Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Можеби среќата и задоволствата се далеку од вас во моментот, но сетете се колку пати во минатото сте се чувствувале исто па сте победиле.

    Има нешта кои се послатки кога се добиваат веднаш и има други за кои се копнее подолго време
    а значењето и вредноста им се зголемуваат.
    Во животот сите копнееме по нешто, но понекогаш од нас зависи дали ќе чекаме, или ќе направиме копнежот да ни се оствари.
    Во животот има среќни и тажни денови. А ниту една состојба не е вечна.

    Можеби сега сте тажни, утре ќе се појави некој што ќе ви развлече насмевка, можеби сега сте осамени, утре ќе се појави некој исто таков на кого сте му потребни, можеби сега немате среќа во љубовта, не е до вас, не сте ја пронашле сродната душа. Што не значи дека нема да ја најдете.

    Можеби некој ќе каже, што зборува будалава ... не е ни битно :)
    Пред нас е животот. Најдобриот учител.

    Еден од најдобрите предизвици во животот е да се пронајдете себеси.
    Добар ден Македонијо! Добар ден знани и незнани :D како што викаше свеки моја.
    И покрај се, јас развлекувам насмевка, и одам да го трошам денов...

    Офи, ај со среќа нека е ;) :D њањањањањањааааа :party: :party:
     
    На kate21, kravce, Umbrella22 и 25 други им се допаѓа ова.
  2. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Денеска правевме тест математика и имав во новчаниче ливчиња(иако не препишував) со формули.И конечно кога го решив цел тест и си се почуствував горда на себе што барем еднаш математика ќе добијам петка,другар ми што седи до мене го зема новчаничето да видел нешто и наставничката виде и ми го потпиша тестот што значи една оценка помала.Супер |(
     
  3. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Многу сум напната поради факултетов плус и ненаспана што и да ме јаде навечер мора да го утепам или пак не спијам повеќе во мојот кревет се додека не си отиде страшно. Сега не можам ни да учам ни ништо ај тоа ама ова другово уште повеќе па ме напнува ау не знам како ќе се најде излез од сето тоа. Не сум ни за ваму ни за таму. Мора да се истуширам, да се освежам па ќе си пуштам музиче па ќе видиме што друго ќе донесе денот. :?:
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.468
    Допаѓања:
    91.840
    Пол:
    Женски
    Само кај нас некој може да ти хакне пасворд и мејл за глупост.
    Идиоти на куп!
     
    На Adi888 и HollyWoodGirl им се допаѓа ова.
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    Ете заврши и сликањето за апсолвентско табло :wasntme: мојата нефотогеничност ја снема овој пат, не се жалам убаво испаднав :angel: Иако мислам чичкото од фото студиово ќе ме побркаше на крај, многу сум била пишманаџија :P е де де, па апсолвент сум бе ^_^
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Конечно да седнам и да видам што се случува тука. :D

    Јас малку се осеќам како рамна, беземоционална линија, неспособна да ги искаже радостите и случувањата од секојдневниот живот. :D Абе, изгледам како да не чувствувам ни радост, ни тага, ни ништо, ништо, а јас уствари се радувам, стварно, мада што сум толку преморена, или отупавена од глупавите лекови, изгледам како дегенче од страна. И само климам со глава, или се обидувам да бидам што е можно погласна, ќе ме сфатат погрешно сите. :tmi:

    Денеска ми кажа дека еден од претходните денови му бил можеби најдобриот ден од животот досега. Фактот што со мене помина повеќе од 12 часа тој ден, ми залепи една таква насмевка, ма што да ви кажувам. :D Не знам зошто никој не се потрудил повеќе околу него, за која била работа, другари, родители, кој било. Човекот заслужува да го ораш Скопје, нагоре и надоле, и од лево и од десно, и попречно и по сите вертикали и хоризонтали. И да се глупираш како полудело тинејџерче, да му спремаш и да му правиш убави работи, и да не спиеш за да го доработиш тоа што си го почнал. Ако порано станував насабајле оти ми ѕвонеше алармот, сега тој ми е причина за да го навијам. Убаво ми е, стварно.

    Ќе ми извади прстен човекот. :rofl: Ќе се збунам, јас ќе викнам АААААА, ќе се збуни тој, ќе почне и тој да вика АААААА, и двајцата како потресени. Ќе го збрлавам и него, а многу е фин. Боже Господе. :D Уште не му е јасно со каква будала си фатил работа, мислам, стварно... :D

    Ако пробам да трепнам, ќе заспијам. Сакав да ви кажувам уште, ама немам сила, ќе го оставам сиот излив на емоции за поодморените денови.
     
    На kate21, kravce, Umbrella22 и 30 други им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.674
    Допаѓања:
    22.676
    Пол:
    Женски
    Моментот кога бараш огласи за слободни работни места и гледаш дека за позиции на кои можат со иста ефикасност да функционираат и мажи и жени, се нагласува дека е препорачливо кандидатите да бидат од машки/женски пол (кој btw е спротивен од полот на сопственикот/директорот).

    [​IMG]

    Ама не е смешно. :shake: Ти додека бараш извор за егзистенција, на некој му е дојдено до швалерај. :punch: :punch: :punch:
     
    На kravce, DzingrlakaDzikica, Lepaaa и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Леле времевоо :sun: поубаво неможеше да биде..Идеално за шетање,кафенце со другарка,шопингг :D
    Денес морам да шетнам некаде..ме убива ова надвор времево прекрасно,а јас да седам дома :| Е нема.. :D Ќе си ги ставам цвикерите 8) и ќе му ја дувнам некаде :lol: Имајте убав ден :*
     
    На Marjan007, eli25 и HollyWoodGirl им се допаѓа ова.
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Убаво кажале тие работи кои ги сакаш не доаѓаат кога ти сакаш, најдобрите моменти ни се случуваат баш кога ќе престанеш да сонуваш и да започнеш да живееш. Вдиши длабоко, се ќе дојде на место, не брзај, не трчај, сега и тука, кога најмалку очекуваш, тогаш!
     
    На eli25 и Barbie07 им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.022
    Допаѓања:
    123.888
    Ok,знаеме дека си најубава не мора да менуваш иста слика на профил на минута |(
    И после речете дека не се врти се околу ЛАЈК :D Ај да бевте девојчиња во пубертет ќе ви простев вака морав да ве избришам :geek: (јака работа направив и јас,ама ај кога си немаш друго паметно :angel: )
     
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.060
    Допаѓања:
    11.986
    Пол:
    Женски
    И кога конечно мислев дека тргнаа работите по нагорна линија, повторно почна се да се руши.
    Конечно можев да кажам дека е добро, за мене одлично, иако другите не го гледаа тоа така.
    Бев среќна што можевме да си дозволиме мали „луксузи“, кои исто во очите на околината беа безначајни. За нас вредеа цело пиратско богатство. Откапано конечно, со мала резерва да почнеме да уживаме во него.
    А денес чувствувам како тонам. Пак. И ме фаќа паника, очај, ме обзема бес.
    Ми треба среќен преиод, каде знам дека и утре ќе биде добро. Не месец однапред, ами утре е добро.

    Инаку, мајка ми не ме спречува да се мажам. И утре да кажам, не би и сметало. Климакс е, што ли е?
    Колку е лесно да се омажам.
    А што после? Воздухов не сум чула дека издржува фамилија.
     
    На zarah, CoverGirl10, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Мене животот ми има покажано како не треба да чекам друг да ми ги исполнува желбите. Ништо не е случајно, за се што сакаме да сме или се што сакаме да имаме мора самите да се избориме. Некои од нас таквите борби за брзо време ги изборуваат. Ете јас сум од тие другите на кои им треба доста време да стигнат до својата цел. Но секогаш успешно ја реализирам истата.

    Се чувствувам преубаво вака. Гледам како образите ми се смешкаат самите на себе и како мојата уста се шири во најпозитивната линија на целиот свет. Јас знам дека претерувам во тоа што се љубам себе си толку многу. Јас знам дека покрај мене отсекогаш мора да стои некој кој ќе биде со емотивна и физичка убавина блиску до мојата. Бидејќи тоа ме прави среќна.
    Целата слика, јас и тој, рамноправни или тука некаде, пред целиот свет. Е сега тој дека е попаметен е, а јас дека сум поубава сум! Ама јас сум и помала и сега за сега ненормално брзоплета. Ама и ме прави среќна што тој за нијанса е попаметен и што можам да учам од него. Сакам покрај мене човек кој ќе ме остава маѓепсана од неговата спретност и од неговиот памет.
    Кога за првпат бев кај него на работа и кога го набљудував од страна како работи бев вознесена од него. Леле луѓе тогаш тој беше мојата гордост. Бев неверојатно вљубена во него. сега само го љубам
    Никогаш не сум била тип на човек кој сака покрај себе да има просечни пријатели или партнер за самиот тој да се истакне како пеликан. И верувајте ако правите вие така оа ви е најголема грешка. Тоа не е докажување дека вие сте подобри. Тоа докажува дека вие се плашите благо речено да се конфронтирате со подобрите од вас. Да живеете со нив без страв дека ќе бидете поразени од нив.

    Моето нес ме чека, а сега јас ќе си го цуцнам. Интересно ми е кога ќе видам некој кој не сум го видела неколку години. На пример луѓето од средно! Многу се сменети! Сигурно и јас нив сум им :hai:. А какви пилиштарци бевме :rofl:.
     
    На zarah, kravce, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Еден ден во лудава ми фамилија :lol:
    Сабајлево бев да ги земам децава на брат ми, да и се заблагодарам на снаата за чување на малиот изминативе две недели и да има малку me time :)
    Дојдов до куќава моја, во една рака го држам моето дете, со другата ја туркам количката со близнаците и цело време го пазам постариот внук да не ми забега на некаде и ете една од најнеомилените соседки:
    Комшике не си на работа, леле од кога не сме се виделе (тоа е затоа што се трудам максимално да те избегнам ) ај дојди на кафе ако си слободна :^)
    И викам не можам со децава и сама се викна кај мене и ми текна на последната колумната на Трендафилка и се почувствував баш како басма со две лица затоа што сакав да и речам:
    Добро бе жено ти изгледам како да сум слободна, овие 4 деца ги гледаш или слепа си, ама место тоа нели за одржување навидум добрососедски односи и се насмевнав и ја поканив на кафе :@
    Госпоѓава иако гледа дека имам полни раце со децава не може да пие кафе од кафемат или нескафе што се прави за 10 секунди, не, не, таа мора да пие турско кафе и тоа правено со ладна вода за да мора да го пазиш цело време да не ти истече по шпоретот.
    За тоа време ги слушам се кикотат децава знак дека прават некоја беља ама ги гледам од прозор и никако не гледам што лошо би можеле да прават, сварив тоа кафето одам да видам што прават децава и имав што да видам.
    Заборавив дека надвор имавме оставено едни пластични (што знам како се викаат ама важно сум заборавила да ги измијам и ставам во гаражата) со боја што мм ги користеше викендов за средување на собата на soon to be нов член на лудава фамилија и децава помаливе само, големиот е ороводец, си ги ставиле рацете во тие и шлапале со рацете на ѕидот во штотуку средената соба :devil:
    Ете колку време треба да направат децава беља, колку што ми требаше да сварам кафе, женава почна да вика како биле лоши и како ќотекот бил излезен од рајот а јас како што сум си така малку чукната, не хистеришам никогаш за работи кои можат да се поправат, пораснат, купат, ми се виде интересно тоа отпечатоците од рачињата им ги ставив тие во собата и им реков цела соба нека ја направат со рачиња, има ли нешто поубаво за новиот член од тоа да биде постојано окружен со рачиња на тие што највеќе ќе го сакаат.........комшиката иако муслиманка почна да се крсти :rofl:
    Пффф ќотекот излегол од рајот, ќотекот излегол од мода, јас место ќотек да им удрам на малите за нешто кое самата донекаде сум виновна затоа што не сум внимавала на нив си добив нова декорирана соба :lol:
    Малку се штрецнав кога ми текна дека имам и маж на кое може нема да му се допадне новата декорација ама си реков не е ништо што не може да се поправи со канта боја :lol: среќа му се допадна, да сме сакале немало толку добро да испадне.
    На соседката и останува да се крсти и да ме оговара по цел комшилук дека не сум саглам.....who care`s, I`m happy ]:)
     
    На Hipster, NoellePage, Srekicka и 55 други им се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ја испративме и Маги сабајле. Баба Бетка е на ред сега. Ама ако, само со ред нека е.
    Што тропам?
    На една стара тетка и понудив да и ја одвозам количката од паркингот на супермаркет. Наједноставна работа а мислиш пораснав една педа, леле кој знае какво дело сум направила |(
    Треба да се потсетувам повеќе да нудам помош на постари, им значи, а ретко ја нудиме ние помалите, оти додека имаме федери во стапалата не ни е јасно како е да ти одртавее задницата и наједноставните работи се малку потешки за обавување. Дајте ми медал бе жени за едно буткање количка :!: :D

    Туку, ви кажував еднаш како деливме пакувани компири со една жена а прв пат очи сме си виделе, само оти рефусот беа кој натратен кој со очи, и со едно здраво меѓу нас непознати, двете си отидовме со убави компири без да ни се расипуваат дома оние што нема да ги дојадеме на време.
    И така денеска, додека барав кокосково млеко во конзерва, од она со намалени маснотии, оти пазам што јадам во последно време, и стапнав наназад, нагазнав нечие стапало. Отвори се земјо, почнав да се извинувам, ах сум се умислила оти ги нема тие конзерви не гледам кај одам, изговори правам, и женава вика ништо не е, ама најде ли ги конзервите со тоа млеко оти и јас сакам. Нема викам, само со полно масти има. Ај ништо, нема викам тајландско кари оваа недела, се смееме дека ќе јадеме кинеска прженица оти поздраво е, и се разминавме.

    Кај сирењето и кашкавалите ми се подаде некој од позади рамо со конзерва. Осмех од уво до уво, најдев ги! Женава мислиш освои Маунт Еверест и за награда доби...тадааам! Кокосово млеко. Да ти иде да ја гушнеш беше работа :D

    Или се шири некој чуден полен, или јас почнав многу време да поминувам во супермаркет. :^)
     
    На kravce, najubava2010, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
    СДК си одам од форумов! Чао од мене!
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... ова е оној период од годината кога е потопло надвор, отколку дома.
    Камен Јано, камен душо.
    Смрзнав, па си го вклучив малку парното. Рокнав една чашка ѓумбир на екс. :!: Изедов едно мало чоколатце. Стиснав 3 свежи бубулчиња на лицево. Испеав 2 караоке песни.

    Навистина продуктивен ден.
    Успеав да ги завршам најголем дел од обврските, па сега можам да се опуштам со книгата која е начната, и моли да биде коректно дочитана и моите серии.

    Договорив и кафе со другарка ми, никако да се видиме веќе една недела наназад, поради нашите пребогати набиени агенди. :D

    Ви се испофалив за мојата работливост и продуктивност, зашто само на тој начин успевам да го сокријам срамот од 3 и пол стрпани палачинки во стомакот, од вчера. :$
    Срам да ми е.

    :|
     
    На imelda, bittersweet, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Чао ;)
     
    На AhThatFemaleProblems, hrcace и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  18. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Добро колку треба за среќа, колку?
    ајде да заборавиме на лошо и да се обидеме да бидеме среќни , животот да ни помине во убави моменти вредни за паметење
    не дели еден телефонски повик убав предлог и одиме некаде каде што е полесно да ја најдеш среќата,
    е не дели ама кој да собере храброст , понекогаш ми доаѓа се да простам и да ми биде простено да нема замерки и чао пријатно на секое мало и големо разочарување на секоја глупава носталгична вечер во која се ѕвериш во звезди и месечина и знаеш дека си сама
    ден по ден се нижат тие туку ние си стоиме во место , си тапкаме , среќата не врши домашни посети излези и најди ја :geek:
    скоро година на солзи , осамени ноќи , бакнежи, гушкање , заминување , враќање, очај , занес , мала среќа срамежлива ... :doh: :doh:
    ајде веќе не ми се чека ! :tmi:
     
  19. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    За неколку часа официјално започнува големата преселба на народите. :clap: Јас сум едноставно нетрпеливо пресреќна. Со повеќе информации од новиот живот утре, мои феминки, ќе ви пишувам додека го пијам моето утринско кафе на новата тераса. :*
     
    На teddybear, Buttterfly, kate21 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Да игра македонец тенис со ѕид, половина ќе навиваат за ѕидот гарант ......
    Tоа e македонскиот синдром првобитна одлика на запустените општества.Секој гледа подалеку од носот, секој допира во туѓата среќа а се сити на секоја несреќа.Дијареата која се шири и го труја нашето општество е нова епидемична болест, болест која единствено им одговара на неколку паразити.
    Знам секој сака да биди популарен на свој начин но некој зборот популарност го носи до крајни граници, а знам некои луѓе кои прават многу феноменални работи во нивниот живот а се само маргинално спомнати во полето во кое учат, работат или дејствуваат.Реченицата „секој човек на светот ке ги има своите 15 минути“ си ја земаат здраво за готово и си викаат сега или никогаш.Еве ќе почнам од тоа што јас го гледам на социјалниве мрежи и во реалниот живот.Има една човечка состојба што јас ја викам овца-менталитет, наместо да бидеш „црната“ и да делиш некако од стадото ти одиш право во него губејќи секаков поим за индивидуалитет викајќи „баааааа јас ке бидам популарен/на бааааааа“.
    Само ќе си ја довршам мислата со цитатот „вашите 15 минути поминаа мили мои“, доаѓа времето на потценетиот да каже по некој збор за вашиот лов на популарност и вашиот екстремен идиотизам.
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.