Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    СДК дека оној кој љуби пред никого не се срами толку како пред оној кој е предмет на неговата љубов. Така можеби јас не бев доволно силна и храбра да ти кажам некои работи. И да сеуште сум слаба на тебе, но тоа од мене нема да го дознаеш. Да љубиш значи да создадеш врска која ќе трае цел живот, нешто што никогаш повеќе нема да го почувствуваш од мене. Љубовта сама по себе e и убава и грда. Убава е кога сакаме чесно и искрено, а грда е кога сакаме против правилата кои животот ни ги дарува. Мојата љубов беше таква, љубев и покрај пречките, не ги почитував правилата, се впуштив и нормално ја изгубив битката. Неговите чекори беа навистина нежни, полека но сигурно навлезе во моето срце. Од секогаш ги бираше меките работи по кои чекори, моето срце. Tака тој си издигна стан во моето срце и мојата душа. Од секогаш бараше вакви ко мене, со мек карактер некоја што лесно ќе ја повредиш, можеби се плашиш од јаките ?.. Токму сега мене ме направи таква. Прости ми, но клучевите од станот во кој живееше морам да ги дадам на друг, доволно чекав, заслужува некој друг да биде среќен, а и јас покрај него, без тебе. Сеуште копнеам, копнеам за нешто кое го немам, а го љубам. Периодов ми беше тежок, ту бев сиромашна ту богата, ту цветав ту венеев, ту живеев ту умирав... Преку љубовта ја барав бесмртноста, која со болката која ми ја нанесе, ми го донесе токму спортивното, ме уби.. Но, сега повторно дишам, се надевам, среќна сум што постојам. Од денес му давам шанса на друг, друг ќе ме љуби, друг ќе биде покрај мене.

    Оваа наша љубов завршува тука, иако изгледа како уште да трае...

    Збогум ...
     
    На Smilly, julie77, TeddyGrey и 5 други им се допаѓа ова.
  2. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Тоа одсекогаш било така и така ќе остане . Секој си гледа за себе и за своја корист. Поминаа тие времиња од Тито кога сите беа сложни и последното парче леб го делеа меѓусебе . Светот е суров а на нас останува дали ќе го прифатиме тоа или ќе се надеваме на подобри времиња во кои цветаат бандерите.
    Но велат - почни од себе . И што ако почниш од себе демек тоа ќе смени нешто . Луѓето околу тебе пак ќе си останат исти . Ако си добар ќе те газат . Треба самите да процениме со кои луѓе треба да бидиме добри за да не се злоупотреби тоа што сме добродушни .
     
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Сакам Да Кажам дека сум разочарана од непочитувањето и незадоволството на жените кон самите себе.
    па дури и тука на Фемина постојано теми: ,,Како го поголем задник?``, ,,Како побрзо да ми расте косата?``, ,,Како до поголеми гради?``, ,,Корекција на нос``, ,,Корекција на уши``...
    жени сакајте и ценете се такви какви што сте.
     
    На Magnolija и SexyLady им се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Или јас затупев или технологијава е ненормална! :shake:
    Ми донесоа нов мобилен телефон, со чуда, врагови и андроид. Пола час куцам порака на дечко ми да му кажам колку сум уфркана. Море, повеќе од пола час. Само што видов дека е скоро 11. :tmi:

    А јас и се смеам на баба ми. |(
     
    На Cynthia и MandyLane им се допаѓа ова.
  5. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Машанович? :D
    Жив никој не останал кај него. :D


    Негоо, сакав да кажам... т.е. прашам...

    Има некој нормален на светов бе?! Сите од корист живеат?! :x
     
    На L-enna и mamas им се допаѓа ова.
  6. mamas

    mamas Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    43
    МИ ФАЛИ СКОПЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ......................ААААААААААААААААААААААААА
     
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.760
  8. mamas

    mamas Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    43
    Сите знаеме дека работите во нашата драга Македонија функционираат така, посебно во училиштата. Затоа уживај и немој да се измачуваш. Тоа што сега ти изгледа како слон, кога ке помине време ке биде пиленце. Животот носи многу по големи проблеми, училиштето е релаксација во врска со нив. Верувај ми
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате ли на она чувство во прво одделение/градинка/забавиште,кога толку многу не ви се оди,што се на вас почнува да ве боли,дали стомак,дали глава,дали качувате температура,дали ви се повраќа,дали...ама онака вистински,без глумење.
    Ееееееее,исто вака се чувствувам насабајле,пред одење на факултет и пробувам на секој можен начин да го избегнам. Посебно неделава и изминатата.
    Ко прваче,ко да ми се случува нешто ново ама ептен неубаво. Од каде никна оваа одбивност,не знам.. Уствари знам,зашо не би знаела..

    Инаку,убав денов. Не сум свесна какво беше времево,ладно,топло,врнежливо,немам апсолутно поим,еве пробувам да се сетам.
    Какво и да било,мене ми беше сончево. :sun:
     
    На Cynthia и SexyLady им се допаѓа ова.
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Се почесто околу себе гледам нов современ Раскољников.
    Убијци во илузија. Убијци на духовното за материјалното.
    Жедни крволочни лица, ти ја цицаат и последната капка крв.

    Совест... Лесно на оној што ја нема.
     
    На Shelea и irenna им се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Знаете, ви се има сигурно случено, да погледнете во очи некоја личност со ептен(се извинувам на изразов)ама грозен поглед. Оној тип на поглед што кога ќе се судрите очи во очи ви се превтрува нешто неубаво во стомакот, главата веднаш ви прска, и од самата помисла што таа особа ве гледа во очи ви се гади.
    Е, денес сретнав една таква девојка, не ја можев жими се. Уф само кога ќе се сетам на нејзините прозирни очи, неубави искрено(и покрај тоа што беа плави), цинични, како зло да шират околу тебе..Е, таа девојка (не ја познавам лично, ниту пак го знам нејзиниот карактер), ама очите се огледало на душата, а нејзините беа :x :x Уфф не ја можам..
    Како и да е, да не ја тупам со "харизматични" постови...За 2 минути почнува нов ден, па да видиме што ќе донесе :)
     
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Би ви заблагодарил за честитките , драго ми е што не ме дискриминирате како едно од 5те машки survivors на овој остров наречен фемина :D

    И морам да напоменам дека зацрвенев и срцето ми залупа побрзо за некои 20 секунди кога видов колку девојќи ми честитале :$ , и дека диносаурусот е љут оти не сте му честитале ... ако сте покажале торта со него незначело како честитка ... he is such a bitch-dino isn't he :rofl:


    И така
    дојдоа гостите , ме натрупаа со куп подароци ... 85% парички и 10% џемпери ,сега имам еден убав џемпер како за во модни критики само купен .... и парфем сега во диско ќе миришам и ќе ја обележам територијата каде јас ќе играм , немора да мочкам на подот како порано ....

    Така да денеска научив како се прават колачи т.е читав од рецептот на баба ми , запишав у тетратката за факултет оти и така за ништо не ја користам , барем нешто паметно да има во неа .... и се разбира сега гордо можам да се искажам на моите англиски реченици

    I POSSES THE POWER OF THE COOKIES , I RULE THE KITCHEN NOW (Мојата граматика е лоша , а што праиме со твојата ?) ]:) ]:) ]:)

    Најважното е кокос-колачот , уште од мали години имам јас една мана ...а тоа е дека сум дрогираш ...за кокос-колачите моите најомилени ..... едноставно до тој степен да ако девојка ми (идната) ги прави ќе ја земам одма за жена ... :rock:

    kokos =
    [​IMG]

    Така да моите гости ги изедоа сите кокос колачи (фала многу , од 25 врсти моравте таа што јас ја обожавам да ми ја потрошите , ) али важно забавно беше ,тоа е важното
    Знаете во државите како во Америка и западна Европа и сл. има All you can eat for 20$ и платиш на пример толку и јадеш колку што можеш ... хмм можеби затоа пола Америка се дебели толку .... како и да е

    Сега останува со блиското друштво да славиме ...

    А да и заборавив
    останаа другите колачи (2-3 итн место на мојата листа) и кока-кола
    што значи

    [​IMG]


    Уживајте во вечерта , јас сигурно сега имам цела ноќ пред мене :D

    LETS BEGIN EATING SOME COOKIES :emo:

    ИЛИ
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, Smilly, Strumfeta93 и 21 други им се допаѓа ова.
  13. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    [​IMG]


    Помогни им господе :!:
     
    На Divinebutterfly, martinuska и Rozich им се допаѓа ова.
  14. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Го читам буквално секој напишан пост и доагам до заклучок дека негативната енергија преовладува на форумов.Ами не само на форумов туку буквално на секаде.

    Некако луѓето не се радуваат многу на празниците што следуваат.
    Како да им е смачено од животот и не им е грижа за ништо.Се едно дали доага нова година или не.
    Новата година очигледно за повеќето не претставува никаква надеж за подобри денови.
    Се води некое бавно темпо на живот т.с. преживување.

    А за да се биде среќен не е потребно којзнае што освен смиреност, умешност, баланс, позитивна енергија...
    Позитивната енергија е насекаде околу нас. Секој ја поседува во себе, треба да научите само како да ги заборавите сите лоши работи околу вас и таа сама ќе се појави.
    Познато е оваа веке нели, само што ретко кој го применува ;)

    Уживајте луге во животот и дајте насмејте се веќе еднаш.Тоа би било добро за вас и лицата во ваша близина.Нели велат соседството влиае.
     

    Прикачени фајлови:

    На Shelea, Adi888, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    8.579
    Некогаш сами си бараме причини да не бидеме среќни.
    Се измачуваме дека нешто е премногу добро за да биде вистинито, анализираме, осудуваме, наместо да уживаме во тие малку мигови на совршеност, кои секако знаеме дека ќе се срушат. Порано или подоцна.

    Мене ми е добро. Не се оптеретувам дури и со работи кои ми значат. Добро се држи ѕидот кој го изградив.
    Зад тие ѕидини е делот од мене кој е деликатен.

    Површноста е идеална. Кој вели дека се потребни длабоки емоции? Тоа е толку напорно.

    http://www.youtube.com/watch?v=eAOdlgFJDAI
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Дедичкооо ми фалиш ;( Незнам само како ќе се навикнам да живеам без тебе ;(
     
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Тренирав стомачни на "Фани Мани" со старата добра багра македонски актери.
    Лудница. :rofl:
    Мани, мани, мани, маст би фани, ин д рич мен'с вoрлд. :music:

    Сепак, на крајот, не е се во парите. :!:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ја научив веќе на памет... Досадна е, и тие па некои сагламски реклами незнаат да направат. |( Па и ако чекаш серија и ако почнат, СМРТ! :|

    Боолки такви страшни што неможев веќе да одам! :headbang:
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Нашето Скопје КОНЕЧНО почна да дише!
    Излагајте надвор да прочистите плуќа зашто утре ќе нема :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • Skopje dise.png
      Skopje dise.png
      Големина на фајлот:
      189,6 KB
      Прегледи:
      207
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  20. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    На kate21, Smilly, Strumfeta93 и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.