Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Да не беше goat edition многу песни немаше ни да ми текне да слушнам, ниту пак знаев дека постојат.
    И слатко се изнасмеав.
    http://www.youtube.com/watch?v=9nosx50gfBc
     
    На kravce, Katerinceee, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Денес и е роденден на една лепотица.
    На најубавиот и најмиризливиот цвет во целиот свет.

    Синоќа правевме палачинки. Јас ''итрата'' си спакував едно 6-7 палачинки на страна. Ги скрив, со една посебна намера. :geek:
    Утрово станав рано. Направив една ''чудна'' торта-тортичка со палачинките.
    Состојките беа се што ми дојде при рака. Но, декорацијата беше на ниво. Со шлаг, украсено со свеж ананас и свеќички од оние бројките.
    Ги прибрав татко ми и сестра ми, на нив по една прскалка во рака, јас со тортичката и запалените свеќички....и правец во спална да и го честитаме роденденот директно од сон. :wasntme:
    На телефонот иде Happy birthday to you, ама ние уште по гласни и од песната.
    Се дериме ли се дериме, додека се свести жената... :lol:

    Ги дувна така, во полусон...
    Ја изгушкавме силно. И не пофали дека сме мајстори за изненадувања :$
    Од среќа дури солза пушти. Ваков роденден немала до сега...иако секоја година со нешто ја изненадуваме.

    Така половина час, сите заедно си лежевме на спална....паѓаа вицови, зафрканции, што ли не.
    Кога татко ми наеднаш го снема на едно 30 секунди.
    Се врати со шампањ, го пукна во име на женчето!

    И, така...јас неможам да се совземам од среќа. А можам да замислам како и е нејзе.
    Незнаејќи дека цела фамилија тетка ми, баба ми и братучетките...за едно два часа и спремаат уште едно изненадување. Кој знае како ќе изреагира кога ќе ја виде цела екипа пред врата. :o
    Господе, чувај ми ја...да не ја фати срце од толку радост.
    Ама ова ќе го памети засекогаш...одамна не била среќна и исполнета...
     
    На bittersweet, Roxanne, anuskaNESTLE и 47 други им се допаѓа ова.
  3. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Не ги разбирам оние кои имаат мала фаца а упорно ги носат големите ОКРУГЛИ наочари за сонце и мислат дека се кул но изгледаат како МУВА. Чао. :call:
     
    На Katerinceee и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Никогаш ме сум мислела дека човек толку брзо може да се смени. Но вчера останав без зборови, девојчево ми кажува во каква личност се претворила , во школо се прави главна, сите ги гледа од високо,навредува, оговара, пие, пуши. Алооо каде исчезна мојата другарка која до вчера требаше да ја молам за да излезе од дома, која се срамеше а сега секоја вечер пијана дома се враќала.. :o
    Просто зачудувачки е колку друштвото може да те смени и тоа само за ЕДЕН месец. До вчера најдобра другарка, а сега личност што не можам да ја препознаам.. :|
     
    На Shpagetta, prettyliar, Katerinceee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Catalea

    Catalea Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Еве сум повторно тука по пауза од неколку денови. :) Прекрасен ден за одмор,а сите дома ратрчани,само чистат и средуваат,а мене од ком не ми се станува.Денес сум мн мрзлива.Ништо не ми се прави.Не знам дали е таков денот или до мене е.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Легни си рано наутро, стани си денски покасно :|

    Деновиве е вака легнувам во 6-7 сабајле а станувам во 3-4 поручек :tmi:
    и остатокот од денот ми е безвезе, немам занимација а и до душа деновиве не не интересира баш ништо, ништо неможе да ме расположи, дури и вицовите на брат ми, и омилената торта правена од мајка ми.
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Ах бе што му требаше на времето вака да се расипе... :(
    Што убаво си беше претходните денови, сончево како лето, да ти е мерак да излезеш, а сега се намуртило мислиш октомври е. :tmi:
    Ваквото време ми ја зголемува мрзливоста :lol: ...само за спиење е. :yawn: |-)
    А викендиве колку брзо минуваат, небаре 2 минути се а не 2 дена :^)
    Добро е што барем немам ништо стресно наредна недела во школо, па можам да си дозволам таков луксуз да си се мрзелавам. :D
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  8. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Да ви кажам јас сум најголем обожавател на ваквото време.Тмурно.Нема сонце.А ич несакам сонце.Мене најубаво ми е ваквото време. 8)
     
  9. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    ДАј му време на времето....е јас му давам време и му давам време..... само не ми е јасно на моево време колку време му треба. Мене ми се чини дека претера со барањево на време или пак можеби е до мене :?: :?: :?: :?: :?:
    п.с. Времево полошно не можеше да биде. Ама и да врне и да вее јас во недела од сабајле морам на кафе да одам :D :D затоа и јас обожавам неделата!!!
     
    На Rubiii и Yowannty им се допаѓа ова.
  10. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    Го знаете чувството кога ве мрзи да станете од кревет? :D Кога ве мрзи да фатете книга, иако постојано ветувате дека ќе го направите тоа? :D Е, токму така се чувствувам. Мојата мрзливост му ја „препишувам“ на „убавото“ време надвор, кое од ден во ден се менува. Вчера да ти е мерак да живееш, исполнет со енергија, додека пак денес да ти е мерак да спиеш.
    Срам да ми е. :$

    Поздрав до оние кои цел ден мислат на чоколадо. А и оние кои не мислеле, ќе ги поттикнам со сликиве. :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  11. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Нависитна не потикна ,ме потикна барем мене ајт ја да му се вратам на кремот :rofl: :rofl: :rofl:
     
  12. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Бев сведок на директно навредување на една личност која неодамна ја запознав. Ми падна тешко, не очекував дека нема да се брани. Тој стана и си замина.
    Требаше да ги убие со зборови, тој е паметен колку сите тие заедно. Јас ќутев, не можев збор да кажам.
    Жалам што индиректно придонесов за да му се случува тоа, ама...
    Нејсе, живот.
    Јас одам да си ги спакувам куферите, да ги испечам кифлите и да трчам до Скопје.
     
    На hrcace и pamelche им се допаѓа ова.
  13. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Во денешнава неделна депресија и тмурност добивам желба да ги згужвам сите хартии за учење околу мене и да ги фрлам што подалеку. Саативе ми проаѓаат споро, брзам, а сепак се чувствувам обратнопропорционална со времето.. И знам дека колку и да не сакам хаотични работи, совршено добро функционирам во хаосот. Деновиве учам за трпеливост, а ќе праксирам упорност. Ќе пуштам рака да посегнам по тоа што го сакам, зошто шансата сама не доаѓа. Понекогаш сме препуштени некои војни да ги војуваме самите...
     
    На CoverGirl10, Moira, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    48.641
    Пол:
    Женски
    На Hipster, Buttterfly, AwesomeGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.247
    Глупа сум левл,одам некаде и има сите,СИТЕ да ве замарам како сум била едно сто пати ИСТОТО ќе го повторувам, како од првиот пат кога кажав,не ме разбравте или...не ми дадовте соодветна реакција/воодушевување.
    Отру веке со фешн виков,амн! Да не ќе отидеш на изложба некоја случајно?
    Се делеа карти као гратиси за Аца Лукас да му се невиди, ама оно дај да ве позамарам на сите социјални мрежи. Чиниш мир во светот се деси! Леле не дај боже, на несакајќи предизвика мир у свет и после диктатура, секој ден за појадок,ручек и вечера ќе слушаш како е она заслужна у случај да не си го чул. Дакле арно ни е и овака. Ми се чини истата категорија на луѓе, само злобни, се истите кои се закануваат со нуклеарни војни.
    И денес тие луѓе се гласачко тело...и врне...истура!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Закачена, пеглана стои гардеробата која ја спремив за Фешн вик. Си стои и стои и се мислам дал да ја облечам и да одам.
    Не се гледам себе си таму, гледам слики од луѓето и си мислам овие стварно мислат дека припаѓаат таму? Нешто ко збунети ми се.
    Не мрчам де, има нешто и што ми се допаѓа.
    Времево е само за во постела ил пред ТВ со топла, вкусна супа.
     
    На Lepaaa, zarah и Ilusionist им се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.831
    Мачкиве шизнаа, мислат е февруари. О да.

    Откачен ден тотално. Чадорот го зезнав, патентот од омилената чанта го расипав, шишките ми се криви, ама па никој не ми е крив. Може дождов?
    Апропо сите деланија деновиве и работни денови полни сонце, неделата мора да е ваква. Укакана, скроз!
    И затоа, ми се дотерува ставава. Имам и причина. Сестра ми е дел од три ревии на Модниот викенд, и одам да ја бодрам.
    Вечерва, може да заврши и со камења на крај, мене ми е важно да не е тажно.
    Ветив домашен пунч со јагода и во подобри времиња, тако чипс, на мојски начин. Ќе биде.
    Мачорот мој, исто така мисли дека е февруари. :devil: :inlove:
    Ама тоа е красно!

    И на Елвис Присли ѕенѕаме, се додека не се сетиме дека сме во Дебармаало и дождов не’ натера да гледаме Family Guy после седумстоилјади години.
    Па се кошкаме во постела и он ми вика - Епа како инаку ќе се навикнуваме на дождови по Европа?
    Секако, мил мој!
    Ете, така. Недела, каки, ама и Љубов.
    Убоо, со две О.
     
  18. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    “Затоа што ако боли, тоа значи дека си сакала. Наивно или смислено, тој немал оправдување да повреди така кревко срце кое паднало на шармот на еден мангуп. И знам дека боли бејб, ама сега бар знаеш како не треба. Ти си добра девојка и не смееш да забораваш што заслужуваш. Ако е навистина со нејзе и си дозволил да падне од коњ на магаре, нека им е со здравје и на двајцата. Ти вредиш премногу за таква евтина приказна!“

    ;(
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК се додека човек не го спознае лошото, никогаш нема да знае да го цени и почитува доброто.
    Најголемата грешка што човек може да ја направи и истовремено да се повреди себе си е да ги слуша другите.Зарем другите луѓе наместо него го живеат неговиот живот? Не, но изгледа е полесно кога во животот ќе се добијат работите на готово.Изгледа како да се бега од одговорноста, ништо друго.
    Луѓето не се благодарни, не ценат, не почитуваат.Ги забораваат добрите нешта во животот, бидејки веднаш ги прифатиле, а лошите ги памтат бидејки не ги прифаќаат.
    Ретки се луѓето кои ги имаат и ценат вистинските вредности во животот, истите и те како вредат и се достојни за истото.
    А, некогаш го сакам времево кога врне :rain: милина :angel:
     
    На Someonespecial, ozbilnazena, Antoninaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК решила кармава да ме убие.
    Рутина и‘ стана на почеток на секој месец.

    Минатиот не и‘ успеа.
    Денес, априлски, повторно не‘ успеа.
    Дали да очекувам за први мај дека ќе добијам труење од Жужу бургер?!

    Bitch please! Ако планираш да ме убиваш, стори го тоа одеднаш и во сон. Немој со вакви стресови, таман го оставив Димитринот, не ми се пие пак.

    П.С. Апел до сите кои работат во очните амбуланти: не им ги продолжувајте возачките дозволи на одртани со орлите старци кои упорно сакаат да возат, а бела мачка пред очи не гледаат. Некој може да настрада.
    [​IMG]
     
    На CoverGirl10, Moira, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.