Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.158
    Значи ако немаш дечко не те бива за никаде да отидеш, сите секаде одат во парови, аман бе луѓе, па оставете си ги некогаш дома дечковците :devil:
     
    На kikav, Micheleljubov, martinuska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сочувствувате и полни сте со разбирање за туѓите проблеми. Луѓето мислат дека сте кретен-го читам бруталниов хороскоп :D , рак што да кажам :D

    а дека некои луге немаат однесување на улица покажува и фактот што вчера непознат човек на сред улица ме фати за рака, а јас со слушалки на ушите-со други зборови освести се, сакам да се запознаеме бог да чува :x кој кретен :swear: море требаше еден :punch: да му удрам па да ме запамети-ама памтам лица, да се сретнеме уште еднаш ке види тој манијачиште едно :swear:

    а тоа дека карма ис а бич е и тоа како :!: -за човекот за кој трчав 4 дена изигрувајки му техничка секретарка, се тресев ко гревче некое-после сватив дека не е баш како што треба, и успеав да побегнам за срека-пишував за ова пред некој месец а поседува и нокен клуб и модна агенција баш пред некој ден поминав натака и на клубот читам затворено од санитарна инспекција за таквите само така :!:
     
  3. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ќе почнам да наплатувам за дневен престој во дворов.
    Дуњата на комшијата, само засадена е кај него...инаку целата е во мојот двор. И сега пчелките на другиов комшија се насобрале, по цел ден си работат на дуњава. А мене страв да не ме касне некоја, оти ќе се подуам како балон.

    Позади куќа по цела вечер, мјаука една мачка (кој знае чија е). Треба да се породи и туку се збираат по цела екипа навечер. И како таа мјаука на цел глас, и овие другите со неа у хор. А, мене како некоја симфонија во глава ми ече.

    За да излезам надвор да пијам кафе треба прво да се справам со кучињата кои исто така не се мои.
    Кучињата и кучките од цело маало, се збират во мојот двор да си зафршат работа. :^)
    Тие занесени, си работат...џабе им велам мрш, мрш - никој не ме рецка :lol:

    Мicheleljubov потполно те разбирам како ти е да живееш со напалено куче.
    Само што кај мене, не е мое. На комшијата од спротива е.
    И секој петок и сабота кога треба да излезам, како некој ритуал му е. Ме чека пред врата, и кога ќе виде мазна хулахопка и ајде во акција :D Изгледа на хулахопка послатко му е. :^)
    Само за преку викенд сум му изгледа. :|

    Папагалите на еден дедичко, исто така на мојата ограда од тераса. Тука и на нив им е збирното место.
    Цела тераса е покакана.
    Не за друго, мајка ми вели...ти да си ги чистиш, на твоја тераса се :sweat:

    Туку, животинчиња се бе. Душички...баш ги сакам. Ме смеат, ме радуваат.
     
    На Serafima, Hipster, ana-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Роденден е денот што го чекаме цела година,цела година,роденден е денот што сакаме најмногу од се,најмногу од се :D :D :D
     
    На Serafima, kate21, martinuska и 4 други им се допаѓа ова.
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    знаци колку е теско да зивеес со заостанати и луди луге :devil: господ на никој да не ви даде така :x
     
  6. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    10.361
    Не е на арно ,многу почнав да се замарам со празни глави :tmi:
    Ама денес беше спунтот што викаат ]:)
    Нема кај мене ти реков,ми рече :lol: .
    Сакам све у четири,шест,осум и.т.н очи.
    Признајте кој што рекол кажал да не ви стоцкам тоа главите .Ич не ви кројам капа :lol: .
    Незнам што ми е ама се збркувам,период ќе да ми е :lol: .Ме фаќа така само два пати во годината ,па ме држи по 6 месеци. :rofl:
    Ајде да не глупам тропости да одам да мавнам едно кафе,да ме отрезни,а вие имајте убав ден. :rock:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.374
    Допаѓања:
    286.629
    Некои луѓе стварно немаат осет.

    Ај да не ги шкртнеш од прва, човек си, а и колега, па даваш барем една шанса.

    Ама џабе е.
    Да направам услуга на колешка од фак. и потврдив дека може преку мојата картица да зеде книги од библиотека.
    И отидовме што отидовме и зеде 17 книги :x

    Не знам колку семинарски почнати недовршени и за сите по некоја ете се збираат.
    Три пати морав да продолжувам рок за враќање оти сеуште немаше завршено ниту една од семинарските а со тоа ниту книгите беа вратени.
    И на крај кога веќе не постоеше опцијата за продолжување и соопштив до кој датум да ги врати сите.
    Ден предходно повторно и оставив порака за потсетување бидејќи видов дека работата ја оставила за последен ден.
    Другиот ден проверувам околу пладне он лајн...книгите уште не вратени. Едвај ја добив околу 18.00 и она сега планирала да тргне :x

    Се заврши моето трауматично искуство конечно и околу 19 ги вратила.
    Целата таа постапка мене ме изиритира, јас не сакам такви работи т.с вршење на обврските во последен момент а посебно кога казни се во прашање а нејзе мува не ја лази.

    Денеска нов тел. повик за една книга која беше облигаторно да се купи.
    Да ја позајмела на неколку недели :^)

    Одговорив кратко и јасно дека има причина поради која беше облигаторно да се купи.
    Дека интензивно ќе ја користиме при пишување на дипломската и дека треба да си ја купи, позајмуввње не е во опција бидејќи не знам кога ќе ми притреба.


    И така, за со такви така.
    Да беше човек на место ќе ја поштедев од давање на 70 евра и стварно ќе ја позајмев.
    Но со нестабилен човек кој сигурно нема да ми ја врати во моментот и мене кога ќе ми биде потребна не си фаќам работа.
     
    На Waka-waka, Hopeful, Ilusionist и 5 други им се допаѓа ова.
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Сакам да кажам... Дека страшно е беља да те снајде....Зошто?Бидејки го решаваш проблемот виновниците на виделина,а сепак никој ништо не им може...Браво бре наша правна државо Македонија :up: тооо.... им се може бе...како велат знаеш ли кој сум јас?.....Никако да се сетам..... оооо да бре тоа се оние мали бубашвабички ама си имаат грбче и арно им е ....Така само така....затоа не чека Ев..Ев... Европа де таму ке одиме - во Европа-Краш или онаа другата....нема веза ..... верувам со раце раширени не очекуваат....недајбоже да ве снајде беља,тогаш не сакајки гледате и согледувате се...нажалост
    ги гледате и сите свои пријатели,оооо па тие биле поголеми и од непријателите кои си ги знаел...не рекле старите џабе....Е*****т Е***н тепаниот тепан...нека е наздравје....
     
  9. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ... Love, hate, such a fine line .. I can`t wait.
     
  10. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Ме насмеа :rofl:
    А кога те прашуваат (дојдена сама, нели :lol: )
    Мажена си? Не, не сум
    А дечко имаш? Немам :o
    Не се секирај, ќе си дојде твоето...што е твое стои...секое тенџере има капаче..ќе ти се отвори среќата...
    и тако даље....
    :puke:
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Фаќам книгите по менаџмент, и надвор да си седнам со леден чај во рака ,време е да му се посветам на факултетов повеќе многу повеќе! :hai:
    доста џаболебарам
     
  12. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    [​IMG]
    евееее ова сакам да го кажаммм :D
     
    На Glossy-girl, Katerinceee, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ги знаете оние периоди кога сè ви оди во надолна линија? Јас сега многу подобро ги запознав. И воопшто не ми се допаѓа. Деновиве се чувствувам толку слабо и изнемоштено, што вчера малку ми фалеше да се спружам на под. Ми се споија сите тие жички... што едвај се соземав. Никогаш не сум почувствувала таков вид на болка, што почнав да се фаќам за глава, не знаев каде терам... а толку ми се врескаше на цел глас. Овој е тој период, кога не знаеш што да правиш со себеси. Кога чекаш да ти се зготви јадењето, а не си ја уклучил ринглата. Кога главата не знаеш каде ти е. Кога сè ти тргнало по удолна линија. Започнувајќи од оцени, кога на минатиот тест математика малку ми фалеше за 5ка, а сега едвај спасив глава со едно бедно 2че. Продолжувајќи по економски, здравствени проблеми... А треба да правиш генералка во својата соба. Без душа, ради реда, кога не си спиел воопшто. Сè со цел да не се разбие и тој некој мир што го имате. Нареднава недела ќе ми биде уште потешка. Не знам како ќе издржам. Повеќе ништо важно не ме засега. Сè ми оди по надолна линија. Единствено нешто што ми се допаѓа, што и килограмите почнаа да одат по надолна линија. Тоа е единствено нешто позитивно, ништо друго. Сакам сево ова што побргу да заврши. Поздрав од мене, до наредната недела или понаредната. Се надевам дека до тогаш ќе се соземам, дека барем нешто ќе ми тргне по угорна линија и дека повторно си читкам низ темите. Само килограмите нека си останат по удолна линија, другото нема потреба. :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=CseZvlqTH7w
     
    На Ann.94, Serafima, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.729
    Пол:
    Женски
    Не можам да сфатам какво е тоа задоволство на веб-страна што ја читаат луѓе од цел свет да ставаш линкови од гадни или страшни gif-ови за милиони луѓе да се извадат од памет. :| И после ликувај на реакциите. :x
    Имаме еден таков во клас што прави такви „шеги“. И мисли дека е смешен и интересен. |(
    Се знае што е шега бе...Го извртеа поимот за шега и зафрканција. :fubar:
    Не, интернетот не ги направи луѓето забегани, до личноста што го користи е. :!:
     
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Посакувам да имам Баба, да можам да и се фрлам во прегратка и да и кажам колку ја сакам, би сакала да и кажам за болката која ја чувствувам, па да ме прегрне и со нејзината насмевка да ме излекува... Ми недостасубваш Бабичке, сега кога најмогу ми требаш тебе те нема :(
    Имам многу работи за да ти кажам, работи кои не можам да и ги кажам ниту на мајка ми не затоа што се лоши, туку затоа што нема да ме сфати.. Себично ги чувам овие чувства и оваа болка во мене, затоа што повеќе не верувам никому.... :|
     
    На tessi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    100.623
    Пол:
    Женски
    Во некоја чудна фаза сум..многу проблеми а малку решенија.И да ви кажам спремна сум да прифатам било какво решение за било кој проблем,само конечно нешто нека се реши.Ова цимање топло-ладно со исти луѓе исти ситуации...ми се смачува.Сега ми помина мисла дека можеби треба да се помирам со тие цимања,можеби баш тоа треба да го засакам,можеби треба да ја засакам неизвесноста,можеби треба да докажеме на Бог и на себе декка сме спремни да плутаме со текот на животот па кај и да не носи...не знам.Само размислувам на глас.Ама навистина се чувствувам уморно...баш ми треба мир.Повремени и имам мир,дигам раце од се,во стил -пукајте- ќе поднесам се што треба,а повремено сум во фазон- до кога веќе.7 долги години се позади мене.Тешки.А можеби треба да се навикнам на ситуацијата.Да го грабам од денот најубавото.Да, мислам дека се треба да сакаме,и немирот и неизвесноста, и стравот и разочарувањето,и болката и тагата ...ако тоа го постигнам можеби тогаш нема да се плашам повеќе,тогаш можеби нема да ме боли душата,тогаш можеби никој не може да ме разочара и нема да сум осамена...
    [​IMG]
    Простете само размислувам и дрндам на глас...
    Утре е роденденот на мама.Полни 71 година.Да ми е жива и здрава уште многу.Одам да и направам торта,посна,зашто ги пости Велигденскиве пости.
     
    На Serafima, 1209, Lov3 и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    еве кој ми ги цита мислите :D :D :D
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Ги знаете ли оние девојки кои постојано се жалат дека немаат пријатели!? А кога ќе ги викнеш да дојдат со тебе и да излезите, доаѓаат ама притоа се нешто мрчат. Од очите им излегува злоба, љубомора, завист. Мислам такви изрази на лицето прават, не знаам можеби и самите не се свесни за тоа. Ама од цртите на лицето можеш да сфатиш дека ќе си пукнат од љубомора.
    И после немале пријатели, па нормално дека ќе немате. Не се мрчи за се. Никој не ви е крив, за економската ситуација, за политиката, за последната мода, за тоа што немате дечко. Јас поминав четири години во катастрофа ситуација. Пред крајот на четврта година моите само што не попуштија економски, немав ни ново палто, ни чизми, ама пак затоа најдобрата другарка имаше се што сака. И што, да и мрчев, да умирав од љубомора затоа што таа имала. Ете се среди се, сега и јас можам да си дозволам се што сакам. Малку осет бе луѓе.
    А и ако веќе живеете во вашите мали, ограничени и темни светови ќе ве молам да не го посетувате мојот. Не дека е розев ама е далеку подобар од вашиот :)
     
    На zarah, Lov3, Glossy-girl и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.158
    Може несакам да имам капаче нели? :D
     
  20. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    ПЕТОК Е!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :inlove: :$ :D :drunk: :rock: :clap: :mm: :angel: :party: :l:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.