Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    А јас имам толку многу работи да кажам,работи кои си мислам да можам би требало до утре да ги пишувам.Ама неможам,не излегуваат зборовите,ги нема.
    Таман си помислив еве го моментот,ќе ти олесне на душата,ама ништо.
    Имам толку многу работи периодов,што мислам дека сум единствена,себична сум и не сакам да прифатам дека и на многу други им се случуват вакви работи,ама сите плачат во себе.Алал да им е искрено.
    Јас не бирам кога и каде,ама ако имам јадови на душава рикам како да ми е последниот ден од животот,не дека нешто ќе сменам,ама бар ќе си олеснам.Тоа ме прави слаба личност,и се мразам поради тоа.

    Немам време да си посветам самата на себе.Периодот ми е пеколен,никаков.Можам слободно да си ја прогласам 2013та за изгубена година,година која ми донесе многу загуби,солзи и проблеми.Проклета нека е.
    Сакам да се изгубам некаде,ама искрено,да се опоравам и да се вратам.Незнам кога последен пат сум прочитала некоја книга.

    Си го сакам животот назад,тој мојот,старото време,вака ми е премногу,вака сум многу немоќна,мала...
    Ова не сум јас.
     
    На tweety26, teddybear, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    аххх оваа хемијааа ќе ме умреее.... :@ :envy: ее луѓетоо каквии сее проблемии имаат ,па пак остануваат силни а јас тука за една хемија ви дрндамм .... :| глупаа сум знам :!: :)
     
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.023
    Допаѓања:
    123.891
    Не знам дали сте приметиле,ама барем кај мене,сите околу мене како одговор на се што се случува одговараат со- така требало да биде.И така ти е полесно.Малку се помируваш.
    Не бил моментот сега,ќе дојде.
    Што е твое ќе си дојде,никој не може да ти го земе.
    Биди доволно силен да го оставиш тоа што те повредува и стрпливо чекај го она што го заслужуваш......
    Итн........
    И така полека ти влегува во психа.
    Секој ден,што да правам-така требало да биде....
    Навистина?
    А зошто,зошто така?
    Сега пак зошто? :^)
    И одговор-џабе се прашуваш зошто,ЕТЕ ТАКА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ......
    И што ти преостанува да направиш?Не можеш секогаш да си силен.Да наоѓаш одговор на прашања,нема да ги добиеш.На крај ти останува надеж,а и неа ја снемува со секое разочарување.После него,треба да си награден со среќа,а следи ново.И веќе нема ни надеж.Веќе си длабоко несреќен, иако најсилно посакуваш да не си.Ама едноставно,се е веќе исцрпено,сите резерви и тоа уште сега.
    Мајка ми сирота вели-Па низ што се не поминавме, ќе помине и ова........Да мамо,ама зошто уште да поминуваме?Кога ќе биде доволно....
    И самата е свесна дека сум во право,ама пуста мајка...
     
    На bittersweet, Micheleljubov, anuskaNESTLE и 21 други им се допаѓа ова.
  4. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Зошто целиов посран живот ми се врти околу таа љубов, зошто сум таква да мислам дека ако ја немам неа и пола човек сум ебате?

    Дали ми е до името? Ако се прекрстам во Лимонка, ќе ми дава ли животов повеќе лимони ..?
    Ќе најдам јас текила, ич не е проблем.
    Сестра ми вика овие биле најубавите маки, љубовните. Па пустото, и така е.

    ОХ.... рид.
     
    На Offspring и Springy им се допаѓа ова.
  5. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Поздрав до сите што се мешаат во туѓи животи.
    Поздрав и да вас феминики. Ве напуштам од оправдани причини...или "оправдани"
    :*
    Ќе ми недостасува форумот но тоа е тоа...
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Eдинствена ли сум будала, кога слушам музика на слушалки и одам некаде, си ја стискам устата силно за да не запеам на глас,или барем да не мрдам со устата, како уште поголема будалетинка?
    Ќе си напраам рани од гризење еден ден,ама неможам да престанам значи.
    Али па кога слушам музика не го осеќам патот, и не ги гледам пиздарииве по градов што ни никнаа како кокичиња.
    Се е полесно со музика, и поубаво, дефинитивно.
    http://www.youtube.com/watch?v=8tJoIaXZ0rw
     
    На bittersweet, Foreveryoungiwannabe, anuskaNESTLE и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    За арно за убаво ... нека ... Значи сонцево прави чуда :).Среќна сум,многу среќна.И после долга врска луѓе јас сеуште секоја вечер му се радувам како да е почеток на врска.ГО ЉУБАМ.Вистински го љубам. :lol: .И така убаво ќе си заспијам вечерва |-) мирно џоа бебенце :lol: .
    Утре пак нема има сонце,нека шири позитивна енергија и љубов.
    Ќе одам да пријавувам испит :doh: ,држете ми среќа,богами и ќе ми треба :angel: .
    Добра ноќ и убав сон. |-)
     
    На kravce и tweety26 им се допаѓа ова.
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Тарапана - Северина. Помодарство стана да ја објавуваш оваа песна на фејсбук, а особено зачестено се постира за време на викендите, а кога ќе видам какви се девојки ја објавуваат ми станува смешно, па уште вадат некои стихови, се ставаат статуси демек еве да им докаже на сите а посебно на дечко и колку и е автобиографска песната, офф колку е само обратно. Ама ако. Дефинитивно дојде време да го деактивирам фејсбуков зашто ниту објавувам нешто ниту пак може да видам или прочитам нешто нормално, само за фаќање сеир служи...
     
    На Monna.Monna, WarriorAngel и Ilusionist им се допаѓа ова.
  9. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    СДК...Среќата е како сонцето, кога е најубаво-заоѓа...
    Но, пак ќе изгрее. Тоа со сигурност! Само треба да помине ноќта, која некогаш ни се чини многу долга.
     
    На Girl-50, kravce, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Дека К-15 ако не ме насмеат нема кој. Стопати да го глеам, ќе се изнасмеам. Алал да и е на новава младава како глуми, бравос еј се уклапа :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=i4eXwg0iK4w
     
    На tweety26, Ilusionist и manja666 им се допаѓа ова.
  11. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Чудни денови беа пред мене,многу чудни.
    Понекогаш кога мислиш се е завршено и си почнал нов живот подалеку од сите негативни личности кои биле во твојот живот,ете ги се појавуваат да те потсетат дека грешиш.
    Среќна сум сеуште,и покрај сите злобни луѓе кои се обидуваат да наштетат на секој можен начин.
    Таман мислам сме се заборавиле конечно добивам телефонски повик од едно минато кое сега е сегашност на мојата некогашна "другарка".Знам дека не ме заборавил,збореше како едвај да чекал да ме слушне,а јас толку многу бесна што да беше пред мене не знам што ќе направев.И да зборевме долго,и се што чував во себе,целиот говор што го мислев долго време конечно го кажав.Не заборавив ништо за чудо.Дојдоа и тие пет минути,натаму он си знае како му било.Јас барем си ја олеснив душата.И ајде повикот што беше,но за што беше...Ми се јавува за да ми каже како ме местат таа и комшиката за некој разговор пред повеќе од година. :^) Уште на кој начин ќе се понижат самите не ми е јасно,јас мојот живот си го живеам ама изгледа е премногу интересен за другите.И ајде веќе да не се оптеретувам со оваа тема.
    Со него вчера го дочекав утрото.Колку само беше прекрасно да бидам во неговата прегратка со саати,да молчиме и пак да ни биде убаво.Гледам планира заедничка иднина...јас молчам,оставам времето да покаже.Иако се надевам во себе.Ме прави среќна,ме исполнува без ништо посебно да прави.Самото негово присуство ме прави среќна.Прави се што никој друг не знаеше.Незнам дали е ова само бидејќи сме сеуште на почеток,но се надевам дека ваков и ќе остане.Тоа е се што ми треба. :inlove:
     
    На bittersweet, Springy, Hipster и 13 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.655
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам единствена дрога што ја признавам е љубовната дрога.Навистина.Ако е уште взаемна и ако двајцата се завртени еден кон друг,тоа чувство баш може да потрае.И фиииииино ти е.И зошто тогаш да не се дрогираме од љубов?Богами кој не сака не мора,а мене ми доаѓа да ушмркам што повеќе!
    И се би дала тоа да трае...и трае...и трае....Пропратните појави ако сте дрогирани од љубов можат да бидат-неосаменост,деца,заеднички дом,пријателство,заеднички спомени,цел еден живот,цела една историја.
    Не е лошо нели?
    Инаку љубовта му доаѓа како примитивен пазарен пазар на купопродажба.Размена во која не си оштетен.Значи мора нешто да дадеш за да земеш.
    Мислите заљубена сум.Не знам.Знам дека сум изморена од тој процес на купопродажба.Некако се ми се чини како да сум оштетена страна.Сметката никако не ми излегува чиста.
    Филозофирам рано наутро [​IMG]
    [​IMG]
    Нема да се жалам,повеќе.Ели25 спомна како не може да се помири со тоа- така требало да биде.И знам дека не треба ,ама човек едноставно се уморува од разни прашања.Некако се уморив од овие 40-ти години.Како да сум балсамирана.
    Добив нов прекар од ќерка ми.Ме нарече ТУЛУМБА.Е, ај сега.[​IMG]Ви оставам место да ги откриете причините за тоа.
    Неповрзана сум и самата на себе нејасна.Отидов да се дружам со омразената правосмукалка ,барем таа не ми откажува љубов.[​IMG]
     
    На bittersweet, NoellePage, tweety26 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Луѓенца мои намјили , кога веќе ви кукам стално и ве трупам со лоши вести време е да ви кажам и една прекрасна вест...

    СЕ ВРАБОТИВ :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    И утрово ќе паднев од кревет кога ми кажаа за работата, ми требаше пола час да се осигурам дека не сонувам..

    АХХХ после дооооолго време
    КОНЕЧНО....

    И како што е ред да ве почастам :D
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Annath, Serafima, bittersweet и 44 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.696
    Допаѓања:
    116.336
    Пол:
    Женски
    СДК дека имаше време кога на форумов доаѓав да се релаксирам, да прочитам некое убаво мислење, да дебатирам на некоја тема. Сега тоа чувство го нема. Беше убаво додека траеше, си запознав овде пријателки, личности кои би ги сакала да ги имам за пријатели и во вистинскиот живот. Знаете кои сте да не ве наведувам. Остануваме во контакт.
    Ајде бај , бај и останете ми со арно .

    [​IMG]
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    И така таа направи тажна фаца, пушти солзичка и кажа дека не може да издржи во овој свет на лоши луѓе каде таа со својата искреност и добрина не може да вирее.
    Што драмите, што изводите не ми е јасно?
    Ме оставаш мене со вина дека сум лошотија која го предизвикала твоето заминување?
    Не ми се верува. Свашта.
     
    На Lov3 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  16. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    21.013
    Чуден е овој животот.Едни коцки ќе се наредат, други ќе се срушат. Понекогаш едните побргу се срушуваат и поминува време додека другиве се наредат...
    Некогаш паралелно се редат и местат 3-4 замока од коцки, а некогаш коцка нема ни за лек....
    Понекогаш коцките се преобразуваат во хазардски...Се или ништо.
    Но една страница свртена, следната е на ред....се до крајот на книгата.
    Во меѓувреме, мнооооогу редови испишани и со пелин и со мед.
    И слаткото да ти загорчи, и горкото да ти се услади.
     
    На Hopeful, Hipster, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас па не можам да се помирам со чекирањето, таму сум со тој, таа и тие, ептен ни е лудо. Остај што ти лудо се забавуваш (очигледно, штом наместо да муабетиш со луѓето, си на интернет) туку и мора цел свет да знае каде си. Отишле на викенд во друг град, изволте крадци, нема никој дома :D
    И јас сум заостаната изгледа :wasntme:
    И ајт сликите со напрчени усти, ама секоја слика да бидеш свртен со грб и во центар напрчениот задник? :^) Не се виновни мажите што "не ве ценат" сами не се цените. Да биде потажно, фотографиите направени во присуство на двајцата родители. :| Не припаѓам на овој модерен свет со глупави вредности.

    Туку што ми е гајле, си имам нов парфем... го добив на поклон :wasntme: миришем убаво :wasntme:
     
    На Annath, bittersweet, tweety26 и 21 други им се допаѓа ова.
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    колку ужасно се чуствувам денес, ладно ми е ми поминуваат морници низ тело, ми се повраќа...

    ама не не сум болна ова е последица од мојата психичка состојба. се чуствувам како никој и ништо денес се чуствувам предадено од него кој го следам низ сито и решето сите овие години.

    ме боли душата денес.

    работам ама имам грутка во срцето и солзи во очите. срцево ќе ми излезе од градиве од болка мислам. а зошто? зошто се нервирам за нешто што не е мое, што никогаш не било мое ? и така никој не вели фала на крајот.

    ама јас сум си крива, сега се чуствувам вака подоцна ќе седнеме да разговараме со две три реченици ќе ме смота и пак слепо ќе му верувам ќе заборавам се и пак ќе го следам и пак и пак. и пак јас ќе се чуствувам виновна за се што е сторено за се што е кажано за се што размислувам...

    туку сдк дека едвај чекам да си дојде мажето мое да ми го стопли срцето и креветот. мојата светла точка во животот мојот столб. да се потпрам малку на него денес да ја споделам тежинава....
     
    На lunicka, MacenceEna и Moira им се допаѓа ова.
  19. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ми треба некој да ми држи среќа.
    Овој петок е битен ден за мене.
    Fiuuu се тресам цела,само нека биде се во најдобар ред.
    Па утре да не можам да сопрам од пишување и средување на убавите впечатоци.
     
    На HoneyBun му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Го испив чајот
    Да се средам и да одам до саем да се изгубам помеѓу штандовите
    да ја најдам вистинската книга
    да избегам од реалноста за миг
    Зарем толку лесно се бега? :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.