Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    лалала.. ;)
     
    На curious-doll му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    СДК...вака или така луѓето ќе си зборуваат.
    Па кога немаат попаметна работа нека се хранат со меѓусебните трачеви :)
     
    На Glossy-girl, Katerinceee, GordanaL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Прекрасен сончев ден и искористен до максиум. Се надевам дека и наредниве дека ќе ми бидат вакви. :)
     
  4. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Сакам Да Кажам дека сум вечно гладна! :lol:
     
    На kala21, Gordana10 и Katerinceee им се допаѓа ова.
  5. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Супер си поминав за Грција :)
    Конечно промена малку нешто а ми се чини како цел живот да ти се променил, епа тоа ти е кога ке видиш друга средина други луге... Се прошетав, си купив нешто и за скоро време ке ме гледате во модни критики ;) . Инаку конечно утре сабајле ке си се наспијам :mm: , не одам на школо утре-не учиме ^_^ :rock: .
    Имајте убава вечер :*
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    СДК во ваква гужва во автобус - со мерак би се возела! :wasntme:
    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE, Serafima, sweet-cherry и 16 други им се допаѓа ова.
  7. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    И официјално е потврсено дека сум голееееееееееееем баксуззз... :tmi:
    Толку за денеска...
    Чао
     
  8. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    За вакви луѓе се би дала !!!
    [​IMG]
     
    На Serafima, WarriorAngel, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  9. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Денот бош,тежок,мачен,ПМС дрма ,час ми се плачи,час сакам да се карам и расправам и кукам како животот не е повеке фер,неможам да ги издржам сите удари па ајде уште еден-вечер си на работа и така решена да се предадам на уништувачките удари на мојата судбина кога се дешава ова: Чаша нес кафе,кока кола ,насмевка на познатото чоече од локалот блиску до моето работно место и раченицата: Те гледам дека работиш сеуште,сама си и повели да се освежиш....Само толку фала-пријатно си замина човекот а јас сеуште мргуд фаца но срце полно со топлина..Благодарам добар човеку на твојот мил гест,сеште постои добрина :)
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Го чекам автобусот на кој е AnaKarenina и рипам и јас на него.
     
    На Serafima, Moira и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    СДК им се воодушевувам на луѓето кои се радуваат на мали нешта, и ситници знаат да ги направат среќни.
    И јас порано бев една од нив, но како минува времето имам впечаток дека можеби имам преголеми очекувања од животот. Сакам успех во секое поле, а полека се се руши и ништо не ми оди од рака. Барем една работа да се завршеше како што треба, една само!
    Ама добро, доста беше жалење. Топло кафе, свеж ветер кој што влегува низ отворениот прозорец, омилената книга и ноќта за мене може да започне.Кога подобро ќе размислам, сепак и јас сум слична на тие луѓе за кои пишував во почетокот на постот,може се најобични работи кои што ги доживува секој човек ама сепак успеваат да ме распложат и барем за момент да се дистанцирам од суровата реалност.
     
    На Valentina.Vaki, ceca-1, anabel-a и 10 други им се допаѓа ова.
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    25.542
    Пол:
    Женски
    Нема ништо повредно од слободна волја.
    Да имате целосна слобода врз вашите постапки, да може да се каже во вистинска смисла на зборот дека живеете.
    Дали воопшто живеам и постојам како единка, кога друг одлучува за мене, друг ми ги одредува постапките, друг зборува во мое име?
    Се чувствувам како растение, посебно последниве три години.
    И додека не размислувам за тоа, добро сум. Ама кога околностите ќе ме наведат да си го анализирам животов, се чувствувам ко да удирам на дното.
    Кога некој се грижи за вас до еден патолошки степен кој ви ја загрозува слободата, тешко е.
    Се прашувам кое е решението...

    http://www.youtube.com/watch?v=Z28EXEh_KG0
     
    На ljubam, Hopeful, tessi и 10 други им се допаѓа ова.
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Имам нова страст и најголема сласт!
    Пола лимон, пола цитрон, пола портокал, кафеав шеќер, животе колку најубав си бил!
    Појадок една голема кригла од тие слатки состојки, потоа на факултет си пијам кафе, па си идам и додека ни се крчка ручекот со дечко ми, маваме по уште една кригла :)
    Да не кажам по колку кила од се купивме пред недела дена, додирнули сме дно, дно. Ама вреде секој денар.
    Сега ја испив последната кригла, нема веќе, ашшшшш! И ќе си стиснам заби до сабота додека моите не дојдат пак во Скопје, да ми наполнат фрижидер и да ми ги донесат моите нови пријателчиња.
    А јас сега скромно си направив список со некои мали стиници кои ја прават среќна секоја жена.

    И овие денови толку пешки се движам, да никој не ми е рамен. Баталив слободна, баталив бркање автобуси и преку пруги летам.
    Не вечерам неколку недели, пијам само природни сокови и никако благо, и да не спомнам дека изгледам бомбастично :D Малку претерав, на добар пат сум до бомбастично, сега сум само подослабната, но одиме со полна пареа, има да се прчам со газовите у танга воа лето готово! Како некоја змија се валкам по тоа плажата по цел ден, и воа лето има да блеснам во мое најдобро издание.
    Имам желба бре, сакам цел газ да си го исончам, и ич не ми срам, кој сака нека ме гледа и така не го покажуам тука у Охрида, ама и ваму кај шо одам има Македончиња, се слушат по пцовките: "Види го да а ебам мама му кај заминал, Симеееееееее враќај се назад, таму е дибоко, не достигаш со нозите! :D :D "
    А јас како некоја влечарка, оптегната, запотена, намачкана, лижам сладолед, и се ладиме со дечко ми, а околу нас слушаш различни јазици, и секако каде без нашиот македонскиот.

    A кога ќе ми текне утре каков ден ме чека, ми иде да врескам уште од сега, а се шо сакам е да правам воа цел ден
    [​IMG]
    Но, затоа па после утрешниот напорен ден, вечерта ќе си имаме пријатни и добри луѓе на гости, и ќе си уживаме во дворот со шопска и узо.
     
    На JuLleE, anabel-a, encimenci и 14 други им се допаѓа ова.
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Можам да сфатам секакви личности. Се-ка-кви! Но не и личности кои поради страв од конкуренција не ги викаат своите другарки/познанички на искачање. Абе толку ли се плашите од конкуренција, јака или слаба?! Или толку ли сакате да фатите добра прилика без разлика дали таа прилика до срж ви е досадна?! Абе ајде идете во у пмф. Слободно! Гадни сте, прости. Мислам најлошо нешто е кога не му оставате простор на вашиот партнер да видите како ќе се однесува во друштво со вашите блиски другарки/познанички. Само ако го тестирате на таков начин ќе откриете дали е маж маж.

    Убаво нанајте и знаете дека сте си најпаметни, најубави, најсакани. Ова без никаква иронија. Да знаете дека сте за себе нај нај е доволно.
     
    На Hopeful, WarriorAngel и Katerinceee им се допаѓа ова.
  15. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Седам така сама,затворена измеѓу четири ѕида и размислувам за животот. Суштината на животот е да сакаш и да бидеш сакана.Јас сакам,но за жал не сум сакана. Секако дека љубовта од семејството и пријателите е доволна,но не толку доволна .За да биде целосна потребна е и онаа другата љубов. Љубов од саканата особа.Љубов која ќе те одржи во живот и ќе те турка напред.Љубов која ќе ти дава сила да пребродиш се.
    Никогаш,ама никогаш во животот не сум имала таква љубов.
    Секогаш сум била таа што сака со сето срце и душа и што дава се од себе за таа т.н. "љубов" да опстане,но сите тие мои обиди биле залудни и секогаш сум го постигнувала спротивното.
    Скршена сум на илјада парчиња,кои не верувам дека толку лесно ќе се состават и повторно залепат,за повторно да бидам старата јас.
     
    На Marjan007, Katerinceee и lovely91 им се допаѓа ова.
  16. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Многу почесто размислуваме за работите кои ги немаме а ги посакуваме, а помалку на работите кои ги имаме па ги немаме.Всушност се е исто се се врти во круг вредноста на нештата постојано се менува. Исто и јас упорно посакувам нешто што го немам а порано сум го имала.. само се прашувам ќе копнеам ли по нешто што сега го имам а не го забележувам..Би сакала да знаев, не за џабе кажале дека "Да даде бог да имаш, па да немаш" е најголема клетва.
     
  17. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Епа така. Сонцето греит душата. Или како и да беше :D

    Деновиве се на Господ бељата. Милина, сонце, ветерче, мирис на пролет. Милина. :angel: :sun:
    Станувам наутро насмеана, да немав уши, мајке ми, ќе ми се споеше осмехот.
    Дури чудо е. Јас-наутро-насмеана. Немогуче.

    Is this real life, or is just fantasy?
    Почнав и да се дотерувам, да личам на девојка. :D Фустанчиња, сукнички, хеланчиња. Мх мх. Си го љубам огледалото. За прв пат во животот имам самодоверба.
    Не толку како на Џони, ама вреди да се види сликава. :D



    Во врска со проблемот со кучето, решив да се пријавам во „за сексуално злоставуваните“ институции. Или да го пријавам него во некој клуб за „Сексуално незадоволени“. Или мора да најдам женска кучка под хитно, со големо Х. Малиов дома ми стана секс машина. Во неговите очи се се одсликува како секс симбол. Макар да сум со скината гашта, со еден чорап, или можеби со фустан од баба ми. Сеедно.
    Сабајлево, јас пружам алишта, а тој се фатил за мене, клец, клец, клец клец. Одвратно е луѓе. Сто пати се покајав за добрината што го прибравме дома. :D Сто!
    Откако не успеа да ја легне комшиката, гледам деновиве праската ми ја мерачи во двор, се мота околу неа.
    Што да правам? :|
    Дури да ви кажам, почнувам да му завидувам на либидото, у осталом, јас невиноста си ја изгубив со него, срцка тој. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • johnnybravo.jpg
      johnnybravo.jpg
      Големина на фајлот:
      133,8 KB
      Прегледи:
      370
    На antonina, Serafima, Hopeful и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Евтино е она, кое со пари може да се купи.Најскапо е она, кое со солзи и душа мора да се плати... :)
     
    На Serafima, Hopeful, WarriorAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк дека ќе си пукнам од среќа.

    конечно е, решено е, резервирано е. ран одмор, доцен меден месец...

    15 дена уживање далеку од сите секојдневни проблеми. апликациите за визи спремни. а јас повеќе од спремна :lol:

    имајте прекрасен ден девојчиња мои и цутете заедно со пролетта. :*
     
    На Serafima, eli25, sweet-cherry и 21 други им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.822
    Луѓе, убави, кротки, што носат позитивна енергија. Ете на такви би им дарила мигови од својот живот.

    Утрово, купувајќи појадок, на пазарчето кај Буњаковец, редот на продавачки на цвеќиња, ми вдахнаа радост. Нарциси, зумбули, млад кромид, врзопчиња чај, листови лоза, кутивчиња со црна сол и насмевки. Еден тон насмевки. Таму вирее радост. И на тие драги суштества немам како да им заблагодарам, освен да купам некој цвет и да верувам дека имам мали агли Рај во ова мое Скопје.
    Кафе и колач сега, додека слушам радио емисија. Четврток во кој се будам со неколку искуства плус, неколку грамови солзи исплакани плус, но душа преполна. Мноооогу емоции, невремиња и отворени гардови, спуштени глави и кренати погледи, за на крајот, утрото да ми биде Ново.
    Знаете, онака кога ќе се разбудите после милион часови сон, откако сте биле претепани од умор?
    Е баш така.

    Женичкиве ги испратив во Словенија, на роденден кај четвртата страна на светот. Ми недостигаат, а како да немам како да артикулирам, па се радувам што воопшто си се имаме. Им пуштив абер да го викнат моето име среде Љубљана, исто како Биси кога читаше моја поезија на Метелкова. Има начин, како да се пропатува светот. Можеби и само илузорно, којзнае?
    Бев на Хотелски приказни, во АРМ со другарка, и гласно аплаудирам на ентузијазмот кој младиве натуршчици знаат да пренесат пред публиката, една сирова реалност без преседан. Театар кој е поблизок до животот, повеќе од било кога. Имав замерка само за недопирливоста на главниот прераскажувач и можеби неумесното претставување на пијаниот говор. Останатите приказни, секоја со своја борба. И си викам - ова е претстава направена само за Нас, ние да одиме да ја гледаме, луѓево се потрудиле, испотиле, направиле нешто. А е бесплатно. А сите кукаат дека нема каде да се оди, излегува, забавува. Ма дај. Прочепкај малку низ својот град, да видиш дека се случуваат сешта! Сервилното кенкање и дрдорење пред компјутер само те унесреќува, ама нели, нема кој да ти каже! Баш ми е жал,но животот се збива надвор.
    Ете, надвор кај што цути пролет, мириса на ново, има изненадувачки парчиња уметност што дишат во ритам и прават убавини само ако им дозволиш.
    За изложбите, за сите хаику читања што ад хок се случуваат, за набиената агенда на МКЦ, за концертите на добри бендови и ликови од цела наша земја, за обичните прошетки низ парк и самосвесноста дека се’ почнува од Тебе.
    Има периоди кога стивнуваш од борби, има периоди кога се фрлаш во новите случувања. Јас и тој секој ден сме свои херои. Секој ден си ја спасуваме Љубовта, си правиме моќ од речените вистини.
    Како да се читаме, со усни, со мисли, со тела. Просто, сепнувачко чувство на Нас.

    Сега во вторник ќе има читање на улица, во 15 часот. Кој сака да каже што има - добредојден е.
    Во меѓувреме, ќе верувам во насмевките на луѓето што покрај сите маки - даваат сонце и кога има облаци!
     
    На Serafima, mims-89, Hopeful и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.