Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    Како ме нервира онаа рекламана од Т-мобиле на сите страници ја има. Отвораам фемина и насекое само ми се појавува :@ :@
     
    На kala21, Divinebutterfly и sweet-star им се допаѓа ова.
  2. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Сдк смачено ми е од таа хронична ненаспаност што ме зафаќа на периоди. И тогаш сум бичи ес хел. :devil:

    Добра вест е што имам луѓе кои ќе ме сакаат и таква. Друго добро во денов не гледам, али мора и добри и лоши денови да има. Инаку не е интересно. :up: :?: :)
     
  3. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Јас со моите филозофии :?:
    Млада сум, сега сум во најубавите години во животот. Се гледам себе, ги гледам оние околу мене. Од здрави, прави деца, израснати со игрите на улица, со постојано трчање и секаква активност сме се претвориле во моржови. Јас сум пуштила стомаче, друга другарка бутче, трета цела попуштила и така до недоглед сите сме станале нешто што не не прави среќни... Желба и мотивација ни е само да бидеме згодни на плажа.
    А се прашувам зошто никоја нема желба и мотивација за здраво тело и здрав дух? Па тоа е најбитно од се`.
    Иако ми кажуваат дека сум згодна и дека не ми треба ништо, јас сепак си ги гледам недостатоците и свесна сум сама дека треба да сменам нешто, а пред се` свесна сум дека не се чувствувам среќна во сопствена кожа. Затоа што нели е најбитно како се чувствуваш ти, а не останатите?
    Активноста ја сведов на НУЛА, и упорно се убедував себе дека кога ќе имам повеќе време ќе си го посветам истото.
    Почнав пред некој период да си го посветувам тоа време и со сите сили се обидувам да се привикнам на тој режим.
    Животот ни е еден и единствен. Никогаш нема да се повтори. Овој ден поминува и завршува, никогаш нема да се врати за да го проживееме уште еднаш. Само денес сме постари од вчера, а помлади од утре... Полека собирајќи ден+ден младоста ни заминува неосетно.
    Се прашувам зошто во овој еден единствен живот јас да не бидам среќна? Зошто да не се чувствувам здрава, полна со енергија, среќна, згодна?
    Зарем ќе имам повторно шанса да бидам средношколка и да ја почувствувам среќата кога ми делат комплименти, кога некој воздивнува по мојата појава, кога самодовербата ќе ми се набилда до небо?
    Ќе имам ли повторно шанса некогаш да бидам девојка со 20тина години, млада и прекрасна каква што треба да бидам?
    Или пак 30годишна млада жена, во најубавите години и во најдоброто можно издание?
    Зарем ќе имам повторно шанса да бидам здрава дама од 40-50 години? И ќе имам ли шанса со здравиот режим да си го продолжам и животот за неколку години?

    Факт е дека луѓето сакаат да испробаат апсолутно се` во својот живот и да уживаат максимално, но сепак тоа треба да биде во умерени граници.
    И секако дека не можеме да знаеме што ни носи иднината и до кога ќе останеме на овој свет, но доколку ние сме спремни за она што не очекува, тогаш ништо не може да не запре.

    Не сакам еден ден да се разбудам и да жалам по она што НЕ сум го направила или по она што сум го пропуштила.
     
    На Loli24, tami1, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК...утре правам пробно екстерно..паѓам 1000% :D ама ајде држете ми среќа :D :rofl: :rofl:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Ученик којшто ги крие оценките од родителите се до последен момент е секојдневие, ама ученик на којшто му е тешко да сокрие една оценка во тефтер...не е баш честа појава.
    Е јас сум баш таква ученичка. :angel:
    Верувале или не, мене ми е исклучително тешко да скријам оценка, колку и да е небитна. [​IMG]
    А и моите се прича за себе, особено мајка ми. [​IMG]
    Многу сум блиска со неа, како најдобри другарки сме, ама кога е во прашање школото...многу е озбилна.
    Не ме кара, ама ме опоменува за секој кикс, па дури и четворка кога ќе добијам.
    Па сама сум си крива кога сум ги навикнала на петки. [​IMG]
    Нормално, родители како родители, се грижат за оценките, би биле неодговорни ако не е така. [​IMG]
    Не е до четворката, да не помислите дека се трескам за четворка или дека се моите лудо амбициозни, ама мама секогаш ми вели да не ги повторувам истите киксови.
    Е јас со географија го повторив, и тоа два пати ова полугодие. [​IMG]
    Уф, пак таа, секогаш мора да ме фати на прв час од испрашување. Јас учев, ама онака, не во топ форма. И пак 4, како и прво тромесечие. :$
    И сега ќе треба да ја бркам за поправање за 5 на крај. [​IMG]
    И овој пат, поради тоа, не можев да кажам дома. И не кажав. [​IMG]
    А тешко ми е да кријам било што од мама, па и една глупава оценка што нема ништо да влијае.
    Смешна сум, знам. :lol: И другарките ми велат, „абе Спешл не си нормална, некои не кажуваат забетонирани оценки во дневник до родителска, а ти за ова се секираш“. Е точно, тоа ми е мана, за све се секирам. Добро е што имам каде да кажам. :D
    ДОБИВ 4 ГЕОГРАФИЈА!!! :devil:
    Eте, сега се олеснив, како оној од народната приказна што му кажуваше на дрвото. :whew: :rofl:

    Друго доживљај денеска - со другарите начекавме панорамски автобус накај дома. :clap:
    И сите како мали деца „Лелелеле, овој е со онаков кров!!!!“ [​IMG]
    И сите трчај горе по место. Како мали деца. :rofl:

    Епа ви ги раскажав дешавките за денеска. :wasntme:
    Ариведерчи. [​IMG]
     
    На ludoto19 и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Не ми се верува , гледам и не можам да поверувам ! Темата на форумов за цвеќенцето има цели 125 страни !!! :o :fubar: :tmi: добро бе девојчиња , девојки и жени зар до толку ви е празен животов ? Мислам се можам да сфатам ама да се замараш каква боја ќе било цвеќенцето :worried: никако ... А кога ќе им се смени бојата као животно достигнуче аоооооооо :( .
    Мене ми е тажно сериозно .
     
    На De-lovely, CuteEva, manja666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.260
    Пол:
    Женски
    По не знам кој пат веќе. По не знам кој пат ми се смачува од нашиот простачки менталитет. До толку бе да немаат луѓето живот, да се замараат со други, да ти гледаат на тебе што имаш во чинијата, што имаш во џебот и од каде ти е... Па такви суети фрчат на сите страни, јас сум најдобар, најпаметен, само јас знам, аман бе, кој Господ те даде толку учен, па и земјава не те трпи... Не знам што да кажам стварно. Цело време си држев некоја позитива, ајде не се замарам, ми пререкол некој нешто уво не ми чуе, што сакаш збори, ама граница да се немало еј, толку бе да сме прости можно ли е. Кај прости па и со главата во ѕид. :x Гледајте си за себе луѓе, не кој што правел, зошто и како. Па и тука на форумов, глеј си ти кај пишуваш, што те интересира друг кај си ги постира мислењата, па негови си се, негово право си е.
    Ко божем јас му плаќам на некој гајлето да ми го бере. |(
    Бреее, само да си заминам од земјава, ништо друго не ми треба. Уште малку, уште малку...
     
    На tami1, Tenna, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    22.707
    Пол:
    Женски
    Crazyinlove14 прво добредојде на форумот! :hai:

    Второ, секоја чест за приземноста и трезвеноста. На твои години допрва почнува на некои да им лета паметот (пример јас тогаш :$ ). Се надевам дека дечкото е навистина фин и ќе ти ги почитува годините. Бидете другари, нема ништо лошо во тоа (тука не вклучувам излегувања на само :!: затоа што секој различно ги сфаќа), но за врски и заљубување почекај уште малку. Уживај во годините.
     
  9. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Ете колку нешто толку едноставно, како лесно рашчешлување на косата, насмевка од згодното момче, победување во едноставна игра или добро време може да ти го разубави денот. Неверојатно е колку лесно може да се развеселиме. Дознав дека кога сум среќна мојот глас се повишува за октава, пофина сум со луѓето и имам неверојатно многу енергија. Еве ви насмеано бувче да ви посакам добра ден и добар вторник :D :D

    [​IMG]
     
    На kravce и Moira им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Инспирацијо, каде си, сега кога најмногу ми требаш?!
    И секогаш така, кога седнувам, треба да напишам нешто, имам дедлајн, ништо не ми текнува.
    Седам веќе 2 часа, ништо и ништо.
    Па и преку целиот ден, не ми доаѓа реченици на место за да ги фатам, се некои глупости...
    *
    И секогаш кога имам премногу за учење, работа, трчкање, си накачувам на грб уште по некоја работа, проект или обука.
    Никако да ми дојде памет, и секогаш 5за12 работам и сум хронично ненаспана.
    Викаат како старееш попаметен си, јас тоа уште го немам искусено.
    Можеби дека имам премногу нешта на ум, а треба да го пуштам слободно да се издува малку, од сите збркотници.
    Збор по збор, секогаш ми се малку, никогаш не ми се доста.
     
    На bittersweet, teddybear, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  11. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    И овие ми ти се некои дела???Абе ајде луѓе не се зафркавајте.Греота е , многу !!! :@
    [​IMG]
     
    На Sanjichka007 и Mimi123 им се допаѓа ова.
  12. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Значи навистина незнам зошто ми е толку намалена самодовербата. :|
    Денес видов оглас за работа кој стоеше на излогот од бутикот па бидејќи сакам да почнам да работам решив да си ја пробам среќата. Ама тешкото беше дури да влезам... се скапав туфкање како ќе биде, што ќе биде, па џабе ќе прашувам само кога знам дека ќе си примат свои луѓе ама буквално се препотив како да ќе одам да прашувам за работа во некоја реномирана компанија :!: Да не незнам како да разговарам со муштерии или па да диплам облека, иако немам никакво искуство сепак не е ништо страшно сето тоа се учи. И тие не влегле учени на работа.
    На крај си реков што сака нека биде ако не пробаш никогаш нема да знаеш! Па така фино лепо поразговарав 5-6 минутки и сега чекам да ми се јават за пробен ден па ако демек им се допаднам ќе ми кажеле. И што е тука е... само мора карактерот да го прицврстам ако сакам да успеам во животов, а секако не се гледам во иднина како продавачка во бутик.
     
    На eli25, SparkyAngel, anichka94 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. macula.93

    macula.93 Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    13
    Сакаааааааааам да те видам :( неможам веќе вака,чуден си ми...да не се случило нешто,ми недостигаш може не покажувам ама така е :$ и дај покажи барем малку интерес за мене :fubar: толку лесно ли ме забораваш...
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... кога огромен товар-планина ќе ти се симне од срцето.
    Кога ќе се почувствуваш исполнета и среќна, задоволна со себе. Кога нема да те тангираат злобни јазици и личности кои се обидуваат да ти наметнат грижа на совест, поради твоите одлуки, кои знаеш дека се вистински.

    Што не доживеав денес, бродолом, ветерници, вртелешки во рок од неполни 7 часа.
    По којзнае којпат ми се потвдри дека - најголемите газди на светов носат ситни души на себе.
    Нека им служи на чест, не сум сиромашна за тие ситни банкноти. Ако ви создаваат среќа и задоволство - имајте си ги.
    Не знам какво е чувството кога на работникот ќе му го скратиш заслужениот и чесно одработен труд, мора да е мизерно и валкано, НО јас не легнувам со тоа чувство.

    Јас спијам мирно и со насмевка.

    I'm done.
    :hai:
     
    На Tenna, bittersweet, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    21.013
    Убав начин денес да тргне неделата.
    Значи после работа, кај пријатели на пикник ама во двор.
    Сонце, скара, салатичка, ракивче, сокче, дечињата трчат ваму-таму....идилично....
    Ама и тоа маживе со ракивчето и тоа понеделнички. :lol: Добро беше шо беше баш до горната граница на умереноста.
    Потони во сон прекрасен дену.Друштво, семејство, луѓе, храна, помин, ден...се прекрасно
    Да ни се множат....
     
    На Bozica1980 и Moira им се допаѓа ова.
  16. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Не не..не сваќам јас тоа клинкава луѓе има самоОоОо 13 години !!! Народе мој , фура штикла од 20 сантими !! :o Внимание..бејби фејс , протеза ..а уз тоа миниќ и штикла од 20 ??!! Ама не , не се децата криви , јас ги обвинувам родителите !! Ако и е мерак нека си купи некои високи , врие од оние на плута , на висока пета ...ама толкави тенки и превисокиии ??!! Се знае како треба да изгледа дете од 13 години ...после тоа имало педофили ?!?! Не ги обвинувам веќе ни педофилите , деца некако одамна ко да нема.... :?:
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    22.707
    Пол:
    Женски
    Морам ова да го истакнам. На седенка со едни пријатели вечерва, по 5678 пат слушнав вицови, зајадливи коментари и сл за т.н. Афганистанки (жени на луѓе кои печалат таму). Како може да генерализираат толку? Сите биле вакви/такви/онакви/ги трошеле парите од мажите и трчале по др мажи ко девојки.

    Не помислија за момент дека на пример, некој печали таму за да купи стан, за да обезбеди удобна иднина и школување на своите деца? Е сега ако останал некој вишок и ако жената има желба, зошто да не оди на некој третман и да си купи некое парче убава облека? И сопругот е маж и тој сака жена му убаво да изгледа и да се дичи да ја прошета.

    Што се тиче швалерајот...жена ако сака (или маж) да се швалерисува, ќе го направи тоа со изговор дека е излезена со пријателка на кафе/отидена да плати сметки/во шопинг/на работа. Самото одење на мажот на печалба не ја трансформира магично во к***а.
     
    На Someonespecial, imelda, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  18. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    It's OK, not to be OK !
    Не дека реченицава е некоја тешка филозофија ама на чуден начин ме смирува и ме теши. Не сум единствената која има маки, знам дека моиве проблеми можеби се само мала точка споредено со тоа што доживуваат другите луѓе секојдневно, но секој си плаче над своите маки па така и јас.
    Се давам во чоколадо моментално мислејќи дека барем тоа ќе ми го заслади горкиот живот. И жал ми е што имам се а се чувствувам како да немам ништо. Проклети анксиозни денови. Ноќта е долга, предолга. Несоницата неизлечива веќе со недели, чувствувам дека ќе полудам и веќе со години си повторувам дека неможам повеќе но сепак продолжувам понатаму со последниот атом сила. Во главата општа конфузија, тахикардија и стегање во грлото. Чувствувам дека снемувам воздух, дека до тука било, стигна крајот. Ова го имам осетено мал милион пати и знам дека нема да ме совлада но неможам да ги контролирам овие проклети мисли. Не е тешко туку претешко, со тек на време само се помирив со тоа дека ваков мора да биде мојот живот и успеав да се навикнам на се што носи анксот, но тој никогаш не ослабна, јас никогаш не бев посилна од него, зошто секогаш успева да ме собори ? Зошто мене........?
    Се изгубив себеси потполно, навистина неможам да се сетам која сум вистинската јас, а ова не сум дефинитивно. Се сменив и станав баш онаква личност каква што никогаш не сакав да бидам.
    Ќе помине и оваа криза како и сите други и пак ќе застанам на нозе, го знам тоа зашто не еднаш го имам доживеано. Ме теши само тоа што сепак колку и да е лошо на крајот сепак успевам да станам, без разлика што е краткотрајно...
    И да, It's Ok not to be Ok, тоа сакам да го кажам, не само на себе, туку и на сите други кои што имаат било каков проблем. Нели на крајот се ќе биде во ред, ако не биде тогаш сеуште не е крај.
     
    На Mimi123, kravce, danichap и 5 други им се допаѓа ова.
  19. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    СДК....Секогаш го мразев понеделник,сега ми недостига,ми недостига спремањето за на работа (не верував дека некогаш ќе го кажам ова) полудев :( ,ми недостигаат обврските
     
    На anggell и mima83 им се допаѓа ова.
  20. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    кала21-секогаш е така,се се осеќа кога ќе го изгубиш она што си го имал.Го знам чуството и уште го имам,но МОРА да се надеваме на подобро и ќе биде,мора да биде,те гушкам за утеха,не си сама :*
     
    На kala21 и Espadrila им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.