[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Секогаш треба да се биде практичен 8)

    [​IMG]
     
    На Lepaaa, kala21 и tessie им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Додека седам и ми е досадно нешто па не знам што да правам, научив за учење, се најадев за јадење, и те ме потсети сега danichap, абе јас на таа „пријателката„ во амбасада одамна и се немам јавено да ја прашам која е процедурата за испис од државјанство, оти ја осетам како и припадне од нервоза кога ја прашам тоа :D
    Па ја измачам те така од пусти инат, ушите да и јадам :wasntme: што ја терам да ми збори на англиски, она на македонски проба да ми збори јас па не ја разбирам нели, сум заборавила македонски малку :o :wasntme: :lol: (јели чале а шта је ово, бам, ах маме му на тој што оставил гребулата падната на земја), срам да ми е еј, кафето и истине на женската додека ми сврзе една реченица :rofl:

    Ако некој ти се јави кај вашите, пробај даничап и ти малку друг пристап, одговор и така и така ќе нема ама ептен е терапутски(зборот ми е најновата глупост :!: )
     
    На Moira, bittersweet, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    Денеска сум како Марсовка со облаци во косава.Море едно само-фарбање кога удрив,притоа целата се испошлакав,го замачкав лавабото и огледалото,ама конечниот резултат е задоволителен.Што да правам кога имам недостаток од слободни комшивки.
    Инаку сабајле не сакајки во продавница слушнав муабет меѓу две девојки.Едната и вели на другата дека дотичниот не ја сакал својата сопруга ,ја мразел,досадна била,му била монотона,била ваква таква...и остатокот не го слушнав се оддалечив да не ме приметат.Претпоставувам дека госпоѓицата е во некоја врска со дотичниот.А да ви кажам,млада,убава очигледно работи а си дозволила да падне во замката на женет маж.Си мислам,што ако тебе драга моја еден ден ти го лапне твојот сопруг некоја како тебе.
    Ќе бидеш и ти еден ден сопруга па тогаш да те прашам што е тоа монотонија и досада.Кога детето ти кинка,садови еден куп,алишта за пружање и перење,а ти цркната доаѓаш од работа.Мое мислење е дека треба со мажите строго,а лукаво милозливо.Ланецот доволно долг,ама не и краток за да не се испобезобразнат.Ја сум 16 години во брак и можам да кажам дека 90% од мажите се мирни и послушни ако имаат некое месиште за ручек и секс секој втор ден.Како деца се,незрели до старост и им треба секојдневен ред,работа и дисциплина во розево пакетче,со машничка да не се посомневаат во нешто непотребно.Ова правило важи ако имате нормални мажи без големи пороци.
    И за крај на овој глупав пост да се пофалам.Комшивката ми купила фустанче , кежуал варијанта
    ...како подарок.Без повод,без причина.Ја обожавам бре. :inlove:
     
    На Bozica1980, NoellePage, Serafima и 23 други им се допаѓа ова.
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    СДК молчењето понекогаш кажува многу повеке од било кој збор така синоке си лежиме еден до друг се испракаме бидејки мора да замине на печалба и јас му лежам на градите ми кажува како ке му недостигам а јас јадната неможам да се содржам и само ми течат солзи како поточиња и се лизгаат по неговите гради а тој ме осети и не сакаше да ми каже ништо само си ги избриша градите бидејки го скокоткаа од тркачањето на моите солзи по него и ме стисна уште по силно до него :(
     
  6. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    20ка. :$ Нека ми е среќен роденденот ! Да ве почестам со парче торта. :*
     

    Прикачени фајлови:

    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Divinebutterfly, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк во последниве години во Скопје се отворија кафулиња на секој чекор. Газдите сватија дека на тој начин може да дојдат до лесни пари и веќе не им беше дојдено до музиката туку како да спечалат пари. Но во последно време за волја на вистината се отвораат локали кои се понастрана од скопскиот центар, кои преферираат покултурен и поцивилизиран пристап на работите. Некои ќе кажат дека се е отидено поѓаволите. Се искомерзијализира се. Пријатноста и правењето на муабет веќе станаа привелегија зошто на 5 метри од тебе ечи турбо фолк музика додека на другата страна има некоја електро или транс музика. Таквиот начин на забрзана урбанизација им штети на сите. ;)
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118

    Му се токмам и јас на исписот море :devil:

    Јуни ми е терминот за поддавање документи, да чујам што ќе кажат и ако ме сакаат овие тука одма и се јавувам на тетката пак.
    Инаку не дај боже да не знаеш да збориш македонски. Не разбираат бре на друг јазик :^)
    Ги праќаат во земја за која немаат никакви познавања на култура, административни процедури, постапки за стекнување на здравствено, пензиско, социјално осигурување, упис на фак. .. ај да не редам.
    А најважното е таму почнуваат јазик да учат.

    Да кажам една случка:
    Дете на македонски и странски државјанин, родено во странскава земја го псоедува македонското државјанство иако никогаш не живеело во македонија или пак да го зборува јазикот.
    И на шалтер си чека ред и почнува да зборува на јазикот на тамошнава држава во врска со информацијата која и била потребна.
    Првен вие со коментари таму како она не зборува македонски и понатаму и збореле на нашки.
    Ама девојчево стварно ништо не разбирало.
    И со сиот памет вие ја зафркаваат :x

    Демек она нема да ги разбере, па ај ќе тумачиме каква била таа мајка што не ја научила македонски да збори и сега оваа тука важна нив ќе им се прави.
    А цела редица инаку луѓе чекаат и слушаат.

    И то.
    Јас инаку уште еден додатен час вртев... истите финти ми ги правеа. Не креваат, па одбиваат повик, секретарка уклучуваат.
    Свашта.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Што се ние жените не трпиме, само за да бидеме убави :D
     

    Прикачени фајлови:

    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    СДК...Тортата е готова :D :D :D Повелете утре :*
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК се што му се случува на човек во животот е само за да научи да биде човечен.

    Туку, умот ми е троа на пасење :D шо убаво е кога ми е сеедно за некои работи, мерак :D
     
    На Someonespecial, ozbilnazena, GordanaL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Нема и не ќе се роди поголем намќор од човек кој никогаш квалитетно не се пошегувал самоиницијативно на своја сметка и нема поубав начин на комуницирање на еден пар од повремено мавање меѓусебен квалитетен ремет, ете тоа сакам да кажам...
     
    На LilBaby, Serafima, mysterious и 18 други им се допаѓа ова.
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    http://www.youtube.com/watch?v=w6YZl_Wu254

    Дали Хурем СУлтан го направила ова во некоја од епизoдите? аа ... :rofl:
    Би сакала да знам вака да танцувам.
     
  14. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Другар ми( дека вчера кога плачев, го замарав) денес ме однесе на ручек...И се смеевме, јадевме, си пивнавме узо..Тој е оној -мојот најдобар другар со години, кој ми е симпатија малку :lol:
    Ми кажа дека премногу ме сака, и сака да ми удоволува, а си ветил дека никогаш нема да биде така лигав со девојка... :!: И као наводно, кога би бил со мене-пошто премногу ме сака, нема да може да се поднесе себе..И дека јас сум му слабост(ова за слабост-вистина е, знам :$ )

    СДК-најдобар другар е тој што знае дури и корпата да ја спакува така убаво-па и накај комплимент да мава и ти убаво да се почуствуваш ;)
     
    На Salome, Valentina.Vaki, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.882
    Пол:
    Женски
    Селски муабети. За на чешма. Како така маж ти се пере сам? Срамота, па за што земал жена? :o Ќе те остави така, немој така да дозволуваш. :fubar:
    Е така ме советуваа. Го виделе сиромашкиов мој си ги пружал алиштата. И нели одма загрижени да притекнат на помош на мојот брак, да не случајно се распадне пред годината. Сам се перел забога, кај ми е паметот... Сакав да и речам па може ти немаше да кукаш наоколу за маж ти ако и он нешто направеше сам. Ама ај помлада сум, си подзаќутев и само одвратив фала на грижата.
    Ви викам јас, не знам зошто уопште за нешто се секираме кога секогаш има некој друг што ни ја мисли за нас.
     
    На Serafima, tessi, WarriorAngel и 29 други им се допаѓа ова.
  16. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Во животов мој скапан никогаш не сум била олку на дното.
    Олку гомна ми се немаат соберено од никогаш.
    Факултето го утнав максимално оваа година. Имам 4 испити и 3 колоквиуми. Од тие 4 испити, два најтешки ми се во ист ден.

    Да ти се плукнам во среќата скапана.

    Изгубив драгоцени пријатели, од инает. Од немање храброст таа страна да седне и да направе муабет. Како луѓе.

    Изгубив двајца. Мажи или што да беа.
    Кашлам како пред умирање.
    Има толку многу луѓе околу мене, а толку сум осамена.

    И не знам од каде ќе најдам овој пат сила во мене да застанам на нозе. Го направив тоа еднаш, али уште еднаш ...

    Судбино, курво стара.
     
    На happygirl, tessi, WarriorAngel и 15 други им се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Ја го чекам денот кога ќе наполнам 18 и ќе можам официјално да станам крводарител, многу голема желба ми е. уживам кога ме боцкаат во вена :angel: .

    Посакајте ми среќа за утре.
    Фала.
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Еве сум јас кога се враќам од факултет.
    [​IMG]
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.288
    Допаѓања:
    81.863
    Пол:
    Женски
    За денеска си планирав рано станување и пазарење + шопинг частење, дури и листите ми беа спремни и спакувани во ташна. Па си реков и дека конечно ќе си купам новчаник и дури си замислував колку само убаво ќе стојат нашите лански слики од матурското табло, ама ...
    го вклучив лаптопот, си пуштив Game of Thrones и ... ме стемни. :drunk:
    И мислам дека навистина го сфатив (а Богами и го применив во пракса) нашето „далдисал с'м, не с'м забакарил“. :D :|
     
    На Glossy-girl, WarriorAngel, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Еј, а стварно е точно она "Кога се сака, се' се може!"?! :^)
    По мое искуство знам дека е така и знам дека кога сакам нешто, го правам. Ама што ако причината поради која се сака, а не се може, е стварно озбилна. Па побогу во прашање се пари.
    Некогаш нешто сакаме, ама остварувањето на истото е правопропорционално со длабочината на џебот и џабе посакуваш, џабе очекуваш...
    Незнам, незнам да се искажам! Цел ден оправдувам некои личности. Се трудам да сфатам. Се гушам во мисли, небитни и глупави...
    ***
    Крш ми е денов! :doh: На повидок е досаден викенд. Ќе ми требаат нервите, отидов да медитирам. :^) :rofl:
     
    На CoverGirl10, bittersweet, ilipili и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.