Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.018
    Допаѓања:
    178.491
    Пол:
    Женски
    ..долго време, покрај сите проблеми... ме мачеше прашањето, кога е доволно...кога доволно се бориш и доволно си напраил, па дошло време да се откажеш?! Во целото патешествие периодов, она шо го сфатив беше дека "доволно" всушност не постои. Дека доволно е тогаш кога ќе успееш.

    Периодов издвојував битка, за која да бидам искрена ни самата не верував дека така храбро ќе ја издржам до крај. Но, затоа сега, сум горда на себе. Сега знам дека мојот карактер може да победи се...

    Чао, чао....лоши денови!!! Оооо...знам јас дека пак бесрамно ќе свратите на гости, во најранливите моменти.. да се вгнездите во болката и тивко да го разгорувате пламенот... но овој пат, јас ќе ве чекам спремна, бидете подготвени да се вратите од кај шо ќе дојдете...карта во еден правец...директно во пеколот... :)
    ****

    Се кријам од сонцево како ѓавол од крст.... и после се чудам од кај сум толку бела... :D
     
    На Nefertitii, Moira и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  2. ida123

    ida123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Леле мајка ми колку ме нервира, кје пукнамммммм. висе аман у све се меша како вагета, еј таква жена не се виделе. ме нервираааааааааааааааааааааа :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil:
     
    На Dog-lover, Inna5 и kikav им се допаѓа ова.
  3. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    СДК
    Абе човек недај боже да пише за некој проблем у темиве за совети, одма се препишува дијагнозата : “Има друга ! “
    Други фактори за нечие однесување не доаѓаат у предвид изгледа ...
     
    На Divinebutterfly, anggell и Mishela им се допаѓа ова.
  4. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Постојат моменти кога и сета среќа на целиот свет не е доволна, и колку совршено да течат работите има некоја фалинка која те спречува да бидеш среќен... е баш се чувствувам така... како да фали некое ситно делче од мозакиот, ми фали делчето кое го изгубив одамна а не бев свесна за тоа.. И сега ми е јасно дека цело време сум била несреќна заради тоа... а зошто дозволував да бидам несреќна заради тоа делче, можеби вака е подобро.. можеби не било да биде дел од мојот мозаик. Можеби исто така се вклопува и во нечиј друг.. но таму се вклопува подобро.
    Си викам трпението е лек за се, затоа што само оние кои знаат да чекаат секогаш го добиваат најдоброто.. А трпението никогаш не било дел од мојот карактер, не сум трпелива личност.. изгледа ке треба да научам да бидам затоа што во животот многу пати сум згрешила многу работи заради тоа што не знам да чекам..
    Ама изгледа моментално не ми преостанува ништо друго освен да чекам... и тоа би било најпаметно, затоа што гледам секогаш кога ги избрзувам некои работи јас испаќам разочарана и повредена..
    Всушност да, сватив дека долго време јас самата се повредувам... ненамерно и неосетливо.. самата ги комплицирам работите, си го отежнувам животот со непотребни проблеми кои сама ги стварам..
    не за џабе рекле среќата на човекот зависи од самиот себе, ако чекаш некој друг да те направи среќен никогаш нема да бидеш.
    Јас и онака целиот живот сум била сама.. во се.. сама се борам да ги остварам моите соништа, некои се оствариле.. некои не.. ама барем знам дека не ми помогнал никој друг.. така да, тоа ме теши и ме освестува дека уствари мене не ми треба некој кој ке ми помага да ги остварам... не ми треба некој да ме направи среќна... се што ми треба е уствари поддршка, и внимание.. некого кому би му била важна и никогаш не би ме напуштил.. затоа што до сега во животот многу личности влегоја во мојот живот но потоа заминаа.. Е тоа е тоа, ми треба некој кој нема да замине никогаш.. без разлика колку и да е тешко да остане..
    Јас не барам многу, во животот мој никогаш не сум имала преголеми побарувања и очекувања.. никогаш не сум го барала совршениот, принцот на бел коњ.. не ми треба совршен ниту некој принц... само сакам некој кој би ми го направил светот совршен па и да е најголемиот грешник... но барем да е реален.. да е вистина... а не како многуте кои ми градеа совршен свет од лаги.. не го сакам тоа.
    Затоа велат, за она кое е добро вреди да се чека... и ќе чекам.. па не ми е поминала младоста... имам пред себе уште мнооогу време... нели додека да дојде вистинскиот треба да поминат многу погрешни..
    Ќе биде и тоа се надевам.. надежта е сржта на трпението.
    А во меѓу време треба да поработам на сегашноста.. на едно нешто од минатото кое ме запира да гледам кон иднината.. да го пресечам тоа конче што ми ги поврзува тие периоди на минато и сегашност... затоа што изгледа тоа ги затегнува работите да се одвиваат како што треба.
    Ќе биде тешко, ќе треба да се борам пред се со самата себе.. со чувствата, со мислите... тие моментално господарам со мојот ум и ме спречуваат да мислам на иднината.. Ќе треба вистински да решам да ставам крај.. иако неколку пати пробав не успеав.. ќе продолжам да пробвам.. и покрај тоа што ме боли многу.. ќе успеам, вреди.. за иднината.. за мојата среќа!
     
    На teddybear и Foreveryoungiwannabe им се допаѓа ова.
  5. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Некои луѓе со само еден топол збор успеваат да ти го разубават и најгрозниот ден,но .................само некои луѓе.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    И си најде дечко како мојот. :D Сличен физички. Аирлија работа! Незнам каков е во умот ама нема шанси да е како мојот. Нена нена неан, пандишпан.... Откако ја раскина нејзината долга врска сите мувачи и се слични на мојот. Коинциденција изгледа. :D

    Какво е чувството кога сакаш да имаш дечко како на твојата блиска? И кога сакаш да ја репризираш нејзината љубовна врска па ги правиш истите работи кои таа ти ги прераскажувала дека ги поминала. Тие работи кои таа ти ги кажувала во доверба бидејќи те сметала за добра другарка. А ти љубоморно си ги запамтувала сите нејзини зборови, се со цел потоа да и ја расипеш среќата.
    ...Ги сценираш истите случки и ги изустуваш истите нејзини зборови. Се со цел да ја доживееш нејзината љубовна приказна.
    Совет за ваквите личности не постои. А и незнам како да се заштитам од истите. Само се надевам ќе и биде убаво со него и нема да ми се меша во врската.

    Дали си замислува како ќе и биде да и го правам истото коешто таа му го правеше на дечко ми?! Дали и јас на зафрканција да и го шмекам и да му се убутувам?! Ама па и да не го правам тоа, знам дека тој кога ќе ме запознае ќе каже дека сум му најубава. Сите дечковци нивни тоа им го кажуваат. И потоа што е тоа е. Љубомората е гадна работа. Посебно кога сакаш да расипеш цела среќа на двајца вљубени. Ама драга како да ти кажам, тебе не ти успеа. А кармата, кармата ако постои ќе ги порамни сметките. Не се секирај драга моја. Убаво што си нашла дечко. Се надевам ќе се љубите и тоа не само од финансиска гледна точка.
     
  7. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Не мора да го читате ова, си пишувам колку да го кажам некаде ;)
    Искрено размислувам да си одам од форумиве, се ќе прочита човек овде, секакви глупости и будалаштии, ептен разболени умови има :^) плус не е ретко и по лична порака да те гњават, машки што се претставуваат како женски, искомплексирани мочли се нафатиле да вреѓаат а незнаат два збора, луѓе со триста профили, мн паметни демек, а кога ќе им ги прочиташ мислењата оф мори мајко |( Ај доста беше. Ама не е на арно, истите будали надвор шо се, истите се и тука така да, не знам колку е паметно да си го губиш времето и овде. Подобро ми е со некој филм или книга да се занимавам, а овде да ги дискутираш и нив ќе ти ги уништат со некои глупи коментари.

    А и јас не сум веќе то шо бев пред некоја година, многу сум сменета и се чудам и кај ми бил паметот за некои работи :) .
     
    На zhap4e и tessie им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.729
    Пол:
    Женски
    Ништо не може толку да ме разнежни, да ми го разубави денот... море дури и да ме распекмези, од мало и слатко животинче. :sun:
    А пак уште ако тоа е маченце... нема коментар за мојата реакција. :inlove:

    Најслатки суштества на свет ми се, ама за жал моите не сакаат мачки и само на компјутер си ги гледам на слики... :worried:
    Еве го моето последно откритие :D
    Го гледам срценцево и не можам да му се изнагледам, си цивкам пред компјутер 10 минути од нежност. [​IMG]
    Ах, да можам на сопственикот да му отидам на гости барем 1 саат и да го изгушкам... [​IMG]

    [​IMG]
     
    На CoverGirl10, Jagoda123, Ann.94 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ми текна за што да напишам песна. Обично не пишувам за љубов и слични патетики.
    Ама не! Неможам да му одолеам. Да му ги изручкам цвикеркиве на тоа убаво главче. А какви дланки имааа..... леле мори мајко! Абе да земеш да го грабнеш и да бегаш. Фудбалер е, развиен е у пм! :|
    Крај еве ме, се наежив. Абе колку се убаво времето, колку си е убава пролетта,колку си се убави луѓево. Ма се ми е убаво кога на него ќе си мислам... Ух, едвај чекам да дојде наредниот викенд и да си го видам тоа муцле убано. Цела се стопив... емоции емоции... Незнам дали е до него или до еурокремот. Ама до кремчево ќе да е. :lol:
    Како си бев тмурна цел ден, си помислив на него и ете ме... емоции летаат на сите страни! Абе убаво е кога човек е млад! Решив да живеам без да рамислувам што, како, некој што ќе мисли. Ако не се изживееме додека сме млади, на стари години сигурно тоа нема да го правиме. Тогаш за лекови и кој од што боледува ќе зборуваме :rofl:
    Препрепреееесреќна сум! Цвикера моја најубава, муценце убанко... :inlove:
     
  10. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    86
    Сакам да кажам...незнам што сакам да кажам..Мразам многу работи..Мразам да ме викаат со О..Торто дај ми ова,напрај ми ова,вака онака..Мразам! Мразам што се нервирам за беспотребни работи,мразам што денес еден лајк од дечко ми кај друго девојче ми го уништи деноттт мразам да се замарам за безвезе бидејќи знам дека ме сака мене ,ако не ме сака немаше ни да биде со мене ..Охх..Родена во пролет,ехх само колку сакав пролетт а последниве две ми се најлошии..што ако имам дечко,кога по цели денови сме дома..А да излезиме ,да прошетаме фатени за рака како во добрите денови ..Ама не,господинот неможе..Уфф бе :envy:
     
  11. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    [​IMG]

    заштооооо заштоооооо ? ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Бриџит Џонс може на мало прсте да ми се фати, е! :wasntme:
     
    На Ann.94, DzingrlakaDzikica и tessie им се допаѓа ова.
  13. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Вчера за промена имав прекрасен ден,еден од најдобрите во мојот живот.Ме натера да сфатам дека не е се така црно како што изгледа.Има многу убави работи коишто се случуваат околу мене кои за жал јас не ги гледам,ме ослепе песимизмов.Почнав да мислам на добро,да се орасположувам,се вратив во живот.Знам дека оваа недела ќе ми биде многу напната и знам дека дали моево расположение ќе продолжи вака зависи од оваа недела.Се плашам од она што може (а и најверојатно) ќе се случи.Ако биде така,незнам дали ќе можам да издржам и да го поднесам тоа.Ама ајде,да мислам малку позитивно,барем тоа ми тргна.
     
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Знаете како, има денови кога домашните просто ве побудалуваат, потполно. На секои 5 минути само слушате од некоја страна: мечеееееееееееееее! Свари ми кафе, постави ми за јадење, подај ми го телефонот, избриши прозори, исклучи ја машината, измери ми притисок, како да пратам мејл, телевизоров не чини нешто, што му е на меилов не се отвара, донеси ми од кола ова, што му е сега на телефонов... ааааааааааааааааааа бууууууууууу, ми иде да им се раздерам да заќутат :devil: ама ги вршам ситните работи од љубов кон домашниве, и плус иако наредуваат нешто го користат барем изразот те молам. Луѓе мене не ми е за нешто друго туку таман ќе си дојдам во соба и ќе се наместам за да прочитам нешто тие од доле мечееееееееееееееее, да се викав мече ќе им вратев со изразот: мечки да ве изедат. Тие се криви што ја губам желбата за учење, а во меѓувреме сум готвач, електричар, механичар, водоводџија, доктор итн :D

    Сега кога веќе се оправдав зошто не учам и секако утре ќе паднам можам да се префрлам на други теми, а уствари јас веќе сум трета година на факултет и сеуште не сфатив какви се тие глупости, сто страни за учење и полагаш за еден скапан потпис, свашта.

    Другаркиве, домашниве, и тук таму уште по некоја личност некако ептен се загрижени за мене... другаркиве цело време ме прашуваат како сум, добра ли сум, ме немало, искрено јас сум истата како и пред раскинувањето само што носам малку болка, и домашниве цело време одоколу вртат за да дознаат како се сносам со работите и ме разгалуваат а нема потреба. Нив им е чудно затоа што одржувам позитивност ама не сакам да се скршам пред нив, едноставно некои денови се добри, некои денови се лоши, некои се предобри додека некои се невиден ужас... ама нели тоа е животот и се ќе помине.
    Прееска една комшивка пријателка на мајка ми ми вика да те запознаам со еден колега на маж ми, висок е, добар... и викам нема потреба. Па почна да ми зборува никако да не сум се откажела и да сум туркала луѓе од мене. Јас не се откажувам, јас верував, верувам, и секогаш ќе верувам и ќе сакам љубов. Не е ништо страшно ако не сакам сега одма. Си имам многу работи во мојот живот за средување, за љубов кога треба ќе се најде негде по патот. Ми треба малку одмор...

    Баталете жални теми, ми се возат ролерки и тоа многу. Еј на времето(пред неколку години хаха) секој ден ги возев, ептен ми е криво што престанав ама може ќе ги побарам наредниот викенд и ќе ги провозам. :emo:

    Земав вчера ги собрав од цела зима сите што сум ги искористила да ги наречам свеќници(знаете кога ќе изгори свеќата тоа чашката што ќе остане), ги измив, и им посадив пченица, па ќе ги обојам со темперни, и во нив ќе им давам велигденси јајца на децава. 8)

    Сонував дека сум напишала книга. Тоа не е невозможно, ако ја опишам цела врска со сите подеми и падови морам да признаам дека книгата ќе ми ја читаат многу девојки кои ќе се пронајдат во мојата глупавост, пердона ме наивност. :lol:

    Постов го пишувам еден саат ако ми верувате, триста работи правам во исто време, материјали преведувам, со другарка ми правам муабет, тука пишувам... ццц, не треба да се потценуваат моите способности :D

    Уште малку мај, мојот месец, најубавиот месец, едвај чекам да дојде. :f:

    Вчера на брат ми му беше роденден, стана детето полнолетно, заљубено е, пред некој ден се скаравме премногу, ми идеше да го убијам, да го задавам со голи раце, ама на крајот од денот повторно го сакам повеќе од се, а и плус до вечерта се смиривме. Тој беше крив па си се извини што е постапка на место. Порасна и тој бре, како до вчера да беше петто одделение и го учев што е рпавоаголен триаголник, а сега полага за возачка. Лета времето :x

    И што е со луѓево што ги раѓаат децава само во април, ме сотреа, бев во страшна финансиска криза, а сега тотално пропаднав, едвај го чекам мојот роденден за да застанам малку на нозе. Ама додека пропаѓав купувајќи им поклони на другите и сама се почастив патики и нов новчаник(имам болест за новчанициве :D )

    Ајт со здравје :hug:
     
    На bittersweet, 1209, Moira и 26 други им се допаѓа ова.
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Денес кога станав сончево убаво утро.Појадував се напов кафе и си го испланирав денот.Но,сите планови пропаднаа.Требаше да се возам во ролери да одам на кафе и слично,но наместо тоа цел ден си го поминав дома ми дојде женскиот проблем,почна забот да ме боле и едвај чекам да дојде 8:00 часот утре за дса отидам на заболекар,па како и тоа да не ее доволна ми се јави наставничката да направам проект за утре директорката ќе идела на час па правев проект во word испечатено и Power Point за да презентирам.
    Ама пак го искористив денот со лаптопот си седев во дворот и си правев.
    Потоа се собравме на семеен ручек и така ми помина денот.
    Сега конечно си легнав во креветот си ставив на масичката до мене јадење,блачно и сокче и водичка и нема сила што ке ме натера да станам.
     
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Тука сум и јас. Трчам наваму-натаму откако почна посилно да сјае сонцето. Место не ме фаќа, имам милион обврски да завршам и се што правам го правам најбрзо што можам.
    Викендов за мене беше обележан со по некое кафе со другарките, посета на баба ми, размена на апсолвентски сликички, и правење семинарски...еден куп семинарски.

    Во недела на 28ми одам на апсолвентска екскурзија. Тие што ме читале во соодветната тема знаат колку лошо се чувствував кога мислев дека нема да патувам. Сепак, дојдовме до некој компромис со моите дома, и сега ќе се шетам! Едвај чекам!!! Од секогаш ги обожавам екскурзиите, за мене не е малтретирање многучасовното возење со автобус, или спиењето во него, или распакувањето и пакувањето преку 1 ден во хотелите.. Уживам во тоа! Ако има некоја девојка која беше на екскурзијата оваа година, нека ми пише ЛП. :)

    Следната недела треба да ми стигне договорот за работа за во Германија. Конечно ќе знам од кога точно ќе почнам. Би сакала да е после 15ти јуни. Баш тој период имам испитна сесија, ме чека и свадба на братучед. А ако почнам да работам, се ќе пропуштам...

    Брат ми е видно возбуден деновиве, беше на концертот на Балашевиќ, и само за тоа зборува, колку убаво си поминал. Растрчан е и тој по продавници, си бара костум за матурската вечер. Јас му кажав, во што и да се облече - најубав ќе биде :)

    И така момички, останете поздравени, се читаме во следна прилика. :*
     
    На bittersweet, Jagoda123, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Човекот го трпи само она што самиот ќе си го дозволи. Се останато се само изговори.
    Ценете се и почитувајте се самите себеси затоа што само вие сте битни и никој друг.
     
    На anggell, ilipili, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.161
    До тогаш до кога ќе одите на Водно и на Матка во балетанки и дотерани ко за у дискотека, ќе бидете велелепни сељанки,а не женски со стил.
    Толку!
     
    На Elennaa, Nefertitii, CoverGirl10 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    162
    Сакам да кажам дека...дека мислам дека те открив медче мое :) само што..не знам како да те прашам, а при тоа да не ми се налутиш..сакам повеќе ти да ми кажеш дека си овде те има. Сакам да ми се довериш и да ми веруваш.. Свесна сум дека вака можеби навлегувам во твојата интима, но толку те сакам што не сакам ништо да ми криеш и сакам од сите најдобро да те познавам.. Може ли ? Може ли ништо да не криеш од мене ? :?:
     
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.583
    Допаѓања:
    13.841
    Пол:
    Женски
    СДК си го видов внучето денес. Што е убав и дебел во тоа образите. Цели 40 дена стар. Ја гледам братучетка ми, од нејзе цело човече искочи :o Што ќе правам јас кога ќе дојде ред за деца? Ај што ќе сум дебела 9 месеца, ништо битно. Идеш се мачиш на бокс неколку саата, и тамам ќе ти олесни, ќе ти дадат жив човек и ти викаат еве ти го твое е, мисли му ја сеа :sweat: И цел живот мајка. Сакам деца, ама страшно ова да му се сневиди. :lol:
    Ама внучето срцка ми е :wasntme: :*
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.