Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Vladus

    Vladus Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    121
    Како е можно да сум толкав голем малер????????? ;( ;( ;(
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Човек мора негде да се излуфтира :D а кое е подобро место од интернетот за тоа, никој не те гледа, никој не те знае, само ти си врховен и секогаш исправен судија :!: :geek:

    [​IMG]
    Никогаш не сум ја сметала Америка за земја снова. А некој прави копи пејст тука и тоа за пореметените глупави вредности. Еве си го стискам јазикот зад заби, си го стискам...ама се нервирам бре :worried: угх!
    Бебе сакаше со мене да нана :angel: На мама треба да и отворам градинка, женава ужива со деца да се занимава.
    И така. Ово је земја за нас м? Која? М?
    [​IMG]
    :up:

    едит, сега видов: Доделување награди за давање медиумска поддршка на хомосексуалната заедница? Награди доделување? ВТФ? Зошто мора на славниве да им се даде секое можно признание за секое сторено дело? Парада со скапи фустани и билдање его дека за некого нешто сте сториле...за да вие добиете нешто :puke:
     
    На Serafima, bittersweet, Lov3 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Очајно ми треба некој да ме гушне.
    Ниеден збор ја нема силината на топлата прегратка. Всушност ретко кога во животот сум барала совет од некого или утешни зборови, можеби моите избори не биле секогаш најправилни но сепак на крајот правев така како што јас мислев дека треба. И не се каам, самата си избрав. Да не бев толку интровертна личност веројатно ќе им ги кажев проблемите на моите најблиски па можеби би дошла и до решението, но јас одбирам да молчам зашто кога проблемите ќе ги кажам на глас некако тогаш ми стануваат реални. Секогаш страдам во тишина, толку многу научив да глумам што ни мајка ми неможе да примети дека ми се случува нешто.
    Верувам дека ќе се среди се, мора да биде подобро.
     
    На antonina, Serafima, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Доказ дека си паничарка е кога му ѕвониш и глеаш исклучен телефонот па автоматски те префрла на вип секретарка, и си праиш триста филмови да не е киднапиран, да не е убиен, да не му текнало од нигде да те откачи засекогаш, да не нејќе да збори со тебе по телефон, да не отишол негде а нејќе да ти каже, да не вака да не така, а него уствари само му се испразнила батеријата што не ни приметил и му се згасил телефонот.

    Толку е работата значи. Ама ај иди па сфати го тоа нека ти текне пред да ги праиш филмоите :rofl:
     
    На Lepaaa и zarah им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Отишла на балет и слика и се тагнува со топиче колку ужива во прекрасната изведба и колку супериорен вкус има она за уметноста. Абе она ти е префинета дама, она знае што е култура, она е уметничка душа, она ги разбира кореографиите и музиката. Само не знае дека додека гледаш и слушаш опера и балет не трепнуваш од емоции и од страв да не пропуштиш нешто, а не пак да земеш телефон и да се чекнуваш кај си шо си. |( Не е битно, она сигурно умира од досада ама ќе седи до креј бре, ќе седи да ја видат сите дека она е таа девојка - дама која ја цени вистинската уметност и која ужива во истата. Па треба ли утре да ја зборат низ град колку е она напредна и вистински културна личност во споредба со оснатаните девојки од Скопјево кои не ја почитуваат вистинската уметност толку колку неа. Срам да ни е! ;(
    Сигурно и јас би се чувствувала исто ако отидам на Цеца, ама добро е што си знам каде припаѓам и што сакам, а што не, а баш ме заболе дали ќе ме види некој и дали ќе ме збори после.
    Мило ми е што барем си работи МОБ, од помодарство - од помодарство, си функционира 8)
     
    На kravce, anabel-a, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Една година и еден ден одкако сум член на фемина... :inlove:
     
    На somebady и Dog-lover им се допаѓа ова.
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми недостасува другарка ми.Не сме се слушнале 1 месец и сами сме си криви за тоа.Уште малку ќе оди во друга земја така да ќе се гледаме уште поретко,многу ми е тешко и само си замислувам како ќе ни биде и на двете.Се дружиме од кога знам за себе,никогаш не ме предала и имавме многу проблеми во другарството неможам да ги објаснам зашто никој нема да ме разбере но никогаш не се откажавме и се надевам дека ни ова нема да го расипе. :) :inlove:
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    веке потпетици на мене-јок
    од сега чевлички само на рамно :!:
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    22.652
    Пол:
    Женски
    Откако размислив за вчерашната случка, си сфатив дека постојат луѓе кои за секое решение имаат проблем. Да, да во тој редослед.
     
    На somebady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    10.325
    Почнав да заспивам со кокошките ,а да се будам со петлите :lol: .
    Оф што ми се случува :?: ,се кревет ми се гледа .
    Ми треба одмооооооооор,да си го излуфтирам мозокот!

    Понекогаш си помислувам дека сум како oние личности „расположени како времето„,уште ако го видам денот дека е врнежлив ми се превртува нешто во мешето.Ме фака некоја страшна мрза,тој е денот кога ја зезнувам здравата исхрана,спортувањето и се живо и диво.
    И одма тука си наоѓам изговори да џвакам цел ден како крава да не речам :lol: .
    И не за друго и Јери страда во тие денови ,човекот одма е запоставен не го фермам два посто.
    Ако ако ќе ми дојде и мене умот некогаш :fubar: ,како викат старите користете додека можете додека сте млади :lol: ,а мене ова ич умот не ми го регистрира.
    И како за среќа у несреќа денес ми се погоди денот има да се искористи максимално спортови,вежбање џиџи миџи ово оно :rofl: .
    Ајде сега поздрав и ојдех да потрчам ,воздух да ме фане.
     
  11. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Среќна сум. Од ништо. :hai:
     
    На somebady, tweety26, Hopeful и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Како можат бе некои луѓе да бидат толку патетични со својата неинформираност и ограниченост.Ништо подалеку не гледаат од нивните хоризонти,едноставно ми се смачи да бидам опкружена со нив секој ден.Побогу,21 век е,постојат компјутери,интернет,енциклопедии,све и свашта.Знаете,образованието се си мислам дека било подобро во седумдесетите да речам.Ни телефони,ни комјутери,а да не збориме за таблети и такви чуда.За домашната барале во енциклопедии,а не на википедија.Учеле,се информирале.Едуцирани луѓе.
    Второ,имале право кога викале дека во најтешките моменти се гледа кој ти е прав пријател.Реалноста ми го покажа и докажа тоа.Од една страна,тешко ми беше,ми се вртеа мисли дека не можам повеќе,а од друга мило ми е што тоа се случи,ми помогна да сфатам некои работи.Имам паметни,разумни луѓе околу мене кои се прав пример,мило ми е што постојат во мојот живот :)
    Неделава имам три теста,за кои со потни жили ќе се изнамачам за петка,се надевам дека трудот ќе се исплати.
    Едит:
    Пред некој ден,додека седев во парк,до мене седна едно детенце мало,6 годинки отприлика.Циганче беше,ама ме погледна така ме натера да се замислам.Цело беше валкано,искинато,со насолзени очи,а сепак некако ми се насмеа топло.Почна да ми збори,и не си отидов,му се насмевнав и го слушав.Набрзо,приметив дека несвесно сум почнала да правам муабет со него.Ама онака празен муабет што би рекле.Колку години имаш и такви работи.Луѓе немате појма колку ми падна жал.Додека ние се жалиме на тоа толку многу што го имаме,и здравје,и семејство и покрив над глава некој преживува со 12 пати помалку.Сонце,му дадов малку пари,толку имав ситно да си купи нешто за јадење и одма оттрча и го гледам изглегува од продавницата со еден мал сендвич.Со каква сласт го изеде да знаете.Живот...
     
    На somebady, tweety26, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.467
    Допаѓања:
    91.835
    Пол:
    Женски
    Добро сум, на едно поле сум презадоволна, на друго млако море накај ладно тера.
    Компензираме со животов.
    Тој е тука да ме расположи и извлече од дупка. А јас? Јас вриштам!
    Додека го напнував тој шетал и барал чанта. Додека му објаснував дека не е по мој вкус, тој ме убедуваше дека таква ко што сакам ќе купиме кога сакам, ама ваква немало да се најде.
    И наредниот ден отишол купил друга.
    А јас? Јас конечно сфатив што правам.
    На него се истурам за се друго. И се поправив. Вчера кога го гледав како среќно и задоволно си оди од кога се разделивме по преубав ден, сфатив колку ми значи неговото задоволство и дека тоа влијае на нас, а моето однесување влијае на се.
    Среќна сум што го имам, само не знам како да му го покажам тоа.
    Ќе научам :$
     
    На tweety26, Micheleljubov, Serafima и 29 други им се допаѓа ова.
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    На bittersweet и anichka94 им се допаѓа ова.
  15. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Кажи му. Баш така. Дека се гордееш со него и дека те прави среќна.
     
    На anuskaNESTLE, teddybear, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Кој сега ќе учи да му го питам??? Јас, кој може? Пак јас, учи-учи а на крај се прашувам зошто главата ми бучи... али ајде да учам годината е при крај ако ме фатат неспремна право долу за оцена.... :lol:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Моментот кога излегуваш од ДМ и кога почнуваш да свириш на излезот, па те враќаат и ти ги претресуваат ќесата и ташната, а за моментот да биде уште почуден ти наоѓаат кондомче во џебот.
    Моментот кога продавачката ти дава еден ;) поглед и ти вели: „Абе ова цел ден нешто свири без причина, расипано е изгледа, ајде извинете и пријатно.“

    Барем да бев сексуално активна, а јас кутрата, посингл од било кога и претпазлива, па останал да стои таму од летото...
     
    На tweety26, kravce, Divinebutterfly и 19 други им се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Во ситуација кога си помалку паметен/на и помалку способен/на од мене или ќе биде како што ја ќе ти кажам, или ич никако нема да биде, зошто ќе пропаднеме. Во другиот случај не го викам ова.
     
  19. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    СДК се чудам на менталитетов на нашиот народ.
    А кога некој те пофали за нешто, дека си напишал убава песна не значи дека си поет.
    Ако постигнеш 3 тројки на кошарка не можеш да им парираш на играчите од НБА
    Ако си погодила модна комбинација, не те прави блогерка.
    Што се случува со скопскиве девојки???
    Секоја втора има БЛОГ
    И онаа која услови и можности за тоа ама и онаа која само сака да слика со длабоко деболте, хеланки и напрчена уста.
    * Секоја чест на исклучоците* Пратам и јас некои и дигам палче нагоре :)

    Фрчат слики со слаб квалитет, во купатило, соби, пред шахта (имаше една и на нива)
    Девојки со длабоки деколтеа ала бугарска певаљка, миничи, тенки хеланки со домаќинска гаќа што се проѕира. Мислам каде со тој памет??

    Очигледно помина меракот за фб, сега сета вулгарност се префрла на МОДНИТЕ блогови
    Жалосно!
     
    На somebady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    За прв пат денес почуствував дека стареам ... Дека годините поминуваат и дека имам спомени кај некои драго се навраќам прв пат вакво чувтсво , прв пат носталгија по некое минато време .

    Денес мајка ми кажа дека ќе реновираме ќе обновиме нешто , ќе варосуваме . Ја прашав а кога последен пат реновиравме ? Ми одговори пред 3 години . Што ми значи ова мене ?!
    Ме врати пред 3 години , кога добив смс од тогашната моја симпатија кој подоцна ми стана дечко . Чистев пристигна пораката не можам да опишам каква еуфорија ме фати :!: :inlove: ете таква . Се мислев што да му вратам на крај смислив денот ми се разубави поубав не можеше да биде . Беше покана за :coffee: . Во мене возбуда се договоривме знам дека потскокнував од среќа .

    Се потсетив на ова време , на мојот израз на моето потскокнување како мало дете кога ќе добие сладолед :) . Сега после тоа време истиот тој ми е на тацна можам ако сакам ама не сакам . Не ми фали тој , ми фала старата јас која се однесуваше како мало дете . Ми фалат емоциите кои ме преплавија , возбудата , насмевката , еланот кој никогаш нема да го заборавам ...
    Тој дечко подоцна ме повреди врската пукна се разделеливме . Денес немам никакви чувства кон него и можев да се постетам на тој момент без превртување на стомакот од неговата помисла ко човек камоли спомени . Си го дозволив тоа за прв пат .
    А како е денес , како денес се однесувам и доживувам ? !
    Денес го нема тоа ... Дали е до годините и зрелоста , искуството , период не
    знам ни пак некогаш наверојатно има шанса да дознаам . Жалам по тоа време , жалам што сум се изменила . Несвесно , тивко и несакајќи ...
     
    На tweety26, Serafima, marama и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.