Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Се сетив на една дискусија на Кајгана, има таму една Лејди и некоја буква и‘ е никот, мене ми е многу комична, може и овде е членка :hai: , таа е најголема Скопјанка, поголем локал патриот од неа, барем виртуелен не постои. Најомилена дискусија и‘ е сочно плукање на провинцијалци. Така таа гордо изјави дека по тренерки шетаат само провинцијалки, а исто провинцијалките не знаеле дека влошка се витка на двапати и се става во најлонче.

    На тоа еден форумџија (Змејко бај д веј за оние кои членувате и таму) рече дека си шетал така низ Водно по теренерки, кога го виделе група стари Скопјани почнале да го тепаат. Ама, арно му нашле во џеб влошка во најлонче свиткана на двапати, па спасил жива глава :rofl: ...
     
    На midnight.flower, sparklie, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Конечно си дојде малата од Турција па сите си добивме по едно поклонче :) :) јас мало ама вредно !
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Како да им објасниш дека наочари ЗА СОНЦЕ на облачно време на очи НЕ СЕ НО-САТ, и дека во затворен простор, како што е автобус, ИСТОТАКА НЕ СЕ НО-САТ?!?!

    Глупо е, сфаќаш?! Не е само опни ги наочарите и гурај. Постои опција во траење од 1 секунда да ги тргнеш и ставиш на глава, ако веќе сакаш да ги рекламираш до толку. Ама коа не моеш да објасниш... само преврти ги очите и ти твоите немој да ги носиш во такви околности. |(
     
  4. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    1.228
    Пол:
    Женски
    Моментот кога и покрај тоа што ти дошол циклусот, имаш херпес и многу си нервозна, сепак се чувствуваш проклето секси :wasntme: :D
     
    На Hipica и GordanaL им се допаѓа ова.
  5. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Боже Господе на фејсбук само "лајк и ова ќе направам,лајк и она ќе направам" ќе прочиташ.Ништо паметно.Побогу,луѓево ќе почнат од лајкови да живеат.
     
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Обично си држам јазик меѓу заби ама морав. Како да им објаснам на сите оние што имаат вакви коментари "наочари за сонце на облачно не се носат" дека кога носиш леќи не е битно облачно или сончево, ветер има па една мајка знае како е прашинка да ти влезе.

    И која е таа логика да ти смета дали некој носи или не носи наочари во автобус? Знаете колку пати го имам слушнато овој муабет? Нејќум бе да ве гледам по автобуси, на се да се имало коментар, затоа си носам наочари. 8)
     
    На antonina, Nefertitii, Hipica и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Еј браво многу си јака, аплауз? Постот не се однесува на тие што носат леќи што не се ни 10% од тие што носат наочари за сонце, туку на тие што мислат дека е шема тоа. Прво викаш дека е ради проблеми со очите, после викаш дека нејќеш да глеаш околина, па што идеш со автобус тогаш |( . :^) Како и да е, терај.
     
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    17.249
    ^ Не дека сакам многу да се мешам, ама мене на очно ми рекоа дека кога нема да ги носам оние со диоптер, да носам такви за сонце, без разлика дали има сонце или дува ветер. И дека баш тие ‘наочари за сонце‘ повеќе биле наменети за да те заштитат од ветерот.
     
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    И јас да се вмешам во муабетов. :D
    И да си кажам дека и јас носам наочари кога е облачно зашто ми смета светлината поготово на вакво време каде што е облачно но тука и таму се пробива некој сончев зрак. И незнам која е логиката на пример кога идеш на зимување да носиш наочари и тогаш е ок да се носат а на вакво време не е.Значи наочари за сонце не значи дека буквално треба да се носат кога е лето и е сончево. Секој си ги носи кога му одговара и мене тоа ми е ок.
     
    На CoverGirl10, Espadrila, x-MajaEsposito-x и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^А и во затворен простор ви сметаат? Пошто гледам и на факултет влагаат со наочари и не ги вадат, освен ко ќе дое професорот. Присеќа на Велики брат :lol:
     
    На CuteEva му/ѝ се допаѓа ова.
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    ^^ Ае и јас ке се смешам :P од досада :lol:
    Се согласувам дека има некој шо ги носат наочарите за ,,чалам,, мислам тоа од надалеку се гледа ]:) Али повеќе се согласувам дека има луѓе кои имаат проблеми и не гледам ништо страшно да се носат наочари во облачно време (освен ако се носат за фалење и рекламирање :!: ) туку напротив ги разбирам сите.Ете и јас се вбројувам во оние кои носат наочари кога времето е облачно..
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    И ја гризнал устата и на фејсбук ставила слика како и тече крв и го означила
     

    Прикачени фајлови:

    На Name, tessie, la-chicka и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    21.013
    8) СДК дека Ова со очилава за сонце стана малку жустро, ама да надополнам и јас.
    Мене многу ми смета сонце. И секогаш ги носам, па и кога е облачно. НА снег па дури и повеќе отколку на пливање, од аспект што снегот ги апсорбира, ги одбива или нз шо им прави на сончевите зраци и буквално заслепуваш.
    Во затворен простор секако ги вадам или ги ставам на глава. Но има секакви случаеви, претпоставувам за нив се однесуваше забелешката, кога очилата се носат чисто ради стајлинг или статус, па глумиме госпожи или слично. Можеби и не ми се допаѓа но тоа е субјективна работа.
    А има и случаеви, дома имав личен пример - татко ми, поради одредени проблеми со очите- му сметаше секаква светлина- тој телевизија гледаше со очила за сонце. А познавам и уште многу такви.Дури имаше и на ТВ еден водител ако се сеќавате емисиите ги водеше со очила.Тоа сигурно не му беше да си ги рекламира очилата и ради нз каков стајлинг.
    Од зорт....
     
    На x-MajaEsposito-x и MaxyMax им се допаѓа ова.
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Многу ја сакам храната во лето.. Едвај чекам да почнам да приготвувам летни пинџури, печени пиперки со лук, пржени пиперки и домати, сос од домати, пржени тиквици, пржени пиперки, салати..
    Да гладна сум, а кога сум гладна мислам на храната која ја обожавам.
    Храната во лето ем ми е лесна за приготвување, ем брзо ја приготвувам, ем се најадувам како човек.
    Со сласт, лижам прсти, мацкам тањири, абе храна за мерак, ми е таа храна.
    И како се затоплува времето, така се повеќе копнеам по сочни домати, краставици, пиперки..
    Па да си направам една шопска, да се напијам ракиичка и да ја измацкам течноста од салатата! :geek:
    Денеска на менито за ручек имаме пржени тиквици со лук и магдонос, пржени компири, јајца и таратур.
    Лиги ми течат додека го пишувам ова.
    Некој се радува на месо, јас на зеленчук.. За мене нема ништо поубаво од домати, краставици и пиперки..
    Мирисот на домат.. Аххх..
    Мирисот на краставица...
    Лута пиперка во шопска салата..
    Е тоа е ЉУБОВ!
     
    На Annath, kravce, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  15. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Те разбрав одма што сакаш да кажеш. На факултет кога ќе ги видам внатре со наочари, де ги креваат де ги спуштаат, ми иде да им ја залепам по една. Очигледно е дека е фурање без потреба, ама како иначе ќе им ги забележиме ,,оргиналите,, D&G, Dior, итн...
    Инаку јас имам проблем со солзење на очите и не носам наочари само кога врне, а си ги купувам стрикно од пазарче. Ама во затворена просторија да носиш, а притоа очите ти се потполно здрави... глупо е.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.386
    Допаѓања:
    18.022
    Пол:
    Женски
    Го мразам овој свет!!! Се понечесен и полош и никаков станува :@ Како можат бе да го видат братми дека одкако пишал спортска а телефонот му стои на маса и испаѓа и го заборава а во кладилница седат 3-ца луѓе и одма во секунда да се врати и да го нема телефонот а тие да не знаат :@ ДЕМЕК, а ѕвонел и некој од нив цело време го стискал џебот! :@ НЕ ПИЕМЕ НАФТА!
    Само едно се прашувам како можат ваквите луѓе да спијат мирно????
    Зарем не ги гризе совеста барем малку???!!! ;( ;( :devil: :devil:
     
    На Jagoda123, GordanaL, VIN.diesel и 2 други им се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    17.249
    Ах, она чувство како помала кога ќе ти дозволат да седнеш напред, на совозачкото седиште - непроценливо. Додека бев мала, немав многу прилики оти немавме сопствено возило, но и сега не испуштам шанса.
    Сега непроценливо нешто ми е кога ќе ми дозволат да седнам позади воланот. Не, не да седам и да ‘возам на суво‘. Вчера првпат седнав, се научив да ја запалам, да тргнам. Вртев неколку кругчиња по една ливада. Потоа се научив да ја извртам колата во рикверц. Абе, горда сум самата на себе, на секој се фалам. :) Па добро, и за фалење е, првпат да пробам и успешно да биде.
    Вчера имав преубав ден. На мајка ми и беше роденден, па цел ден бевме на излет со нивните пријатели. Изгорените образи ми се доказ дека цел ден играв фудбал. Сакам повеќе вакви викенди, исполнети. :)
    Во сабота се сликаме за на табло, а јас нејќам. Т.е сакам ама во средината на мај, таман да ми пораснат уште влакненца на веѓите за да можам да си направам форма. Оваа недела плус одиме на екскурзија -Матка, Скопје. Кај било, да си поминеме убаво. :)
     
    На Annath, Moira, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Јасно е дека сите карактерни особини се за живите суштества, меѓутоа човечкиов род , со секој нов ден станува се по мизерен.
    Очигледно е некоја порака, чим пред нос упорно ми се сервираат нови и нови примери за расипаноста и „вредноста“ на луѓето, и упорно ме потапшуваат по рамо да се освестам.
    Луѓево те бараат само да исцедат нешто од тебе, или во крајна линија да се пофалат за нешто, ама никако да те побараат за да те прашаат како си, дали ти треба тебе можеби нешто...

    Имам многу блиска личност која ме разочара целосно. Не верував дека нема љубов ни за својата мајка која од петтни жили се труди за неа. Ќе се појави по некогаш кога и требам,и ќе бара помош за некој материјал, ми дава обврски за се и сешто, знае да те извиси, и се така во круг, а замисли сака да се фали и слави за своите победи и успеси, а ја боли ако и кажеш за себе, не сака да чуе, се затвара во својата школка и ја нема. Знаев дека не ги сака ни оние кои ја доведоа до таму, и секој ден и помагаат и морално и финансиски, ама да немаш грам чуство на тага ако ја навредиш мајка си, незнаев...
    Секогаш се јавува и појавува доколку има потреба од мене.. Веќе цревава ми играат ламбада кога ќе видам дека имам повик или порака со нејзино име.
    АМА!
    Глупавата јас си продолжувам во филмот на глупоча и доброча, и и излегувам во пресрет секогаш кога и да е во моја моќ, а зошто? Знае некој тоа да го цени? Утре ќе ти рече дали ти треба помош тебе? За едно фала да не збориме, одамна ја изгуби вредноста тој збор..
    Преку ми е од оние муабети за самосожалување кои ги креираат луѓево, од типот остави ја неа, се она има, јас се мачам... МОлам? Од каде знаеш што ми се случува мене, кога еднаш не си ме прашала?
    На ваквите да им доверам за мои нервози, несоници, секирации, падови? Две чисти за себе немаат, а и немаат ни слух да те чујат, односно не, немаат ни памет за да помислат на тебе и да те прашаат како си.

    И да, од кожа ме вади кога ќе ми седне некој на компјутер, или ќе ми го земе телефонот и ќе ми рече да разгледам..Ало, помина времето кога бевме деца, сега мобилниот и компјутерот се приватни и лични алатки, немаш што ти да ми чепкаш по фајлови , во пораки и слики. Едно е да го употребиш ако имаш потреба, ама друго е да речеш да чепкаш, да добиеш негативен одговор и упорно да си го тераш своето! Треба да изреагирам како лудо животно и да ти го џапнам од раце,да ти повишам тон? И тогаш следи, нешто крие чим е ваква!

    Ау Боже, што се шета по земјава... :tmi:
     
    На Boleyn.7 и Trnche им се допаѓа ова.
  19. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Еднаш ќе ја отвориш вратата од терасата и цела соба ќе ти се наполни со муви. :devil: :lol:

    И така си седиш опуштено пред компјутер,а тие ти зујат над глава и те нервираат.
    Стануваш,земаш крпа и се претвараш во НИНЏА. :ninja:
     
    На Someonespecial, Veki4kaa, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Малку ми се чудни тие кои сакаат да си одат од државава, а тука држат работни места како демонстратори, адвокати итн итн. Мислам дека самите не знаат дека кога ќе стапнат на американско тло под:
    А) ќе бидат илегално таму, а за да добијат државјанство треба дебело да платат за истото
    Б) бидејќи немаат државјанство ќе треба да работат нешто како во супермаркет, чистач, дадилка или нешто како администрација во фирма на некој наш... Таму нема веднаш да бидат на високи функции.
    В) ќе треба да работат, работат и работат - нема да имаат време за пиење кафе во некој кафич (настрана тоа што во Америка не ни има кафичи, туку само пабови).

    И треба да се стварно подготвени за многу асална работа, за таквото темпо на живеење, за таквите луѓе кои размислуваат баајги поразлично од нас.

    Инаку немам ништо против амбицијата да се замине од државава. Да се види нешто друго. Да се биде отворен за нови животни патеки. Ама секогаш пред да се одлучите за таков чекор размислите дали можете да го поднесете. Мислам дека се може да се поднесе ама дали сакате да живеете така? Дали ќе ви биде лесно да не одите на кафе секој ден и да не бидете потпомогнати од родителите?

    Во животот секој нов чекор е убав.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.