Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.054
    Допаѓања:
    178.869
    Пол:
    Женски
    СДК... ги сакам овие денови...кога се шо ми се праи е единствено нурнување во кревет пред добро филмче и пуканки... ги сакам ладните денови...сакам сивило...и сакам солзи... зошто знам дека еднашка ќе им дојде крајот... го мрзам депрозелот, ама истовремено го консумирам... го мрзам и сонцето но.. светлината од друга страна пак, секогаш ми буди нова надеж... чудна работа колку контрадикторност има во светов...или можда само до мене е.. хмм.. :^) :)

    I'm in love with the whole damn world 8)

    ..успат, сакам да го поздравам и комшијата од спроти шо цел ден усисаше.. и не ми е јасно како успеаа да пратат човек на месечината, а никој не успеа да измисли правосмукалка на mute ?! :D
     
    На anabel-a, Moira, Glossy-girl и 11 други им се допаѓа ова.
  2. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    колку само лошо се чувствувам овие дена :?: а ни самата незнам зошто :^) се осеќам мизерно,лошо,глупаво :| од шо сум депресивна,денес на работа дојдов со распар чорапи :^) да,да..убо прочитавте-со распар чорапи :^) да си го соберам умот,најарно ќе биди оти ова вака не е на арно :!:
    вие имајте убава вечер феминки :)
     
  3. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Сакам да кажам , малите нешта навистина го исполнуваат човекот.
    Поминав 6 прекрасни денови на екскурзија , со прекрасни луѓе , во прекрасна земја.
    6 дена се препуштив маскимално и решив да уживам. Ги оставив сите проблеми и тотално се изолирав. Не сум се радувала толку никогаш во животот.Ме исполнуваа пакетче харибо бомбони, гиро, старбакс кафе,моето омилено таделе чоколадо, хамбургер од мекдоналс, насмеани лица, убави зборови, комплименти,насмевки од соседниот пол :angel: Уживав во топлото време, убавата клима , знаменитостите на државата, специјалитетите, сончањето, пеењето...
    Едноставно кажано поминав прееееекрасно. Не да се фалам ама се беше супер. :lol:
    Се вратив со 2 килца плус ( и искрено не ми е многу криво) , зарипнат глас, и растечен нос поради огромна промена на клима и временски услови, но сето тоа докажува на еден прекрасен помин .Иако сум спиена 6 часа јас сум полна позитивна енергија, која се надевам ке остани долго со мене.
    Утре е нов ден , се враќам на старо, својот режим, школо, тестови, обврски... :)
    Ви посакувам убава вечер, ви ја препуштам позитивната енергија. :*
     
    На kravce, Elennaa, Elichka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    СДК дека ептен деновиве се измачив со тоа пусто учење, само тоа ми се мота низ глава.. и пак ништо не правам -_- навистина ми се здосади..ама ајде се надевам ке поминат и овие ризични денови:)
     
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Го знајте она чувство кога родителите одделват пари со цел да имате се?
    Кога немаш ништо купено скоро пола година? Кога се се гледа само да се купи за јадење за да не бидиме гладни? Ако вервате ми се плачи ;( Ми се плачи да ги гледам без работа, ама стварно ми се смачи, и ова поќе не се издржва, Не се издржва во ова проклета, грда, скапана држава, каде шо се гледа секој шо поќе да укради и да клај поќе споменици, наместо да напрај нешто за луѓето :doh:
    Мора да се бега надвор, едноставно мора, друго чаре нема.
    Знам дека не сум единствена со ваков случај, ги жалам буквално и другите луѓе кој шо врват низ истото.
    Можи некој ќе ме сфати, можи некој нема да ме сфати. Ми дадоја се, да буквално ми дадоја се, да студирам кога некој го нема и то, но јас го имам. Благодарна му сум, многу му сум благодарна.

    Господе, има ли подобро време за нас? ;( Редно е веќе, Те молам.
     
    На bittersweet, Stoimenovska, mims-89 и 37 други им се допаѓа ова.
  6. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека конечно ќе ми дојде тетката од Австралија едвај чекам да дојде лето Јуни или Јули она ќе дојде е редно беше после толку години.
     
  7. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    3.188
    Добро е дур е само за лапање работата, ако е така, терај. :D
    Ако после тоа лапањето се јави и потреба за другото, е тогаш е опасно. Тогаш не терај!


    Немам ништо што позитивно да тропнам на темава, затоа и не пишувам.
    Едно такво глупаво чувство ме има фатено и не ме пушта за ништо бе.
    Мизерија, не знам што да речам.
    Положив тие трите предмети што отидов, ето, едино факултетот ми оди во животот.
    Здравје, лошо. Љубов, тргни, падни. Социјален живот - сите на нерви ми одат и на сите сакам да им залепам во фаца, али не со убави зборови, туку баш да им треснам што мислам за нив.
    Ќе се каам, знам, затоа се сопирам некако.

    Абе баш мува не ме лази. Се ми е рамно. И тоа веќе цела недела интензивно вака ми е.
    Ќе почнам да учам пак, ваљда денеска малце, колку да не е без ич, па да помислам дека стварно ете, нешто правам, работам, психички се замарам.

    Колку сум добра, толку сум и лоша. Да, да ... Кога ќе ми се спојат жичките е забегано.
    Ма, ја сам луда кад полудим! - Како што му вика таа плавата на синот на Изет во онаа босанскана серија. :rofl:
    Море, да не заборавам да ја гледам попосле, сабајле спиев. :D
    За неа и уклучувам Тв, кога ќе ми каже некој дека му е глупа, си викам - нема човеков смисла за хумор. |(
    Туку да, отидов јас на друго поле ... Сфаќам и ова со печат тврдам дека јас сум многу тешка особа за сакање (љубовно) и дека на мојот бивш/сегашен муватор/дечко/лавр, треба да му се даде еден орден за сите ситуции во кои сум го вадела од такт, а ме трпел, кога не сум заќутувала кога требало, а пак трпел итн ...
    Мислев јас го сакам со маните што ги има, а излегува дека тој уште повеќе ме сакал со моите, оти да не беше така, за месец дека ќе завршеше ова, а камоли да ме бара пак после раскинување.
    Така да, се трудам да го поштедам, и во иднина уште повеќе ќе се трудам, од моите бубачки. :)

    Толико од мене, повеќе од дедо Боже.
     
    На ilipili, Doozy, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    СДК...
    [​IMG]
     
    На anastasijaki, Butterfly14 и Adi888 им се допаѓа ова.
  9. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Она кога си полн со желби, ти се сака нешто, ти течат лиги, ама недофатно е за тебе. Така де, веќе се навикнав па што. Ама убаво е да се сонува, ќе си продолжам јас да си дрндам наоколу и да си замислувам некои работи што посакувам да беа реалност.

    Лејтли многу време поминувам, да не речам заглавувам, во оној другиот свет - фантазијата. Многу си го сакам тоа местенце, нема ден да не прошетам таму со мислите.
    Тоа е мојот одмор, мое скривалиште.

    [​IMG]
    И што ми преостанува.. да фантазирам но и да верувам. И верувам!

    :wasntme:
     
    На kravce, xoxo.Martina и ana-girl им се допаѓа ова.
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    лесно е да бидес кукавица :!: теско е да си Човек :nod:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.065
    Допаѓања:
    11.992
    Пол:
    Женски
    Не ми се јасни родителите кои не се замараат за своите деца. Не е воопшто важно дали се на ладно, трчаат, се потат па се сушат на ветер, се додека мирно си го пијат кафенцето.
    Земало детето да ми го лиже прозорот и вратата, а таа полека си шмрцка од кафенцето и под брк, тивко кажува „остави го, дете е’’.
    Дете е да, ама јас треба да рибам после него уште два часа прозори и врати. И со нокти да ги гребам гадостите од тоа дете од паркет.
    И како очекуваш да седам со тебе и да ти се смешкам, кога ти го гледам детето како ми уништува се?
    На крај, дојдов до тоа да му се заканам на невино малишанче со ќотек.
    Да, проработе тука мајчинскиот инстинкт и инстантно станав кучка, затоа што се осмелувам да кренам рака на дете.
    Ах, ќотекот (со усул :!: ) од рајот е излезен.
    Уште едно ах, се враќам на работа. Ах, ах...
     
    На kate21, ludoto19, Lepaaa и 22 други им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Си играм руски рулет со Ревелс чоколадни бомбони. Гриц чоколатце и портокал, гриц чоколатце и бисквит, гриц чоколатце и карамел, додека не ми се падне оноа со кафе што е, па се мрштам додека го соџвакам и со сила голтнам. Јас пијам кафе, ама во течна форма, без шеќер и дефинитивно без чоколадо со него. Ми се одјадеа бомбоните.

    Туку, знаете ли кои две болести се најзафркнати да ве држат во исто време? Не, не е склероза и пролив :tmi:
    Мала доза на обсесивна компулсивна, проследена со голема доза на мрза. Ја гледам сликата на зидот како климнала на лево малку и ме фаќа нервоза дека не стои право ама пустото ме мрзи да станам да ја исправам! :fubar:

    Аха, рулет! Не биди кафе, не биди кафе, не биди кафе :worried:
     
    На bittersweet, ludoto19, Lepaaa и 23 други им се допаѓа ова.
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Дојдов да се пожалам. И се осетив дири и полошо. Јас еве имам во план да се жалам како тоа неможам веќе да држам диета и дека мака ми е. Ми се ск*р*и од долги диети каде што не смееш да јадеш ништо, а дали се на се 4 кила симнав. Ок изгледам поубаво со мало меше ама што не иде не иде. Се мачам кога гледам како сите околу јадат се, а јас не. Тоа не сум јас! Јас сум јадач и гурман. Така и разочарана денес си се прејадов. Еве од пред нова година како се мачам со диети и вежбање и стигнав до некои 5 кила кои никако не можам да ги намалам.

    И случајно прочитав како некој има реално длабоки проблеми. И тука прочитав како некој се труди сите свои финансии да ги испланира да му стигнат за јадење. Само за тоа. А јас :x, јас неможам да ослабнам и покрај што имам делумно услови. Психата и немањето работа ме полудуваат. Нема што да правам.
     
  14. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Проклета нека е туѓината, проклета нека е далечината. Проклети нека се парите и животот настрана од дома. Се нека е проклето, кога на најубавите моменти не можат да бидат со вас тие шо ви значат. :'(
     
    На Agatha, prettyliar, midnight.flower и 2 други им се допаѓа ова.
  15. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Касно е .... Станав рамнодушна . Ништо веќе не ме допира . Се ми е апсолутно сеедно . Викаат дека тоа е најлошо . Е , за онаа личност спрема која си таков , ама за мене не е .....
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Вака малку од искуство. Проклета да е неорганизираноста и недостаток на комуникација. Странци не се канат на, за пример свадба, една недела пред свадба. Ако се планира се може, за средување одмор од работа, за букирање летови, а авионите летаат секаде. Мојата фамилија е расцепкана на повеќе места, ама ако си дадеме време еден на друг, сите се најдеме на купче на едно исто тло во тој и тој договорен ден за тој и тој најубав момент. За се друго има скајп. ;)
     
  17. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    многу добро го знам јас тоа, јасно е ко ден. Но некогаш постојат и други причини.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.658
    Пол:
    Женски
    Прередував некои стари алишта и налетав на еден фустан од мојата кхм,младост.Го облеков и грок [​IMG]има што да се види грок [​IMG].Некои непознати ридови грок [​IMG] под фустанот.Мора да се спакувам во мидер за да личам на нешто.
    Од утре на зелка и вода .
    Грок,грок,гроооок. [​IMG]
     
    На WarriorAngel, Someonespecial, kate21 и 30 други им се допаѓа ова.
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    *Ќе одам на државен натпревар и сега од школото овој месец сме ослободено од тестови...
    ее саа ќе си се ладеш ..абе ало знаете ли колку има за учење ...цела вечер и вел ден учам и сабајлето сум ко поспана кокошка...
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  20. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Ме прашаа, зошто го сакаш.

    Го сакам, реков, заради тоа што ме научи одново да се сакам самата себе. И да се прифатам. Без шминка, без облека, без сето она што ми е фасада.
    Онаква каква сум дошла на овој свет.

    И не за џабе рекле кога имаш љубов се имаш. Ама не онаа која чекаш да ти ја дадат другите, туку онаа која ја носиш во себе и со себе.

    Сета љубов што некогаш ќе ми биде потребна ја носам во себе. Ја имам и повеќе од доволно, ја имам и за оние кои ја немаат.

    Последно време ги сакам и оние кои не ме сакаат. Чудно, ме смирува. Полесно ми е, не си ја трујам душата со црнила.
     
    На Foreveryoungiwannabe, Stoimenovska, Oxymoron и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.