде да остави трага! И сакам да одам во Ирска, да ги видам тие прекрасни зелени пространи ливади како од слика извадени, тие пејсажи, недопрени од човечка рака, кои ете, вистински се и постојат. Сакам да бидам во некоја куќичка во некое ирско селце со поглед токму на таква пространа ливада. Убавини.

    А се' што можам во моментов е да собирам пари за летоска да видам некое од локалните места за одмор во соседството, зошто за повеќе можам само да сонувам. Ех, живот...
     
    На bittersweet, Moira, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Преубав ден.
    Се плашев дека времето нема да се подобри и нема да можам да уживам во цветањето на дрвото во дворот, како и последните две години ама ете се смилува Господ.
    Речиси цел ден седев под сливата и уживав во мирисот на расветаните ливчиња кои ветерот постојано ми ги росеше на косата.
    Ги наполнив батериите. Ми требаше ова, особено затоа што сум човек чие расположение многу варира во однос со времето.
    Ја извадив пролетната гардероба, ја исправ, си зедов нов пролетен парфем и подготвена сум за најубавото годишно време.
    Убавини.
     
    На wendy2, kravce и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Она кога си преморен од шетање, а знаеш дека мораш да учиш... |( |-) :tmi:
     
  17. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК одкако се регистрирав на форумов се чуствувам посреќно,повеселоо фалаа ви за сее женски... :* :* :*
     
  18. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Не знаам ни сама од каде да почнам.
    Дел по дел, умирам.
    Ах, да. Дома сум, во оваа огромна студена куќа, нема ништо останато. Караниците се вратиле, го нема спокојот.
    Што ќе ми се сите тие пари на сметка сега?! Не ми треба ништо од тоа, сакам мир, доста е од бури, не можам веќе вака.
    Сум ви кажала ли јас и тој како изгледаме, одстрана!?
    И двајцата сме слични надворешно, иста боја на очи, иста насмевка, сакаме да читаме, да гледаме исти филмови, слушаме иста музика. Навидум изгледаме совршени во очите на другите, онака ко создадени еден за друг.
    А не е така. Ние сме како едно убаво, црвено јаболко што внатре е шупливо, скапано. Мирисаме од сопствените грешки и гревови, па се трудиме да ја измиеме калта од нас со тоа што секоја вечер си велиме дека се сакаме. Јас, со моите проблеми, со мојот трнлив живот од една страна. А тој од друга страна, со златниот послужавник, имал се што сака, не се борел за ништо во животот. Јас бев тоа што му фалело. Ете и мене ме доби, само не знаам на колку време.
    Немам сила, станав марионета. Бегам од еден грев, а плаќам друг. Кошмари насекаде, само една светла точка имав, и таа згаснува.
    Му посакувам среќен пат, жалам што го повредив. Ме повреди и тој мене, до дното ме спушти.
    Јас го имам него, каков, таков, го сакам. Мој е, ќе се погрижам моето шупливо јаболко да оздрави. А на него му посакувам среќа во животот, да ме остави на мира и да ме заборави. Нека биде среќен, макар и јас никогаш да не сум.
    Некои грешки, треба да се платат.
    Живот, маме му е*ам...
    И по не знам кој пат, не е се во парите, угледот, образованието. Ако немаш некој кој ќе те гушне навечер, некој кој ќе го боли додека плачеш, некој кој ќе се труди околу тебе, џабе е.
    Се на се, мене ми рече дека не знае како да ми помогне, ме остави сама во мојов пекол.
    Тоа е мили мои. Деновите ми поминуваат така, со болки, по доктори, со дијазепами, со куп цигари.
    Да не сум се нервирала. Како бе!?
     
    На Hopeful, Moira, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Првото утринско кафе ми е како драг пријател кој ми дошол на гости и не сакам да си замине. Го тегнам, го молам да поседи уште малку, не го малтретирам да не се замори и да не му здосади... но на крај сепак заминува низ влезната врата, како талогот од кафе во мијалникот.
     
    На kravce, senza.parole и lunicka им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.658
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сте ги приметиле оние ситни сини цветчиња ,како минијатурни темјанушки,кои се појавуваат во овој период на годината.Е за мене тие се вистински знак за пролет.И печат на моето детство.Бидејки како дете живеевме во село над кое се надвиснуваше планина,и покрај куќата во која живеевме поминуваше бистар планински поток.Ма каков поток,во пролет баш беше бујна рекичка.И на брегот свежа пролетна трева насипана со ситни сини цветчиња.Се плашев да ги скинам за да не ја нарушам нивната нежност.Всушност кај и да се завртев ги имаше,ме пратеа кога се враќав од училиште...а да,пред куќата имаше и крива слива чии зелени плодови беа ефикасно оружје во борбата со децата...а нејзините бели цветчиња ме научија дека убавината не може да фати.Сте пробале да однесете гранче од слива дома?Нема да ви успее,зашто една по една снегулка се откинува и при најмало треперење,и на крајот во раката ќе држите обично дрвце.
    Некако пролетта до денеска ми се чинеше далечна,ама кога денес ги видов сините цветчиња,и од некаде ветрот ми донесе мирис на цвет од слива,толку познат,знаев дека пролетта не не заборави...
     
    На Hopeful, Moira, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.