Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Да им се мо*ам во Темпл Ран на овие на фејсбук !
     
  2. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    [​IMG]
    е ај сега....
     
    На crazylady и xoxo..gossip-girl им се допаѓа ова.
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Зошто луѓето незнаат да ја ценат внатрешната убавина на жената. Еве чист пример: На училиште има едно девојче и девојчето навистина е најдобро во оделението, особено во учење има чиста душа и е многу добро. Јас со неа многу се дружам и стварно можам да кажам дека секогаш кога ми е најтешко таа е тука.Таа е пример за вистинска другарка.Не сака да се шминка и да речам нема некое лице на лепотица. Девојки знаете, заради таа причина никој не ја дружи :doh: ..Еднаш незнам како беше фативме да читаме на аскот прашања и имаа поставено кај едно дете: ,,Дали ти е убава...?,, И одговорот беше: ,,Секако дека не ми се допаѓа, со целост тврдам дека е едно од најгрдите девојчиња во училиштето,, .. Значи јас останав вака :o :@ Толку ми се натажи душичкава а таа кутрата ги криеше солзите од мене а мене ми стана многу непријатно зошто незнаев дека ќе наидам на вакво прашање а уште помалку на ваков одговор.
    Многу се натажив, познавајќи го девојчето- штета навистина. Штета е голема што никој не ја цени нејзината душа, а уште порагично е што гледаат кој повеќе има ставено пудра или шминка, кој е поубав и кој носи алишта од познати марки.Луѓето денеска не се луѓе туку чудовишта .. Жално :(
     
    На kravce, tweety26, Espadrila и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ја знајте Бијонсе диетата? :D Купваш карта за на концерт и гладуваш :rofl:
    Душата ме боли, душата за тој концерт ама то е то, морам да се соочам со реалноста.
    Како и да е да животот ми е супер, вчера имав wonderful night, друштво, луѓе, смеења, мајтапи едно друго, и стварно не забележав кога помина цела ноќ :lol: .
    Како и да е времето си врви јас треба да почнам да учам, не бе ни ми се почнува, видете го времето само какво е абе дома да не се прибериш, ич ама ич.
    То е дечки сее, одам јас да си поденсам тро и да се опуштам малце.

    Вие имајте убав ден, излезете прошетајте се, и уживајте на сонцето :sun: :hug:
     
    На tessie, bittersweet, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    колку лоса работа :x ужасна,онака ти влегува и во главата и длабоко во срцето :(
    секогас ке се борис за она сто го сакас,Чуствувас се за него,сакас да биде до тебе секогас :!: ама срекни,заедно срекни.
    и така правис се за тоа сто го сакас,на некои наЧини ти се кажува дека и она(тој) те сака тебе,се добро ама срцето и главата некогас сакат да го видат и поЧуствуваат тоа.
    еден ден ке оЧЕкувас да го направат тоа за тебе,ЧЕкас,Чекас;Чекас и само Чекас додека правис се за него.........................................ама возврат никогас немас добиено :?: се мислис и мислис и пак Чекас дека ЕДЕН ДЕН КЕ СЕ СЛУЧИ НЕСТО СТО КЕ ГО НАПОЛНИ СРЦЕТО И ГЛАВАТА :) НЕСТО СТО КЕ ТЕ НАПРАВИ ЦЕЛОСНО ПОЛНА СО СРЕЈКА И ЉУБОВ :inlove: ЧЕКАМ И ЧЕКАМ АМА ТОА НИКАКО ДА СЕ СЛУЧИ :( и пакси викас во главата еден ден можеби ке те сака онака како сто сакас и како сто ти го сакас него како сто тој сака,како сто ти си го направила срекна,мозеби и он ке го направи тоа сто го ЧЕкас!!!!... :(
     
  6. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    еее ти витомир не се задоволуваш со просек така? :D Те сфаќам, замисли собираш некоја ултранашминкана откај Северина и утредента насабајле плашило :rofl: Без зафрканција ако ја цениш убавината и ако ја бараш ќе ја најдеш јас мислам ;) Со среќа во потрагата :)
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    ...сепак, не за џабе филозофираме на школо и донесуваме заклучоци од лектири дека алчноста е извор на многу зла. :!:
    Ама всушност, за жал, не сите го разбираат тоа.
    Се повеќе ненаситност владее, и тоа меѓу младите. Да се има доволно, а да се сака уште... :x
    Имала компјутер, ама родителите не сакале (читај не можеле) да и купат лаптоп. Имала обичен мобилен (читај сосема солиден и квалитетен), ама не бил андроид. И прави скандали и страшни кавги дома, а на нас во школо ни се жали како да го има најголемиот проблем што може едно дете да го има со своите родители и како којзнае на кој начин да ја навредиле и повредиле. |(
    Додека некои плачат за леб, некој којшто има пристоен живот и сите удобности (не зборувам напамет, лично ја знам девојката, нејзините родители и знам како живеат), плаче за уште, уште и уште... :|
    Да не звучам клише, ама ова ме наведе да го кажам тоа: среќна сум, презадоволна и горда со своите прекрасни родители и нивната љубов, внимание и блискост не би ја заменила не за лаптопи, не за кули и градови, туку не би ја заменила за целото богатство на светот. :l:
     
    На kravce, tweety26, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    И по којзнае кој пат, Лепа Брена е во право: "Не е љубов се што гледаш, затоа пази кому му завидуваш"! :clap:
     
    На Lepaaa, kala21, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Е мака е, разбирам те убаво. Сега како што викаат на покер, за ќебапите ќе те сретнам, а ќе ти покачам со цела везеница сушени решки пиперки и со расад за марули :D
    Не ме застанале да ме претресат, тој пипер маани што е со семе и немам право да го пренесам, ама не да е лут, огин, да не го пипнат па да се фатат за нос, како за класа Ц ќе има да го лежам :rofl:
     
    На NoellePage, kravce, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.827
    Денов, од убав поубав.
    Конечно, недела, со сите нишани, утрински џогинг, појадок во кревет, туш, и шетање со либето со точаци во парк. Мириса на пролет. После ручеков, грофтам како нилски коњ, ама баш ме брига некако...
    Си купивме од Рамстор колачи, и сега им се токмиме, скроз.
    Вечер сум на Вселенска забава по повод првото влегување во вселенскиот простор и храброста на Јуриј Гагарин. Ми се смее другарка ми, вика, абе некои едвај чекаат да отидат на латино журки, ти идеш на Вселенски забави :lol:
    Мене ми е далеку поконцептуално и паметно тоа, богами. Не само заради него, туку и за Валентина Терешкова, предизвикот да се биде или воопшто да не се почнува, космичките закони и неверојатното единствено чувство на слобода и воедно, најголемо заробеништво, откако ќе се симнеш на Земјата.
    И имам и зошто да го испочитувам Јуриј, тројца мои блиски луѓе живеат на таа улица! :D 8) Не за друго, се пријавив и на Аурора Бореалис Твитап, во 2015, некаде над Тампере, Финска. Има уште цели две години до тогаш, во меѓувреме, се заразувам со сите тие податоци и информации што паметни и искусни луѓе ги споделуваат со мене.
    Мевчево ми е како на трудна пчела. Слушам Мајлс Дејвис и мекнеам со неговиот дрес на мене, удобно ми е.
    Доволно е за убав живот.
    И плус, даде ми купила од Нови Сад книга за Никола Тесла! :rock:
    Не, некои денови се сериозно зезање од убавини.
    Така нека си продолжат.
     
    На Moira, tweety26, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК ако човек не е свесен за својот живот, друг ли да биде свесен за неговиот живот? Лошо е кога човек ќе биде спречен од друг да го оствари она кое го наумил.И, зошто? Само ради досада, некој мора да се вмеша онаму каде не треба.Луѓето имаат очи за туѓиот живот, ама за сопствениот немаат.Нивните постапки, не се важат, но туѓите се важат.Лошо е да се обвини некој за нешто што не направил, катастрофална грешка, лошо е човек да си греши душа, без потреба, особено кога не е достоен за истото, не за друго, туку лоши последици имат.Особено кога некој туѓите достигнувања ги препишува како свои...Ама ако, се во животот се враќа и плаќа, кога - тогаш.Можеби смешно, ама воопшто не е, до толку што човек треба да се замисли што прави.Секој со својот ум.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Секоја чест на моите рефлекси :bow:
    Во ситуации кога сите се панични, избезумени...јас дејствувам рефлексно и инстинктивно.

    И благодарение на тоа треба да добијам медал за моите рефлекси и тоа како дејствуваат.
    Не е за смеа работава, но фенот за коса наумил да ме убие. :^)
    Веќе трет пат се спасувам од неговите намери.
    Ама, решил и тој да смени тактика...овојпат цела куќа да ја запали.

    Ама не знае тој дека јас Херкулес сум
    Дека не му се плашам :muscle:
    Оставам живот на лице место, само куќата да ја спасам...
    Татко ми, отиде по најголемото Милка чоколадо. Да ме почастел за храброста, и му било срам што ќерка му била похрабра од него :lol: Па да се оправдал.

    Така, сега ВАЖНА си шетам по куќава. Јас ја спасив, мој терен е. Како Македонија да сум ја ослободила :D
    А сите од околу ми се смеат и ме гледаат како секое ќоше го проверувам- да се осигурам дека се е во ред де! :whew:
     
    На MacaLove, kate21, Hipster и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Многу сакам да јадам чудни комбинации на храна што сама си ги смислувам. Така омилено ми е качамак,виршли и сенф.Плус кока-кола :D Мерачки си кркам вакви работи,а по дома ми се чудат како можам да јадам такви комбинации. :D

    За неделава да биде комплетна сега ќе си изгледам епизода од серијата. Па ќе го видам него.

    Имајте убаво попладне. :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми се смачи од оние деца кои наместо да се однесуваат како деца од 13 год се однесуваат како да имат 18 :| пример: една моја '' другарка '' почна да ми раскажува како некој на скајп и плачел ја молел да бидат заедно.... ахаа може и поверував :| стварно неможам да ја сватам наместо да ужива во детството она со 500 кила пудра,римел,сенка..штикли ми се праи некоја јака фаца, уште ми кажува со колку машки до сега се мувала ми се фали (просечно македонски село ) па колку укори добила во школо уште гордаа еј....мисли љубоморна ќе ме направи...барем да имаше на штоо бе..ги жалам таквиите ќе дојде време ќе сакаат назад ама немаа :)
     
    На ludoto19 и Serafima им се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Bо врска со ајварот, шверцот на ајвар, кркањето на ајвар до по*ерување, и јас да си кажам бе што имам :D Aбе вие знаете ли колку се поштува човек што ќе ви поклони ајвар? :lol: 3а тој ајвар да се направи, една низа нерви се искинати, сите мускули на раката биле потечени бре, тешко се прави, а како лесно се јаде, мх мх мх :P (Aлачки стајл)
    Hа пример, јас посреќна ќе бидам ако некој ми дојде на гости со ајвар, него ли со бомбоњера :D
    инаку и јас сум шверцувала ајвари и здравје радово сирење, сите се радуваат, ама срце ми се скина кога мојов ми рече-
    имаш ли уште ајвар ;(
    абе јас си ги штедам тегличкиве, е*ате стопанката, елај да го правиш со мене, да не ми е криво :D
    само због љубави ти давам, не за друго :!: :!:
    море јас на поканата за свадба ќе си пишам-
    и поклон во тегла (ајвар)
    ептен ќе биде шема, ќе соберам ајвар за 5 години :D
     
    На bittersweet, kravce, Moira и 24 други им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... мене и Лудото и Теди Мендо ми имаат донесено ајвар :$ , а јас живеам во недомаќинска куќа која не го прави 10 години наназад, и бесрамно го проси од други луѓе.
    Мислам - за срамота, кога конечно ќе се осамостојам, ако треба ќе го правам на некоја скриена полјанка на Водно :D и ќе викнам феминска помош за лупење пиперки ;) ќе си поделиме по некоја тегла, ама нема да ја оставам куќата без ајвар, срамотилаци. И грев за македонштината, не го заслужувам епитетот македонка, реално да зборуваме сега.

    А сармите на мајка ми половина се расоблекле во тенџерето, а она невино ми се вади: Абе пола растурена ја планирав.
    :D
    Абе жити се`, лажга една, којзнае која турска серија ја зјапала додека се крчкале.

    Целата десна страна ми е вкочанета, ужасна главоболка ме мава од истата страна, а вратот , половината, по целата должина на 'рбетот и стапалото дури, се` ме боли. :(
    Од неудобниот кревет, неудобното столче пред компјутер и неудобните чевли.

    Да имав тегла ајвар, чинам полесно ќе беше се`.
    :D
     
    На bittersweet, kravce, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
  17. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    6.235
    си поминав супер на Северинаа :l: ....дефинитивно Мадона на Балканот
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  18. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Не можам да се изначудам на злобава на светов.
    Особено на оние млади, кои би трбало да бидат невини и чисти души.
    Што се случува со сите или поточно, што се случува со мене?!

    Секогаш гледам да не оштетам некого со некоја моја постапка, преиспитувам, проверувам, прашувам, гледам на сите да им одговара, а баш оние сите подмукло ми работат позади грб.

    Дрско, иронично ги преиспитуваат моите причини за одење против нивната волја и не можат да сфатат зошто нашите погледи не се поклопуваат, па ме исклучуваат, не ме рачунаат, ме бришат.

    Тие такви луѓе се родени за да профитираат на сметкна на глупавите.
    Ох, кое разочарување мора да било за нив кога дознале дека јас ќе им ги пореметувам плановите, дека мене нема да можат да ме влечат за нос, дека јас нема да им го „лижам“ газето бидејќи учат неколку лекции претходно и се знаат.

    Не бе, ќе се скарам ако треба, ама ќе им дадам до знаење дека не сум глупава.
    Не сум!

    Порано ќе молчев (до душа јас секогаш сум гласна и директна, но ќе се стишев), само за да им се допаднам, да не се расправам, да ме сакаат.
    Ќе погледнев преку невкусните коментари, „пецкањата“ и директните префрлувања за да не влегувам во конфилкт, ама такви подмукли и злобни суштества, што ќе ми се навистина?

    Што ми значат мене тие, со пропаднати цели, со стеснати погледи, хејтерски настроени луѓе кои гледаат само да си ги задоволат своите сопствени интереси?
    Ми потребале тие да ме сакаат, до нивната љубов ми дошло?!

    Не бре.
    Оваа сум јас. Ако не ме сакаш, well, f*ck it!
    Не се замарам бре. Доста беше. Не сум јас ветар, постојано да го менувам правецот на дување.

    Учам да се сакам себеси и да уживам во моето присуство.
    Викендов го поминав сама, во друштво на луѓе, но сепак сама.
    Не бев обврзана од никој и од ништо. Супер е. Уживав.

    Бев на аудиција за Лазар, читав поезија и максимално нурнав во она што го сакам.
    Ова го сакам.
    Животот.

    Гајле ми е за вас, пропаднати и злобни плитки души!!!!
     
    На bittersweet, kravce, Moira и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Сакам Да Кажам дека си напраив account само пошо случајно налетав на темата, и ми остави добар впечаток. Мислам, тоа е сосема во ред тука да истрескаш се` шо мислиш, знаеш, чувствуеш, без некој да те направи не-нормален за истото мислење, чувствување и слично, зар не? :?: Епа според мене така е.

    Сакам Да Кажам дека у денешно време е многу тешко да најдеш некој, некој што ќе те ислуша, без да те обвинува за твоите постапки, реакции, или шо и да било (секако, освен психијатрите :lol: ). Некој што ќе ти биде рамо за плачење, а истовремено и подадена рака за повторно станување од падот. Луѓе сме, сите го доживуваме падот. Некои порано, други подоцна. Некои заслужено, други не. Некои еднаш, други повеќе пати. Но, ко што велат, храбри се оние кои успеале да станат по самиот пад.

    Сакам Да Кажам, доста филозофија, не е мојата јака страна. :D Сакам Да Кажам, Сакам Да Кажам, многу нешта Сакам Да Кажам, но доста е за денес. Утре ќе ви кажам. ;)

    Срдечен поздрав феминки и феминковци. :*
     
    На kravce, Dog-lover, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе.Баш вчера со другарка ми разговаравме и јас и реков дека со своите 12 години е мала за дечковци а она ми вели дека сум размислувала бапски.А ти како размислуваш штом почна дечковците на секоја недела да ги менуваш?
    Овој викенд ми помина одлично.
    Прво,саботата ми почна со натпреварот по биологија.Очекував дека ќе биде малку поинаку,ме изнервираа некои ситници како долгото чекање,ама сепак супер поминав.Дај Боже да продолжам вака да редам успеси(но нека не излезе дека се фалам :lol: ).
    Потоа,попладнето излегов со другарките.Бевме во кино,а потоа се прошетавме.Овие излегувања ми се секогаш интересни,бидејќи има многу зборување,смеење,можеби правење по некоја глупост :D ...Секогаш е интересно и убаво.
    После вечерта имав гости,со нив и другарка ми и така јас легнав во 1 и 30 :yawn: заради нив.Ама сепак подобро ми е кога ќе дојдат гости,подобро отколку да ти ја избегнуваат куќата.
    Денес,пак со другарки. :D демек проект ќе правевме,а правевме десет минути и после се глупиравме. :D
    Толку од мене,одамна не бев во темата,па ете сакав да раскажам како ми помина викендот иако може сум малку здодевна. :$
    Поздрав феминки! :)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.