Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Свако ко је тако срцу драг
    када оде остави на њему траг
    после тебе срце још више уздише
    брига је свакога за другога
    само себе људи гледају
    и ти сам постанеш такав
    на крају Срце Је Небитно !
     
  2. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    When you feel good, you look good.

    Јас убаво се чувствувам како матурантка и како резултат на тоа убаво испаднав на сликата за алманах :$

    Simple as that!
     
    На CoverGirl10, 1209, gingerchild и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Денеска една година откако сум член на Феминка ^_^ ,научив многу од неа.Секој ден неосетно влегував во животот на многу личности кои што ми станаа многу драги. Секогаш отворени за совет и за да споделиме добро и лошо,јас ја осеќам феминка како едно големо семејство, иако некогаш има некои препирки и недоразбирања сепак тие се ништо во споредба со убавата дружба и се она што ни пружа феминка.Секоја болка,тага ,радост и среќа на илјадници девојки е испреплетена во нејзината мрежа.

    Утре иди матуфчето мое најубавко ^_^ :dance: конечно дочекав да си го видам после цели три недели ќе си го бакнам и прегрнам силно,најсилно на свет :inlove:.Сакам побрзо да дојде времето кога ќе можам да сум со него цело време,веќе ме јади јанѕа ама ќе издржам ;).
    Колку е убаво чувството кога своето знаење го споделуваш со некој кој што сака да учи.Денеска едно мало сонце ме натера да го учам Англиски јазик-мојот омилен од кој што имам доста познавање :emo:,умре ромката шо ме фалеше па морам сама :D. Шала на страна учејќи го него ми дојде на памет идеја од септември да почнам да давам часови,а летово да го усовршам јазикот и да си земам лиценца,ем нема да се чувствувам толку бескорисна и ќе си заработам парички ем моето знаење ќе си го вреднувам,а воедно и споделам со тој кој што сака да учи ,а најважно од се ќе си работам со дечиња-мојата животна желба ^_^.Се надевам дека се ќе излезе како што планирам барем еднаш.
    Толку од мене за сега,ви посакувам убав викенд,јас ќе имам сигурно :lol: :wasntme:.Гуд најт
     
    На Mrs.Cuper, Bozica1980, CoverGirl10 и 23 други им се допаѓа ова.
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК Целата моја младост бргу ми помина во далечина
    ама само в срце верно ја носам мојата љубена........Тугино јабано што ми направи од мојто прво верно либе ти ме раздели...АМА ГО ЧЕКАМ ВЕРНО ЈААС :inlove:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Морам да престанам да верувам во холивудскиве срања за права љубов која се случува во врнежлива ноќ, во која Тој трча по Неа и се завршува со сцена од нивните радосни и насмеани фаци како да ќе ги бањаат со кисело млеко.

    No such thing.
     
    На zarah, antonina, CoverGirl10 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ај бидејќи постот ти се однесува за мене да пробам да ти појаснам ;)
    Кој дел не ти е јасен?
    Делот каде сметката за струја доаѓа на 3 месеци или делот каде види за чудо не треба како во Мк да одвоиш скоро цела месечна плата за да платиш сметка за струја туку доволна е една дневница :^)
    Сметката за струја за првото тромесечие ми изнесуваше $187 е сега прерачунај колку ми е дневница, затоа што на некои жени тоа им е омилен спорт да водат сметка за туѓи финансии :?:
    И не само струјата туку и водата и плинот стигаат на 3 месеци ама пак тие се толку смешни суми што дури и не ги рачунам за трошок.
    Не само тоа туку и сега кога ќе ми го донесе штркот бебушот :rofl: со потполнување на еден формулар во болница утредента ќе ми префрлат $8.500 на сметка и секои две недели ќе ми исплатува државата по $200 од дете, ете гледаш се ќе прочиташ тука на форумот нешто можеби и ќе научиш :geek:
    И без лажна скромност, да блазеси ми што штркот ме оставил во најдобрата држава за живеење во светот :P

    И знам дека фалбата е рѓа, татко ми постојано ми го повторува тоа ама па не сакам ни некоја иако потполно непозната да ме прави лажга, се почувствував како Наташа, Стефи и да не ги редам такви забегани :)
     
    На Trnche, Divinebutterfly, kate21 и 28 други им се допаѓа ова.
  7. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Имав долга врска. Во текот на врската бев малтретирана психички до срж. Не можев да излезам од врската бидејки ми беше страв, не знаев како ќе реагира. Таман собрав храброст, почна уште повеќе да ме малтретира, здравјето ми се влоши, дијазепамите, цигарите, се тоа се последици од него... Мислам дека уште долго ќе ги чуствувам.
    Ова не го пишувам за да се пофалам, ниту да се пожалам, само неколку блиски човечиња знаеа за ситуацијата. Останатите мислеа дека тој е прекрасен и е заљубен до уши во мене. Го пишувам ова за да ви кажам дека не секогаш е убаво кога е љубоморен, кога не ти дозволува да излезеш, кога се лути зошто не си му се јавила кога те барал, кога бара да дадеш дневен извештај за тоа што си правела во твоите слободни 5 минути дури не си со него.
    Не, тоа не е љубов. Не е љубов ако се слушате цело време или тоа време додека не се слушате сте заедно, вашите `срце` `муценце` ` сонце` `чоколатче` не се синоним за љубов, сите тие слики и објави на фб и срценца на сите страни, жалам ама не покажуваат љубов.
    Да беше љубов тоа, јас сега ќе бев мажена и ќе имав и дете :D .
    Ум девојки кога бирате дечко, не знаете каков ќе биде, ама ако не чини можете со време да прекините. Немојте да си ја малтретирате душичката со вакви психопати.
    Инспирирана бев да го напишам ова од случка со моја блиска личност. Постојано се слушаат, постојано се заедно, постојано се мазат, срциња на сите страни. Ама дечко и ја изневерува :D .
    Доста е поуки...
    Јас да ви го пофалам Скопјето. Си најдовме со човечето мое едно убаво место, па си седнавме, муабетче, пивце, музиче погодено. Среќен е, а јас се топам пред него. Ми доаѓа да плачам од среќа. Ова ми требаше цел живот. Е за вакви ноќи живеам. Да ми чита стихови од песни, да ме гали додека се туткам до него, да ме нервира за факултетот за подоцна да ми каже дека е сигурен во мојот успех. И ај не го сакај.
    Не, можеби ние не се слушаме 100 пати дневно, не си кажуваме мили зборови, не знаеме да изгледаме филм кога сме сами заедно, не сме во врска на фб, ама тоа не значи дека не се сакаме :)
     
    На sesilija, CoverGirl10, Lux и 21 други им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК дај Боже да грешам, и другар ми да не е толку истрипан да ми предложува работи што не се за предложување :x
     
  9. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Денес идам на водно,излегувам сега а се враќам незнам кога :D
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Babe, there is such thing ;) ... Само стрпливост, сама ќе те најде верувај. :) Нема негатива, за миг мисли си позитивно ... Еден ден знам ќе бидеш исполнета, нахранета со љубов и преубави моменти, со ТОЈ некој.

    СДК ... се е убаво во пролет. Поздравени да сте ми убавици. :)
     
    На kate21, Hopeful, anuskaNESTLE и 10 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.698
    Допаѓања:
    43.680
    Пол:
    Женски
    Денес...роденден ми е.Ја раскацав официјално и третата десетка, официјално зошто одамна моето тело и ум мислат дека имам 21...Убаво е знаете, секогаш сметав дека третата е битна, у смисла дека како тече таа ќе ми се редат коцките,најверојатно ќе завршам факултет, ќе се вработам, ќе се омажам...и така.
    И не ги жалам, најмалку од се ги жалам годините, посебно моиве изминати...богати се со еден куп радости и таги и животни искуства и такви што требало да бидат тоа, ама уште ги немам научено како лекција.И се осеќам зрело и младо, како овошка при крај на јуни :D

    Него добив најдраги поклони годинава, најмногу ме изненадија колешките оти толку малку време се познаваме, а добив поклон по мерка како да се знаеме со години...и школските ме расплакаа со честитка и преубави желби...и другарките со цвеќе и картичка од Осло со "The Scream" oд Eдвард и што можам уште да посакам.

    А тој ќе видиме сега засега добив само бакнежи и прегратки и нешто друго побесрамно :$
    Него вчера претеравме со алкохолот и отидов јас да се отрезнувам оtи ми се треси желудникот чинам :worried:

    А вие послужете се, јас честам.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, DzingrlakaDzikica, ilipili и 34 други им се допаѓа ова.
  12. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Денес се разбудив среќна.
    Ете тоа сакав да го кажам :rofl:
     
    На bittersweet, ceca-1, kate21 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ... беше летна ноќ, излеговме на по еден пијалак, таков беше првобитниот план, имаше период од нецели 2 месеци како што бевме заедно. Знаевме доста еден за друг и претходно, ама од збор на збор, вечерта премина во меѓусебна исповед за каква што човек може ни трипати вкупно не е подготвен да ја направи во животот. Не само што зборувавме долго, исцрпно за настаните кои најмногу не‘ повредиле, разочарувањата, поразите, предавствата, погрешните избори, пропуштените шанси, туку и за идните стравови, всушност беше ноќ на соголување душевно до срж, на вадење на се‘ премолчано и пред себе на површина, бројот на испиени пијалаци се зголеми во меѓувреме... Некако од цврсти и независни возрасни луѓе, станавме повредени деца, за момент се засрамивме од чувството на толкава ранливост, некои настани повторно оживеаа пред нас со моќта која ја имале, плус се создаде и взаемен микс на емоции и за себеси и поврзано со другиот. Многу е тешко всушност да го апсорбираш оној терет на партнерот кој му го нанел животот, бидејќи те повредува на повеќе нивоа - ја примаш неговата болка, а некои настани и лица ќе ти предизвикаат дополнителна болка...

    Станавме да си одиме, по пат молчевме веќе некое време, тој купи тостови од Мекдоналдс за двајцата и забележав дека јадам механички, полусвесно во движење, а сум одбегнувала да јадам на отворено дури се движам (робувам на премногу правила и прописи кои си ги имам самонаметнато). Сите тие измешани емоции од таа тешка ноќ направија бура во мене, на моменти бев премногу тажна, па преминував во многу гневна, до крајна исцрпеност. Кога дојдовме до главната раскрсница, му реков дека ако сега ги затворам очите не внимавајќи на семафорот, знам ништо нема да ми се случи, бидејќи толку многу впив во мене таа ноќ... Секако дека не ми беше целта да драмам или да го тестирам Марфи, ама навистина така се чувствував во тој миг, премногу ми беше, ги имав на дланка практично соголени најмрачните и најнелагодните нешта од нашите животи, на толку многу интензивност некако нема што друго да ти се случи барем тогаш, чудно е ама стануваш некако моќен во таа цела болка и како да се потсмеваш на некоја нова која евентуално би ти била нанесена...

    Кога легнавме, се впи во мене, ме прегрна цврсто обвиткувајќи се околу мене од назад целосно и само ми рече ,,исплачи се,, ... И плачев долго во негова прегратка, над се‘ долго потиснувано, над најнеправедниот настан кој ми го нанесоа и оној кој му го нанеле нему, над сите помали и поголеми неправди и разочарувања. Ми се случило и претходно, иако многу ретко да заплачам пред дечковци со кои сум била долго, ама воглавно биле солзи на бес поради некој конфликт меѓусебен и потоа секогаш сум се срамела на слабоста поради тие солзи. Овојпат не се срамев, напротив беше удобно и олеснително да се плаче во неговата прегратка, бидејќи веќе долго ја немам способноста ни да се исплачам онака вистински.

    Таа ноќ научив дека вистинскиот човек е оној со кој заеднички ќе сте во состојба да ја надминете тагата, мрачните периоди, за убавите и безгрижни секој знае. За мене тоа е вистинска љубов, вистинска посветеност, блискост и грижа, а не постојаните слаткоречиви изјави, бидејќи зборовите и ветувањата луѓето во занес знаат да ги изговорат, ама без поголема емотивна поткрепеност, што ќе се види подоцна... не постојаното контрол фрик опседнување, не потенцирањето на јачината само на нагонскиот дел, баш на тие холивудски гомна, кога се сексаат на маса нели мора да ги исфрлат прво сите предмети на подот, да ја искинат облеката, бидејќи таква анимална страст само Американците знаат да доловат |( ...

    Во еден од моите омилени романи, главниот лик ќе и‘ рече на жената која ја сака, парафразирам - што знаеш ти како е кога во животот, во кој се‘ станало тешко, ќе се појави и љубовта и што е наспроти тоа твојот евтин занес?

    :)
     
    На WildCherry, bittersweet, ilipili и 27 други им се допаѓа ова.
  14. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Роденден ми ееее......... :party: :party: :party: :party: :^:
     
    На lana.del-rey, sweet-star, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    4.033
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека постои по осетлива личност од мене, неее. За една мала работа јас сум веќе изнервирана и денот ми е упропастен. Премногу сум осетлива, и малиот збор ме повредува, и ме прави тажна. Дали тоа е поради тоа што сум риби во хороскоп незнам. Нели рибите сакала пажња а кога не ја добиват се :( . Ете јас наликувамна тој хороскопски знак многу, всушност и тоа сум дее во хороскоп :lol: . Но сепак не ми е убаво, вчера само за мача работа се изнервирав и денот ми беше упропастен, и само поради тоа што не ми пиша мене директно туку преку друг оде (тоа е "паметниот" мој симпатија).
    Денес се разбудив кај 11 и гледам сонце. Среќна сум што има сонце и денес малку рекреација го земам точакот и да ме нема. Ќе променам малку мисли, а и убавиот воздух на секој му влијае одлично. Ќе испаднам кај 15h а ќе се вретам кај 21h ќе го поминам цел ден во рекреација, спортување, играње кошарка. Ќе бидам среќна но не за долго. Кога ќе се вратам дома повторно истата песна, каде си до сега зошто те нема. Дерење викање коку сакаш, и тоа само зошто ме немало долго време, како да не знаат дека сум на воздух но тоа е сакаат да ме изнервираат, еден вид на мачење. Ова многу ме повредува, но нема што да се прави, моите родители се такви и не верувам дека ќе успеам да ги сменам. Со тоа само и мене ме уништуваат и ме прават тажна да бидам постојано, се надевам дека еден ден ќе го сфатат тоа само да не биде прекасно. Тогаш залудно ќе е се.
    :* имајте убав викенд
     
  16. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Јас сум пресреќна. 20 Април- мене ми е роденден... :D :^: И на Хитлер му е роденден. :lol: Синоќа си одев по Широк Сокак и на сите им кажував еј после 12 ми е роденден. 8) Пресреќна бев.Денес на сите се фалев како светот да е мој. ;) Си делев бомбончиња како 5 годишно дете на своите соученичиња.
    16 години. Малце ама за мене многу интересна бројка.
    Ве частам со овошје оти јас сум на диета па да не уништувам. ;)
    п.с сега во 13 и 10 ке се родам. Уште не сум родена. :lol:
    :*
     

    Прикачени фајлови:

    • ovosje12.jpg
      ovosje12.jpg
      Големина на фајлот:
      25,4 KB
      Прегледи:
      381
    На sweet-star, kate21, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.158
    Можеби ќе успеам во тоа што сум го наумила :clap:
    Само уште да смислам како да го добијам :?:
     
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Мора да се пофалам и како си поминав. :tmi:

    Вчера ми беше најубавата ноќ во животот! Во животот! Замислете колку добра била!
    Милиот мој испланирал се, на мене оставил само да се појавам. :tmi: Бил прво се ишишал, се дотерал. Ми купил букет цвеќе :tmi: , резервирал маса за нас, ни ставиле вино на масата уште пред да дојдеме :tmi:. Вечерта ме опушти, ми правеше многу убави муабети, и од време на време ми се насмевнуваше по брк, со многу детски и љубопитен поглед. Имаше уште едно иненадување кое не го очекував, но не ги споделила чисто од безбедносни причини :tmi: .
    Иако сум антиромантична личност, паднав на финтиве. :tmi:
    Ми ја отвараше вратата од ресторанот, ми го подмести столот, ми ја отвори врата од таксито кога си одев.. :tmi: На крајот дури ме пољуби. :$ И се бакнува најубаво и најмило на целиот свет!
    Цела ноќ и цел ден денес, се смеам без причина, позитивна сум, се наоѓам како додека мијам раце се смешкам без причина. Се смешкам додека јадам.. Се смешкам цело време.
    Олку внимание и среќа не сум имала оддамна.
    Како ли ја заслужив ??
    Пресреќна сум. Глупаво е да го кажам ова за сама себе, ама блескам. Блескам кога ќе се видам, имам желба да се нашминкам, да се дотерам. Го проверувам телефонот на секои 10 минути. Многу е внимателен, многу е нежен, дури едно време бев скептик дека намерно го прави ова за да ме добие.
    Ама сега веќе ја поминувам својата граница.

    Од време на време ме пресекува нешто кај желудникот.
    Како мало дете сум. :tmi:

    Незнам што уште да ви кажам, само карајте ме, многу карајте ме! Не смеам да се заљубам.. :tmi:
     
    На Chivas, Sanniii, bittersweet и 30 други им се допаѓа ова.
  19. Brza

    Brza Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    - се надевам дека Аgatha ке си го исполни тоа што си си го наумила, откако ке смисли како, јасно . ;)

    -сдк, де!
     
  20. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    10.359
    Ми фали едно смајли што од ушите му излегува димеж хм за да можам убаво да се опишам како се чуствувам моментално.
    Том и Џери не ни се рамни :!:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.