Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден се молев и сакав промени... на добро
    Два дена подоцна ми се јавија за работа, бев пресреќна :D, истата вечер помеѓу нас се случија многу лоши нешта, сешто си изнакажавме и по незнам кој пат одлучив дека е крај... :| Денес не наидов на камен тука на планина која целата се сруши врз мене, дознав нешто што најмалку сакав да го дознаам, тоа беше како враќање во реалноста, ме удри како гром од ведро небо :|. После работа цел ден го поминав плачејќи...
    Незнам можеби ова е одговор на мојата молитва, можеби за животот да ми се промени на подобро прво треба она лошото да изчезне...
     
    На Someonespecial, Serafima, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Не го сакам април, сериозно. Не ми бил никогаш наклонет, ама затоа мај ми носел најтурбулентни пресврти, веројатно мај е месецот кој ми го обликувал животот најмногу, барем последнава декада и на некој начин со многу личности и настани е така некако испреплетен... Туку ме фати некој оптимизам, иако си заклучив дека е ем од ништо конкретно предизвикан, ем непоткрепен, ама ете си го најавува присуството, онака бучно како малите деца.

    Се сетив на еден период, кој ми беше еден од најтешките, а морав да патувам поради некои обврски тогаш често. Беше есен, се менуваше пејзажот од крајно мрачни денови, кога дождовните камшици бесно удираат по стаклото, атмосфера како од делата на По излезена или на Маркес градот кој исчезнал во маглата и дождот, до - сончеви денови на т.н. циганско лето. И сите тие предели ги одминуваш, им се враќаш, се менува позадината, а движењето е константно. Тука е всушност суштината дека поминуваат и се менуваат како и пределите - лошите и убавите настани.

    Мислам дека конечно е време за сончевите денови, овојпат ако треба ќе го превртам и универзумот наопаку, дотаму е дојдено :D ... Всушност во ПМС сум, а сум убаво расположена :^) , покрај огромно исчекување кое донесе лош резултат, покрај огромниот водостој кој малку фали да доведе до прелевање на езерото и покрај тоа што сме на рестрикции повремени со струја, па и во исчекување да настапат, јас сум прилично ок, си го чекам мај и новите промени, кои некако се навестуваат. Би сакала да го имам она некое чувство на (за)доволност на постарите генерации, не дека ми недостига скромност, колку што ми недостига чувство на стабилност, некако навикнуваш да вирееш во свет кој некако се руши и ги урива твоите идеали, па се сомневаш дека нешто стабилно ќе изградиш на такви темели. Ама, тврдоглаво и упорно си ја чувам оваа оптимистична визија, како што ластовичките градат гнездо, со кал и сламчиња, изгледа како труд кој е целосно бесполезен и нема да даде резултат цврстината на материјалот, ама потоа се претвара во дом исполнет со весел црцор... Имам хиперактивни мисли и сум а уомен вит д плен, добро сега во фаза е планот на допрецизрање, имам уште време до наредниот месец да прецизирам детали...
     
    На kravce, Girl-50, Lepaaa и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Само ова: Секогаш правете нешто продуктивно, за да не зажалите за времето кое сте го трошеле залудно! - Ова си го викам секој ден, само уште малку ми треба за да го исполнам до крај. Кога ќе сфатам колку залудно сум ги трошела некои денови ми иде да си мавнам шамар. :tmi:
     
    На Glossy-girl, lovely91 и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  4. Crazyinlove14

    Crazyinlove14 Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    8
    Ми се гади од тоа какви се луѓето.И да сакам повеќе на никој не можам да верувам.Освен во тие што имам доверба и што секогаш сум ја имала.Никој повеќе.Ни другарки ни свети другарки (само за излегување,доверба никако) ни дечковци ни никој.Имам 14 год. и се до ден денес се залажував себеси дека сум доволно созреана за врска и дека може некое машко да ме сака мене,а не моето тело.Ама сфатив дека нема било кое машко да ме сака.Знам дека се што треба ке си дојде на време,ама јас немам желба некој да ме сака,дури и да се најде таков некој за 10 години јас не би сакала со никој да бидам.Не ми треба никој и никогаш нема да ми треба.Сакам секогаш сама да бидам.Можеби вам ви звучи смешно,ама посреќна сум сама отколку така.И сфатив јас сум си најважна. :)
     
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК ми е страв да спијам, будала.. :!:
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.026
    Допаѓања:
    81.371
    Пол:
    Женски
    Помалото „зло“ во врските на далечина од образовнопричински процеси, е тоа (веќе познатото нели) дека не можеш да го гушнеш или изгмечиш онака из љубави кога ќе ти падне на памет.
    Е сега, она поголемото е кога ќе налеташ на одамна непреслушана песна испеана на навистина јебозовен шпањорес и на ум ти паднат лоши, оо многу лоши работи. :tmi: :wasntme:
    Можеби текстот и нема благе везе со мојата ситуација, ама затоа слушајќи го гласот во комбинација со музиката - фантазијата ми е на нивоу.
    Мх, мх, ммм - мх! - ко што би рекла Алачки.
    :D
    Утре се враќам дома, а тој како сака.
    Kids, don't do this at home! :!:
    ***
    А јас !? - Периодов раштракана насекаде, ко што би рекла една моја драга пријателка: „Дури почна да никнуваш онаму каде не би ни замислил човек да те посее“. И знаете што!? - Убаво ми е.
    Ма не со точка, со извичник. Со два извичници. Со многу!
    Понекогаш си мислам дека ми треба психички одмор, зашто не можам да се пожалам од оној физичкиот во никој случај. Штом почнувам нова серија (покрај сто и една почната, недогледана), значи дека колку и да се жалам - арна сум.
    И ... се чувствувам тотално изгубена, навистина ми треба одмор, некаде далеку од грдосијава наречена окружување.
    Тоа и ме очекува и да ви речам право, ништо повеќе и не ми треба. Барем не сега.
    Тој, торба со малку тропоташки, планинска викендичка, избегнување технологии и тотална изолација...
    http://www.youtube.com/watch?v=z-HKvYDTpoc
     
    На kravce, Someonespecial, Lepaaa и 13 други им се допаѓа ова.
  7. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    remember me !?
    i was your friend when you were single ..

    Да,до кај некаде тотално изреволтирана од некои личности.
    Баш и не мислев дека стапувањето во една "сериозна врска"
    Можат да го променат човекот дури и за 360 степени.

    НЕЗНАМ,сум немала досега сериозна врска.
    Ама ако некогаш и негде имам,и ако станам таква,
    ќе се исплукам во лице сама.
    Чесен збор !

    Зарем толку е тешко да одржуваш еден баланс, меѓу поимите дечко и другари !?
    Испаѓа дека тоа е најзафркнато нешто на денешницава.
    Нема да ви пишат минус,ако една вечер го прескокнете неговото друштво.
    патем
    Баш и не е многу забавно кога си затворена во една просторија со уште 10 другарки,кои се страсни пушачки на цигари.
    Мислам дека еден месец ќе мирисам на цигари.
    И јас пушев,да се разбериме.
     
  9. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    100.623
    Пол:
    Женски
    Таман помислив дека овој месец нема да ги имам симтомите на пмс,кога ете ти ги.Посилни и потешки од било кога.Ме турнаа на земја со сета силина ,направија од мене плачка...Нервоза да ја мериш со кантар,трчање по глупи родителски состаноци,жалење од професорите за децава,неучење,дриблање на нерви,готвење без мерак,бесмислено чистење и перење на завеси.Син ми ќе оди на екскурзија,пресметував синоќа 12000 дали ќе ме расправат дали не,ќерка ми запнала да оди со деца на Јакупица.Имаше трескање врати,солзи,тешки муабети од типот дека не сум мајка и не знам да се опуштам и да уживам во животот.Кое опуштање кој живот.Тоа што носам чевли од пред 10 години,фармерки од пред 5 и тоа купени на попуст,куќава плаче за реновирање ,секојдневна борба како да се заштеди на се.Не можам повеќе.И згора на се ќе ме фаќа грип.Носот тече ,очите ми солзат.Цела зима не се разболев,сега успеав.[​IMG]Сонот не ми е сон,туку мачење.Животецу ти си мојот најголем непријател.Се обидувам да се смирам и сталожено да размислувам ,не оди.
    Им завидувам на сите жени кои немаат финансиски проблеми и проблеми со децата.И со мажот.
    Ќе полудам [​IMG]
     
    На stetoskop, antonina, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  11. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Kај сте феминки добро утро од мене. :) Декларирам старт на денот и еве пријавувам присуство на фемина. :) Ако порано овој период си легнував и спиев цел ден, сега се будам уште во 8 сабајле и целиот ден уживам. Но затоа во 10-11 навечер ми се приспива и веќе 12-1 не можам да издржам. :D Но, ако, подобро е вака, попрудиктивен сум, многу повеќе време имам за се итн. :)

    Ќе одам уште малку до продавница да си изнакупам производи кои ќе ги конзумирам во текот на денот и се затворам во мојата соба да творам пред лаптопот. :lol: И така... останете добри, силни, убави и здрави. :D

    Cheers girls. :beer:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    СДК многу ми е страв. Во исчекување сум. Или ќе се случи нешто убаво, или ептен ќе се разочарам.
    Страшна трема чувствувам. Дури и дишењето го приугушувам. Се поретко земам воздух, небаре со начинот на дишење ќе променам нешто. Дури мислам дека не ни спиев синоќа како што треба. Кога си легнав размислував за темата која ме мачи, кога едвај заспав, чинам, ја сонував проблематиката (паметам делови од сонот) и кога се разбудив првата мисла ми беше тоа. Којзнае дали воопшто спиев, дали воопшто се одмори мојов мозок синоќа?

    Уфффф. Господе помогни ни, на арно да излезе работава. Живи и здрави да сме, пред се‘, а потоа со малку Твоја помош, се‘ ќе се среди. Амин.
     
    На kate21, Hopeful, Umbrella22 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ах оваа потсвест има да ме уништи и тоа е факт :!:
    ја сонував мајка ми-послабичка од вообичаено како ме гледа и си оди од мене, и така уште рано изутрина ;( ме разбудија и кога ке ми текне на тоа се уште се присутни ;(
    иако сум веке девојка, тврдоглава, амбициозна со свои планови за иднината, сепак имам потреба од мајка ми да е до мене-дури и понекогаш да ме гушне :hug: сега свакам што значи да те оддалечат од семејството, другарките што ми пишуваше во хороскот-катастрофа :worried:
    ова испага татко ми би го продала за 100 денари на Битпазар ама мама не ја давам :D и двајцата си ги сакам и тоа е факт, ама кога тато го немаше, мама беше таа во добро и во лошо со нас-мене и брат ми :!: кутричка жена, само да ја видите колку и е тешко и мачно кога ме гледа мене како венеам се повеке-проблемите со цревата, грчевите не поминуваат ;( ме боли :l: и душата да ја гледам таква :worried:
     
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    18.030
    Пол:
    Женски
  15. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК стварно ми е грдо што немам што да правам..
     
    На kala21 и Dog-lover им се допаѓа ова.
  16. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    :) ....
    исто така СДК дека ако денес ми пројде успешно денот ( во школо) најсреќнаа ќе сумм имам полноо испрашувања ако се спасам чудо ќе е :D :rofl: :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • huhuh.gif
      huhuh.gif
      Големина на фајлот:
      953,4 KB
      Прегледи:
      299
    На Someonespecial и kala21 им се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    синојк после голема кавга и после добрата јас :^) цела веЕЧр не сум спиела и плус тоа ме болесе раката од преголема нерва :devil:
    онака се изнервирав сто веке на некои луге оЧи не сакам да им видам :^) иако живееме заедно само ахам и нисто веке нема да ми е важно,мене курва,глупава,никаква,мрзлива и се се ама никој не може да ме нарекува па и ебате и поЧит кон постар Човек нема веке да дозволам играње со мене :devil:

    од сега не мие важно нисто,мојата работа ке ја заврсувам инемам работоа со никој Член од ова кујЧа па нека бидам лоса ама ке бидам жива и здрава а не да се парализарам од нерва за глупави луге :^)
     
  18. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Внуката на дечко само што наполни 10 години. Не ја изговара убаво буквата Р и кога ќе ја прашаат што ќе бидеш кога ќе пораснеш одговара - Премиер, затоа што и јас како Груевски не можам да викам Р.
    Додека во наше време на тие години сакавме да бидеме се', само политичари не (еве јас не се срамам да кажам дека тогаш не знаев ни кој е претседател на државата), денешниве имаат политички фигури како идоли , херои и модели и се занесуваат како можеби еден ден ќе бидат ''големи и важни'' како Груевски или Црвенковски, зависно од тоа кој од нив преовладува во разговорите дома, согласно на тоа нели, која политичка партија ја преферираат домашните и ги бомбардираат децата со неа.

    Многу лошо време стана денешницата. Факт е дека не секој има вујко владика за да го чучне на некоја завидна позиција додека уште детенцето не ја земало најверојатно скапо подмитуваната универзитетска диплома, па така луѓето од безизлезност избираат да се припојат кон одредена политичка партија, да подржуваат некој кој ќе се гланца и ќе ужива во удобна фотелја, со надеж дека еден ден ќе бидат помилувани да добијат некоја работичка, за да не го фаќаат светот и да не оставаат фамилии по дома кои ќе ги гледаат 2 пати годишно.

    Ние веќе сме отруени со политика, политичари, партии, опозиција, позиција...
    Но, жално е како и децата кои немаат и нецела деценија живот наместо камиончиња, кукли, плишани мечиња, веќе се потенцијален подмладок на одреден политичка партија.
    Секојдневието ни е завиткано во политика. Децата се дел од секојдневието и впиваат експресно се што им се нуди како информација.
    Политиката и политичкиот живот се нивниот пример за успешност (барем ние така ги учиме).
    Жално, но вистинито.
     
    На kravce, Someonespecial, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Женскава интуиција - ретко кога ме излажала.
    Но, многу често ја занемарувам. Голема грешка!
    Ми укажува на се што е не правилно, она што треба да го исфрлам од мојот живот.
    Ама, кој да ја послуша? Кој да знае дека требало да ја оставам некогаш да ме води... :^)
    По незнам кој пат ми се случува ова.
    Чувствувам, чувствувам овој пат ќе се оствари...

    http://www.youtube.com/watch?v=sdbxxnh7zD0
     
    На antonina, Hopeful, ilipili и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК ме прифати на Фб, њањањањањањааааа :party: :party: :party: :party: :party:
     
    На kravce, Umbrella22, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.