Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Предмалку се вратив дома :D . Од поручекта од пет часот па до сега поминав време со братучедите и ниничка :) . Нина ми се врати од Швајцарија ^_^ . Па се собравме братучедите-нејзините деца јас и сеста ми, и си поминавме супер. Сите се кој на каде, едната братучетка со братучед ми и нина живејат во Швајцарија, а другара братучетка во Австралија. Конечно после толку години сите да се собереме на едно место и да си поминеме преубаво. Конечно да се изнасмееме, да се дружиме и да си апнеме од крофните на ниничка. Навистина многу ми недостигаа крофните на нина, со години немав пробано сега ми направи и прејадов-мноооогу се слатки едниствено она знае да ми ги погоди :D . Нина ни направи повеке јадења, јас препукав епа денес немаше диета за жал :rofl: . Толку убаво се најадов што можам цела недела да ја поминам без јадење :D . Сеста ми пак со тој трубаџиски глас ни ги пукна тапанчињата на ушите :lol: . Почна да ни пее песни та и комшиите ги собра :rofl: . Сестра ми е многу талентирана да пее народни и српски песни така да ни ја правеше интересна :D . Важно сите се собравме на едно место и многу беше убаво :) . Многу си ги сакам братучедите, епа крвта вода не бива.
     
    На Someonespecial, srcekrsacka и Lepaaa им се допаѓа ова.
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ти ништо не знаеш, не знаеш ко на пример дека они таму не идат да шетаат туку да бидат видени, а сите што нема да ги видат узастопно се информирани кој каде е, спамувајќи со слики, чекирања, статуси секогаш кога е тоа можно.
    +не може цуцата во тренерки и патики, со реп, без шминка да се појави у јавност, тоа они го викаат „нарушување имиџ“.

    П.С. Јазик искршив и пак никако да ја погодам „ Јеси ли ти то ту? Јеси ли то ту ти? Јеси ли то ту? Јеси ли ту ти то? Јеси ли ту то ти?“...
     
    На Lilit и kikkki им се допаѓа ова.
  3. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Доста беше за оваа недела I worked my a$$ off, ќе си земам утре слободен ден и ќе уживам максимално. :D Апсолутно заслужувам 24 часа уживање и опуштање за полнење на батериите. Се ставам во charging mode утре. :)
     
  4. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Мириса на лето.Топло време,мене топло ми е и по полноќ инаку,само ајде. :lol: И јас ј средувам/преуредувам куќата,добро ми дојде,на пролетно,на цветно и велигденско.Сеуште не успеав да дорасчистам се,ама ајде има време.Нови навики започнувам,убаво ми доаѓа.Почнав да се хранам поздраво,повеќе да си посветувам внимание себе си,на моето тело,станав посмирена,незнам како да кажам,се чуствувам неверојатно..Одам во кревет.Пријатна вечер. :* :* :*
     
  5. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Гостите заминаа само јас ,празна соба полни мисли.

    Градот спие , вие сонувајте

    Добра ноќ
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.161
    А јас глупа, Водно у патики и тренерки го качувам. ;( Па кажувајте бе друг пат вакви работи да не се брукам така!!!
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Викаат секој си има сродна душа, знаете, нешто што ве надополнува, оној дел што фали од вас... Ама, како ќе ја препознаеш твојата сродна душа? И што ако таа живее некаде во Австралија? И што треба таа сродна душа да направи? Толку многу филозофии - за толку краток живот... Еве јас сум среќно заљубена, среќно заљубена а несреќно оптеретена со прашања од овој вид... Да, го сакам дечко ми, ама ќе можам ли да го издржам цел живот покрај мене... Дали љубовта е прлагодување еден кон друг, или прифаќање на туѓите недостатоци и немо чекање и тој да ги прифати твоите? До каде е границата на прифаќањето? Колку пак човек може да се промени? Што ќе се случи понатаму? Премногу прашања, премалку време да се одговорат... И некако почнувам да мислам дека најлошот одговор е тој што постојано си го даваме - ќе покаже времето... А ако времето реши да забави? Што ако времето задоцни?..
     
    На ana-banana, ilipili, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Ауууу каков ден... Па уште од ранооо , раноо го фатив сонцето , мх мх милина :) Штета што така заврши али ете во секое зло има и некое добро :rofl: :rofl: :rofl:
     
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.816
    Има нешто смирувачко во возењето точак низ парк, без никаква цел. Така, само да си се олабавиш на неделното сонце. Вчера со либето сме биле фатени од папараци, и ми стига на Твитер информација со прикачена слика од мене и него, во далечина, до нас точачињата, како си цугаме пиво :) И баш ми падна мило. Би требало да ја објават во некој весник, ми се чини.
    Романтиката и те како царува низ Градскиот парк. Само треба да си го најдеш ќошето што ти буди радост. Кога ќе се сетам само какви се’ не податоци крие и чува тоа зеленило... 8) :D Први симпатии, дечковци, стискавци, нелегалности, пијанства, сексуални акти по клупи, што да рече човек! Богатство од светски размери :lol: Ете зошто го сакам шетањето низ Парк. Како да си се навраќаш на сета таа лудост, младост, а пак си некако надвор од сето тоа. Стабилизиран, еве да речеме.
    Ручавме шприцерајки + темно пиво, боемски и со отворени мешиња кон светот. Шприцерајка ти е Содома и Гомора на карниворство бре! Мрсно свинско мевце, умотано во сланинка, сето тоа фино искварцано на скаричка, сиренце озгора и холестерол here i come! Ама па од задоволства не се умира.
    Нели? :wasntme:
    Периодов сум сконцентрирана на правење консензуси, размислување во идно време, прифаќање на некои вистини и невистини, душкање лаванда сапун од кутиите на L'occitane, и планирање со усул. Онака, за кога ќе дојдат и лоши денови, многу солзи и страв, да имам каде да го нурнам носот.
    Среќна сум, зошто животов го возам и до сега не сум повредена, а имам лузни како и секој. Важно е што не е тажно, и на крајот од денот, што една перница е поделена за нас двајца, додека се пикам во него за да ме стопли, а после го прегревам и се повлекувам назад. :* Баш додека читав вчера пред спиење, си го смекнав, онака, ко во сепиа фотографија, мигот кој интимно ме освои. Ние, и тишината. Раат. Совршено време да се биде слободен. А да си до некого.
    Санитарна енигма на Јасна Котеска ме залепи вчера за кревет, и посветив два часа, со подвлекување и присеќавање на некои времиња, пред 7 години речиси, кога на факултет ги учевме првите правци во антропологија, женска свест, чистотата и опасноста на Мери Даглас и воздивнував. Ми треба пак тоа чувство. Интензивно учење. Ете така. Одгласов ми вели да расчепкам стипендии, ама комфорот на 6те кг плус, ми вели иде лето, земи вежбај. Е така.
    Чекам впечатоци од патувачкиве мои и ќе збирам магнети на фрижидер.
    Утре ќе ги читам Биси и Бушко на Слободна пролет.
    Можно е да работам на едно сценарио за спот, ама отом потом. Веќе пролонгирањето на некои одлуки, не се во моја надлежност, па ферски чекам и очекувам. Да биде. Сакам да го биде.
    Како што некогаш си се сомневаш во сопствените моќи и способности, па го чекаш мегданот, за сето тоа да си ја добие вистинската потврда.
    Без борба, нема чорба, богами.
     
    На ines.h, Primavera, Foreveryoungiwannabe и 2 други им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Меко утро со семинарски и класичен џез во позадина. Јас сонувам како трчам низ житни полиња во август, а мачорот ме подбутнува и ме враќа во реалноста каде сум шмркава и вешто успеав да настинам на 20 и кусур степени. Избегнав една глупост вчера и не зажалив во ниеден момент. Неделата е ден без плн, чии дејства спонтано се повторуваат. Турско кафе и од навика свртени шолји, залутано благце што се нашло по дома, реприза од Монк што ја гледаме по 456 пат.

    Сончев понеделник. Имам час со мили луѓенца, човечиња со став кои ме оставаат со насмeвка секој пат. Нивните мало-големи проблеми и дилеми, како да им кажам колку ќе им изгледаат глупави за три години. Подголтнувам кога ми текнува на него и си ја задржувам солената вода во себе.

    Го чекам мини распустов за да се дадам на правење семинарски и спремање испити. Си виткам лепче во шамивче за иднината и се надевам нема да ми мувлоса. Ете.

    Букетки за пролет, за инспирација на биро и за миризливи утра.
    [​IMG]
     
    На ines.h, Foreveryoungiwannabe, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    10.353
    Си мислев да се фатам за работа ама морам прво да кажам нешто додека ме држи лутинава,пошто ако не го кажам одма потоа ќе ми помине ,ќе омекнам и ќе го премолчам.
    Што да правам таква сум,таква ме мајка родила :lol: .
    А да :!: сакав да кажам дека многу мразам ама стварно неправда и малоумни нацистички губриња!
    Знам дека сум странец во твоја земја и неможеш да ме трпиш,ама сепак сум ти муштерија.
    И има да се однесуваш спрема мене со почит :!: разбра :emo:
    Не ми служат вакви муштери :o Што мислиш не го разбрав твојот мерда дијалект а ?
    Сигурна сум дека ти самата не се поднесуваш ,а не пак мене.
    Е стварно некои луѓе сами си го асвалтират патот за у П.М,посебнио вакви нацисти,море на такви ми иде одма и среден прст да и покажам ама гледам да не паднам на нивно ниво.

    Вака пишувајки сватив дека и за мувабет не вредат ,и за 5те минути што чкрапам по тастатурата .
    Сакајте се луѓе,сакајте ѓи и почитувајте луѓето околу вас без разлика на нивната раса и вера.
    Толку ми олекна што е убаво што ве имам вас да ви кажам што ме мачи .
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vladus

    Vladus Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    121
    Убаво викаше Калимеро дека НЕМА ПРАВДА! :(

    До кога најмногу ке користат оние кои најмалку заслужуваат?!?!? :^)
     
    На GordanaL, prettyliar, anastasijaki и 2 други им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера ден за гласање а богами и за некои работи ден за паметење :D
    отидов да гласам, набљудувачот од минатиот пат ме вели те памтам јас тебе :tmi: -после ми текна од каде го знам типов :D дојдов дома, па ај чекај ја мајка ми да се врати, па татко ми отиде |( и ај отидов во штаб да израмнам сметки со дел од партијава-како што ми беше кажано, после неколку минути доага Јарецов-дечкото што ни е заменик, се врти, ме гледа, место не го фака човеков-ај му дадоа телефон да врти кај членовите дали излегле на гласање-го држеше телефонот во рака, ни да прозбори ни ништо. а јас не можев веке да издржам и и велам на другарка ми дај да излеземе, не можам да го гледам-не за друго, нешто ке ме стрефи од нервоза, што од бес скандал ке направам овде, и добро излеговме пред врата-муабети, муабети, овој по нас |( и ај со еден сопартиец решивме да се прошетаме а и да одиме на кафе-само што спомнавме, тој-а каде ке одите :tmi:требаше да му речам дојди и ти ако сакаш, ама не ми текна :doh: и другарка ми му кажа ама го излажа хехехе а рече дека сум убава ама јас ко за инает-не слушам и не гледам ништо-пред да тргнеме моментов:
    едно девојче го знам од порано, и и пратив една целувка, овој одма се сврте-се шегував и така ко божем ја изеде :lol: кај ми текна незнам хехехе-јас а другаркава решила да не зближи со еден сопартиец-малку постар од мене е ама е мамино галениче-го знам него од порано и се дистанцирав од него-финтата беше ја заборавила јакната :D кога дојдов дома-исто ко во лудница да бев :lol: малку се одморив и дајрект на медитација-од политика главава ко две ми стана-излегов малку порано од таму гледам штама насекаде-а знаев дека ке биде така, имав претчуство и се исполни-ке ме биде за гатачка ама за срека не поминав од таму од каде што имало инциденти-е само уште тоа фалеше
     
    На senza.parole и anabel-a им се допаѓа ова.
  14. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Не ми јасно што фајде од тоа на анонимен форум да пишуваш мислења кои најверојатно не се искрени. Само за да им се допаднеш на другите членови? За да имаш повеќе лајкови?
    Овде сите пишуваме под псевдоним, а повеќето се плашат да си го кажат своето мислење од страв да не бидат нападнати од другите. Па ајде, во семејните теми ќе пишуваме како ние сме со многу широка душа. Па мене не ми смета золвата, мене не ми смета свекрвата, мене не ми смета јатрвата... Сите среќно си живееме. :^) Ма немој? Дури и во новата тема, онаа за задоволните снаи и свекрви, снаите презадоволни оти свекорот и свекрвата им купиле куќа/стан, оти свекрвата им готвела им чистела, дете им чувала. А пак золвите биле многу мили, ама мрзеливи и не придонесувале финансиски за дома, па на тој начин и‘ штетеле на мајка си. :^) Или пак золвата ја научила снаата да му спржи јајце на мажот си (на братот) и тоа никогаш не и‘ го префрла (не, само овде на форум). А ако не купат куќа или стан (свекор и свекрва) по дифолт не чинат. Тогаш и да чисти свекрвата и да готви - џабе е! Барем еден спрат од куќата да имаа |( . Сите ние златни! Цвеќенца за мирисање. Ама другите не чинат...всушност добри се, прекрасни се (ако имаме фајде од нив), а ако немаме фајде- јок, не чинат.

    Во ова виртуелно друштво, многу е битно кој со кого ќе се дружи! :tmi: Кажете си го ставот јасно и гласно, не мора во украсна хартија да го замотате.
     
    На sesilija, AnaKarenina, Monna.Monna и 14 други им се допаѓа ова.
  15. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Моето внимание им го посветувам на тие во чие присуство се чувствувам добро. Другите може да почекаат Добро утро феминки имајте пријатна работна недела :wink:
     
    На GordanaL и Katerinceee им се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Дејдриминг во опасна форма -кога ептен се уфилмуваш и завратуваш ракави за работата, а уствари врска нема од реалноста. Виновен е травел ченел, и со тоа нивните хаус хантинг емисии. А мене ѕидовиве ми се стеснуваат, ми врие крвта за море. Сериозно сметам дека ми е судено да живеам покрај море. Не, не ми е до плажи и до бањање и до сончање...само сакам да се разбудам во 7 наутро и од прозор со ветре, мирис од море да ме расонува :doh:
    Во поход кон соништата, им давам фикс идеи на другарките да одиме да береме грозје во Тоскана или јужна Франција :tmi: Не дека има море таму, туку во глава ми е дека друго сонце грее, друг мирис се шири... (нормално не се согласија). Од едно на друго, направив комплетен план со кола до Драч, на брод до Бари и доле во Полигнано а Маре во куќичка со излез на море :tmi: Совршен план, пресметки плус-минус, заинтересирани=сите :lol: Арно ама, проклетиот гугл го засени местово со Позитано, а проклетото толку е прекрасно, што стварно не можев да сфатам како порано ич не ја сакав Италија. :worried:
    Од другото на третото...решено е (барем за денеска). Сакам да живеам на Мадеира! Го знаете островов? Над Тенерифе е, не изобилува со плажи, ама природата :x Ах бре, толку водопади, прекрасни патеки угоре низ островот, убавини... :doh: Дури и куќичка си најдов, цели 170.000евра. Одлично нели? Другарка ми рече до кај 70г. ќе ги собереме. Ако едната од нас ја нема до тогаш, заштеденото го зема другата. Ах...

    И луѓе бре, луѓе што стојат здрвени покрај одличен перформанс, пуштете раце и да боли, дадете аплауз.
    [​IMG]
    јап, детс ит :geek: Патем, овие од кабловска ми ја исклучија травел :devil:
     
    На Ethrnity, bittersweet, CoverGirl10 и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Сонував ми се случило нешто лошо, и право сум истрчала пред компјутер да напишам на Фемина.
    Навистина Фемина е виртуелен доктор.
    Кога ќе излезе нештото од мене, целиот товар ми се симнува. И после ми е сто пати полесно.

    Така и во сонот трчам на Фемина да напишам...и наеднаш се будам. Ни компјутерот не стигна да се вклучи. |(
    Па ајде си викам, ако не на сон - на јаве ќе пишам :D

    Туку на мајка ми и се укочила половината. И слушам уште рано, некој вика Илууу дојди да ми помогниш!!
    А, јас мислам во сонот ми викаат и јас се дерам на цел глас, Не се качувам на авионот. Се премислив, тра ла ла ла!
    И, влегува во собата целата зачудена - Каков авион зборуваш, кај ќе одиш? :rofl:
    Жената озбилно си помислила. Страв во коски има да не заминам далеку. Зошто често тоа и го зборувам. Сега секој збор каде што има странство ја потресува.

    И, кога и кажав дека тоа во сон сум го кажала. Камен од срце и падна на жената :whew:

    Туку на повик сум цело време. Дека неможе да се наведне, на секој пет минути ме довикува да кренам нешто.
    Жалче ми падна за неа...цела недела чисти, генералка прави жената.
    И вчера гледам ми ја наместила масата на тераса, сега кафенцето ќе ми биде највкусно.
    Срце е, најголемо. Ама, стварно нај нај најголемо...(мајка што да правиш :$ )
     
    На Glossy-girl, kravce, Primavera и 8 други им се допаѓа ова.
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк нешто на арно ми тргна во животецов :lol:

    само позитивни работи ми се случуваат пу пу да не се урочам. ( само да не ме стрефи нешто ... чисто заради баланс :) )

    денес добив изненадување благодарение на мојата упорност и желба за работа. ако успеам ќе се пофалам ако не живи здрави, баш убаво ми дојде на душичкава ете така се чуствувам успешно :D
     
    На midnight.flower, kravce, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... годинава е тргната. Се случуваат ... но допрва ќе се случуваат големи и среќни, за доолгоо паметење моменти. Конечно и мене да ме продрма животов онака добро. И конечно ќе се лета :wasntme: ... Дали ќе издржам и како ќе ја поминам целата ... извештај на крајот на годината. ;)
     
    На kikav, midnight.flower, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  20. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Roses are red :f:
    Violets are blue :f: :D
    God, made me pretty, :emo:
    What happened to you? :?: :rofl:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.