Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Си направив бучкуруш во стомаков, мислам дека ќе си припаднам :sweat: Бутнав во уста се' што најдов во фрижидер и сега офкам... Па што да правам кога ме караат дека ништо не јадам :D Ете сега се најадов, мајка ми е мирна, ама јас не сум. Ако ме нема, да знаете дека сум испуштила душа од прејаденост :D

    Е, што убаво ми е вака, 8 кг во минус, троа слабичка, ама убава сум бе! Гајле ми е ако звучам нарцисоидно, секси сум, нека пукнат душманите :hai:

    Туку, се прашувам како им е убаво на луѓево да бидат намќори цел е**н живот? Какво задоволство им дава тоа што не возвраќаат на добро утро, добар ден, пријатно, туку наместо тоа ќе возвратат со ваков поглед :^) ? Кај отидоа убавите манири, учтивоста? Мислам, од култура возврати! Како им е убаво уста да не отвараат, со никого да не прозборат, а во ретките моменти кога ќе отворат уста, тоа да биде само за мрчење? И кога зборуваат, мумлаат за да може да ги чуе само нивниот високо дигнат нос! И чудно, ама забележав дека сите намќори што ги имам во моето окружување се сами. Немаат никого, немаат пријатели, партнер, човек со кого делат се'. И не верувам дека некогаш ќе имаат, зошто не ни заслужуваат. Нејсе. Ако им е убаво да се муртат на сиот свет и да живеат сами и изолирани, so be it. Не дека се припотресов, туку ме чуди какво задоволство добиваат од таквото однесување.

    Јас добра сум инаку, чекам да огрее сонце и бројам денови до следна плата :tmi: До подобри времиња, поздравинела :hai:
     
    На anichka94, anuskaNESTLE, senza.parole и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Аааа,среќна сум.Денеска внесов се што постои во стомаков (се хранев де :D ) и очекував дека трудот кој го вложувам за да ослабнам пропаднал.Но,напротив сум ослабнала дури 1 кило :$ !Убаво си помина денов.Со добро друштво не е битно каде си.Но,имам друга работа да кажам.Зошто не се затоплува? :sweat: Не ми се носат тоа чадориштата по ранецот.Сакам СОНЦЕ :sun: !Ај,ќе бидне и тоа. ]:)
     
  3. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Некогаш жените биле глупави a се правеле паметни ,сега од што се паметни се прават глупави.
    Де факто така е .
    Прашање .. Што е потребно да усреќиш една жена ? Хм ...
    Совети ,статии ,размислувања на долго и широко и пак е тешко за еден маж да дојде до вистинскиот одговор.
    А сте се запрашале како да усреќиш еден маж? Па ...
    Остави го на раат . Толку просто и едноставно.

    Врти ,сучи и гледано од секоја страна, на жена неможеш да и угодиш . Понекогаш ги жалам мажите ,посебно кога сме во ПМС .Ми се јаде овошно јогуртче ,не чекај сакам цезар салата ,неможе да го гледаме сеа Дај Хард ке го гледаме Оз ,да одиме во кино ,ма не, ми се гледа филмче дома .Остај ме ме боли главата ,послем пет минути зошто не ми обрнуваш внимание.Сакам ова, не уствари сакам шејк од јагода иии не не од чоколадо нека биде .И тако ближе и тако даље...
    И сето тоа е проследено со Да ,драга .
    Зошто претходно му е објаснето колку лош и злобен може да биде ПМС-от .
    Нагласувам ПМС-от а не ние жените .
    И така ...
    Дојде времето на Силни жени и мажи кои се делат на : оние кои можат да се носат со успешноста и независноста на една жена и мажи без м*да.
    Ма да ...

    Незнам дали сакав да мрчам за пмс_ов или пак за нас жените кои привилегии ги имаме воопшто ,али за првото ке да е ,зошто како и да е второво на сите ни одговара . :angel:

    [​IMG]
     
    На julie77, Divinebutterfly, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.393
    Допаѓања:
    18.051
    Пол:
    Женски
    На Golden и Yowannty им се допаѓа ова.
  5. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ах што си ја обожавам пролета! Абе си обожавам во темно да си ловам мали мушички по екранот :|
    Ама ако, убаво е кога немаш пролетна алергија да им се восхитуваш на расцветаните дрвца :inlove:
    А да, сакав и да ви се пофалам нешто. Нешто многу битно! Сум пораснала цеееел 1 цм. 8)
    Е сега сум главна, не сум веќе 150, ами 151. Кај и да до 155 ќе догурам :rofl: Ама си водев здрав начин на живот. Вежбав секој ден и седми ден одмор имав.Пиев повеќе вода и јадев повеќе зелечуци и овошја. Пржено, сендвичи, леб ... на таквите и подзаборавав. А и се чувствувам мнооогу поубаво, полна со енергија. Е после почнав за натпревар да се спремам и баталив се. Ама од понеделник се враќам. Секој ден ќе мора барем по малку да повежбам и вратило ќе си закачам. И ќе трчам со новите патики. Да и заборавив да ви се пофалам, денес нови патики си купив. Не се којзнае каков модел, ама се. За секој ден удобноста ми е далеку поважна од моделот кој и не е така лош. И ќе си вртам хулахоп и ќе си скокам на јаже. Сега времето е по убаво и повеќе ќе престојувам надвор. Не вреди ова планинско гратче и таа природа да не се искористат. Срамота ќе биде да не уживам во тоа што Бог ми подарил, а тоа е да се родам на место со таква природа, наместо во некоја бетонска џунгла.
    И така, мора да си внимаваме на себе. Оти ако ние не си внимаваме никој нема да дојде и над глава да не потсетува за тоа како да живееме. Да се искористи додека можеме ;)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и pamelche им се допаѓа ова.
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    -Постои ли совршенсто?
    Зошто постојано трагаме по перфекција знаејки дека никогаш нема да ја најдеме? Кој вели дека мора да бидеме совршени за да бидеме среќни? Од една страна тоа е добро, нè тера да се трудиме и да успеваме, но негативностите секогаш ќе тежат повеќе на оваа замислена вага, бидејќи притисокот кој се создава во потрагата по совршенството едноставно е преголем.
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    17.251
    Плачам, два реда солзи, наежена сум целата.
    Поради човечката злоба, таква љубов е уништена.
    Водете се по мотото на хипиците луѓе ’Водете љубов, не војна’.

    http://www.youtube.com/watch?v=QNqgkwpQiLM
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    4.033
    Пол:
    Женски
    Доста бев тажна, време е да си го поживеам животот бидејќи еднаш се живее! Ќе ви раскажам една случка од денес!
    Утре на нашата драга класна и е роденден, ама арно она утре не е тука на саем на книгата е со четврта година и затоа ние и направивме изненадување и отидовме дома. И купивме торта и ланче сваровски, беше многу изненадена. Си поседивме до 20:40 минути и си заминавме дома. И така он (мојот симпатија) ми беше цел ден пред очи. И цела ден се шетавме заедно го меревме училиштето, работиме на таков проект, беше забавно. Тој ме знае како многу озбилна и срамежлива личност, па затоа и не правиме многу муабет. :( За жал. Но и јас самата сум си крива многу молчам. Јас во еден пост во СДК имав напишано дека ќе се променам нема да бидам толко молчекива личност, ЕПА ДРАГИ МОИ ДЕНЕСКА И ТОА СЕ СЛУЧИ рррррр се промении даа зборував се семеев со него, бев опуштена паа затоа и јас сум многу среќна, што успеав барем малку да се променам. Но ррр не ја бива ако не направи некоја глупост. Еее тоа сум јас. Пак се изглупирав, :emo: него му го скрили телефонот и он прашува кој ми го скри телефонот, и јас ни две ни три викам јас. И он како стоеше до мене ми вика стварно ли? :^) (со ваква фаца ама имаше и мало :) ) И јас викам не ТЕ ЗАФРКАВАМ (а не бев јас, само се пошегував малку) леле цел калс кога почна да се смеее. АХАХАХА комедии беше. Најмногу се смеееја оти мене ме познават како молчелива личност. И така јас го зафркнав малку. Ама арно он малку ми изгледаше како да се налути, барем така делуваше. Јас ваква бев :( :( леле си викам ако се налути што ќе правам готава сум. Си викам ама сум глупа, се каев. Јас не направив ништо лошо но сепак се е можно можеби тој не не личност што сака да се зафркават на негова сметка. И кога одевме на кај калсната падна за тоа муабет и јас викам еее што јас не кажав ништо лошо само се зафркавав малку. И тој вика да така е ррррр не кажа ништо лошто. Ее ногу ако се пошегувам малку. И јас само ОФФФ ДОБРО Е ИМАЛО ГОСПОД. Ми олесна ...
    Него НАЈВАЖНОТО Е ШТО ЈАС ПОПЛОЕКА НО СИГУРНО СЕ ПРОМЕУВАМ го отфрлам страмот од мене. А тоа е многу добро. СУПЕР Е. Не можам да ви опишам колку сум среќна. :angel: :angel:
     
  9. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Убаво ми е :)
    Убаво се чувствувам.
    Прекрасно е чувството кога шириш нови пријателства. Уште поубаво е кога штотуку започнатото пријателство продолжува да се шири :)
    Среќна сум. Имам чувство дека ќе биде убаво пријателство а не полно со лицемерие и лаги...а за траењето се надевам ќе биде долго... :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.681
    Допаѓања:
    6.576
    Пол:
    Женски
    Некако денес се чуствувам осамено..
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    "Ставила кармин на полагање. Гарант ќе полага усно кај професорот во кабинет."

    Хахахахахахаха, значи стварнооооооооо :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На kala21, zarah и Hipica им се допаѓа ова.
  12. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Изгледа е нова практика ова по пицерии и кафулиња, само што ќе дојадеш/ допиеш кафето веднаш акција! Се ќе ти соберат. Да можат од раце ќе ти истргнат и чаша и се. :^)
    Освен фискалната. :D

    Финтава за да нарачам пак или работава ајт сиктер? Мислиш незгодно ќе ми падне ако нема ништо на маса? ...Одма ќе извадам јас карминче, палома, некое тефтерче... ]:)

    Абе ок, да е полно па да ти држам маса, ама брате и да станам мислиш ќе ти седне некој? Цел ден двајца без тројца, ама сега...ќе истрижеш пет-шеснаесет пред зајдисонце :hai:
    Ред се редат, гледам, мхм...
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.054
    Допаѓања:
    178.864
    Пол:
    Женски
    ...ја обожавам ноќта, додека некои бесрамно ја уживаат како комплетно совршена прилика за да ги облечат своите маски и да го рашират своето очајно лицемерие како лош вирус на секој кој ќе им се најде на патот... јас од друга страна пак си ја разголувам душата...тивко и немо.. посматрај ќи шо се дешава околу мене, дозволувам да бидам повредена... но никој не може да те повреди како шо можеш самиот... и не, не си го праам тоа, барем не често... напротив... само тогаш кога сакам да се почувствувам жива...а вечерва?! ех, е вечерва сум само нем сведок на лошата страна на ноќта...
    ..лажам!! Секогаш ме боли кога глеам како младоста ја трошат труејќи се' себе си со злоба, како смешкајќи се, си ја цицаат и последната капка позитивност меѓу себе и едино размишљање за кое го користат пластичниот мозок им е како да го згазат оној за кој тие сметаат дека е бољи.. е тоа никако не можам да го прифатам... не не не не можам и не можам!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    *******************

    Гад блесс тој шо ги измислил пижамите :D (чак што више вероВатно не е жив ама ај...) :D не, озбилно, најдобрата ствар на свет се пижамите.. и да не треба да излагам од дома, и евентуално да живеев во Кина ќе се омажев за нив :D :D :D џаст кидинг.... ама стварно си ги обожавам :)
     
    На EvitaPeron, Monna.Monna, Rubiii и 6 други им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.376
    Допаѓања:
    286.666
    Трите најважни одлуки.

    Избор на соодветна струка/образование.
    Избор на соодветна работна позиција.
    Избор на вистинскиот партнер.

    Формула за среќа нема, но многу нешта се вртат околу магичнава тројка. Животот добива сосема поинаква насока одкако еднаш ќе се донесе една од овие одлуки.

    Првава ја утнав од прва.
    Утнав може не е вистинскиот збор, нема простор за каење, во тие четири години добив многу повеќе од знаење за некаква стручна литература, но ете неопходно беше да се иде и на втора среќа.
    Среќна сум што ме држи здравје и памет да го довршам тој сон.
    Завршив со испитите и предавањата.
    Резултати нема, ќе треба да почекам но со верба и добри мисли веќе сум концентрирана кон дипломската.

    Третана одлука еве веќе толку години се покажа како арна.

    Ама вторана веќе почнува да ме јаде.
    Нема време за втора шанса доколку ја направам истата утка како јас првата одлука.
    Имам прекрасна работна позиција која е на жалост само скратено работно време на одредено кое не ми е по струка.
    За повеќе од месец ќе треба да ги напуштам и веќе почнав со потрагата по нешто ново.

    Добив покана за разговор од две огромни фирми кои отсекогаш биле мој сон.
    Она интерву кое веќе помина и добив зелен сигнал е повторно студентска работа додека не дипломирам во една интернационална фирма за која отсекогаш сум сонувала, но не ми е по струка и без ветување дека потоа ќе бидам префрлена.
    Она другото интервју кое ми беше за практикум на струка во подеднакво добра фирма го одложија.
    Имам некое чуство дека второво е можеби подобро, но како да испуштам врапче во рака и да чекам гулабчето од гранка да слета.

    Не знам што е паметно ни јас.
    Најдобро да почекам до 16 да ги видам условите од договорот и да почекам што ќе биде со новиот термин од вториот разговор...
     
    На bittersweet, ilipili, anuskaNESTLE и 21 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.658
    Пол:
    Женски
    Попладнево бев во продавница и меѓу другото купив шампон за волумен и сјај за садови.Е сега важен е моментот зошто го спомнувам ова?
    -Нели кога се тушираш па ти лизне пената од шампонот надолу,а бидејќи е за волумен ,да не се дебелеам од него?Нели бујна коса,бујно тело!
    И веднаш ми паѓа спасоносна мисла!
    -Од утре ќе се туширам само со сјај за садови ,нели ја растопува маснотијата,која инаку тешко се отстранува.Ем ќе си ослабнам ем ке си мирисам на лимонче!
    Отидов да си ја гледам месечината преку прозорец,ако воопшто ја има!
    [​IMG]
     
    На WarriorAngel, NoellePage, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.247
    Видела една слика од Санторини (онаа де,црквичката со син покрив и оној луксузниот бел хотел на врв брда),на гз паднала и локација од соништата и била...
    Среќо... ќе се печеш таму горе на карпите у белиот хотел и ќе се бањаш у хлорираниот базен? Зошто ако не си знаела...плажите се црни и нималку привлечни (ок, убаво е да се види,доживее...ама чисто се сомневам дека тебе ти дошло до доживувањата у животот... освен луксузен хотел, шампањ со јагоди и...влакнест дедо)...А и да стигнеш до нив,ти треба магаре. Не толку гламурозно,а?

    Таму одам само ако сум Натали. А кога ќе станам богата, не би си платила за да скапам у луксузниот рисорт. Ќе си го платам најскапото магаренце и едно прле со него ,за водата да му ја носи и би јашала по цел остров(слушав и Анџелина Џоли така направила :wasntme: , добро лажам...) и ќе се сместам во најевтината вила. Скроз влашки онака... :D
     
    На zarah и tessie им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    Ако веруваш кога ти го видов линкот со песната за Бошко и Адмира, откако ја ислушав песната, истата емисија ја пуштив. Ме интересираше што за оваа приказна имаа да кажат родителите на Адмира, но не сакале за српски медиум да дадат изјава (очигледно), па дале за Алџезаира Балкан. Баш сакав да направам паралела.

    Не можев да си поверувам на ушите дека некој може да користи таква крваво болна, сурово тажна приказна за поттикнување национализам и меѓуетничка и меѓурелигиска омраза. Едните викаат другиот е крив. Дали е важно дали во нив пукал Србин или Босанец, христијанин или муслиман? Го прави тоа повеќе/помалку виновен? На местото на настанот имало и христијан и муслиманка. И двајцата настрадале. Ниту еден од нив не бил поштеден на „ние сме браќа по вера“ база.

    Мајка му на Бошко, Радмила, oд друга страна пак, ме воодушеви со нејзината добрина, приземност и реално гледање на работите. Права госпоѓа. Додека пак зборовите на родителите на Адмира малку така...ме онерасположија. Повеќе беа насочени кон обвинување, кон посочување на виновникот (Србин според нив, според српски медиуми-Босанец) , жалејќи зошто ќерката морала да оди кон саканиот (кој останал таму иако му било средено безбедно да си замине заради неа), наместо за тоа каква љубов како завршила. Но, далеку дека им судам за тоа, а и не можеш да судиш за луѓето какви се во таква ситуација. Секој на свој начин ја доживува, искажува и пребродува болката. Со ова сакам да кажам дека не видов ништо повеќе од два различни типа на родители кои различно ја искажуваат својата љубов и жалат за загубата на свој начин. Ниту еден од нив не беше од “лошите“.

    Само во едно сум сигурна. Дека ова било битка во која ѕверското го победило божественото. И дека (како што пишав на друга тема во врска со случкава), парите место за гроб, требало за свадба да одат, но ете.

    На англиски финтава е уште посмешна (усно). :D
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Деновиве се‘ нешто ми се појавуваат сликите со деца и мачки на сите страни и денес конечно можам да заклучам дека ми недостигаат сите што некогаш сум ги чувала. Онака како дупка во душата си чувствувам, празно, одекнува... Ми недостига нивното милкаво предење, ми недостига да ме топлат во стапалата, да ми ги лечат магично менструалните болки, и да ми спијат на рамо додека и јас спијам.
    Ми недостига да си се триеме со носињата и да ми мјаукаат за јадење, па по неколку минути да ми се плеткаат низ нозе дури се приближувам до нивната чинија.

    Навистина, навистина ми недостигаат.
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, zarah, Moira и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.518
    Ааах пролет,

    Од пред некој ден, секое утро си ги гледам ќосчињата на прозор. (на антена де :lol: )
    коолку се мили,
    си зимаат гранчиња за гнездо од жардињера и со насмевка на лицето си викам, срцки тие.. :inlove:
    па ко ќе зацврцорат, леле леле, и ја со нив, ајдеее, ама период на парење им е па си ја викаат партнерката,
    ама ако... :wasntme:
    колку се милозвучни, просто те исполнува една топлина во душата :angel:

    пролет...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК ме очекува утре голема болка....ве молам држете ми среќа да помине за кратко
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.