Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Станав во 8. ^_^
    Ги пружив алиштата. Многу сум вредна. :nod:
    Блазе тој што ќе ме има за жена. :rofl: :D

    Имајте убав ден. :sun: Јас одам да шеткам. :makeup:
     
    На ludoto19 и CoverGirl10 им се допаѓа ова.
  2. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Ми олесни, поминаа проблемите. Каков април, што не се случи.
    Што убаво временце, што убав ден.
    Денов е за среќни луѓе.

    И дали некој знае каде можам да најдам книги од Џон Грин, пишете :D
     
  3. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам неделните утра..станата рано(иако слободна,секогаш станувам рано,сигурно по навика),првото кафе секогаш го пијам во потполна тишина...првите десет-петнаесет минути од денот ми се најбитни..е после второто можам и добар ден да кажам ;) Имав една книга да дочитам,...Норвешка шума од Мураками..хм,сум ја оставила недочитана стварно незнам од кога..сега се сетив! Кога првпат го открив Мураками ги купив сите што ги имаа во моментот,имам спомнато бев воодушевена !! Ама На последната (Норвешка шума) застанав,не можев повеке,дали се презаситив појма немам..ама вистина е, кога ке дојде моментот за книгата тогаш! И стварно ,не се работеше за многу страни при самиот крај сум била,,одма ги голтнав !!
    Сега веке можам да размислувам како и каде да му ја скитнам денеска..

    Денов прекрасен,треба максимално да се искористи!! Ве поздравувам..
     
  4. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Незнам што ми се случува... Во последно време немам инспирација за обичен текст, обична слика, цртеж, не ми се вежба, не ми се танцува... ништо не ми се прави. Си имам симпатија исто ко да го немам. Тие пеперутки и диносауруси во стомакот одамна ги немам почувствувано. Да му се сневиди! :doh:
    А за учење... е тоа го имам. И за јадење, за тоа имам инспирација невидена. Ептен празно се осеќам. Како човек од дрво сум, џоа Пинокио. Остај, забегав.
    Недела е, киснам по форумов, ме мрзи да се бањам, ме мрзи да направам нешто корисно... ептен ми е лош периодов. А се трудам, ама не иде. Повторно се чувствувам празно во душава... Аман веќе! :|
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Денеска најпаметна работа ќе ми биде ако се самоизолирам во собава, ги спуштам сите ролетни, го исклучам лаптопот, и земам по стоти пат за два дена манијачки да ја превртувам книгата. Одамна, море уште лани, заклучив дека во скопската дома учењето е невозможна мисија, толку многу места на кои можам да бидам, не можам да си го натерам газот да ми седи дома. Вака морам да бегам надвор од цивилизација, никој да не ме бара, ѕвони, пишува, да поучам на раат.

    Втора работа денеска е моето ПМС неубаво расположение, во кое осеќам дека некој, ни крив ни должен ќе си го окрка. :devil: Се' ме нервира, сите ме нервираат, ме нервираат нозите кои треба да си ги депилирам, ѓаволски ќе ме болат вака, ме нервира пенкалото со кое пишувам, ме нервираат поимниците што треба да ги правам, и ме нервира колку ми се јаде и колку јадам, ме нервира исто и од инат кога јадам, оо лошо... ме нервира што станувам толку ладна во вакви моменти, оо Боже, можам да бидам страшно злобна денеска, сеќавам дека ќе истресам некоја глупост. Пак ќе речам, само изолација во вакви моменти, не сакам да повредам некој.

    Јадно мое момче, му кажав дека сум под напон. :devil: Вчера ме изнервира и тој за глупост, не сте свесни каква глупост, и напанак тоа, детето фино ми кажа дека глупо му паднало, дека не требало така, плус битна му беше работата да се заврши без да му пека женската од друга страна... мислам... стварно многу ПМС ме дрма чим му замерив (малкуцка) за тоа. Него па најдов дегенски да му се понашам, дајте некој шамарот, клоцата, нека ме мавне некој со хамбургер. Ќе му кажам кога ќе го видам да не ми замерува, како ме трпи кога сум вака идиотски распашана, не знам. :tmi:

    Дома сум сама како утка, ете и тоа не го кажав, се шлаам сама низ собите, се бркам со своите демони од една во друга соба :D , од еден на друг кревет. Мислев дека менее само ме фаќаат глупи периоди, ама гледам дека и баба ми не е поарна. Изолацијата е добра работа во мојот ПМС случај, ама страшна во нејзиниот. Стариве се повеќе наликуваат на мали дечиња, ранливи, од најмала ситница се способни да плачат и да се секираат. Ме запрепасти вчера, зарем таа жена што навидум, не се нервира за ништо, се дере насабајле со комшијата (ах, времиња), се караат со сестра ми како куче и маче, има толку многу.... болка, буквално болка собрано во неа? Секој со своите гајлиња, изгледа.

    Вчера сфатив дека веќе немам ни сила, а ни желба, да ги задржувам старите луѓе во мојот живот и да вметнувам нови. Не чувствувам веќе некоја потреба за барање на уште подобри и поблиски пријатели, да не звучам ептен дивјачки :devil: , ама не сакам бре веќе ни нови да запознавам, на секакви будали можеш да налеташ, а зошто, кога супер ми се овие. Да не се разбереме погрешно, сум за проширување на листата на контакти, ама листата на пријатели и блиски личности планирам наскоро да ја заклучам и многу ретко да почнам да ја отклучувам. И тие старите, па не можам јас да бркам и молам и колам за некој да ми биде мене пријател. Порано многу ме болело и повредувало кога некој, ете така, едноставно, ќе го снемало од мојот круг, ќе сме се оддалечеле едноставно, а сега сум толку една рамна линија, ма што да ви кажувам... Колку порано сфаќаш дека така функционираат некои работи, дека некој си иде, дека со сила убавина не бидува, толку подобро.
     
    На bittersweet, Mishela, Micheleljubov и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.162
    Ме нервираат луѓе што се среќни и живеат само кога се центар пажња и прават некои си спектакли од себе си за ништо...
    Истите тие кои врескаат дека треба да го живееме животот ту д фулест, да не правиме работи шо не не прават среќни и слично Фак ју,ок?! Поим немаш!

    А да...и работите кои не ги прават среќни,а ги мораат...се убедуваат себе си дека ги сакаат...како професијата на пример... |(

    И кажувај ми за животната среќа ти човеку кој упорно бара алиби за своите глупости...
     
    На Someonespecial, Springy, anuskaNESTLE и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... изнајмив точаче, го провозев, загровтав како свинче пред колење, одам да го вратам - аш, куќичката празна. :^)
    Заклучено, нема никој, јас и мојот изнајмен точак од 10 ден./саат, гледам наоколу, бреј си викам - можда е скриена камера, не чепкај во нос, не чачкај се во уши, остани кул и смирена, те снимаат.
    :D
    Најневозможни мисли ми поминуваат низ главата во глупави моменти, тоа е тоа.

    И она чувство кога после неколкудневно ждерење мрснотии, чоколади, се` што ќе ти се најде на патот како некој контејнер... и после купуваш цитрони, пардон грејпфрут (сакам да звучам модерно), портокали, лимони, па цедиш, па пустиш, си правиш Барјам на мозокот, тивко ветување пред бога - „готово дедо боже, не гнетам веќе, сега и за вечни векови - амин“... мислам... |(
    личната хипокризија е веројатно најголемиот грев, не ми е јасно како не влегол во потесен избор на 7-те.

    Бааах, ќе ми дојде ли некогаш памет или оваа тиква служи само за фарбање и шишање? (татко ми ова, не е моја мисла).
    ]:)
     
    На bittersweet, eli25, mims-89 и 21 други им се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Салатка стокмив, се сместивме на тераса, моите сеуште се кикотат на моите реченици, татко ми се моли идниот ми маж да не полуди од мојата хиперактивност, многу сум го прекорувала. :D
    Си ја земав Хипнотизер во раце, птичките ми ги надгласуваат сликите во глава, фатив сите нови работи да ги перам на рака ( а не беа баш малце :| ), ми текна и на др. работи, кога гледаш кичмата покажува батери лоу.

    Планови за Велигден, а мене во глава распоред на книги за читање.


    И викам на колешка на мајка ми дека се повеќе наликувам на Мајка, да ми кажеше некој ќе се чудев, ама така си е. Татко ми ко да гледа две исти жени дома, јас малку подиректна де. :D
     
    На bittersweet, zhap4e, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Кога мислењето на една членка се судира со мислењето на друга <еве конкретно на форумов>
    чему тоа зазимање страни и влагање во одбрана на едната или другата,како селски моми на чешма .?!
    Не разбирам ...

    Па форум е ова,не го сваќајте толку лично ...
     
    На LaBella, danichap, manja666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.245
    Пол:
    Женски
    Епа ај за убаво нека е. Денес не ми се прави ништо, би си седела цел ден со книгата во рака, кафето до мене и подзамижено би си читкала надвор. Убавини. Епа нема. Средување, гости, бла, бла... Никогаш не сум го сакала овој ден, се ми е некако исфорсирано, а мразам такви работи. Ај ќе помине, како и се друго.
    “Grudges are a waste of perfect happiness.
    Laugh when you can, apologize when you should,
    and let go of what you can’t change.”
    Се обидувам да го интегрирам напишаново во животот. Тешко иде, ама ај, ден за ден. Како алкохоличарите би му дошло. Шта чеш, секој со своите пороци.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас многу чуден човек на пример, иако денес времево е топ, а јас немам апсолутно никакви обврски, се одлучив да си дремам дома пред лап-топ и да ги силувам Алиекспрес, Асос и Диалекстрим, чат-пат Феминава, Фејсбук, Инстаграм и Твитер. А не дека немам каде да одам, не дека немам со кој, ама јас фунционирам на принцип на претходно планирање на денот, па така многу ми е лошо сега да и се јавам на другарка за кафе, кога знам дека денес ретко кој дома седи, па јас да и се наметнувам и нели затоа што нејќум да се турам у друштво прво она да ме откачува мене, а после јас да смислувам изговори за да не одам. Многу ми е лошо и одувек сум се нервирала кога некој ќе ми се јави во 5 до 12 и ќе расипе планови, и знаејќи како ми е мене, колку е лошо на некој да му речеш „Еј кај најде баш денес да се јавиш“, несакам и други да доведувам во такви незгодни ситуации па кога не сум се договорила барем ден порано ќе си кмишам дома.

    Туку не сум ви се пофалила лепотицата ми е трудна, нареднава недела треба да ми се окучи, па таман за роденденот ќе ми го подари најубавиот подарок кој досега сум го добила мали, слатки, плишани мечиња од кои едно ќе ми остане, па ќе си имам мало убаво бебе за гушкање и гњавење.
    На никој не кажувам али многу, многу, премногу се плашам дали окучувањето ќе помине во најдобар ред, знајќи се себе и колку ја сакам кучкава знам дека многу ќе се успаничам и разлигавам кога ќе ги видам бебињата, исто како и првиот пат кога ги видов на ехо.
    Не ми се верува дека моето бебе, кое го третирам како свое дете, на кое му се притресувам повеќе отколку некои мајки за своите вистински деца ќе стане мајка и ќе има кученца, а јас водена по логиката ако таа ми е дете тие ќе ми бидат внучиња, а јас на 22 години ќе станам баба :D , па што уствари кога можев на 7 години да станам тетка (ама вистинска не по кучешка линија) зошто сега да неможам да станам баба?
    И да вие што не ги обожавате животинките како мене не превртувајте очи, мојата кучка има љубов за три светови, мојата кучка е совршено суштество, мојата кучка е мое сонце, душа, бебе...
    И така...

    Алоха пријатели...
     
    На Nefertitii, tweety26, Theodora и 25 други им се допаѓа ова.
  12. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Браво Nefertitii имаш :* од мене за ова. :) Побогу, само форум е ова. Најсмешно ми е кога ќе видам на кајгана форумот како двајца влегуваат во дуел и 2-3 страни се расправаат и реплицираат како мали деца. [​IMG] Мислам дека тоа не доликува на фемина затоа што е доста продуктивен форум. :) Ако некој има сосема спротивно мислење од вашето, во ред е тоа, разубедување и наметнување на своето мислење, ain't worth it girls, не трошете си време за џабе. Дури и да сте сигурни дека некој/а има погрешно мислење за нешто, трајте си, фаќајте сеир и уживајте кога работите ќе дојдат на ваше. :D Ако се обидеш да советуваш или помогнеш некому, ќе помисли дека му солиш памет и мудруваш па уште и ќе ти се налути, don't forget this is Macedonia. :D Затоа најарно секој со својот ум па каде стигне тој/таа ќе си знае. :)
     
    На Nefertitii и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам, му завидувам на дечко ми. Блазе си му, значи каква вредна жена ќе земе не е свесен :rofl: Недела викаат било ден за одмор, а јас секогаш кога работам нешто низ дома, го правам тоа токму во недела. Така и денес.

    Прво, ги извадив сите алишта од плакарот, ги предиплив, ги сортирав по боја, должина на ракави и сезона (пролетни и летни де, зимските си ги прибрав уште пред 2 недели. Кога ви викам вредна сум, вие не верувате :D ), па си ги наредив пак. Абе мерак да му е на човек плакар да ми отвори :D Па кошулите, сакоата, сукњите, фустаните и панталоните фино лепо ги ставив на закачалки, тргнав од плакарот тоа што ми фаќаше место, а знам дека нема да го носам и си направив доста место. Патем, сфатив дека имам премногу облека, алармантна е веќе ситуацијата :sweat: Морам да престанам со купување. Кога видов колку алишта имам нови, необлечени, паника ме фати :wasntme:

    Во меѓувреме, пуштив машина, откако претходно сменив постелнина и кај мене и кај моите во спална и ги извадив ќебињата на тераса да се луфтираат. Е така, го средив плакарот, па додека ја чекав машината да допере, решив да ги изненадам моите и да направам ручек. Мајка ми само еднаш ми прозборе од сабајле, и тоа беше за да ме праша Дете што ти е? Арна си? и со неверување ме следеше со поглед додека ги извршував горенаведените процеси :D И така, сега рижотото со зеленчук се крчка, а јас само седнав да се пофалам пред да одам да пружам алишта :lol: А, да, ќе заборавев, сабајле пуштив и една правосмукалка низ стан, за добро утро :!:

    Знаете, има денови кога ни јас самата не можам да си се препознаам :D

    Абе викам јас, блазе си му на овој мојов, уште не му е јасно какво злато има покрај себе :rofl:
     
    На tweety26, Moira, senza.parole и 17 други им се допаѓа ова.
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Преку таквото од овие трујачи на улични мачки и кучиња. Како да уживам во овој ден после призорот кој што го видов утрово :doh:
    До толку да се нема грам човечност, неможам да сфатам. Колку и да зборам и да пишувам пак е џабе, па уште кога некој ќе ми каже: eее па само мачка е тоа, не се нервирај толку, е косата ми се крева, ај ако не да ги убиеме сите зашто тоа се САМО МАЧКИ нели?
    И многу ми е поубаво откако решив да не јадам месо, ме чека варениот ориз и зелена салата, после тоа кафе и книга во раце. Мора од некаде да почнам и да си го вратам животот во нормала.
    Штета што и во ваков навидум прекрасен ден ќе се најде некој за да ти го уништи потполно.
     
    На Evellin.a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Недела, ден за чистење.. Целата куќа ја светнав!
    Не знам како е во вашите домови, ама нас традиција ни е пред Велигден и Божик куќата да ја уредуваме во тој дух.
    Ги извадив сите украси јајца, кокошки, зајчиња..
    Прозорците ги исчистив, ставив цветни завеси, а во средина на прозорците по еден украс скршено јајце. На масата велигденско чаршафче и корпа. Во вазна ставив расцветани, миризливи јорговани..
    Не можам да и се изнарадувам на куќичкава моја најубава!
    Сега ќе си направам едно кафе и ќе зјапам лево - десно, да се изнагледам убавини. :wasntme:
     
    На Sweety-90, CoverGirl10 и anichka94 им се допаѓа ова.
  16. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Обожавам кога гледам д воис, со какви приказни и емоции пеат. Тоа било мојата желба одсекогаш. Пеењето е дел од мојот живот песната е дел од моите емоции. Среќна сум кога слушам убава песна. Без музика животот би бил ‘‘сиромашен‘‘ исто како и луѓето.
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Многу сте вреди бре феминки, сите сте се расчистиле денеска по дома :wasntme:
    Јас единствено чистење на кое периодов помислувам, е тоа да ги исчистам испитиве, па да си дадам еден заслужен одмор на море. Времево прекрасно за шетање, а јас сум се затворила дома со книгиве, кои патем собрани сите заедно - тежат повеќе и од мене.
    Си реков ај ќе си седнам на тераса, ќе се распостелам на лулашката, па ќе се сончам ако ништо друго. Арно ама во комшии имам еден Кирил Џајковски, а со електронска музика учењето тешко ми оди...

    Туку, многу ми е забавно кога одам да пазарувам со татко ми :lol:
    Одиме пред некој ден во Сити Мол, и го бараме Анхоч. Прашуваме каде точно се наоѓа продавницата, и не посочуваат право, па десно. Одиме право, вртиме десно и го гледам татко ми влегува во парфимерија.
    Што бараш таму? - му викам. Ова е продавница за козметика.
    А тој гледа збунето и вика: Па што ставиле толку компјутери?
    Се превртев од смеење! :rofl: :rofl:
    А да почнам да зборувам за вожњата низ Скопје со него... Само свири по сите лоши возачи и се жали од оние што возат со една рака во полулегната положба.
    Па ми вика: Ех Ана... уште долго време ќе биде село, овој убав град.
     
    На bittersweet, CoverGirl10, tweety26 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Добро бре пиле јас може сум дебел и кршам столеви кога ќе седнам според тебе...
    Ама ти си убитачно ружен,ограничен како литро млеко и крајно антипатичен.
    А јас сега ќе одам да трчам и најверојатно ќе ослабнам.
    А ти?
    Ти ќе си седиш дома и своите недостатоци и фрустрации за мизерниот празен живот кој се состои од излевање за викенди и "пијанчење" по биртии ќе ги празниш на оние кои се подобри од тебе...
     
    На manja666, Divinebutterfly, Foreveryoungiwannabe и 2 други им се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Вртелешката на скопскиот плоштад е најдобрата работа од целиот проект „Скопје 2014“. Тоа е комплетно заокружување на панаѓурот, Зошто мислам дека вртелешката е најдобар проект на оваа власт. Прво, таа е најевтина и најдобро исплатлива инвестиција. Чини само 160.000 евра, што е капка во океанот споредено со целата инвестиција за скопското градителско чудо и кое никој не знае колку чини.
     
  20. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Не страдам од ПМС, нормално си функционирам, ама што од што читам дека на многу им се зголемува апетитот и јас некако со задоволство го уживам тоа право да јадам повеќе од колку што треба. Ти се пријало? Наааа Брајт, касни си, макни си! Дозволено е! :wasntme: Среќа што оваа слобода си ја ограничувам на само 2 дена. И кога ќе размислам што сум јадела, си мислам: Големо чудо! Си каснала 9 ресани и тро повеќе коматче со сирење! Туку, среќа што фрижидерот ми е полн само со марула, моркови и тегли компот.

    Дузи ме насмеа со тоа што го кажа дека во Скопјево газот не сака да седи дома, на главата не и‘ се учи бре! Во право си, ми доаѓа да се однесам некаде, секаде, само дома да не сум. Ама се тешам дека 9 дена ќе се тегнам Охрид и ќе надополнам за се‘! Човек мора да си се утешува и мотивира, да си измислува награди на крајот од работата и трудот. :d:
     
    На CoverGirl10, tweety26, anuskaNESTLE и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.