Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК прави добро, за со лошо да ти се врати.Така е денес, се е обратно поставено.Некогаш мислам дека на некои луѓе единствено им е важно зло да прават, ништо друго, не ги интересира тоа што некој им помогнал, а ниту пак се благодарни.Како да им е мерак зло да прават....Какво задоволство им носи тоа? Единствено што направиле е што не забележале какви луѓе имале покрај себе и ги изгубиле, само поради нивната злоба, која на камуфлиран начин ја демонстрирале.Секогаш е така на човек доцна му текнува, што имал покрај себе, а изгубил.
     
    На tweety26, Serafima, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  2. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Ако се има случено поголема глупост од оваа со Тарчуловски моментално јас гола ке поминам низ оваа портата во Скопјето ... :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Човече .. тоа ти е глупост невидена ... и чавките ке ни се смеат .
    Немам ништо против чоекот , ке си ги види децата жената конечно ке бидат заедно ..дечињата конечно со татко ке бидат .
    Ама оваа шо се прави моментално на плоштадот е стварно глупоштина ... :rofl: :rofl: :rofl:
    оф леле ...
     
  3. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    jaс пак се стопив кога ги видов соња и јохан рака за рака,душички конечно дочекаа да бидат заедно,ах љубов,љубов :inlove:
     
  4. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Да бидам искрена и мене тоа најмногу ми се допадна од целата таа претстава .. :inlove: :lol:
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ноненце, да те прашам нешто само, зошто претстава, и пред се зошто глупава? Знаеш ли ти што се случуваше 2001 година и што направи човеков?
     
    На Micheleljubov, ilipili, Hopeful и 4 други им се допаѓа ова.
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Очигледно овој народ никогаш од ништо неможе да биде задоволен, да немаше прослава после тоа ќе плукаа како владата има пари за споменици а за пречек нема. Зарем и за ова да се мрчи ? Озбилно ? :^)
    Горди треба да бидеме зашто тој е еден од нас и затоа што постојат такви луѓе, а ти Ноненце распрашај се малку што има направено овој човек за сите нас и благодарение на него ти денеска слободно шеташ па после тоа да видам дали е само глупава претстава.
     
    На Ligavka, ilipili, anuskaNESTLE и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ричи ме потсети на еден случај, со еден бивши, замисли сега личност што не си ја запознала никогаш да ти ја анализира врската, степенот на сакање итн. Ок, Колумбо, си помислив, фактот што беше јасно дека веќе мириса на крај со самото тоа што ти беше дозволено да даваш коментари во мое отсуство, а во негово присуство, меѓутоа што по ѓаволите знае или може да знае некој надворешен? Во прашање беа години меѓу нас, таа имаше една цел - да му се наметне самата, а изјавила дека толку сакала да ме запознае? Ај мин рили :D ? Ајде, ќе се премеруваме или одмеруваме или ќе бидеме идните BFF, или требаше да и‘ дадам некои tips за тоа што тој милува во сексот :wasntme: ... А и не се запознавам со луѓе кои ми го наметнуваат тоа, па и ја спасив бидејќи потешко би и‘ било да ја искусеше мојата прекрасност во целост од блиску :D , се зезам секако... Нагласувам, станува збор за личност со ценета професија, интелектуалка и сите останати тракатанци, кои се незначајни во однос на тоа каква ни е суштината во нас како луѓе.

    Врските се тешки, дури и оние кои најелегантно изгледаат однадвор... Имаат свои убави страни, заедничкото споделување и решавање проблеми, нежностите, интимноста, ама тука е и другата страна на паричката, или опачината, да бидеш близок онака вистински, значи да ви се до тој степен испреплетени животите, што секојдневно скоро се случува нешто, на семејствата или пријателите од двете страни, парот во пакет носи во врската еден куп луѓе, додадете на тоа дека девојката е во ПМС, тој со тешка главоболка тој ден, некој е болен, друг на испитување, некој длабоко разочаран од скратена можност за доусовршување образовно... Сето ова исцрпува, влече емоции, нерви, време на заедничко надминување. Згора на се‘ паровите имаат свои случки, кои никој друг не ги знае или нема да ги дознае...

    Затоа, лесно е да се посочи дека не му штима на некој врската, бидејќи си ги видел замислено отсутни во некој кафич, од каде знаете дека девојката не била бремена, па имала спонтан, или дека таткото на дечкото немал тежок инфаркт?! Или мал милион други проблеми кои ги носи големата сложувалка, наречена - живот...

    Јас кога забележам дека некој се занимава со вакво анализирање, повеќе размислувам за самиот аналитичар. Најчесто, најстроги критичари на туѓите врски се луѓе кои никогаш немале емотивна врска со поголема блискост или оние кои бараат начин преку некое ,,солидаризирање,, да ги покријат пукнатините од нефункционалноста на своите врски.
     
    На bittersweet, kravce, Moira и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    86
    Иако сум денес пре пре пре пре среќна,нормално како и секој ден нешто мора да ме натажи.Некоја лоша мисла ! Мразам што мислам на лошо и мразам што мислам на секакви болести !!!!!!!! :@
     
  9. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Прво отварање на очи и гледаш во часовникот, доцниш и повеќе од што мислиш...
    Со еленски скок, станување од кревет.
    Спремање, она брзинското, за две минути...и мислам со брзината на светлината се движев.
    Можело бе и за кратко време да се спремам. Сум знаела. Да, си знам....да се успивам почесто :lol:

    Туку бадијала трчење. Неможев да дарувам крв. :doh:
    Толку желба имав. Но, пусто...51 кило ме измерија. И не ми дозволија.
    Абе, моли, пусти...ама џабе.
    Ми велат и таа малку крв што ја имаш...и таа ли да ти ја земеме |( Море, земете се`...
    А, толку мислев ќе дадам крв и ќе ми олесни. Знам дека многу убаво ќе се чувствував.

    Како што носам една тежина на душава, мислам ќе ја исфрлев во таа кеса.
    Мислам тој товар ќе се намалеше, ќе се обновував и јас со обновувањето на крвта.

    А, најтажното е што од толку луѓе, само 20 дадоа крв.
    Им ѕвонам на другаркиве, да ги убедам.
    Али, тоа за нив било Бљааак, крв, игли, бели мантили. Мислам хелоу! (она шмизловско)
    Немало потреба да даваат крв. За себе ќе си ја чувале... |(
    Ни хуманост нема, ни ништо кај луѓево. Толку се егоисти...

    И, јас така обесхрабрена си идам дома. Отворам фрижидер, али не паднав под влијание на сувомесното. :!:
    Туку, направив еден тон салата и седнав пред тв, да го вкусам првиот оброк за денес.
    И, така со салатата во рака сум заспала...но, дошол зајко-татко ми за време на сонот и ми ја грабнал :o
    Се будам...нема салата! Нема од ручекот! Нема никој дома!
    Мајка ми го оставила мобилниот, татко ми не е достапен...
    Избегале сите некаде, без збор да кажат...и така сама како некоја утка, зјапам во монитор и чекам да тропне надворешната врата. Оти тишинава почна да ми смета.
    Да си пуштам музика поарно, оти осеќам дека ќе ме фати оној синдромот кога почнувам сама со себе да си зборувам...и сама на себе да си ја плескам реалноста во лице. :^)
     
    На Micheleljubov, ljubam, tweety26 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Значи конечно надвор да се стопли и да излезе сонце ^_^ ! Надвор се слуша гласот на ластовичките, тревата почна да мириса на пролет, дрвјата да позеленуваат и цвекињата да цветат. И конечно после толку време да се осети пролетта! А, што се работи за сестра ми таа пак цела куќа ни ја претвори во цветна градина :lol: . Веке неможам да дишам, цела куќа ни е полна со цвекиња кои ги кине од нашиот двор :rofl: . Па се плашам некое дрво да не ми засади во собата, и тоа е можно :tmi: :rofl: .

    Денот ми е преубав, сите расположени и насмејани околу мене ^_^ . Денес во школо на фзо игравме народна и како секогаш ја победив ^_^ , хахахаха како мала кога играв со децата во маалото се победував и ете после толку години пак играм и пак победувам :rofl: . Денес во школо супер си поминав, си игравме како мали деца, а што така незнам од внатре ни дојде нешто да се потцетиме на детството :lol: . И така, животот е еден и е вреден :rofl:
     
    На mari4eeee и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    луѓето се дволични..се прашувам дали јас воопшто познавам барем една искрена личност
     
    На Vladus му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Вработувањево во јавнава администрација чиста смешка, со оглед на тоа што предност имаат тие со повеќе деца во семејството, цела шиптарана ќе ја сместиме. Не се криви тие, такви ни се законите, дарежливи кон се што не е Македонско.
     
    На ines.h, kravce, senza.parole и 8 други им се допаѓа ова.
  13. mari4eeee

    mari4eeee Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    ...Некој ден ќе ми се смачи да велам „добро сум“.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Да да да да
    Уште еден ден остана....
    Не можам да си ги објаснам чуствава...
    Не знам ни што точно се случува во телово,душава...

    Сакам моментот до пред излегувањето на сцената да трае цела вечност.
    Ама луѓе верувајте нема по ласкаво чуство од тоа.
    Сите рефлектори во тебе,сите погледи во тебе...
    И музиката свири само за тебе...

    Едно незнам...а тоа е..на кого точно да му ја посветам песната !?
    Бившиот или сегашниот !?
    "Ноќта припаѓа само на заљубените"
    баш имам клише рефрен ....
    Ама ќе си гo испеам од срце,па кој што сака нека ми поминува низ мислите...
     
    На tweety26, Serafima, GordanaL и 2 други им се допаѓа ова.
  15. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    И СЕГА ДАМИ И ГОСПОДА СЛЕДУВААТ НОВИТЕ АЛБУМИ НА ФБ СО СЛИКИ ОД ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА НАСЛОВЕНИ КАКО ПРЕЧЕКОТ НА ЈОХАН.И ТУКА ЛАВОВИТЕ,ФОНТАНАТА,СКОПСКИТЕ ШМИЗЛИ,И ТАКА НАТАМУ НАРЕДЕНИТЕ МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ КОИ ГО НАПРАВИЈА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА ДА ИЗГЛЕДА КАКО МУЗЕЈ НА СПОМЕНИЦИ ОД КОИ ЕДЕН ДЕН ЖИВИТЕ ЛУЃЕ НЕ КЕ МОЖАТ ДА СЕ ВИДАТ.ПОЗЗ ТОЛКУ ОД ДЕНЕШНИТЕ ВЕСТИ ЗА СИТУАЦИЈАТА НА ФБ.
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... ќе се обесам |(
     
  17. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    СДК ич не сум модерна...
    Да, да баш сум заостанатка. Не сум знаела дека кафето, блакцето, сокчето треба задолжително да го сликаш и да го пратиш на фб... :^)
    Дефинитивно социјалнава мрежа ги поремети луѓево. :tmi:
     
    На kravce, Umbrella22, ilipili и 6 други им се допаѓа ова.
  18. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    What a wonderful day :)
    Се чувствувам прекрасно.
    Имам чувство дека полека полека коцките почнуваат да си се редат на своето место :$
    Повторна средба со драг другар од основно.
    Средба со друг со кој што имав заладени односи поради Х причини.
    Убаво е!

    А љубовта? Па и тоа ќе си дојде се на свое место. Кога тогаш ;)
     
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Го гЉедам постот на Кравче :wasntme: .

    Не мАри, не си ти, ти си кравче, со Че. :geek: :wasntme:
    Имај уба вечер, на ти една ко за тебе, не се сомневам дека ќе те бендиса :P

    http://www.youtube.com/watch?v=lR92gNcejnY

    и една од Драган Вучиќ, срце немам да ја ставам :rofl: :D
     
    На Moira и kravce им се допаѓа ова.
  20. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    сакам да заминам некаде далеку во некој гоолем град кадешто никој не ме познава и да си останам едно месец-два да ми стивне главата од сите проблеми,нервози и луге во мојот т.н. живот,да почувствувам целосна слобода без притисоци,без влијанија од страна,ми треба да бидам сама и слободна,се чувствувам како во кафез кој сите го набљудуваат,како заробена птица а околу неа соколи,ми треба приватност,време без да бидам набљудувана и проверувана,сакам да љубам без страв да не бидам видена од некого,сакам да излезам од сопствената кожа, сакам лугето да престанат да ми се мешаат и да ме гушат,несакам да сум веке овде несакам
     
    На julie77 и sunfemina им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.