Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.154
    Не се плука по ништо хумано кое како "нус ефект" ќе предизвика чувство на ВИНА, а не хуманост како таква, па ќе се постигне цел...и тоа е многу,многу тажно...
    Повеќето луѓе сочувствуваат и се хумани само заради себе и комплекси. Сакаат да се хумани ради чувството на супериорност,а не затоа што така чувствуваат...
    Мислам...мене ми се блуе од луѓе кои се изјаснуваат како очигледни мизантропи,а потегнуваат потези за да си се исперат себе си.

    Ама ве молам луѓе мои, кажете ми како купеото кафе е хуман чин во држава во која не се пие ритуално??? Значи прифаќањето по дифолт на конкретната идеја без да се разработи нештото до крај укажува дека личностите повеќе биле во фазон, еј нека се дешава нешто,башка ќе испаднам добра личност... А тоа кафе бездомникот ќе може да го испие достоинствено во стаклена чаша во самиот кафиќ? Па се разбира не... во пластични чаши ќе им биде давано и нема да има третман како сите гости,иако кафето е платено поштено... Каде е моралот во приказната тогаш????? Зошто истата во другите земји подразбира и да си седне човекот поштено како и сите други...
    И сега никој не смее ништо да каже,зошто ќе испадне монструм, зошто тие личности не се способни да разберат што им кажуваш,па почна да поминува кроз лелееее колку треба да си глуп и ретардиран да збориш против нешто хумано... И сите ќутат,а сите тролаат и коментираат задскриено. Хуманост не е сапун, тоа се учеше у запознавање со природата и општеството... Не постои нешто како хуманост за хигиена на личноста. Никој не е против хуманото, туку е против лошата организација која говори за мотивите на личностите кои сугерираа...

    И сега е контрата ова...

    http://www.dnevnik.mk/?ItemID=50D45C6BC ... 25E24E15F3

    Браво за струмичани! Сериозно,БРАВО!
    Храна е живот, храна може било кој да купи и кошта многу помалку,така што може секој да си дозволи да допринесе и многу повеќе да направи некого среќен и задоволен, да си наполни стомак.

    Само подраго би ми било совеста да ви вели да купите оброк и без никакви иницијативи. Сериозно се запрашувам дали навистина постојат толку малку луѓе кои самоиницијативно купуваат покрај себе за барем едно смрзнато ромче/циганче или било кое бездомниче?! Сериозно, необјасниво ми е... Дали им се исплати само ако биде под одредена активност и јавно кажано, за да им влезе во сивито на социјалниот живот,а за онака најмала грижа у животот им е да купат некому оброк...

    Седат во кафич, поминува детенце со букетчиња јаглики и понизно ги подава и познатите твитер фаци му мавтаат со рака,као тргни се. ЗНАЧИ ВИДОВ со свои очи ВИДОВ! Поминува дете со влажни марамчиња, они го игнорираат... Значи тие деца сепак се трудат да ЗАРАБОТАТ, значи самите, не бараат милостина, но очигледно им ја согледуваат ситуацијата, но ЕЈ ЌЕ БИДЕМЕ ХУМАНИ кога се работи за бездомници зошто изгледаат кутро и бедно...зошто така подобро се чувствуваат. Е ТУКА драги мои ќе ја видите правата слика! Не ми поминуваат лесно вакви личности, им ги поздравувам иницијативите,дури и да се лицемерни, ефектот е важен на крајот,ама...нека не си ја перат совеста и личноста зошто предизвикува потреба за поштено повраќање! Значи луѓето се во состојба да ти плукнат по достоинството на најгадниот можен начин!

    Кате оди во училиште и ден денес ја сретнувам,еднаш одамна пишував тука за неа и никогаш повеќе. Зарем треба да си направам плакат и да речам поштувајте ме зошто јас и помагам на Кате и купувам ѓевреци за циганчиња што дуваат лепак,иако повеќе пати ме ркнале поштено?! Признавам,гадничко е...ама зарем размислува? Имал семејство кое ќе го воспита?!
    Сериозно, сакам да ги ркне бездомник за да знам како ќе го разберат и дали ќе им продолжи хуманоста... или нивната суета ќе рече, како не,он мене ме плука,јас него јадење ќе му купувам...

    Муабетот е... не мора да има иницијатива, зошто како таква, знаеме...ќе замре кога -тогаш... Зошто не ви текнува драги луѓе самите да купите оброк и да го дадете на некој кој му треба,а низ градот на секој чекор се...буквално! Се е до навиките и се е до умеењето да сочувствуваш со состојбата на останатиот. Да согледаш дека тој се срами да ти ги земе парите, ама не се срами да ти продаде ќибрит или запалка или паломи или влажни марамчиња или ноктарки или не знам веќе што,ама порадо ќе го одминете зошто не ви треба тоа во моментот или едноставно зошто не го забележувате тој човек зошто не ви е важна неговата состојба...

    Како што кажа Трендафилка, твитер, место на претенциозни глупаци, со чест на исклучоци...

    Koj разбра,разбра, поентата ми беше...нема да ве направи повеќе луѓе ако јавно се истакнете и да се исперете за сите ваши глупости. Ако сте испаднале злобно копиле у животот, сте повредиле нечии чувства намерно и сте си сами на себе одвратна личност,онда такви сте. Нема да ве опраи некаква акција. И богатите даваат пари,ради намалување на даноци...да се разбереме.

    На луѓето не им треба кафе,им треба храна. Уште еднаш ја поздравувам иницијативата на струмичани. А луѓето за да ги направиш хумани, не се прави забава,се прават флаери, се бира семеен ден и час кога има најголема раздвиженост во кафичите кои ќе соработуваат (веќе кога кафе е целта), се допира до целна група која може да си дозволи да плати две кафиња,а не некои студенти кои зависат од буџетот на родителите. А не со забава у 20.30 навечер... Ова е една суптилна форма на Госпи грл елитизам кога за извиѓење ќе дојдат еден куп луѓе. Ма ајде жртвувај ја сончевата сабота и својот викенд и движи се по градот делејќи флаери, правејќи узбуна за луѓето да се освестат...па нема,се разбира...

    Кој како сака нека го разбере, ама не можам да поддржам луѓе кои се перат кроз вакви работи еднаш во животот,а потоа ништо не прават по тие прашања. И не можам да поддржам кусоумни иницијативи! Зошто сакам работи кои трајно ќе го менуваат умот и перцепцијата за доброто и луѓето, за хуманоста и чувството за останатите во секоја смисла. Зошто вакви личности потоа и се добри пријатели и добри соработници,ете тоа сакам да биде НУС ЕФЕКТОТ на хуманоста,а не совеста или стравот! МОРА да се смени менталната матрица на овој прост народ! Да, прост, најпрост, зошто умеат да зборуваат за се останато и да се експерти за се, а забораваат да се луѓе!
    И мило ми е луѓе кои ги почитувам и не ги познавам и луѓе кои ги почитувам и ги познавам, а припаѓаат на оној дел од масата во државата која е авангарда без потреба да биде видена,се согласува со истото, а направиле многу,многу повеќе хумани дела,а никогаш не го истакнале јавно. Од волонитрање во кујни, до давање на крв, до мрзнење пред празници да се соберат пари,до не знам веќе што...

    А Теодора, она со локал патриотизмот... Страшното е што некои личности го сметаат за личен успех живеењето во центар на Скопје,а не како некоја проста веројаност. Најголемите сељандури се стационирани во централно градско подрачје, потпишувам со две раце... Немам исклучок,а ако има тука некој таков, мое опроштење,тебе не те познавам,ама тие што ги знам...тн урбаните фаци на Скопје...се... говна од луѓе,извинете на изразов. Пошто локацијата им дава чувство на супериорност, што укажува дека се ретадирани.
     
    На Ethrnity, Annath, WildCherry и 13 други им се допаѓа ова.
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    не е добро ова сто ми здосадува животов :x :x :x
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Точка.
    Толку мала а толку битна и толку изоставувана.
    Се запрепастувам секој ден, колку луѓе поима немаат дека постои точката како интерпукциски знак.
    Дајте луѓе, смачено ми е веќе да читам текстови што не содржат точка.
    Толку ли е тешко, точка да се става на крајот на реченицата?
    Неможам да разберам искрено.
    Не мора да е писмена по македонски за да употребуваш точка, не е кривично дело и на друго место да се употреби.
    Учиме други јазици, се натпреваруваме во незнам какво знаење, жалосно е да не се знае да се напише една проста реченица на македонски.
     
    На Annath, sparklie, kravce и 20 други им се допаѓа ова.
  4. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.386
    Допаѓања:
    18.020
    Пол:
    Женски
    Бујрум кај мене на ручек :lol: има пиперки со јајце и сиренце пржени ммм прсти да излижеш :P
     
    На Jagoda123 и GordanaL им се допаѓа ова.
  5. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК се ишишав ;( ме зафркна фризерот ме скрати повеќе ;( :doh:
     
    На Inna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Ееее Хипстер, мајка ми цели тетратки ми кинеше заради вакви пропусти.
    Не само поради точките, туку и поради запирките.
    Го читаше напишаниот текст како една дооооолга брзозборка, се додека не изгубеше здив.
    Потоа ме прашуваше: Каде имаш тука пауза? Мислата не си ја завршила, а веќе си почнала нова. На што личи ова?
    Тетратките партали ми ги правеше. :?:
    Знаеш како вели татко ми? Теле се очи, вол не!
    А сето ова се учи уште во основно образование.
     
    На thinkerbell, Annath, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК толку мноу бури претрпев што веке се изморив постјано да паѓам тоа беше многу тежок период но мислам дека ке почнувам да верувам во она ПО ДОЖДОТ СОНЦЕ ИДЕ и искрено се надевам дека така ке биде се надевам конечно почнува се да се сталожува и конечнно се надевам дка ке можам да го потврдам она ПО ДОЖДОТ СОНЦЕ ДОАЃА
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  8. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Јас сум заљубена во двајца. Ни на дишман не посакувам такво нешто. :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.386
    Допаѓања:
    18.020
    Пол:
    Женски
    Океј! Свативме дека е самобендисана и дека сака да покаже колку добро изгледа. Ама ова е Ту Мач! Дека има тело, ИМА! Ама ајде ако има убаво тело уште гола нека се слече, па сите да видат. :tmi: :o
    http://www.youtube.com/watch?v=mD0c41-Ojsk
     
  10. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    574
    Пол:
    Женски
    devojki дали некоја знае кој беше бројот во МВР сакам да се јавам да закажам за пасош,незнаев кај да го поставам прашањето затоа тука пишав :)
     
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ќе патувам, ќе патувааааам! :party:

    Среќна сум!

    Си ја земам цела следна недела слободна и не сакам да видам никого! Одам на road trip, на заслужен одмор со него и уште две мили личности, на тура низ неколку европски градови! :rock: Во сабота се пакуваме во кола и да не' нема! :dance:

    Е ќе си пукнам од среќа! Има да ги измерам сите улици во местата што ќе ги посетам! Ќе шетам, ќе мирисам, ќе вкусувам, ќе си мекнеам, будна ќе сонувам! Само небото ми е граница! :sun: :f:
     
    На Buttterfly, anuskaNESTLE, ilipili и 39 други им се допаѓа ова.
  12. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    досадно е без летоооооооооо, досадно......... |( |( |( |( |(
     
  13. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    А женско како женско.
    Колку и да изгледа јака пред светот,таа можеби умира одвнатре.Најмал проблем е да одглуми среќа,барем во тоа е добра.Но не прашувајте како навистина се чувствува и тој одговор ќе ви го одглуми.И да е на самото дно,нејзината глава ќе биде високо крената,насмевка развлечена на усните,малку шминка за да ги покрие трагите од солзите.
    Зошто жената како жена,родена е за да издржи се!
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Добрите пријателите претставуваат насмевки, а лажните пријатели главоболки... :?: Уфф, се изморив веќе од се! |(
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Таква сум како што сум и немам намера да се променам поради желбата на останатите!!
    Си се сакам онаква забегана, луда, откачена, забавна.... Тоа сум ЈАС, сакаш прифати ме, сакаш не. Мене не ми менува ништо 1 човек повеќе или помалце во мојот живот а особено ако се работи за некој/а бесчувствителен/лна личност која незнае да го цени она што го има. Давам секакви коментари насекаде особено ако е некоја моја позната тема, сакам да се смешам да дадам совет или да се вмешам во нешто али сепак тоа сум ЈАС и несакам да се променам во лоша, темна и повлечена личност која незнае за зборот забава а уште помалку за зборот НАСМЕВКА. Тоа сум ЈАС, девојката каде што ден без насмевка не е добар ден не само за мене туку и за останатите околу мене, имајќи негативна енергија јас ги загрозувам и останатите кои во мое присуство се чувсвуваат тажно, поради таа помисла не сакам да бидам таков човек,сакам да се чувствувам слободно, сакам да се смеам а имам доста причини, нели? Секој поминат ден е дар од Господ и тоа треба да се почитува. ! :)
    Можеби не кажав нешто паметно али се чувствував пренатрупано и имав потреба ова да го изнесам од себе. Се надевам дека не направив ништо лошо :|
     
    На Antoninaaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    мирисот на јоргован се шири низ целата моја соба.... ах тој прекрасен, опоен мирис на јоргован....помешан со мирисот на нежниот дожд и јужниот ветер, просто те тера да се заљубиш.... да се заљубиш во прлетта! Нели е најубава? :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На kravce и Libera им се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Дали размислувате пред да кажете нешто?
    Кога ќе му кажете на некој дека има бушава коса, можеби прележал рак и сега му расте косата, и можеби, само можеби, си ја обожава бушава.

    Дали некогаш размислувате пред да осудите некого?
    Можеби мислел дека во соседната соба нема никој и се опуштил додека вие сте спиеле.

    Дали некогаш помислувате на другите пред да помислите на вас?

    Не, не го мислам ниту прашувам од аспект, што има да мислам на другите, кој мисли на мене? До душе и така е... не мислиме еден на друг.

    Не мислиме еден на друг, не мислиме пред да кажеме некого, пред да осудиме некого, пред да издадеме некого... :)
    Јас си ја сакам својата коса...
     
    На Nefertitii, ilipili, Angelinkka и 10 други им се допаѓа ова.
  19. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    СДК...Понекогаш посакувам да заспијам.....и да се разбудам по неколку,месеци,години мн сум уморна,досаден ми е животов,не ми се излегува,ништо несакам не ми се живее... ;(
     
    На Angelinkka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... терапија само за мене. Шуууруп, шуууууууруп! И две апчиња насабајле !!! :!:

    Ден 2 од точак-авантурата. Одам денес и го местам седиштето. Еден премногу фин младич што работи во куќичката ми вика: Ама криво го намести девојче.
    - Еееее, на колку криви работи седиме.

    Он ме погледна прво бело, :^) па си се насмеа. :D
    Јас си го замислив дома столчето на кое работам, зашто на него кривам шија и кичма.
    После сфатив што сум кажала, па за казна очекував некое куче од оние невоспитаните што лаат по коли и велосипедисти како ретардирани, да ми се џитне и да ми ја изгрицка наметката.

    Мислам стварно - што е работата со овие кучиња? |(
    Не сум некој обожавател на истите, ама има домаќински и воспитани кученца, и мили некако, убавки, негувани, им свети крзното, леле колкупати сум помислила дури да пружам рака и да го погалам, ако се плашам... а од друга страна, има толку бесни и мрднати (а не се улични, тоа е трагедијата) и урлаат... де, спари си го кучето, врзи му една, најди му лек жено, не сфаќам како не те вади од такт да се попалува на секоја втора кола или точак. Бог да чува.
    А и ружни се башка :?: има вистина во тоа дека кучето личи на сопствениците. Не да има.

    СексиБејби, убаво да си поминеш. :hai:
    Јас се пакувам мисловно се` уште за во Истанбул. :)
    4 дена рај за очите и вкусот, не можам да дочекам ^_^ (ова не дека сум пасионирана обожавателка на Хурем-Султан и потајно се надевам дека ќе ја сретнам по темни турски сокачиња и ќе ја демнам. Можеби оној бркото црн од серијата...е тоа е веќе друга приказна... хммм ]:) )
     
    На anuskaNESTLE, ilipili, Jagoda123 и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.