Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Јас не спијам многу, ама голема СПАНКА сум. И голема обожавателка на сонот.
    Кога сум наспана сум друга личност. А, ретко кога сум наспана како што треба. :^)
    Секогаш се будам со желба за уште барем пет минути сон....
    Но, денес. За некое чудо...се разбудив наспана, одморена, со доста енергија.

    Негативни мисли, иш, иш...не ве примам денес.
    Негативни луѓе, исто така.
    Си реков денес јас се ставам во центарот на своето внимание :$
    Цел ден да си го посветам на себе. Да уживам во задоволства кои одамна не сум ги уживала.
    Да се опуштам, и да го правам она што душава го љуби.
    Мозокот на пасење, а да јас шетам по тесниве градски улици и да не ме допира ниту едно негативно влијание од универзумот.

    Ами, кога се остварило тоа што сум го замислила. |(
    Само што си направив план на МОЈОТ ден. Дека ќе го посветам на себе, незамарајќи се за другите...еве ја ''другарка ми'' на телефон. Услугаааа ми треба Илу, во тесно сум....ај те молам помогни, многу ми е важно. Знам ти нема да ме одбиеш!
    Да, Илу неможе да одбие. Илу секој пат на сите проблемите ги решава.
    Не за џабе ја рекле онаа поговорката: На сите атер, на себе матер!
    Ете така, јас цел живот му го посветувам на другите. А, еден ден испланирав за себе, и ни тој не ми е достапен. :|

    Ама, сонце грее надвор. Ќе си бидам весела, како птициве.
    Такво чувство на спокој даваат, па уште во склоп со песнава...рај за душа.

    http://www.youtube.com/watch?v=gmP_gH9F3yc
     
    На bittersweet, Serafima, kravce и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... лебдам. Одбројувам минутки до крајот на работното време и си кројам ситни планови за петочно излегување и крупни планови за животот.
    Се хипнотизирам со самопомагачки материјали за здраво и културно слабеење, :D јадам мали порции, уживам големи задоволства.

    Многу ми е убаво кога во главата ми зуи песнулка, која ми доаѓа како саундтрак на денот.
    Тогаш, додека чекорам по улицата, се чувствувам како главен лик во некое филмче и се занесвестувам во ритамот на песната која доаѓа од слушалките.
    :D

    Вечен фантазер сум и таква ќе си останам. :)
    За мене секогаш чашката ќе биде до половина полна, со тенденција да се наполни до врвот.

    А до неа секогаш има сол и лимон задолжително. ;)
     
    На Annath, bittersweet, kravce и 28 други им се допаѓа ова.
  3. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Пурр!
    Се тегнам, се тегнам и никако да го мрднам мрзливиов дембел газ.
    Во моментов би можела со часови да лежам и да не мрднам, да уживам во меката постела.
    [​IMG]

    Уживам периодов, некако пролетно расположение ме фати, стопли временцево и ми се стопли душава. Негативните работи ги тргнав на страна, ги отфрлив од животов, за сега. Идат убави денови, родендени на најмилите, матурски прослави, тинтири минтири.
    Ме фаќа таа позитивна еуфорија :wasntme:
     
    На Someonespecial и Elennaa им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Мислам дека сум една од ретките на форумов што не читаат личности, туку читаат постови што им се свиѓаат. Според мене така и треба да биде, форум ко форум, не знам дали само тука е вака, ама како и да е, читам што стигнам и што ми се свиѓа лајкувам. Не следам форумџики па да ги читам само нивните постови. Не ми сметаат тие што читаат така селективно, ама според мене треба да биде другачије :)
     
    На Monna.Monna, Serafima, kravce и 20 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.750
    Пол:
    Женски
    Најинтересно ми е кога читам реакции на ставови кои според некои предизвикуваат омраза на национално/етничко/религиско/расно/ и тн. ниво.

    Интересно ми е затоа што оние кои упорно тврдат дека целта на муабетот им е соживот, прифаќање на “другиот“ и сл. работи излегува дека чуваат во себе најголема омраза кон тој “другиот“. Ретки се оние кои трезвено пристапуваат кон таа тема.

    Иронијата и лицемерието кај некои луѓе ме вџашува.

    Разликите треба да не` зближат, надополнат, научат. Но, тоа не можат да го сфатат луѓето кои веќе одамна изгубиле контакт со реалноста и веќе одамна и` имаат раскинато на самокритичноста.
     
  6. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе, читам што ме интресира и лајкувам што ми се допаѓа не ме интресира кој го објавил ако ми се допаѓа ке го лајкнам нормално :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Теси, ако мислеше на мене, обрати ми се директно, нема потреба како дождот од поговорката одоколу. Мислам дека друго тебе те погоди, дека ти ја чепнав чувствителната точка ,,моето воспитување е најсупериорното,,.

    Не ги мразам, до степен да барам иселување или сл. како некои, ама не глумам ни дека сум пресреќна поради постоењето на одредени други етнички групи, кои својот став кон нас го изразија преку војна. Па, ајде сега во име на соживотот, да се фатиме за рачиња, да нацртаме срценца на образите, да се интегрираме, по можност и плодиме и множиме меѓусебно, кој сака нека повели, јас не би.

    Не знам кој е лицемерниот или нереалниот момент тука, објасни подобро. Не сум јас толкав косомополит, егалитарист, ни хипстер, ни сум се претставила така, ама сосема сум убедена дека контактот со реалноста ми е прилично здрав и солиден.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.750
    Пол:
    Женски
    Зошто тебе? :^) Не сфатив. Еве ако морам да кажам, навистина зборував за една дискусија од една група на фејсбук од која кафето ми се врати во грлото, а не посочив директно затоа што не сакав никого да избламирам јавно без потреба (особено не би било фер тоа да го направи анонимен лик како членка на форум). Конфликт на етничка база. Коментари од кои ми се повраќа кои ги имаше и од двете страни. Коментари од типот на „ајде да се сакаме, ама сепак мојата гребнатинка повеќе боли, признај“ Мислам дека се изразив во множина и погоре. Барем ме знаете дека цитирам и дека и јас мразам суптилно напаѓање.

    Едит Сега прочепкав по мислењата и видов. Не, не сум човек кој лично си ги сфаќа работите. Баш за таа тема за која мислам дека зборуваш никого не нападнав. Навистина нема потреба да се правдам, но како членка која ја почитувам, заслужуваш објаснување.

    Поздрав.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ок, имавме неколку последователни постирања, во кои јас искажав став на темата кој може да се протолкува како етнички или верски нетолерантен, мислев дека не е коинциденција :) .

    Сакам ако некој се расправа со мене, отворено да го прави тоа, тоа е се‘ :) ...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    You nailed it Kevin i.e. Mark. :clap: Тоа е бе феминки животот, што комплицирате и негодувате само не знам. :D Enјoy life once for all. :)
    [​IMG]
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Кога сте среќни уживате во музиката,но кога сте тажни го разбирате текстот:)
     
    На Hopeful, Peppermint, Espadrila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    можеби за некои работи сто ги има денес :!: и јас изгледа сакам да сум родена во поранесното време :^)
    многу Чудни и неубави работи се слуЧуват денеспа и тие сто некои мислат дека се мода :^)
     
  13. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Така ееееееееееее. :) Само да се надоврзам, ќе му дојде исто скоро. Кога сме среќни уживаме во мелодијата на музиката, а кога сме тажни се бараме во стиховите. :D :D
     
    На srcekrsacka, Umbrella22 и kikav им се допаѓа ова.
  14. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Не никој не ми е крив што си се здебелив, ни дечко ми, ни работата, ни мајка ми... сама сум си крива :envy: Значи зор ми беше сега за доручек да земам четвртина бурек, и тоа од оние најмрсните, и си го изедов без око да ми трепне, и отпосле се освестив каков ГРЕВ сум направила и сега оф туго леле не требаше... епа глупава една другпат чукни си ја главата од маса и за доручек земи си мусли, јабука како сите нормални луѓе кои сакаат да ослабнат.

    Иначе што се израдував сабајле за 3 дена стаж толкава плата :clap: што добро ке ми дојдат сега 2-3 книгички на саем од мерак, и нешто да си се подновам, криза ме фака немам ништо пролетно за носење... 8)
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Aко има некој на планетава што држи лутина пократко од мене, ќе му дадам Нобелова награда. :wasntme:
    Ич не сум љутка, иако треба понекогаш. :D

    Ама денеска денот ми е прекрасен. :f:
    Полна сум со позитивна енергија, си скокам како срна. :lol: Една другарка лани ми велеше „Се чувствувам како да сум заљубена, но не конкретно во некого“. Смешно звучи, ама и јас сега така се чувствувам. :) Како некоја еуфорија да ме обзела. ^_^
    Има само еден одговор - магијата на пролетта. [​IMG]
    Верувале или не, дури и излегов со една комшивка од маало да се луламе на лулашки. [​IMG] :$
    Си го имам она детето во себе, само чека нешто да го разбуди. :lol:
    Толку прекрасен период е пролетта. [​IMG]
    Сакам сите денови да се вакви. :sun:
    Сега ми е уште поубаво откако ја споделив позитивата со вас. [​IMG]

    Имајте најубав ден и свиркајте си со песнава :music:

    http://www.youtube.com/watch?v=8IjWHBGzsu4
     
    На bittersweet, Serafima, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК после толку време заедно со саканиот, заеднички доручек прегратки бакнежи топла постлела неможам да опишам колку сум среќна покрај него само тој ме исполнува.... :inlove:
     
    На ilipili и kikav им се допаѓа ова.
  17. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Денес така седејки на еден час мозокот ми летна не ми се слушаше и си размислував за тоа колку кила всушност сум ослабела. Јас на сите им велам 9. Арно ама кога поубаво израчунав излегоја 12.
    Започнав со максимални 74 кила :$ , а сега имам 62. :wasntme: :mm:
    И така автоматки од скисната , замислена фаца од мене излета една силна насмевка и се озабив од 6ка до 6ка. Среќа, радост, самодоверба како никогаш до сега.
    Синоќа беше една прекрасна вечер полна комплименти. Ама па заслужив. Се стросав убаво, минимална шминка , нови фармерчиња, кошулче, пеглана коса... :lol: И што е најважно убаво си поминав.
    Денес тотално се препуштам на сонцето, кафенце и музика. Цело попладне ке уживам, а петочната вечер ке си ја поминам најдобро што можам.
    Денот е створен како за мене. :sun:
    Среќна сум. Нека потрае ова чуство. Макар и за ситни нешта, ама да ме радуваат. :)
    Убав ден. :*
     
    На Serafima, Hopeful, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Утревечер има голема веројатност да бидам овде

    [​IMG]

    Сликиште ли е што ли е...

    :rock: :dance: :party:
     
    На Ann.94 и L-enna им се допаѓа ова.
  19. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Ве молам, немојте да бидете ограничени, тоа е најмалку што можете да го сторите за себе !!

    со љубов..лејди ди :)
     
    На Trnche, Hopeful и Nefertitii им се допаѓа ова.
  20. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Денес и сонцето ми е инспирација.За животот...За мали нешта кои ке те израдуваат кога најмалку очекуваш.Тоа и е смислата на животов,малите нешта .Една девојка која ке ти извлече насмевка на лицето со само едно трепкање со очињата :) Кога размислувам за се она што ми се случувало во минатото ,благ немир ми прострујува низ телово.Зошто порано не ја сватив поентата на моето постоење ?Зошто ничив збор ,допир ,насмевка не ме радуваше?Созреав порано ,НО не жалам.Можеби малку за изгубеното детство ,но сепак ...Тука сум ,по жива од кога било .Ги сакам дури и тие што не ме сакаат ,за инает ;) .
    Љубам значи постојам .
    Впрочем за тоа и живеам .
    Да љубам и да бидам нечива љубена .
    [​IMG]
     
    На Trnche, Serafima и tweety26 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.