1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Значи денеска видов и чув многу работи. Шо немало по светов :?:или јас касно го гледам тоа..
    Пред 3-4 години си отиде од градов и замина во Скопје долго време не ја имав видено цели 3 години.Беше многу добра и воспитана. Пред 2 дена ја најдов на фејсбук и ја аднав и воопшто не и го погледнав профилот. Кажаа девојките дека била дојдена.И научилиште почнавме да правиме муабет ај да не речам ја озборувавме.. Еден добар коментар не слушнав.Велат се дружела со секакви момчиња,секоја вечер одела во дискотеки и многу пиела. Јас викам да не сте грешка, она со нас учеше 4 години ја знаете и вие дека беше добра, и културна, да не зборувате за друга Ј....? Они ми велат како не демек откако си отишла многу се променила- нон стоп се слушале викотници од нејзината куќа како се карале со мајка и , и оваа ја викала со погрдни зборови (девојката на мајка и) а таа плачела, и се жалела кај соседите. Јас се налутив и им викам: Ај не замарајте сега со измислени муабети, сигурно не е вистина. И самата така си седам и си се чудам кога еве ја минува на улица и јас од прозор ја гледам и излегов да се поздравам и навистина се имаше променето физички, беше многу слаба сега има дури ставено вишок килограми, таа никогаш не се шминкаше, сега имаше ставено тон пудра и разни други шминки ама изгледаше грдо на неа не за нешто туку не беше убаво нашминкана. И свикав од далеку и таа се сврте и и викам: Ејј како си?, а таа: Извини, се познаваме? Јас: :o Како тоа? Не ме познаваш? Аха да изгледа си заборавила кога ти покажував на час и ти помагав на тест и кога никој не сакаше да те придружува на одморите јас бев со тебе, а сега ти мене ми викаш дали се познаваме?. И заминав

    Смислата ми беше дека се повеќе и повеќе се разочарувам од луѓето, на луѓето на кои доста сум им помагала и сметала за другарки , како оваа кокошкава шо ја сретнав денес. Ме заборава мене другарката од 5-то оделение на која сум и била ,,рамо за плачење,, ? Страшно, еден совет од мене: Никому не му верувајте, терајте си по свое. Денес ретки се оние вистинските другарки
     
    На Someonespecial, WarriorAngel и Nine25 им се допаѓа ова.
  2. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    СДК...дека тешко е некому да му кажеш дека мислиш дека не си за него...бидејки не сум бе убавецу , сигурна сум дека пола од девојките во Ск . би те сакале покрај себе .

    Тешко ми е да ти кажам дека моето срце го држи друг ,човекот кој и покрај тешките моменти поминати го чувам длабоко во срцето и не можам и не можам да чекорам покрај тебе
    јас го дадов срцето веќе а ако ти припаднам тебе ќе бидам само еден лист на ветрот ...однесена, изгубена , изморена .

    Не сакам да те мачам да гледаш во мене а јас да мислам на него да лутам со поглед и со мисли.
    Не сакам да затвориме очи и да мислиш дека ми недостигаш а не е така , јас живеам само во оној свет каде бев среќна...

    јас сум само заљубена а ти не си тој .... :( :( .....
     
    На Barbie20 и encimenci им се допаѓа ова.
  3. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    СДК дека сум полна позитивна енергија. :D :sun: Сонцето ме прави среќна и исунчана. :lol:
    На повидок е убав викенд , дека ми е роденден не за нешто друго. :rofl: Кефој сум со роденденот , а денес воедно ме израдува вагата, односно 61 кило. :wasntme:
    Пресреќна сум. Антена5, кафенце, музиче, петоккк :) :D Ке уживам во денот маскимално и ке си се подготвувам за вечер. :$
    Имајте убав ден и најубав викенд. :*
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Значи се', се', ама тертипот на луѓе - ,јас сум безгрешен, ти си грешниот, не го сфаќам. :^)

    Од толку морал, и морални вредности насадени во нив, аман веќе. Они никогаш така не, и они секогаш така да. Добро, ви поверував. :D Мислиш ќе почне Библијата да им се рецитира од уста секогаш кога им кажуваш нешто ,,грешно,,, чувај Боже од грешните како нас!

    Не не, она она не пие, ништо и никако, ако ти ја гледаш секој викенд дамла пијана, не знае кај оди и со кој оди, ама тебе те гледа попреку ако си пивнуваш. Ми фали тој дел од животот откако ми се згади алкохолот, моралноста во целата сторија. :D Сум пиела, сум се поднапивала, сум се опивала, оф мори мајко, преживеав гледам, и не ми фали ништо... Да ми се одгади, пак ќе пијам и пак ќе преживеам.

    Нареден тип, морам да признаам, омилени, оние ,,невините,,. Спортува :D во сите можни пози и позиции, од лево, од десно, од горе, во сите можни дупчиња и процепи е пробано и испробано се' живо и диво, ама она е битно невина! Ушите и плускаат од што и се сака, и иде да му се соблече на секој, и се иска ама и стиска, почнуваат хистериите ако некој проба да и го откопче копчето од јаката, нели, моралноста пред се', ама ако. Пак ти си грешниот во целава ситуација, ако пробаш да им објасниш дека тоа си е најнормална работа, ако веќе прави нешто, да прави како што треба, ама не не, пак ти... неморалниот, растурениот, јасно, јасно...

    Им објаснуваш на сите дека треба бре да имаш доверба кога си со некој, дека нема потреба од љубоморни сцени и испади и моменти од турски серии (копирајт, момчето ми :D ), ама неееее! Чим тоа така одело, без проблеми и љубоморни испади, нешто чкрипело, не не. Мора да се спукате еднаш за добро утро и еднаш за добра ноќ, ненормален свет. И ПАК бе, пак ти испаѓаш грешниот, ти нешто криеш и не кажуваш чим не се караш, тебе нешто ти фали. Бооо о оо оооо!

    Мора да пазиш да не те видат комшиите ако испаѓаш касно навечер, да не те видат дека се прибираш па толку рано наутро, да не ти ги видат штиклите дека ти се многу високи, или сукњата многу кратка, ами ако ти се гледа деколтето? Или чувај Боже да ти го видат дечкото во околина... Замислете, еднаш дечкото, другпат најдобриот другар, трет ден некој братучед, па ќе се погоди некој да треба да ти даде нешто да однесеш дома, ехе, четворица, сигурно си најрастурената. :D А и јак момент ми беше летово кога им правев збунка на ценетите мои комшии со најдобриот ми другар, сите мислеа дека одиме - тајно. |( Абе детска работа од олкави магариња, дедовци и баби можат да ми бидат.

    Мислам, мислам, мислам, дајте луѓе, мозокот, паметот, вклучете! Вие не пиете, не пушите, не се бацувате со дечкото подолго од 3 секунди, се држите само за рака, реагирате како попарени на зборот цицки (да, и ваков случај имам, мислам дека ќе го испочадеше со темјан девојчето што спомна нешто поврзано со цицки) носите само ролки и долги фармерки, по можност по на широко да бидат, да не оцртуваат ништо, вие живеете безгрешен живот! Размислувам да испечатам пред да покажеш накај некого со прст, прво види се ти сам, и да почнам да го делам на улица. Оти саде морални луѓе по планетава одат, а ако не дај Боже да паднеш на улица, ако ти се слоши, ќе нема кој да те дигне, ќе минат и ќе те шутираат... оти си грешен де, нели. |(
     
    На antonina, Someonespecial, ph.orhideja и 31 други им се допаѓа ова.
  5. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    499
    Пол:
    Женски
    Што е ова што луѓе ќе бевме???
    НЕ на дното, од дното на дното да те видат и уште да си се потсмеваат. :^)
    Е врати врати, тропај тропај, за што уште во лице да ти се смеат. :lol:
    Да дур се ситат други на месечина се качија.
    ПА ОК не сум таму кај што ме мислат, далекууууу сум погоре, ама чекајта допрва и од погоре ке ве гледам. :)
    ЖВОТОТ Е КРАТОК; НО ДОВОЛНО ДОЛГ ЗА СЕ ДА СЕ СЛУЧИ И СЕ ДА СЕ ВИДИ: :!:
    заборајвте од кај сте дојдени и кој ве туркаше, да сега сикимти со златни лајци сркате, и што дека и мојта и вашата е манџа, АААА да вашата со месо мојата посна ОК сите сме најадени вака или онака СТОМАКОВ МОЈ ПРОЗОРЕЦ НЕМА :doh:

    ееее што ти се луѓево расипанштија невидена, јас навистина појма немам што срце, што ум, што совест имаат :fubar:
    Тешко или лесно ќе појдам тамо кај што кинисав, нема сега враќање, порано или покасно ама никогаш ама БАШ НИКОГАШ не заборавам кај тропнав, кој што рече одн кој што лажеше :hai:
    Лицемерие тоа е
    тешко е да се качиш горе ама лесно се слегуват :worried:
    колце тркалце
    ЖИВИ БИЛИ ВИДЕЛИ 8) :f:
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    ... се оствари еден од моите најлуди животни соништа: работа од дома.
    ^_^

    Пресреќна сум, препородена.
    Се будам со насмевка и задоволство поради фактот што не се гужвам во ЈСП, колку и да е магична и инспиративна таа чудна патувачка одисеја низ улиците на Скопје.
    Не се грижам што ќе облечам, не го оптоварувам лицето со слој пудра.

    На последното работно место ме предупредија дека постои опасност да станам асоцијална, зашто комуникацијата со луѓе била драгоцена.
    |( :|
    Или јас ја имав среќата да комуницирам само со изроди и мутанти досега во овој живот, та ми е смачено од луѓето, или овие советодавачиве се ненормални, што со цел памет мислат дека комуникацијата со луѓе - ги усреќува или на некој начин ги прави поквалитетни работници.

    Знам дека сум премногу млада да изнесувам вакви констатации - ама доста ми е од луѓе за цел живот.
    Доста ми е од т.н. „работа во тим„ (илузија и урбана легенда на нашите простори), бидејќи во македонскиот дрим тим - едниот е плачко, другиот тужи-баба и подлизурко, третиот не може да се справи со притисокот и дед лајн поимот му е непозната равенка, четвртиот е вечен мочко, петтиот има потреба од 10 пуш-паузи во денот...

    После долг временски период сум среќна, и едвај чекам да станам и да се посветам на обврските.
    И навечер си размислувам што ќе правам следниот ден и сонувам дури работи врзани за работата. :D
    Ова е веројатно тоа чувство кога човекот е среќен од професијата која ја работи.
    Конечно дојде тој момент, и не го сонувам - будна сум.
    :)
     
    На joelle, antonina, Marilyn-Monroe и 47 други им се допаѓа ова.
  7. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги разберам оние кои немаат способност да фантазираат, да се исклучат од реалноста и да патуваат некаде далеку со мислите, но да се чувствуваат како да се таму..
    Мене токму тие соништа ми даваат сила да одам напред, да знам за што се борам и што сакам во животот, да си планирам па и да не ми успее планот, барем знам дека за нешто сум се трудела и имам некаква цел.
    Мило ми е што сеуште дел од срцето ми е како на дете, се радувам на многу ситни нешта, како на пример дечко ми лижавче што ми купи :) ... така барем знам да ги ценам работите во животот. И никогаш не вели никогаш (нели добро познатата), но нема да дозволам да го изгубам тој дел од мене.
     
    На Serafima, Someonespecial, Hopeful и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  9. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    не би рекла :^) има и поубави каде каде
    добро поубава е од Кардашијан или слично, тоа да ама натприродна не

    сдк доста ми беше за оваа недела, другата сама си земам распуст од ден два :hai: скапнав :?:
     
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.729
    Допаѓања:
    17.691
    Само лузерите плачат и само они незнаат како да се справат со проблем.
    Тоа сум јас, мило ми е!
     
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Го знаете она чувство кога пишувате долг пост и страв ви е на направите ненадеен потег зошто страв ви е да не кликнете нешто и да го избришете? Или кога интернетот е кучка па кликнувате испрати и во тој момент ви паѓа нетот? Е па не, не е убаво чувство.
    Затоа пред да кликнам испрати одам на copy и ги молам сите богови да не ми летне раката и кликнам cut. Е тогаааш :swear:

    Инаку денес со мене петок беше кучка, т.е кучок.
    Си пуштив Artic Monkeys, си грицкам Najljepse zelice со јагода и тие што пукаат во уста (жими мене, чоколатцево е како парче скршено од рајот!) и се тегнам како поспана мачка.
    Пробувам да си направам атмосфера.
    Болна сум и вечер не се оддалечувам од старТките.
    Шуќур, петок е.

    А не го сакам многу петок.
    Многу помил ми е понеделник. :nod:
     
    На 1209, Inna5, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Многу сум активна во последно време,имам толку вишок на енергија ама баш ништо не ми е тешко :D .Деновиве ми се песна :rofl: . И тако даље активно си скокам на јаже,а денес сум си порачала и тегови :tmi:,се мачкам со 300 крема за затегнување и осободување на вишокот :tmi: . Вечерва сум резервирана за него - вака расположена :rock: ќе биде :$ .
    Тоа е тоа ...
    Останете така,викедов започна имаме три дена слободни и мноооогуууу време да водиме љубов 8) :* :P .
    па-па
     
  13. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Многу сум наивна и многу се нервирам,ми се плаче.Сакам на некој да му направам нешто добро и после ми враќа на најлош можен начин.И не ми се случило прв пат ама ај како да си објаснам дека не треба,дека после вака ќе биде,зашто имам толкава доверба во некој што не заслужува ни да му прозборам а па не да му помогнам кога е во тесно.И сега си викам нема да и прозборам а знам дека утре ќе каже нешто или ќе направи нешто и јас повторно ќе и помогнам и ќе бидам тука за неа,а она никогаш нема да биде за мене.Ми се повраќа од вакви особи,неможам да објаснам како се чувствувам и колку сум си лута на самата себеси :(
     
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сакам да го посетам Капри. Сега гледав репортажа за овој остров и дали знаете дека таму не смее да се вози автомобил?! Тоа е Погодно место за мене. Не дека несакам да возам, сакам, ама повеќе ја ценам тишината и чистината, како и движењето на точак. Какви бои имаше... И повеќе сакам да стапнам на ова место него ли во Бора Бора.
     
    На ph.orhideja, bittersweet, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.262
    Допаѓања:
    81.826
    Пол:
    Женски
    Работава ... да посакаш вечно да останеш зарипната, оти само тогаш „фаќаш“ убава Nina Simone нота за караоке пеење. :lol:
    Утрово се разбудив со вградена mute опција и ми требаше време додека да добијам некој шум на расипано ЦД.
    На дечко ми не му се верува дека поминале неколку саати без да кажам збор воопшто, а татко ми се израдува дека конечно доживеал едно единствено утро кога ќерето нема да вришти, ами ќе си ќути и ќе зјапа во телевизорот. Дури и ми купи бурек - апни си, јади, најади се убаво. :|
    ... а јас толку мислев дека сум му забавна со моите караоке забави. :?:
    ***
    Можеби не си најдов сè што ми требаше, ама арно ми е - имам нов кармин. :makeup:
     
    На 1209, anuskaNESTLE, manja666 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.901
    Допаѓања:
    24.172
    Пол:
    Женски
    Која е поентата да кликнеш "ми се допаѓа" па после да се предомислиш? :^)

    Ах бре жени, жени... Дали сте со сите и зошто не? :rofl:
     
    На sesilija, Serafima, manja666 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Вечерва сум на дејт. ^_^
    Држете среќа. :angel:

    Само што се избањкав, сега да се нашминкам, па ќе се облечам и одам.
    Дури и возбудена сум. :^) Ова не сум јас.
     
    На Sanniii, Monna.Monna, Buttterfly и 28 други им се допаѓа ова.
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Одамна ме немало..
    Не дека ја имам изгубено креативноста, инспирацијата, или пак желбата.. Едноставно за мене зимата траеше нешто подолго..
    Се чувствував многу немоќно и духовно истоштена.
    Сега оние депресивни мисли и тмурни денови се веќе зад мене.
    Почнувам да ги чувствувам топлите зраци, почнувам да се опуштам, па дури и да се радувам..
    Работниот статус од идниот месец ќе биде половично решен. Тој почнува со работа, а јас ќе причекам уште малку..
    Не постои нешто што повеќе може да ме израдува..
    Се отвори новата етапа во мојот живот, онаа долго очекуваната, се коваат планови кои ме возбудуваат, ме исполнуваат, ме скокоткаат, ме радуваат..
    Изгледа почнаа да се движат работите по нагорна линија, токму тогаш кога помислив дека сум го допрела дното!
     
    На zhap4e, bittersweet, Lepaaa и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Едноставно го сакам животот, среќна сум. Среќна сум со тоа што го имам бидејки тоа ми е доволно. Среќна сум што имам многу другари и пријатели, и секој ден стекнувам се повеке и повеке нови пријателства. Среќна сум со тоа што многумина личности секој ден се покрај мене, во лошо и во зло. Среќна сум со тоа што имам многу фантазии што ме водат кон иднината :) .
     
    На Someonespecial и kikav им се допаѓа ова.
  20. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Денес се разбудив со она препознатливо чувство на немир и тежина,кое го имам секогаш после караница со него и така го поминав поголемиот ден од денот. Но, размислувајќи долго сватив дека треба да направам неколку промени кои се надевам ќе ми го променат животот на подобро.
    Си ветив дека нема повеќе да се потценувам себе си.Зошто јас,која може да биде бескрајно среќна го избрав погрешниот пат? Зошто дозволив некои личности да си играат со мене и да ми го упропастат животот? Зошто додека тој некој кој ми го расипал расположението некаде се забавува и ни за секунда не помислува на мене,јас седам затворена измеѓу четири ѕида и плачам,си ја трујам душата?
    Епа нема повеќе да биде така. На кој дсум му важна и на кој му значам ќе ме побара,ќе се потруди да направи се за мене.Во спротивно џабе ми е цел труд,кога тој нема да го цени тоа што го правам и кога му е сеедно.

    Патем,си направив листа на некои работи кои треба да ги купам и малку по малку ќе го отстварувам тоа.
    Се надевам,овој пат ќе успеам да свртам нов лист,или пак најдобро да ја сменам книгата :)
     
    На Serafima, manja666 и izgubena5555 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.