Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Овие неколку денови цветам и јас заедно со пролетта.
    Љубов насекаде околу мене, бакнежи, прегратки, подршки, успеси на сите полиња. Милиот мој, успева во животот. Се накачува по скалилата, ама плашливо, трепери. Го туркам напред, го бодрам, јас знаам дека ќе успее, ама тој не.
    Фала ти животе, што ми даваш можност.
    Само нека потрае среќава, не барам ништо повеќе :D
     
    На Lux, Doozy, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.376
    Допаѓања:
    286.653
    Денов типично викендашки.
    Малиот прва смена, а јас слободна па удрив една генералка и чекав да дојде да ручаме.

    Ај дојде што дојде, апнавме и скроивме план да шетнеме додека сонцето уште не залажува.
    И оп одма мала дискусија(да не речам караница :rofl: ).

    Рачен часовник со цена од четири цифри во евра ќе сме поклонувале за 40 год. роденден на брат му :^) . Ние оти милионери па илјаднициве евра ги диплиме меѓу алишта |(

    Некако брзо ги прифати моуте аргументи совети(што не е на арно) и се пикна во веце да се спрема.

    И работава за во категорија верувале или не, за инает се изми со мојата четка за заби :fubar: :puke: :tmi:
    Оти сум го искарала бре.

    Пола саат се спрема :^) .
    Се плашам уште нешто мое да не присвои.

    Постов ништо паметно не кажав, ама секогаш не ни мора филозофии.
    Јас да си кажам што ми лежи на душа :D
     
    На Lux, thinkerbell, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.705
    Допаѓања:
    43.718
    Пол:
    Женски
    Well, everybody hurts sometimes...everybody cries...
    И така...дури и кога денот е вака сончев и весел... :)
     
    На tessi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кои мисли низ глаа ми минуваа во 4 и нешто утринава-хорор филм :x потсвеста ме доведува до лудило-не можам веке, да постојат некои лекови за бришење на мисли во главата-особено црни, мислам дека ке станам зависна од нив :!:
    врти се превртувај се до 6 и нешто и после сонот ме освои до 10 часот-барем колку -толку се наспав
    инаку КОНЕЧНО ја убедив мајка ми да отидеме да си одберам фармерки-после 2 недели договори и преговори, ама вредеше :!: :D
     
  5. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Мене на почетокот ми беше интересно да го гледам, како малине деца си бев уште да почнев да викам ,,чичко пушти летки" :D Али здосадува па секој ден во исто време да го гледам како и да е, и мене ме асоцира на невоља :|

    Туку ептен се нервирам што треба да преведувам литература за факултет на српско хрватски јазик што е. 21ви век сме зарем мора ли уште да учиме на друг јазик. Како и да е уште две недели имам предавање на факултет, после колоквиуми, па во јуни испити. Се ближи крајот мора да се учи.
    Како и да е денеска чистев по дома, направив ручек, испеков колач.Требаше да одам на Водно, али па минатата недела бев, така да следната недела не ми бега никаде Водно.
    Сега е време за одмор, па утре конечно после 7-8 години ќе одам во село малку да одморам и да прошетам :)

    Имајте убав пролетен ден :)
     
    На Adi888, ines.h, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Си мислам да не сум во друго време со другите?И ѕвонам на другарка ми да излеземе и сум ѕвонела на друг број.
    -Добар ден тука е Голден,ќе може да ја добијам Трајка?
    -Кој е тука?
    -Голден.
    -Ние немаме Трајка.Пријатно. ]:)

    После сфатив дека сум ѕвонела кај мајсторот на мајка ми :worried:hock:

    Ѕвнонев кај другата другарка неможам да ја добијам.И пишав не ми враќа а,вклучена е.


    ЗАКЛУЧОК:Телепортирана сум во друго време :clap:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Навистина ми беше тешко да му го скршам срцето на тоj човек полн со љубов и разбирање :|, али едноставно морав да бидам искрена, не сакам да лажам и некому да давам надеж. затоа што совршено знам колку боли кога е така :(
    Жал ми е Р :|

    Утрово се разбудив со страшна главоболка, но со насмевка на лицето, имам и причина овој пат да се насмеам од срце, вистински, конечно ќе заработувам сама, нема да молам за некој денар од дома и што е најважно времето ќе ми биде исполнето :) :).
     
    На slavica999, kikav, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Денот мириса на скара, готово.
    Моите се на пат накај Скопје, а јас дома генералка за пола саат сум мавнала, добро пола, пола дечко ми средил вчера додека бев на факултет, и сега го допивам кафето и да се упатам накај маркет да купам нешто, да не биде дека се чекаме од дома де, бар салатата, благото, киселите води и соковите од нас да се!
    На тато му кажав уште сабајле у сон кога им се јавив, дали тргнале, уште не ми вика, и јас таква, купи од скарата таму мешано се и ќебапчиња, за вечер да не порачуваме од тука, директно да биде готово, и нашето е поубаво нели :D (стварно е значи, освен скарата на чаршија која иде скоро исто добра, другите се за никаде тука, може и Трендафилка да ми го потврди ова! :D ), винце донеси, а салатата е од нас, и лебот! Аааау ќерко, како вие на гости да ни идите ми вика :D
    Нема врска, мајка и кифлички замесила, се ќе донесе за јадење за следнава недела, ама сепак, да фрлиме и ние нешто де, дечко ми па преку мобилен ме напна, да земиш да им испжиш рибини прсти и салата кога ќе стигнат (пошто он 1ва на работа е, покасно ќе си дојде), ау му викам, сакаш да ги избркам уште одма значи, немој молим ти се, поарно бар салата само и кафе, сок, благо кога ќе стигнат, шо е сигурно, сигурно е! А вчера сама си пржев рибини прстиња, абе немаше едно, уствари две беа здррави и убави, другото све беше циго црно, ќумур, незнам да пржам, незнам кога им е доста, незнам до која боја да ги следам, ништо незнам да пржам, толку две леви раци имам и никаков осет за пржење, компир пржен или жив или препржен правам, кој сака ајде нека повеле, незнам!
    Мама ме теше, има време бе ќерко, ќе научиш, јас незнаиш колку јадења сум фрлала на почеток кога се омажив за татко ти, прави фрли, со месеци, додека не се научев, после па како никој нема да ти е рамен... А јас така рамнодушна на тоа, ја гледам со едно око поококорено, и и викам, мајко заеби таа работа, јас го немам тиа ген, знаиш и ти, не се труди да ме лажиш и на големи години (изразот ми вреште, големи години).
    Тато арно ми вика, ти не си каа мајка ти, заеби уопште цел тиа празен муабет, ти си од директорската класа, оти у маркет, и купи си се замрзнато, ја ќе ти го купам најголемиот замрзнувач и ти само 'пни го :D (пни - у превод е полни, у случај да некој не разбра, ептен на Неготински го заврзав постот).
    И на крај само изразив желба да научам да сукам со сукало и да правам терана и кори (јуфки), е тоа сакам да научам, оти ногу ги јадам и јас и дечко ми.
    Заклучок, просто и едноставно, дечко ми готве у оваа куќа, он го има тоа кулинарското дугме у него, јас го имам повеќе тоа перфекционистичкото, да ми е се чисто и средено, педентерија невидена, садеви секогаш измиено, облека секогаш наместена до краевите подеднакво и секако, единствената мана, шо можам со денови да зјапам серии на лаптопот, и дечко ми и мајка ми во сојуз влегле, да ме одвикнат од тоа, пошто животот не бил во тоа! |( А не сфаќаат дека мене тоа ми е, освен чистењето, единствениот дијазепам или демитрин, кој неописливо најмногу ме релаксира и опушта, едноставно серотинот ми го крева секундарно! :D

    И сега, се одјавувам, пошто морам да се средам, и да испазарувам, да си ги пречекам моите како што си заслужуваат, да си се прошетаме низ Скопјето и на крај денот да го завршиме со богата трпеза на скари и салати, со вино и пиво, и многу убави личности околу маса, роднини на гости ќе идат, муабет кој никогаш нема да ми стане досаден, и секако на крај, многу запиени мажи кои на почеток повеќе ќе бидат тивки, жените повеќе ќе го водиме разговорот и ќе поттикниме дискусија, за потоа, нели откако они сите тројца(и стварно сите исти се плукнати) ќе се поднапивнат и намезат, па ќе им се крене левелот на комуникација, па иди стигни А да кажиш, да те видам, не можиш од нив, се надвикуваат, викаат, се смеат се караат.
    Никогаш доста од добри луѓе и добра храна.
    А мори Ано, Ано... Вечер поарно повеќе на салата да удрам, отколку на месото оти кај ми е крајот после дури. :lol:
     
    На SparkyAngel, bittersweet, Trendafilka и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.300
    Допаѓања:
    158.212
    Да се разбереме, за да носиш мачка цвикера, треба да си мачка,а не травестит со доцртани делови од фацата,ок?!
    Мува цвикера,можеш, да не те гледаме толку.
     
    На Umbrella22, Trendafilka, Espadrila и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ми треба некој да ми врзе една врела циганска, да ме сврти десет пати и да треснам на земја. Колку да се свестам де.
    Кандидати, ениуан? :?

    Не иде на арно и не иде. Крај.
    Па неможеш ни глава да кренеш бе! Коа има такви гомна што се ситат на твојата несреќа и едвај чекаат да бидеш среќен и да си кажеш конечно и мене сонце да ме фати, ти го маваат од глава тоа сонце!
    Пукнете бре! Јас ќе изгурам, ќе успеам, ќе застанам на нозе и тогаш јас ќе ви ги плеснам во фаца сите мои успеси и достигнувања. Ќе ве глеам од горе а може и да ве згазам како пикавци, зависи како ќе бидам расположена. Е тогаш јас ќе ви се ситам.
    Се врти кругот. И наместо да го чекам, јас ќе го свртам кога најмалку ќе биде очекувано.
     
    На Monna.Monna, Doozy, CoverGirl10 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    пролет пролет пролет :)
    ни ладно ни претопло,убавини :)
    сум се натрЧала онака низ цело месту кај гратЧево мое,се наиграв топка :lol: како мало дете. :lol:
    си берев цветЧиња,се надисев убав воздух,а слусав и црцорење :) преубаво :)
     

    Прикачени фајлови:

    На teddybear, Dog-lover, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Сдк, јас обратнопропорционално со времево.Надвор сонце,кај мене бури се случуваат.
    Многу товар на плеќиве ми натежна, ама не се давам.
    Вечер со другарки на Северина. :wasntme: Купиле карти да се изнаскокаме.Ни знам што пее,ниту песна и знам.Не ми треба многу знаење,ми треба позитивна атмосфера да ме крене малку.
    Возам сабајлево со децата у кола и ме прашува син ми какво ќе било тоа шоу(за Северина).Појма немам ,ќе видиме.
     
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Брм, брм денот ми е брммммммммммммчест. :rofl: Има да си пијнам узо или две, до три. И после оооОООо http://www.youtube.com/watch?v=Le_wCYxoEdE
    Сериозно бе!

    Отсекогаш имало подолг ред следбеници позади оној злобниот! :puke: Некоја се удира во гради дека е единствено женско кое не е како другите женски, а и самата треба да си признае дека е!
     
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Колку пати само го изгледав трејлерот за Ромео и Јулија и јас не сум свесна. :D
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [​IMG]

    И ова, и ова хахааххахааха браво еј
    [​IMG]
     
  16. izgubena5555

    izgubena5555 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    супер ден беше денес сонце ветре прекрасен мирис на дрвата што цветаат е така мириса пролета драги мои цветно и прекрасно....
     
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    И, што ли не дочекав! :|
    Седиме така во друштво. Дискутираме нешто. И, дека сите против еден (читај против мене). Се трудам дискусијата да ја затворам и да докажам дека сум во право. Но, неможеше.
    И на крај им реков де отворете форуми и не бидете толку конзервативни. Отворете ги вашите умови веќе еднаш...прочитајте повеќе мислења, повеќе искуства.

    Значи, на индиректен начин се открив пред нив дека читам по форуми.
    Член си на некој форум?? (сите во хор со ваква фаца :o )
    Си потврдив како што е редот. Нема што да лажам.
    Ама на моето признание добив генерална критика!
    Како можело да се пуштам на форум? :^) Форумите биле збирно место за идиоти, искомплексирани луѓе, кукавици, оние што губат време и немаат попаметна работа...и така натаму. Да не набројувам, да не се сеќавам на сите упатени зборови оти почнува да ми се превртува во желудникот од глупавоста на луѓето!

    Ох, Боже...само што бев наречена искомплексирана личност од страна на НАЈИСКОМПЛЕКСИРАНИТЕ личности само затоа што седам на форум. |(

    Луѓе со ниво на едукација отидено во минус...се осудија да ми префрлаат.
    Мисли, мисли...епа стварно неможам да ги сфатам ваквите. Косата ми се ежи од секој ''златен'' збор излезен од нивната уста.
    Ниту читаат, ниту се едуцираат. Не се надоградуваат на никаков начин.
    Уствари, јас од досада сум седела по форуми?! Од што немам попаметна работа...а, тие имаат попаметна работа! По цел ден да гледаат турски серии (вклучувајќи ги сите репризи на истите) и дремат на фејсбук (Почетна-лајк-почетна-лајк и ништо друго)
    Е, незнам тука кој е глупавиот? :^)

    Зошто постојат ваквите бе? Греота е за народот. Жал ми паѓа кога ги слушам, искрено! За жалење се нивните ставови кои ги излагаат со толку сиромашен(прост) речник.
     
    На bittersweet, Marjan007, Trendafilka и 11 други им се допаѓа ова.
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК за малку што не го убив Рики(рибата де) :D Мислам сега ми е смешно,ама кога го изгорев се тресев како лист кога дува ветер. :lol:
    Арно ама,благодарение на мојата импулсивност и спретност,веднаш го ставив во ладна и еве ми го жив е.
    Сакав да кажам,една мала грешка,(во случајов,неколку степени плус)ќе ме чинеше живот. :!: Кој ја сфати поракава-сфати,кој не повеќе среќа следниот пат.Пријатно,и имајте убава вечер. :*
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.023
    Допаѓања:
    123.888
    Убаво е кога е сончево,сонце да те грее и во душата.Тогаш еден ваков денешен ден,би бил идеален.

    Улица Македонија полна.
    Сеирче во прв ред :geek: И да не сакаш да гледаш,ќе зирнеш под темната наочара :wasntme: .
    Има и што да се види,ама и што не !
    Убаво е да имаш имагинација,смисол за комбинирање,ама во негов недостиг од каде по ѓаволите на некому му текнува да си го извади секси долниот веш (читај корсет-чипкан) од фиока ,ставен во хеланки :doh: ....моите очи посакаа ова да не го видат,едноставно да се засрамиш од својот женски род.
    Дечко со патики,фармерка,маиче и женска со минич светкав фустан,свилена хулахопка и штикла,ама ептен штикла.....оф мори мајко.
    Обично не коментирам вака,ама морав :sweat: .
    Колку невкусно,колку кич,колку правење нешто што не си,колку гладни и жедни за внимание,колку крајности и претеризам...
    Сега си одмарам очи на тераса,под која живо пиле не поминува,малку мир,малку прегратки и секако благо за утеха .
     
    На Monna.Monna, anabel-a, Hipster и 8 други им се допаѓа ова.
  20. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    многу работи сакам да кажам... незнам ни од каде да почнам :?: кога мислеш дека се се средува и се подобрува......едноставно пак паѓа се во вода :worried: можно ли е Господе?Вака ли заслужив?Ништо не ми е јасно што се случува,поради која причина?! Секогаш ли ќе биде вака,секогаш ли ке постојат тие работи за кои мислиш дека нема да се повторат?Каде е одговорот на ова прашање..се ми е измешано во главата ;( Сакам само да отидам некаде далеку од сите и од се.....
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.