Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Зошто постојат толку бесчувствителни луге на светот-ЗОШТО? Зарем не ги гризе совеста тоа то им го прават на другите, зарем не можата да стават рака на срце и за момент да помислат како ке им е тие да немаат родители!? Зарем е смешно ако немам мајка или татко, А?! Од што дојде многу современо време па некој се страми на улица да излезе со своите родители, а некој плаче затоа што ги нема! А некој си многу паметни личности се исмеваат на некој за тоа што немаат родители! Зошто луге правите така ЗОЗШТО? Зарем мислите дека Господ не ве гледа и еден ден нема да ви врати?! Зошто сте толку губриња бе зошто :fubar: . Некој секој ден плаче, се уништува, се проколнува а вие му се исмевате. Незначи ако некој нема родители вие право да му се исмевате и да го напагате. А не ми е јасно зошто всушност тоа го правите? Што, дека вие имате мајка и татко а тој дека нема и демек гледај ме ти немаш родители а јас имам-тоа ли е финатат неможам да разберам... Некој ако нема родители треба да одите да го прашате како е, да размените некое мислење, да го расположите малку, да му помогнете и да му подадете рака тогаш кога му е најтешко... Навистина немам зборови за денешниот народ само можам да кажам дека е многу ЖАЛНО, бидејки денешните деца немаат никакво воспитание и "К" од КУЛТУРА!!!
     
    На Serafima, Someonespecial, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас сум ти од оние чудни личности кои цела есен, зимо и пролет го минат у чорапи.
    Коа викам нонстоп викам дека ги вадам само за бањање, нозете мои ги гушам максимално, а тоа тек сега ми светна!
    И не само дека носам нонстоп чорапи, него хеланки или пиџами кога имам на мене, они ми се пикнати у чорапите да не ми фуре на нозите! :D Кој фрик сум некогаш.
    И сеа, седам се топлам пред печка, се местам да си гледам филмче, и осеќам грдо, суво на нозете, ама грозно чувство. И си викам, од кога моите нозе, не виделе воздух? Се засрамив искрено.
    Си ги соблеков чорапите и такво олеснување ме обли, и среќа дури, среќна сум, стапалата и петите конечно ми го немаат тоа грдо чувство на сувост и гушливост. Од вечер и без чорапи ќе спијам, со мерак, ќе си ги туткам нозите кај дечко ми.

    Кога сме кај него веќе, синоќа се смири топката...Таков товар ми падна од душата, срцето почна нормално да ми чука...
    Уште кога ме пречека вчера на автобуска, се гледаше дека и него не му годи ситуаацијава никаква.
    Испаднав јас од автобус, и он ми го ваде куферот и иде накај мене, и јас очекувам само да продолжиме накај таксињата, а тој се доближи и ме бакна, но сепак со тој остар поглед на себе... За момент си реков во себе, ах Ано пукни, и вечер пак нервози и неспиење, ама не, синоќа беше една таква мирна, љубовна и страсна ноќ, со најискрени и најдлабоки зборови и изливи на љубов и страст, иако немаше секс...За жал ми дојде, милион пати пцуев, милион, му реков, за два дена, ќе ти ставам два кондома и додека не ми се уморат нозете, не се симнувам од тебе! А со оглед дека вртам орбитрек повеќе дена, пази се! :D :D Се преврте од смеење, нема везе, бар на едниот му се насмеа среќата. :( А тоа не бев јас. :D

    Овој викенд моите идат во Скопје, ќе спијат кај нашите роднини кои живеат на истата улица со мене и од возбуда уште од сега не ми се спие. А ќе го донесат и кучето наше, кое е 3то дете во семејството. Куќето ќе спие кај нас, со мене и дечко ми, пошо е како бебе, не може без никој да е до него, анксиозно било - ветеринарот ни вика :D

    Напорните недели почнуваат. Од утре морам да почнам со редовно учење. Време е за повисок просек.

    А сега како млекцето топло шо му е на малите деца ( и на повеќето од вас ) пред спиење, мене ми се сериите. За подобар сон, ај чао.
     
    На kate21, Serafima, MacaLove и 22 други им се допаѓа ова.
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ај мени ја профил сликата на 5 минути. Ако не добиеш доволно лајкови тагнувај се на истата по 300 пати. Ептен се приметува, од авион. Да не зборам пак колку глупо изгледа ама ај ;) :) .
     
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Ако еден ден имам ресторант ќе го крстам Money :smoke:
     
  5. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Денес ми е роденден! :P
    Полнам 23 години.Пред другите да ми посакаат здравје и среќа,првин јас да си посакам нешто :D
    Си посакувам прво здравје,бидејки е најважно.Втора ке биде среќата,бидејки во многу наврати се покажало дека ја немам,па... ете си ја посакувам, малку..само малку повеќе :)
    Љубов! Многу многу многу љубов.Си се сакам себеси кога сум заљубена,мислам дека тогаш се ми оди од рака :lol: Прекрасно чувство,кое моментално многу многу го посакувам :)
    Ке си посакам и успех на факултет,само да продолжи така како до сега што е.Тоа е силата која што ме движи во последно време,која што ме исполнува на некој начин,и која што ми дава сила да продолжам да се борам без разлика на се!
    Толку нека биде за сега,доволно ке ми е :P Само нека ми се исполнат и ке бидам најсреќната личност на овој свет!

    Ке ве почастам и утре,но ајде и сега малку од тортата :D

    Си пораснав еј! :lol:
     
    На kate21, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Serafima и 22 други им се допаѓа ова.
  6. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Се разбудив среќна и благодарна што сум жива :wasntme:
     
    На Serafima, Katerinceee и NoellePage им се допаѓа ова.
  7. TheGirlNextDoor

    TheGirlNextDoor Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    82
    Ми се спие, не ми се учи за колоквиум, уште помалце ми се оди на истиот -.-
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    И јас да се јавам како Ана, дека сум чорапоман/чораповоман, зиме обавезно по 2пара носам :tmi: ама затоа кога ми е топло во кревет, нит пижами нит маици, прво чорапите си ги соблакам :wasntme:
    Ако ние овде на Балканов се караме чив е ајварот (наш е бре, се разбира :!: ) разбрав дека Аргентинците се караат со Уругвајците за тангото. И направиле некој договор со УНЕСКО да биде заеднички, ама народот таму пак си го двои. И еден период тангото го играле само мажи :tmi: па потоа оделе во борделите и таму играле и... овај :wasntme: Се мислам, ако тангото е игра на страст, а е мислам, тука врие и не ми е јасно тоа што некој период како што разбрав во танцот постојано се менувале партнерите :^) срамота :!: :D тогаш веројатно валцерот би бил танц на романтичноста :^) И сега... преференција?
    Тоа не било доволно, па Аргентинците и Уругвајците се караат и за тоа чив е Карлос Гардел. Луѓево опседнати со танго, а како не би. Во една емисија што ја гледав за Буенос Аирес на секое ќоше луѓето танцуваа танго.
    Losing by a head
    there was all that madness;
    her mouth in a kiss
    wipes out the sadness,
    it soothes the bitterness.

    Мислам дека се препознава музиката
    http://www.youtube.com/watch?v=8dStp5hq294

    ај доста замарав. Сонував како сум полетала од Скопје за странствија, а авионот слета во Куманово за ручек. И во уличката имаше бордел. Ете на тоа ме потсети тангово :tmi:
     
    На anuskaNESTLE, Serafima, julie77 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Ама знаеш дека цела администрација во недела беше на избори - на терен де :wasntme:

    СД си кажам дека сакам сонце, сонце, сонце инаку озбилно ќе ме мавне депресија :$ . Според мојот биолошки саат веќе е јуни :?:
    Читам за најслаткиот грабеж во историјата - украдени 5,5 тони крем Нутела па дури и многу читатели го искажале "своето разбирање кон крадците", па некои дури и "се налутиле" зошто не ги викнале и тие да се дел од ова "најслатко криминално дело". :!: И мене никој не ме повика :D
     
    На bittersweet, mims-89, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    СДК дека денов ми е цел ден во трчање,а таман си планирав некој работи у мојава глава е сега се ке ми биде на трчање,абе има ли ден,кога ке си испланирам нешто и така да биде е вишшшшееее па вишеееее ]:)
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера вечерта славевме 1 година како сме му ученички и ученици на Гуру-Шричин мој
    се појавивме ние 3 како и секогаш и еден од учениците-повозрасен а другите 2ца :?:
    излезена дома од 7 и нешто во 20 до 12 се вратив дома, мајка ми :devil: беше кога ме виде а и жената што вообичаено ме испрака со кола за патот накај дома си отишла без да приметам па за помалку од 40 минути пешки стигнав до дома испотена :doh: -и да ви кажам искрено не ми беше страв-мечка страв мене јок, а да е некоја друга на моето место ке почне да офка и лелека но не и јас :!: ама затоа на одење сред центар кога се појави еден-баш од нигде никаде со качулка на глава и клучевите во рака си помислив-срце готова си, кога ке ми те зграпчи типов, пердуви ке летаат од тебе ама за срека носев патики,така да за кратко време ме снема од пред неговите очи :whew: кога му кажав на другар ми ми вели што не ми кажа каде си кога поминуваше накај мене ке те испратев до дома-сакав да му речам не сум јас мало бебе ко другарка ни бе, неа испракај ја јас можам сама :!: ама ај да не испаднам некултурна и безобразна
    а да не видеше некој од страна, ке помислеше ова е некоја секта-пеење,медитација, медитација во движење, дури и настапувавме некои од девојките-мегу кои и јас-мислам дека срцево од градиве ке ми излезеше, ама пеев најдобро што можам а мегу новодојдените курсисти е и наставникот што ми предаваше Италијански организирано од Заводот за вработување-година, две е постар од мене ама е :$ да грабнеш и да бегаш-сини очи, виткана косичка и тој ко мене :D и кога го видов :o ама убаво изненадување :D
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Не знам дали се имам литературно изразено во темава, ама сакам лето бе, сакам море, да се бањкам, пливам па и медузи нека ме пржат ако треба, само да го осетам тој мирис на сол, на песок, сонце...
    Годинава, како ниедна до сега, ми фали одмор, плажа, едвај чекам да дојде лето. И да немам пари, ќе најдам за едно одморче, не знам како, ако треба пред тв, ама ќе најдам бе :@ Уште 3-4 месеци ми остануваат до мојот зимски сон, до тогаш ми останува да откачам некое килце, да си правам пилинзи со кафе, да трчам, да го стегнам тоа што се опуштило зимава и да се ослободам од стресот. Ова последново колку и да изгледа невозможно, треба со сета сила да успеам да го направам, ако сакам да си проживеам мирно и релаксирано.
    Туку, спомна луничка за испотени мишки па ми текна на колешкава денес, не на мишка испотена туку на умрено животно смрдеше, тоа е нешто најнеподносливо, тоа е небањање со недели, месеци, неперење на облека, многу гадна жена, а зима плата со ВСО иако не е способна ни за ССО, синчињата неписмени ги обезбеди со две станчиња, ама јадната нема пари за сапун и за вода. Глота невидена. Ама па ми текна дека она е партиска особа бе, па може од почетокот на кампањава трча па немала време да се подзамие и испере. :lol:
     
    На bittersweet, thinkerbell, slavica999 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    И така по некоја насмевка се провлекува низ лицево, што од среќа која мали мој секој миг ми ја дава, што од она оф леле малкјо што ли уште нема да видам и чујам. Живеам, за секое утро кога ќе ме погледнат неговите очиња, онака најубаво на свет, па така ќе ми се насмевне, ме топи како сладолед во јули. Па сега знае и да се гушка и гали,а јас се посреќна и посреќна со него. Тоа што го посакав беше премелку во однос на она што добив, брескрајно сум благодарна.
    Туку од пуста љубав мајчина збегав малку од она другото што сакав да го кажам. Чудни суштества шетаат по земјава луѓе пазете се. Што сум видела една бескурпулозност, дрскост, вулгарност, па тоа филмање, па тоа се знајност, се збрано на едно место просто да се чудиш каков спој да сакаш да го споиш да не може да ти текне побетер, ама ете имало и тоа. Јас свечено решив при секој пат кога ќе ми зоврие од дотични неверојатни-по којзнае која случајност-направени спојки да се изнасмеам така од пети, со скриена доза на налудничава хистерија резултат на моето гадење од такви постоења како нив.

    @КРавче- направила си ми дан, ах танго мое непреболено. Нема да си опсростам што кога бев на Кубанска вечер не ја прифатив поканата на едено 73 годишно неверојатно деде за танго на вечерта на прекрасниот подиум.На мм му беше мака оти тој танго не знаел и да не биде даун ајде јас не фала лепо :fubar:
    @луничка-јбг пролет иде, цветови цутат, мишки се потат инаку ако некоја добра мишкојна како што бабено знаеше да си кажи, не промириса сега, како ќе знаеме кога пролетта ни дошла? :rofl:
    @драгиот мој господин-стиже лето, забава мајка ми вети од дамнини, па мора да ја биде и знај тангото не си го ускратувам, знаеш ми врие во крвта,гени јбг. Или учи се ваму тоа тангото или си го викам дедено ич не ме брига. ЈЕдан е живот, а си ветив како малецка, оти не се давам да заминам од овој свет без тангото на мојот живот. Ете така мили мој. Кога за тебе кога ти се јадеше кревко месено, јас ги исеков тазе наманикираните нокти, ја собрав уабво исфенираната коса и ставив престилка да се брашнам низ кујна, можеш и ти малку тоа стегнатото газе да го засукаш да ме усреќиш со оваа мала моја желба. Ете така биди ми поздравен.
    http://www.youtube.com/watch?v=ic4PQ-tnwJw
     
    На bittersweet, Serafima, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.658
    Пол:
    Женски
    Е значи што се нема да измислат.Менструални чаши.Имало два вида ,едни за еднократна употреба други за повеќекратна.Е сега овие вторите по употреба требало да се искувуваат.Замислете,сте ја лупнале чашката во тенџере на шпорет , и ако ве затече некој ве праша што правите ;
    -Ах, еве да си ја стерилизирам чашката за онаа работа!
    |(
    Еве линк,јас веќе половина час се крстам пред мониторов.Или сум само проста жена.Којзнае!
    http://www.zdravakrava.hr/clanak/2987/z ... ja-mooncup
    Добро е што не даваат препораки да се мие во машина за садови :D
     
    На Serafima, CoverGirl10, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    ^ Најјак е моментот кога те убедуваат дека ова е всушност хигиенски. Oh my...
    Да си седиш со истата крв 4-5 саати. Најхигиенски што може да биде. :D
     
    На Gordana10 и lunicka им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.831
    Изнајмени венчаници, изнајмени соби, изнајмени души, изнајмени емоции, продадени лица, верност на рати, љубов на попуст. И еден намрштен облак што мора да го гледа сето тоа.

    Едно кокиче, еден јоргован, едно стракче трева да видам, сакам. Нарциси во маалско дворче, мирис на зумбул, на мокри мачиња, на млад кромид. Живот, луѓе. Живот, во основна форма. Природа што треба да не’ прави среќни. Ластовичкиве, скоро и да не ги забележуваме, од толку сивило, отптеретени умови и срца со политика, власт, беспарица, омраза, поделба, материјалност и бол. Да. Тешко е да се биде сонувач деновиве! Вчера враќајќи се со автобус накај дома, пак ми надоаѓаа егзистенцијални прашања и никаде одговори. Размислувања во сите правци, а крајниот пат, непознат. Мислев на реумата на татко ми, на климаксот на мајка ми, на сестра ми и нејзините планови, на мојата врска, на Нашето да се биде или не, на сонувањето со отворени очи и стравот од ставот да се преземе некоја надвор од комфор зона акција, да се бодри духот со книги и чиста мисла, да се гушкаат магнолија дрвца во маало (признавам, погледнав наоколу кога гушкав, да не ме види некој познат, се знае што ќе помисли, а ете овде, чувствувам слобода да си кажам), да се биде Човек. Ме гмечи капитализмот, како месо во кланица, признавам, и сакам да се ослободам од тоа чувство, ама немаш како. Како товар кој го носиш, само зошто ти треба врската меѓу материјалноста и духовноста. Веќе три години работам, а чувствувам како да е бескрајност. Конфузна на ниво водени боици во трето на блок бр.4. Иднината е тука, ама кој да ја види?

    Уште не сме решиле дали дефинитивно одиме надвор. Чекаме од неколку страни и фактори одобрувања, одлуката е максимална, а и ризикот исто така. Држ недај. Ме нервира чекањето, истовремено сум во тампон зона. Решавам голем залак, а не сум го сварила ни претходниот. Си велам, животот е борба. Така ме учеле. И баба ми знаеше да ми каже кога правеше ручек, занесено - еех, јас четири деца на грб износев, па еве ме, и внуци галам. Што е со мене, се прашувам. Ќе ја имам ли јас силата, и зошто постојано се прашувам? Води ли некаде тоа? И да ги наредам сите свои успеси, пак ќе се чувствувам дека нешто недостига. Стремежот кон совршенство е за будалите, нели. Па сега учам дека ништо од тоа не е вечно. Идеологија на вечниот оптимизам, дури патолошки станува. Многу ми е жал што морам овде сево ова да го пишувам, а чувствувам дека сите сме во истиот лонец. Некому му е уште потешко, некому му е гајле. Но, луѓе сме. Емоции, или камења, зависно од тоа што животот ти приредил за појадок.

    Некогаш, се’ е случајно, како паднато шамивче пред автобуска станица. А ти го симболизираш, му даваш солзи и мрсули. Мислејќи дека е можеби дел од некоја приказна. А не е. И толку е. Дури и во Очајни домаќинки вчера, налетав на мудра реченица - Why ask?
    И навистина, преку глава ми е да ја прашувам сегашноста, што со иднината. Ме болат многу нешта, но од друга страна имам и за што да се радувам. Балансирам до миг кога веќе не знам што е полудо, оваа реалност, или мојата.
    На крајот од денот, една смс порака ќе ти го спаси умот, и случајните мачиња во маало.
    На ова човештво, му требаат Луѓе.
    Тешка егзалтација мирисам. Кој ќе преживее, нека раскажува. Мене, уморно ми е. Имам само песни за пеење.
     
    На Springy, Serafima, Nefertitii и 9 други им се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    17.251
    Вистина, вистина!

    Незнам што друго да кажам, се ми се врти од песнта претходно што ја имав поставено Бошо и Адмира.

    Едит: Во последната колумна има грешка. Пише дека е на Трендафилка а е на Алиса. :rofl:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Сè, сè, ама сплетки во друштво од 14-15 годишници...стварно не можам да разберам. :x
    Една другарка ми кажуваше за нејзиното друштво и не можев да поверувам. Една не сакала друга да влезе во друштвото, друга па не сакала трета, па разглобуваат некои „големи“ проблеми... :^)
    Аман бре, као теткици... :rofl:
    Немогуче. :D
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    ... моментот кога пушташ некое видео на youtube чија содржина е плодна почва за развивање на националистички и фашистички препукувања и гледаш цела низа на скриени коментари затоа што биле пријавени поради нивната содржина и си велиш „Да, толку е лесно да се манипулира со луѓето.“
     
  20. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    До каде дојде светов бе алоо??
    Гинекологот што ми е,да збори на пациентка (не е битно која е,ја знам и ми кажа)
    Да и кажува леле ова Lana како може така малечка е за да биде интимна и да прави пап тестови,срамота било!
    Па што к*р ја боли нејзе јас што правам? Старка гнасна :@ Она таму е доктор за да ме прегледа а не да збори на други пациенти како сум и што сум и слично! Што и е гајле на нејзе? Моја работа,со мојата п*чка се е*ам а не со нејзината! плус не сум од тие што на мои години спиеле со над 10,туку со 1 ! Нејзина работа е да ме прегледа а не да јаде г*мна за мене по други пациенти! Ај дајте ми предлог за друг гинеколог? Јас одам кај таа Љубица Кузмановска во Промедика,и веќе несакам да стапнам таму! У најбрз можен рок ке се одјавам.. -.- :devil:
     
    На senza.parole и tessie им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.