Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Покажи му на човек дека можеш без него, и тој сам ќе те побара... :) Колку е само точно ова!
    Кога луѓето околу нас се добри и се залагаат за наша среќа не ги приметуваме, штом ќе ни го свртат грбот и ќе се откажат од нас, тогаш ние најмногу трчаме по нив. И доколку ги вратиме, пак сето ова се врти во круг до бесконечност, се додека еден ден не пукне дефинитивно. Не само во љубовните врски туку и во пријателските е истата ситуација.
    Животна иронија.
     
    На kala21, Nefertitii, ilipili и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Немам инспирацијаа деновиве за пишување, ама воопшто :yawn:
    Не дека нешто посебно ми се случва, едноставно животот ме натера да не вервам во некои работи, меѓутоа длабоко во себе надежта не е изгубена.
    Не дека очекувам некој пресврт во мојот си животец, туку се надевам дека самото по себе шо треба ќе си дојди.
    Не ми се учи, да не ми се учи, познатата фраза е таја :D Ама си давам надеж дека ќе успеам успешно да ги поминам и вторите колоквиуми, математикава само да ја поминам макар била 6-ка 7-ка ич не ми е битно.
    Немам друго шо да ви кажам, познато ви е дека спијам по автобуси :D и обавезно после дома уште по некој сон си мавам така.
    Туку да ќе ви кажвав нешто ги мразам оние машки суштества, кои си играат со чувствата на женските , кои ќе му го скршат срцето на женското на парчиња.
    И која е фората ко ќе имаш две женски не ви ја знам искрено, се молам да дојди некој да ми објасни, на глата кеј си ги клајш двете? Шо дека ќе ги лажиш двете. Денес дознав уште еден случај како мојот, на другата страна женет, а тука си оди со девојчето па уште ја убедва дека ја сака. Море мрш таму очи мој нејќат да видат поќе таков маж, а нити па да слушнат.
    Шо добив јас од сето то? Се ослободив од лагите и глата ми е помирна.
    Шо доби тој од ова? Мислеше дека мене ме напрај будала, не не ме напрај будала, самиот се напрај, сите клетви да ги фатат, од арно да не куртулат

    Го отупев јас мислам, ама морав ако не се ослободам овде, каде :D
    Нема да бидам активна, Мај иди( ќе се прпеламе по тревата со другарките со некој, така сме решени ^_^ :wasntme: ) Идат колоквиуми, ни Велигден ќе ми се види ни ништо друго :D )
    Ќе ве читам од време на време, вака навечер ко ќе сум послобдна и ко ќе имам послободно време :)
    Чувајте се, Ве љуби Ади :hai: :*
     
    На anichka94, kravce, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Има луѓе околку мене кои се навикнати постојано да се на врвот, да гледаат од високо, да се над сите. И тоа е така со денови, месеци, години. Но, еден ден, ќе се најде некој похрабар, некој кој ќе им се спротистави. Едноставно ќе му дојде преку глава, ќе си каже што има, ќе им плесне се в лице - како навистина е, и оп - овие одма се вреѓаат, почнуваат да хистеризираат, ја започнуваат војната. :^) Чекај малку бре, што е проблемот? Секој си има право да каже што сака. Криво ти е што не ти оди во полза кажаното? Криво ти е што ти ја сервира вистината пред очи? Криво ти е што те соочи со реалноста и ти покажа дека треба да се спуштиш малку? Аха... А тебе убаво ти беше кога солеше ум? Убаво ти беше кога имаше коментар за се? Кога имаше за секој човек да кажеш по некој збор за да направиш да се чувствува ко ѓубре? Убаво ли ти беше дури ги набројуваше туѓите недостатоци сметајќи се себе си за совршенство од некоја друга планета? :^)
    Не сум од храбрите, да им го попречам патот на „тие од врвот“... Искрено, се трудам и воопшто да не ги регистрирам, да не им обраќам внимание. Нека кршат глава, што се однесува до мене. Ама, почит до оние кои се издвојуваат од толпата и им кажуваат што имаат, на секој според заслугите. :bow:
     
  4. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Го мразам оној момент на пад на концентрација. |(
    Кога треба да и седнеш на книгата. А ја гледаш пред себе како еден пејзажен предмет со чија помош леташ ни светот.
    Така сега јас, како некоја сликовница да држам во рака.
    Мислите ми летаат некаде далку. Во нешта по кои копнеам, во нешта кои сакам да ги остварам.
    Па и оние кои ми се недостижни, си ги приближувам во мојата фантазија.

    Едноставно имам клуч на мозокот. И неможам да тргнам.
    И музика пуштив, и кафе се напив...ама никако да се приберам.

    Во моментов сакам да седам надвор, на некоја клупа...до мене ми треба еден квалитетен соговорник и ништо повеќе.
    Имам толку работи што сакам да ги кажам.
    Толку работи за кои сакам да разговарам...мислам додека не изгрее сонцето би можела да зборувам без престан.

    Не за џабе, имам една диплома дома ,,за најголема дрдорка на светот'' - Да, тоа сум јас! :^) :lol:
     
    На Serafima, ilipili, anichka94 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Од вчера и официјално и свечено си ветив дека ќе пробам да живеам без да се нервирам.Колку глупо звучи ова да го кажеш или да го напишеш,ама ете ми падна на ум.А познавам и такви на кои стварно им успева ова.За волја на вистината ептен се ретки и не сум баш сигурна колку се репрезентативен примерок оти се во поодминати години,ама сепак,мува не ги лази за ништо.Отсекогаш ми биле интересни.Сакам,ама најозбилно барем краток период ама за ништо да не ми биде гајле.

    Издржав херојски до пладне.Колку и да се трудам да го пуштам умот на пасење,секогаш се најдува некоја ситница,некоја обична ситна глупост која ќе ме натера да си каснам од душичкава.Сите оние што ги продаваат фразите од типот-живеј го моментот,радувај се на ситници бла бла бла...треба да се обидат да смислат нешто поефикасно,лек против грижа на совест на пример.

    Извини е бескорисен збор,особено кога си го кажуваш самиот себеси.Знам,упропастив,уништив,изгубив,и ?!?Треба да ми се направи лоботомија за да заборавам? Барем научив дека глумење површност е залудно потрошено време.
    Од утре ќе смислувам нова стратегија...
     
    На sweet-cherry, anichka94, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  6. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
  7. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Колку и да сум напната и нервозна, кога ќе ја видам рекламава за Ладна, со дечињата, секогаш ме расположува. Особено она:"Мојов нешто не работи, нос!"

    И мојов нешто не работи, мозок! :D
    Сакам да можев да го извадам, да го излуфтирам и пак назад. Мхм!
     
    На kala21, Monna.Monna, Mishela и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    ^^^Малку офф, се извинувам.
    Lilit драга, те почитувам и редовно ги следам твоите постови.
    Родена сум и живеам во центар на Скопје.Тука се родени и моите родители, исто и моите баба и дедо.
    Јас сум трета генерација родена токму во центар од оваа фамилија.
    Живеам во стан, наследство од баба ми.Зграда од пред земјотресот, тавани високи 3,20 м. и огромни врати и прозорци какви што веќе не се произведуваат.
    Но,сите овие факти не ме прават ниту супериорна,а богами ниту ретардирана!
    Исклучок од т.н. сељандури и те како има.Верувај ми, ги среќавам секојдневно и ги познавам од дете.Не се тоа некои ,,фаци,, туку стари градски фамилии кои тука живеат со генерации исто како и јас.
    И сите ние по некоја проста веројатност тука сме се родиле,сме израснале и се уште живееме.
    И да, не ти се лутам што не нарекуваш г**** :)
    Напротив, сите ние сме горди на своето потекло и место на живеење, без оглед како некој не доживува.
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.156
    ^ Затоа убаво си се изјаснив. Не реков сите, туку оние (сите) кои ги познавам, тука има битна разлика. Не го познавам цел центар, логично нели? Не знам како се најде погодена... кога убаво си напишав.
    Моето искуство е без исклучок такво. Затоа си го пишав опроштењето, може си има исклучоци и реков можеби си има такви, јас си зборев за оние кои јас по некоја линија ги познавам.
    Патем, по баба и дедо не се сматраш за роден скопјанец. Мнозинството граѓани се втора или трета генерација родени тука... А старите скопјани бегаат кон периферијата, накај Бардовци, си ги продаваат становите и си прават куќи.

    Уствари не те разбирам ...што сакаше да ми кажеш кога...убаво си пишав...и не знам како станот со висок плафон се уклапа у муабетов... Твојот личен имот...не е агрумент кој поткрепува дека во центар нема луѓе кои навистина се покондирени без основ. Ама ете сама кажа човече дека има такви.

    Трета генерација родена у Скопје и погорда сум на своето потекло по прабаби и прадедовци,него фактот дека живеам во Скопје...

    Како што сељанките кои ги опиша Теодора знаат да навредуваат, мора да се направи некој баланс...тоа е.
     
  10. marince87

    marince87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    160
    Сакам да кажам дека ги откажав цигарите.. 31 ден без ниту еден fucking дим цигара! Продолжуваме понатаму ;)
     
    На anichka94 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Скоро 3 години како сум на форумов, 2 и пол поточно...
    Во текот на овие 2 и пол години, иако во последно време ме нема често, сте биле со мене во некои од најинтимните моменти, имам запознаено лично и виртуелно прекрасни личности со кои некогаш бев блиска.
    Знаеја за дел од мене, и сеуште се они единствените што го знаат тоа што им било кажано.
    Ме фати грижа на совест. Грижа на совест зашто не доаѓам тука веќе толку често.
    Ме фати носталигија. Носталгија за старите добри времиња.
    Можеби и сега е тука супер, ама немам време за да го видам тоа.
    Ми фалите, ми фали и таа старата јас, барем тука, ако не пред други, се отварав сама на себе.
    Сега тоа се поретко го правам.
    Тука бев најсреќна, тука бев и најтажна, тука бев збунета, тука бев решителна.
    Тука бев тоа што сум.
    Ретко сум таква со луѓето околу мене.
    Некогаш не сум тоа што сум ниту пред самата себе.
    Ми се случуваат убави работи пак, ми се случуваат и лоши.
    Повторно сум збунета и повторно некогаш сум решителна.
    Ама избегавам да мислам за својот живот.
    Избегавам да чувствувам, а тоа вклучува и поретко да ми доаѓа желба да пишувам.
    Мојата муза умре. Нова немам.
    Најверојатно не ни сакам да најдам.
    Или можеби бегам.
    Животот е убав. Некогаш не мислиме сите така, ама убав е.
    Не ги разочарувајте блиските и не се разочарувајте себе. Правете го она што го сакате.
    Дајте им живот на годините, не само години на животот, како што пробувам да направам јас.
    Отворете прозор - Надвор е пролет, живи сме.
     
    На Peperutka90, Miss.Ricci, Serafima и 24 други им се допаѓа ова.
  12. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Дали тоа јас ве немам посетено околу дваесетина денови. Ако кажам дека сум имала за учење ќе ве излажам. Тоа ми е и некаков изговор. Едноставно изгубив желба за пишување, но сепак еве ме повторно...замислена, изгубена и заљубена до уши... :inlove:
     
    На Glossy-girl и anichka94 им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК ако човек почне да тера правда, ништо не прави.
    Ако почне да се докажува себе си, пак ништо нема да направи, бидејки на човек не можеш да му дадеш нешто со сила, може со сила да му одземеш, премногу вистина имат во ова.
    Најубаво е кога човек си брка своја работа, поголема релаксација од тоа немат.
    Оти се поминува во животот, ниту здравјето не е повеќе она што му останува на човек.
     
    На Serafima, imelda, Antoninaaa и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    :!:
     

    Прикачени фајлови:

    На Nefertitii, ilipili, AnaKarenina и 5 други им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    размислувајки, дојдов до заклучок- промена на тактика :!: -нема трескање од земја, губење нерви, стресови, нервози а богами и Дијазепами :!:
    кога се може да биде со :) и нормален разговор
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Некаде и некогаш прочитав:
    Не е фер да заведувате некого,само за да си го нахраните егото.
    Точно до болка.
    И навистина колку пати,и колку често заведуваме други само да си ја подигнеме самодовербата !?
    а притоа немаме никаква намера со личноста.
    Па и таков е животот,како правиш така ќе ти прават.
    И нас можи не заведуваат со таа намера,а ние немаме појма.
    Мора да се има рамнотежа.

    Добро утро,и заведете некого :*
     
    На SparkyAngel, srcekrsacka, Jagoda123 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    СДК
    Кој чекал дочекал :D
    Ама некој и чекална си отворил :worried:
     
    На kala21 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Блазеси им на денешниве деца, ништо нормално и паметно нема да тв.
    Наместо да има некои едукативни емисии, каде што ќе се истражува, квизови, нешто корисно, овие нашива им пуштаат Контактно училишна програма, со две неорганизирани крекала, што буквално замараат. И почнува ,,натпреваров,, жолти наспроти црвени, прво прашање за црвените: кој е дувачки инструмент од наведениве а) виолончело, б) виолина в) труба. И знаете што? Прво го читаат одговорот па одговараат. :tmi:
    На предната страна на студиото, креативно катче. Жолтите бојат, а црвените прават некои чудни експерименти со сода, па пустава несмасна водителка сакајќи да убрза и демек да им помогне, им го растури експериментот и не им успеа. :D Колку креативно. За студиово и микрофонот што виси, обесен на таванот, нема ни да коментирам.
    Не викам да нема и вакви емисии, ама тие од мтв нека ги опоменат и нека ја направат емисијава поинтересна. Еве за почеток нека ги сменат водителкиве.
     
    На Serafima, vendiii и kravce им се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    На дечко ми му собирам по ситни парички цела сума за да му купам велосипед. :?: До никаде не сум :sweat: . Не е феррр. Јас која порано скоро секој ден му носев нешто ситно сега немам како :sweat:.

    Ама убаво ми е не можам да се пожалам. Кога ќе се гушнеме на заспивање и расонување јас сум ваква, :inlove: и ваква, :D после во текот на денот станувам :rofl:. А ретки се деновите кога сум ваква ;( , ама ќе лажам ако кажам дека целосно ги нема и нив.





    п.с. Како можете да бидете толку невистинито и непотребно сурови, дури и виртуелно, дури и кога никој не ве прашува за мислење.
     
    На ilipili, srcekrsacka, manja666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    http://www.youtube.com/watch?v=extRPHsMpSE -.-
    Аман веќе НАЈДЕТЕ СИ СВОЈ ЖИВОТ :@

    Не е ни чудно што на вас останала само кожата и коските...Тоа е кога не можете доволно да се нахраните од оговарање и трачеви!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.