Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Смачено ми е веќе од се` !!
    Смачено ми е од школо, од неправдата која ме демотивира да учам. Како да се трудам, да потрошам толку време со цел да си ја поправам оценката кога на крај мене ми става 4 а одговарам на 10 лекции и тоа перфектно научени, а на неа и става исто 4 а одговара на 3 лекции и тоа делумно научени ! КАКО?!
    Епа мајка ми и татко ми не работат у систина ;) И така она неписмена ќе си се вработи побрзо од мене..
    Јас се што сум добила, сум го заработила со мој труд. Мене никој така магично на крај не ми ги поправил оценките ;)
    Знам, мајка ми ми вика гледај си за себе , не гледај за другите. АМА како да не гледам што се случува пред мој нос, да замижам и да си преќутам ?
    Баш така Тики, ќе си преќутиш зашто ВО ОВАА ДРЖАВА НЕМА НИШТО ПРАВЕДНО !
     
    На Roxanne, Monna.Monna, Glossy-girl и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.217
    Нација со најголемо его по метар квадратен. Територијата која реално ја зафаќаме е баш до Индија.
    Да беа сите толку полни со хуманост, љубов, сочувство, креативност, интелигенција, борбеност и топлина ќе бевме најсреќната нација на светот. А извинете, исклучоците,да. И после од тие исклучоците наводни...најмногу стап по грб ќе изедеш. Фала многу,најмногу арно за мене и светов и луѓето сум видела од тие што не си прават самите "да пукне". Ма не ни знае што се случува, програмирано реагира на некој настан...не допира до разумот кој алармира еј,ова е нефер,неправедно,некој е болен, некој има потреба од помош... Не сакам луѓе кои градат CV од наводна хуманост со сила и го подметнуваат по луѓе за да се продадат себе си за било какви причини и непричини. Има такви кои извикуваат за да освестат или пак од срам некој да постане добар,фин и хуман,но има такви и кои и го кажуваат истото зошто извикуваат демек со која цел...а веќе знаеш дека тоа не е точно. Луѓе,немојте па...навистина немојте... Сетете се кога последен пат сте купиле ѓеврек бар на циганчето на семафори или кога последен пат ве заболело за некој друг освен за вас самите и тогаш прозборете му на човештвото за битните нешта.
    Ама потребата да се искаже, да се извика,по автоматизам те лишува од правото да речеш лажеш или тоа не е вистина и од еднаш стануваш неверни Тома... Ама енергијата се чувствува бре драги луѓе,како не разбирате? Се чувствува... А и повеќе пати изговорена лага,станува вистина или ако не знаеш како изглуми, ќе научиш,познати се тие фори. Да имам фирма ќе ве ангажирам за маркетинг,одлично се продавате,ви честитам.
    Овие два-три дена, колку што ме полнеа со позитива оние кои многу,многу ги сакам и ми се се,толку ме празнеа лицемерните. Ме боли едноставно...се чувствува,те ежи, те нажалува, не знам...неубаво внимание и разговори и имаш чувство дека имаш тон тежина во гради. Ете тоа ме натера да си мислам колку повеќе љубов треба за да ти се покрие горкото чувство од сето лицемерие кое се насобрало,а знаеш дека се што сакаат да дознаат е нешто за да потрачарат,да задоволат љубопитство. Море мрш! Мршојади.
     
    На bittersweet, Trnche, zarah и 4 други им се допаѓа ова.
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Денес на саем, или поспецифично - на тезгата „3 за 100“ пред саемот, бев сведок на еден извонреден разговор кој ќе го паметам до век и векова, амин! 8)

    Дете, не поголемо од четврто, или евентуално петто одделение, му вика на другарчето да застане за да купелo книги. Нормално, овие деца ниту знаат што сакаат, ниту ги интересираат книгите, па го ставаат квантитетот на купените книги, или бројот на добрите „зделки“, пред квалитетот, жанрот и публиката за која делото е наменето.
    Поради малиот избор на книгите и обврската човекот да си направи промет, произлезе едно такво објаснување за понудениот избор, што секој академик би можел да му подзавиди на овој човек. :!:

    Имено, Гогољ пишува историски романи за Маите и крајот на светот, а Достоевски е на списокот на лектири за основно образование, додека детево „сигурно“ би уживало во Џејмс Џојс и Чехов! :^) |(
    Кога детето праша за книга со наслов „Еротика“, човеков за среќа не измисли дека се работи за љубовна приказна од типот на Пепелашка или Снежана и му даде екстра понуда - книга за Битола!
    Замислете? :lol:

    Добро е што останатите ги немаше прочитано човеков од тезгава, бидејќи мене сигурно ме убеди да си ја купам „Тарас Буљба“, приказната за Маите! :rofl:
     
    На Someonespecial, zarah, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Запрепастена сум до кај можам да одам кога сум лута, гневна и бесна на некого. Ги преминувам сите граници, додуше и немам граници во такви ситуации, не се контролирам и претерувам ептен. И свесна сум за тоа, и не се корегирам. Гледам, ама и не гледам причина за тоа. Таква сум јас, не ме допирај и нема да те допрам. Само реагирам. Од една страна не ја сакам таа особина, од друга пак и се воодушевувам. Зависи која надтежнува.

    [​IMG]

    Сите си имаме понекад по некој ваков момент :lol: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Trnche, Boleyn.7, Lov3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Денес после неколку години со една од најдобрите тогашни другарки седевме покрај дворот на нашето основно училиште. Да, спомените се убава работа посебно ако се од оние добри спомени. Се потсетивме на тогашните дешавки и на луѓето кои тогаш ни беа соученици а добар дел од нив денес ни се целосни странци... :tmi:
    Но времето минува и не менува сите.
    Зјапавме во децата кои безгирижно играа на игралиштето. Поминаа и неколку млади парови. Веројатно стануваше збор за онаа прва љубов. :$ :lol: Изгледаа толку слатко, наивно, детски, чисто, искрено...
    Да, ги живеат дефинитивно најбезгрижните години.
    Се врткаа наоколу и помалите дечиња кои играа брканица и изгледаа неверојатно среќно.
    Ех, прекрасно е да си дете... :inlove:
     
    На tweety26 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Си немав работа и отворив инбокс во ниедно време. |(
    Кога еднаш се осетив како потрошлива енергија, тело, магаре, едноставно заменлива. Грубо, многу грубо и со солзи излегов од фирма која ме изгледа како мајка. Ама изгледа едно Гиле. И ме викна мајка назад, кога виде дека и бегам. Не и се вратив. Денеска ме вика срната да одам со неа. Компетицијата на мајка ми, дивата свиња. Кој гледал Свет кој нестаје, знае што зборам. Тук, и јас не знам што зборам и што правам. Ма знам де. Ни дивата свиња ни срната ме викнаа да одам со нив кога дојде поплавата, туку после тоа. Ама, сепак не ми е сеедно некако. Море кога помислам и сеедно ми е, повеќе од сеедно, се ситам, туку, да и кажам на дивата свиња дека срната ме вика? Чисто онака, од себељубие, викториус чувство, од пусти инат, и оти тој бунар го трупам веќе, го трупам, оти септичките јами се аут оф фешн :D
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.654
    Пол:
    Женски
    Замислете лудиот комшија дојде да ми побара тампон.Господе боже за што ли му е????[​IMG]
     
    На Monna.Monna, antonina, Someonespecial и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.217
    :rofl: :rofl: :rofl:
    Ќути што не ти побарал менструална чашка,па да немаш да му дадеш, ќе те изедеше жив срам! :rofl:
     
    На Serafima, teddybear, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Митинг сакам да оддржам во Скопје ;) -Претанете да фрлате отпаковки од кондоми и кондоми по улица-
    толку се гадам што еднаш згазнав и чизмите не го облеков пола година ми се чини :puke:
    и само гледам надоле да не налетам некаде а обавезно има :devil: :devil: :devil:
     
    На SparkyAngel и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.654
    Пол:
    Женски
    Очигледно не е информиран уште за тоа :D
     
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    "Почитувајте ги и поклонете им се на своите родители бидејќи тие не завршија факултет/средно со google, wikipedia, youtube.."
    Каде е тој што го кажал ова да му ја бакнам раката?

    Не стварно, кога ќе ми каже мајка ми на пример, девојчето на колешката магистрира на економски, воопшто не се воодушевувам. Како да ми кажала дека матурирала, или полуматура славела... Не дека не важи ова и за мене, ама со оглед на тоа што технологијава не ти дозволува да читаш книги на некој начин, да истражуваш сам. Зошто би го правел сето тоа кога еден клик те дели од се?
    Кога можам да се уклучам на фемина да замолам некоја матемаричарка да ми реши задача наместо да размислувам и да се трудам сама? Колку што е убаво сето ова толку и не е. Правопропорционално, 100 минус со 100 плус.

    Се спрема магистерска, дипломска, семинарска, едноставно е-search, copy-paste.. А да, translate.
    Денес секој може да магистрира, докторира и тн. Колку брзо напредуваме и назадуваме во исто време, утре роботи по дома ќе ни го живеат животот наместо нас..
     
    На Annath, Lux, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК, бесна сум и гневна.
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Јас само сакам да кажам дека сум многу среќна,пресреќна...за..ситуацијава и сите ситуации во државава и околу државава.... и јас верувам дека овој народ ќе биде сплотен во едно, и сите ќе сме браќа и сестри,другови и другарици.... и се ќе биде као некад,само поцрвено некад, по кинеско,оти и се е денеска кинеско.
    Јас верувам и руското црвено можеме да го надминеме, ма каки (по српско му каки,оти македонски е вулгарно,непристојно,сељачанско).
    И јас многу се радувам што секогаш кога ќе пуштам ТВ, радио..кога шетам низ град...јас го осеќам тој дух,го гледам.
    И уште посреќна сум што сите го осеќаат и се дури и посреќни од мене заради тоа што тој дух заживува во нас, иако никад до сега не живеел... но баш тоа и е битното и важното и поважно од најважното... пошто,и јас сум увек среќна кога сите други се среќни. Па,да.
    Среќни сме.
    Се е добро,и кон подобро само ќе иде.
    Со златна лажица да ја сркаат оваа, среќава.
    Шуќур на бога и ние среќа да доживееме.Некад.
     
    На Trnche, ludoto19, Lepaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК страшно е она што се случува по светов, од лоша, полоша вест ќе прочита човек, кој убил, кој се самоубил :x :( Оние нешта за кои човек мисли дека треба да ги направи во животот, а знае дека од истите нема фајде, делуваат само како илузија кога веќе е доцна...И упорно човек ги прави, мислејки дека така треба...Толку со истите се соживува, тоа е чудо некое.Би било попродуктивно кога би го направил токму она од кое има фајде, нешто како да речам што Тоше направил или сличните на него....
    Се поминува во животот, од нас зависи што останува после него.
     
  15. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Муабетов ти е за во гламстик :rofl: (ако ме сфаќаш) :rofl:

    И стандардно се подготвуваш, ѕвониш по луѓе, се радуваш дека немаш пропуштено и нема да пропуштиш ниту едно издание и на крај ти кажуваат дека превозот - АШ! :rock: |( :Down: :punch:

    И ај сега во 5 мин до полноќ барај опции или седи си дома...
     
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Некои имаат каде, немаат со кого.
    Други имаат со кого,немаат каде.
    А, јас имам каде, имам со кого,а немам кога.
    Да ти се плукнам во животот.
     
    На zarah, Hipster, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    Јас бре епетен не сум била во тек со ноќниот живот во мојата фамозна Битола :^)
    добро бе зошто?зошто морате сите до една да носите црно бели хеланки? :^) униформа ви е то? :^) не,мислам стварно,многу простачки е :!:
    Луѓе јас се осетив како од Марс падната :D оти бев по едно обично сако и фармерки :^)
    и на неколку пати си манав автошамар,шо би рекла Трендафилка :D Јас од утре почнувам да шетам само по танга,па ќе ве зае*ам вас сите со црно бела хеланка ]:)
    Имајте убав ден чупиња и уживајте во сонцето :hai:
     
    На Divinebutterfly и ilipili им се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... срцето ми трепери од што ми е убаво, а од друга страна сум премногу возбудена и исплашена за текот на овие два дена.
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Eве уште една сабота ја начекувам уште во стартот. :) Ќе направам денот да ми биде lovely од сите аспекти. Ќе одам надвор да акумулирам витамин Д од :sun:. :D Ќе пијам :coffee: и :beer: , ќе јадам :pizza: и ќе бројам :cash:. На крајот на денот ќе се билдам :muscle: и секако ќе оставам место и за :l: moments.

    Што викате феминки, топ план... :lol:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Убаво е чуството кога сонуваш,а уште поубаво кога сонот ќе го реализираш во стварност.Но како и да е сето тоа да го добиеш без да си ѓи извалкаш рацете,ниту некој да го повредиш ниту некоја душа да ја изгазиш...е тогаш можеш да кажеш дека си успеал
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.