Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.299
    Допаѓања:
    158.199
    Хакуна матата!
    Треба да се препишува како средство за кревање на потопени бродчиња.
    http://www.youtube.com/watch?v=xB5ceAruYrI

    Тоа е, Хакуна матата! Ит минс ноу уорис!
     
    На Glossy-girl, Buttterfly, NoellePage и 5 други им се допаѓа ова.
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Дали некогаш некои луѓе (џоа писмени) ке сфатат дека зборчето "сфатив" не се пишува "сватив" ?
     
  3. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ќе се редактирав ама неможам. Ма страшна свиња сум станала... Брееее не стомаче, ами стомачиште имам. Обично сите се поправаат зиме а слабеат кога иде лето. Јас сум цела наопачки! Зиме слабеам, ама затоа кога иде лето буре се праам :emo:
    Не не... не иде ова. Па нема смисла, колкава свиња сум станала. Стомакот и газот се испрчиле и истекле на сите страни. Ова денес го приметив оти подолго време не бев облекла тесни блузички. Леле мори мајко свеста ми се сврте. Јес да сакам подебелки, ама јас како надуван балон сум станала... Мора да си ја вратам линијата под хитно додека не биде касно, оти ако се занесам отидов! И после како буре ќе ме тркалате :rofl:
     
    На anabel-a, Abeja, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Под облаци, тивка вечер..ѕвезди се бројат, се гледаат..ѕиркаат, ми намигнуваат..Ме терат пак! Пак! Пак! И пак!.. Да одлутам низ некоја темникава доба, низ мисли да пролутам..пак на него да се досетам. Душата ме тераше на неспокојства, а таа пак..неспособна за толку висок доскок-падна..на него. Во моментот како во спржена вода..со спржен здив да седам..и да гледам, мислејќи..кај се нурна се`? Зарем оваа вода спржена голтна се`? Зарем и здивот беше толку семоќен?

    И низ тие најтемни доби..во најнепогодлив час..Не, па и немора да седам таму! Тргнувам, барајќи лутањето да ме успокои, во најдоцни часови, низ најстрашни улици..Таа вечер..ноќта лесно ја зеде месечината, а мене..ме врати таму каде што застанав. А јас, пак, чинам..една бездна гледав пред мене. Бездната дури и длабоко допираше..и гледајќи ја височината.. ..онемев.

    Безнадежноста и целата вистина останаа зад мене..Ја вдишуваа прашината од земниот пат. Пробав да се извлечам на кратко од таму..и да продолжам, иако се изгледаше опустошено. Ама ако..не се плашам. Одам на место..кај ме чека.

    И таа ноќ..ме обзеде. Признавам..и се препуштив. Ја оставив. Нека ме води кај треба. Знае таа..ако ме оставеше јас ќе го скршнав патот. И лутајќи како лудак..несватливо, ми се чини..ама нема никој. Така е кога сите ќе си заминат..тогаш..настапува тишината.
    Ѕвездите да ми го укажат патот во темницата..не сакаа.
    Народе тука си, да! Но..луѓе! Кај сте? Ме остави на патот вон..таа ноќ. Колку бурно, а ништо не се случи..Храбрата јас. Ха!
    И ден денес трагам, за одговорот. Зошто? Зошто баш ти? Толку мало, нежно, невино суштество. Се предаде. Не успеа да се избориш за уште еден здив.

    Во која дупка сум?! Зошто не го добивам одговорот? Зарем не знаете што се случи тој кобен час?
    Посакувам само да се спасеше, од сите стравови и безизлезни патишта.
    Не, па и смртта не е најстрашното.
    Ништо не е пострашно од тој миг, да дојде судниот час, со само 3 месеци изживеано. Со само 3 месеци поминато во рацете на мајка си, во прегратката на татко си.

    Наеднаш..се изгубив. Не видов ништо. Ни тронка светлина во целиот оној мрак, чиниш се повторува истата ноќ. Ноќта кога замина таму горе, да ме чуваш мене, мајка ни, татко ни, сестра ни. Но јас продолжив да одам, се` повеќе навлегував во дупката, поставувајќи милион прашања. И пак; зошто?
    Осетив, како да беше до мене. Како да ми ја држеше раката, а допираше срцето. Како да ме чуваше од сите мангупи, како мој поголем брат.

    Се трогнав за миг. Не беше тој. Тоа беше мојот сон. Ох, Господи. Колку е само темно, и празно.
    Овојпат... се плашам.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.675
    Допаѓања:
    22.676
    Пол:
    Женски
    Oткако се омажив јас, во рок од три години, се омажи и една моја другарка која тврдеше дека никогаш нема да се омажи и се верија двајца мои бивши. На саканите и некогаш саканите луѓе очигледно мојов брак им донесе среќа. Само убавини нека ве пратат! :D
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... почнувам да ги сфаќам сите оние напорни бабички и теткичиња кои се појавуваат во Дормео рекламите. :(
    Значи навистина си треба добар душек и удобен кревет за одличен сон, исправен `рбет и бистри мисли.
    А јас кутрата се скичмив на пропаднатиот кревет, го мразам, треба ли сега да се мажам, само за да легнам како човек, откако ветив дека нема купување кревет - додека не е наменет за брачна постела... |(
     
    На tessie, la-chicka, ludoto19 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.299
    Допаѓања:
    158.199
    На факс не знаеш кој е кој,се додека дипломирате. И тогаш следи потврден тест кој бил дебил,а кој не, и кој ќе го биде,а кој не. Обично се вторите оние шо ОБАВЕЗНО одат на свечено доделување на дипломи,а немаат просек над 8,5 (не де оценките се мерило, ама тука животот ги тестира колку се очајни левл бесконечност) и обавезно умараат со фотографија на со дипломата у рака. А оние со просеци над 8,5 или со помалку,ама со акл поштено си зимаат диплома на студентски и ги занимаат побитни ствари у животот. Жива вистина!!! Ама не братче, знаеш ако се ракуваш со деканот,тоа е еквивалент за фаќање на господ за муда, мајата за успешност и магијата за правење пари. Е така одлучив како ќе ги селектирам моите колеги по поштовање. И гледаш брдо дебили со тутуртки у рака. Оооо тутурутко една,го заболе светот за твојата покакана диплома. Е ај твоите родители се радости, ама дипломска не ти беше задоволствие доволно?! Тоа се тие обични и досадни луѓе кои сакаат да прават сензација од нивниот мошне сиромашен живот. Дај бидете малку покреативни во животните уживања, ова е попатна животна вообичаеност. Онда...нејќам да знам колку досадни и безживотни ви се секојдневијата... Она како основно,полуматура,средно,табло,матура,факс,табло,дипломска, зимам диплома,ако даде господ мастер,ако не работа,брак,деца... Пу,пу,пу...а,да, одмор на море, мини одмор до Истанбул, Виена и све попатно што една извештачена и сасвим обична девојка од Скопје посакува,за да другите и љубоморат. И све ова е проследено со посебен албум на фб. И уште ако имате гелни нокти... онда,честитам,вие сте подпросечната глупача од секое обично скопско маало која живее сасвим еднолично, по правила и прописи а ла животот на Кардашијан и да може да избере,би го избрала нејзиниот глуп живот (технички,не е глуп со целиот тој луксуз...ама Кардашјан е...мда!). Ама хеј... тука се работи за личност со ВИСОКО мислење за себе. Слушај душо, спушти си го мислењето и помири се дека си глупа. Та-та!

    Да се разбереме...ова е само и само за факултетот на кој јас завршив зошто поштено му го знам составот и структурата на особите кои се шуњаат по него. Богаташи, манекенки, партиски полтрони, ескиватори, глуматори, малцински заедници со многу повластувања, малку книга, многу глума... Не зборувам за другите,да не се најде некој навреден,не ми е тоа поентата. Баш,баш за конкретен факултет си важи погоре наведеното... Зошто на крајот,никој не сака да ги дружи овие особи... и живеат за такви моменти во животот.Само такви...зошто се е сцена,драма и фама... Капата да ја фрли, пошто амерички филм.
     
    На mila89 и pamelche им се допаѓа ова.
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    18.030
    Пол:
    Женски
    немам телевизија - МАКСТВ идите доџавола! па по кој пат :o :tmi:
     
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Кога ќе видам некако поминала цела година, а јас си седам невработена. Мислам дека секоја надеж ми пропаѓа и тоа по брза постапка. И нели веднаш би требало да се раѓа нова, или можеби грешам за новата.

    Ме фрка некоја неизвесност во последно време. Така ми е бидејќи одамна некоја желба ми се нема исполнето. И слободно можам да кажам дека во животот само една желба ми се има исполнето. А тоа е тој! Ми текнува еднаш како мала стоејќи пред бунарот кај Свети Наум си замислив желба за него. Истата ја замислив и кога бев на Метеорите. И во Црна Гора! И тој е тука. На тоа поле сум задоволена.

    На полето образование кикснав! Сакав нешто сосема друго, а немав можност да го изучувам тоа. Дипломирав убав факултет ама тоа не е мојот факултет. Сега се мислам да продолжам понатаму ама некако не ми изгледа продуктивно таквиот чекор. Ако продолжам моите ќе треба да ми помогнат пак, а тоа е последното нешто кое го имав замислено. Овој период не си го замислував вака. Си фантазирав за јас како сум во некој малечок град во Италија и како сум на мастер. Си замислував како се возам со точак по тесните кривоулести улички. Сакав да изучувам за Европскиот мистицизам, за натприродното и волшебното. Сакав да разговарам со луѓето за уметноста, да одам по музеи и да ги впивам трагите од минатото. Сакав да вдишувам свеж воздух и насмевки. Сакам да го гледам него како радосно ме чека насмевнат во нашиот мал стан, таму и ме прашува како сум си го поминала денот. А јас му зборувам без престан за моите нови сознанија. Потоа се гушкаме, јадеме тортељини и пармезан и пиеме мали ликерчиња. Пушиме цигарчиња и се тушираме заедно...

    Не се откажувам сеуште. Тоа е мојот сон којшто сакам да го проживеам на овие мои години. И се борам да дојдам до тоа.
     
    На Serafima, Moira и ilipili им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Апел во трета година на факултетите да се вметне предмет "Да, се запиша тука затоа што сакаше, имаш иднина, само ти учи. "

    Ви збореле за една фамозна криза која ве фаќа на пола студии? Мене ми дојде и никако да си ојде. Да се разбереме, јас сум интелентно човече. Знам дека сум и не, ова не е самобендисување или фалење. Ова е факт, научно докажан. И се нервирам како морон со глупости. Со сакати скрипти кои не можам да ги гледам, со трагични професори на кои по 10 години работа со компјутери не им текнува дека ако стиснеш Ф5 на презентација чуда се случуваат. На раб сум да станам пропалица и да се помирам со тоа. Да се задоволам со една просечна плата и просечен живот наместо да си ги остварам потенцијалите. Факултетот е направен за најсилните. Не за оние кои учат, него за оние кои ќе го поминат. Еден, еден апсолвент ми треба што ќе ми каже дека си го сака она што го учел повеќе од тоа мутаво бруцошче што беше кога со страв седеше на предавање и се молеше да не задоцни.

    Се тешам со некои глупави фантазии, се надевам искрено се надевам дека вреди. Затоа што инаку, ќе се вработам на брод во Норвешка и ќе чистам риби. Најсериозно.
     
    На Doozy, JuLleE, Moira и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Goddest

    Goddest Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    42
    СДК дека ме боли душата.Ми стои камен на срце. Се чуствувам ко прегазена од воз... Немам желба за ништо, единствено сакам да лежам и да плачам за убавите мигови поминати со моето злато кои знам дека веќе никогаш повеќе нема да се вратат и покрај тоа што сакам да го вратам времето назад. Ми недостига многу.И многу го сакам, знам дека во длабочината таму некаде и тој ме сака сеуште. Можеби помислува на мене, којзнае а? Се надевам ќе сфати каква грешка направи....
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Тренди ама и ти сеа многу сакаш, па нели за свадба делимано тави во комплет?
    Не се премислуј молим ти се, а тамн ќе ти собиравме сите по 100 денари да те изненадиме, ти сеа види што праиш.
    One at a time, или па ако не втор пат мажи се, нема друго чаре :D
     
    На kravce, sweet-cherry, Lepaaa и 22 други им се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    СДК дека неправдата боли. ;(
     
    На Goddest му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    18.030
    Пол:
    Женски
    На Someonespecial и GordanaL им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.374
    Допаѓања:
    286.630
    Апетитот расте дури и кога си сит.

    Кога човек континуирано ги конзумира оние мали слатки задоволства...се губи уникатноста и посебноста на моментот.
    Оние мали нешта кои порано не правеле среќни се заменети со уште поголеми, но возбудата ја нема.

    Туку потпишав нов договор за работа.
    Сменив веќе неколку работни позиции во последниве години што веќе не се ни радувам.
    Само умор и празнина.
    Ќе ми фали сегашнава позиција, уствари не толку позицијата колку луѓето.
    Чуствував дека помагам некому и дека правам разлика во нечиј живот. Но ете за месец и пола ќе дојде крај на таа етапа од животот

    Многумина го имале оној детски сон да работат на аеродром, и јас бев една од нив.
    Еве ми се оствари.
    Понеделник ќе се нацртам таму и ќе започнам со обуката, за некоја недела се надевам и ќе започнам со самостална работа без надзор.

    Не се многу саати, не се многу пари али додека сум студент т.с ја пишувам дипломската, скромен спореден приход во домаќинството и одлично име за во цв кај евентуалниот иден работодавец.

    Кажав ли дека сум уморна :tmi: |-)
     
    На kravce, Lepaaa, Doozy и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.299
    Допаѓања:
    158.199
    Ок, доста јадам трици, одам...само прв пат да видам нешто на фемина што всушност...се поистоветува со реалноста на скопските лепотици.

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... l5pQQv2mhc

    Све е исто,сем што вадење на вамп шминката на очи е попрецизна и солидно барски зацрнета. Онака, порно. Нема разлика меѓу денска и вечерна шминка. НЕ-МА! Омилен дел ми е она со усните... :D
    Ванила лук! :D
     
    На la-chicka, tessie, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  17. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    По дебилно нешто од машко кое си го пушта ноктот на палецот или на најмалиот прст нема!
    А мислев дека ова е искоренето нешто и повеќе нема такви мажи, се запрепастив, има 25 години работи во пекара и си пушта нокти |( Да немав видено со свои очи и не би верувала. За што ли им служи? :?: хмм... :wasntme:
     
    На Sanniii, mila89, HoneyBun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ох какво олеснување,марак што е само физичко,добро е.

    Периодов ми е со многу вкрстени патишта.Многу е лошо кога сте во ситуација кога некои работи не зависат од тебе па незнаеш да што да се надеваш.Чекаш и молиш бога,што и да излезе да излезе на добро.

    Плитки луѓе во паметот насекаде околу мене,ама тоа е тоа.Џабе им е се,мозокот како воопшто и да не им функционира.Лечење комплекси како лечење на тешка заразна болест за која ви треба повеќе време.Со еден збор ужасно.

    Доаѓам читкам одредени теми и заминувам.Едвај собирам неколку реченици за да сврзам еден пост,се оттуѓив од форумов.Се чувствувам и како странец.
    Изгледа се презаситив.Незнам.
     
    На Hipster и Ilusionist им се допаѓа ова.
  19. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Многу работи си ставам при срце, ама човек сум, имам чувства и не можам против нив. Ме револтира светот, ме револтира се што се случува.. Гледам само сивило и ништо друго. Ќе се погледнам во огледало и се прашувам себеси дали треба така? Дали треба да го сменам мојот начин на размислување, мислење..? Ако го сменам ќе бидам како оние кон кои гледам со презир.
    Дополнително денес ме растажи случката во Бостон. Мораше ли да разберам за неа додека во позадина одеше мојата омилена, give me love? Ме растажи болката на сликите, ме растажи сликата на момчето врз мртвата девојка, не знаејќи за неговата замислена цел. Претпоставував.
    Жалосно. Жалосно е се што ни се случува, како дел од групата наречени „обични смртници“.
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДП кој ќе се разболи и во пролет и кога температурите се над 20 степени :sun: ? :lol: Јас,се разбира. :nod:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.