Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Зошто секогаш кога треба да кажеме нешто нормално, нешто што е на место, нешто што било само да се почне некаков муабет; секогаш, ама баш секогаш ја стресуваме најголемата глупост што никогаш не би ја ни смислиле? :tmi:
    Па откако ќе размислиш што си рекол, сфаќаш колку глупаво си изгледал (барем за себе) и ти доаѓа да си ја залепиш една за ум за друг пат.

    Инаку, јас не се препознавам во последно време.
    Не знам дали ова сум вистинската јас што отсекогаш сум била некаде длабоко во мене или станувам некоја нова јас, различна од досега. Навистина не знам.
    Од една страна мислам дека ова е добро, но од друга страна многу се плашам.
    Во недоумие сум.
    Не знам дали би имала доволно храброст за нешто што би можело да случи.
    И сама не знам што ми се случува и како би реагирала на тоа што ме чека допрва.
    Само се молам да имам сила и трпение и на арно да излезе.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Моментот кога ќе започнеш да купуваш нечија љубов е моментот кога сфаќаш дека истата си ја загубил засекогаш...
     
    На danichap и manja666 им се допаѓа ова.
  3. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Ми недостигаат пријатели.

    Сакам да имам некоја другарка со која никогаш нема да изгубам контакт,која никогаш нема да дозволи некоја друга да го заземе моето место,некоја што ќе знае се за мене,ќе знае да ми даде добар совет,некоја со која би правела со саати муабет,некоја на која нема да и пречи ако не поминувам премногу време со неа,некоја која ќе ме разбира,ќе ми кажува се.

    Се чувствувам празно,другарките кои мислев дека ми се најдобри другарки од ден на ден мислам дека ми стануваат само познанички,не ме бараат и не ги барам. Ги канам за име,не доаѓаат. Ги канам на роденден,пак исто. |(

    Други го заземаат моето место,си се означуваат на песни,слики ... На ниедна не им текнува на Христина!

    Заминаа Скопје и влегоа во некој филм. :lol:
    Како и да е,прекина да ме нервира тоа. Сите нека тераат како сакаат,нивно право.
     
    На Sanjichka007, Lov3, COollLady и 5 други им се допаѓа ова.
  4. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Исфрустрирани, ископлексирани и патачи од ниска вредност па овде и еден коментар ги навредува или веднаш „си ја ишкаат мувата од капата“.

    И вие ми се нарекувате некакви си карактери...


    Ќе застанам овде пред повторно да дозволам вакво однесување да ме однесе кон „пофини“ мои коментари.
     
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Темиве стануваат се покатастрофални :?: Не е на арно... Можеби затоа изгубив инспирација за се.

    И патем,јогуртот битолскиот на ништо не личи веќе :puke: ВОДА го направиле! Мислев ќе го вратат во нормала ама тикви! Повеќе нема да купувам таков. Го запустија,а што убав беше...
     
    На OmniaVanitas и Ilusionist им се допаѓа ова.
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.859
    Допаѓања:
    11.383
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум го пишувала ова :| , се прашувам дали всушност постојат вистински пријатели ? :doh:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Се чини дека на овој свет се има во изобилие освен ЛУЃЕ во вистинска смисла на зборот.
    Човечноста речиси и да престана да постои.
     
    На SparkyAngel, slavica999, Lov3 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.143
    http://off.net.mk/vesti/razno/mozhe-li- ... ame-civili

    Не,не...а кај нас се одржа симболичен маратон за несреќниот настан во Бостон...за кој не ми се ставаше збор во уста, бидејќи ете тоа така требало да биде. Затоа што повеќето луѓе сакаат доволно слобода и осудуваат заради осуди за да можат да си се протнат себе си.
    Ете светот,а особено државава,така ...горко.
     
    На Moira, AnaKarenina и karenin им се допаѓа ова.
  9. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    И јас веќе се осеќам како да сум "остарела" и како да имам 60 години. Кога ќе го кажам ова пред други викаат" Аман веќе,па имаш само 21 година,животот е пред тебе."
    Да,така е.Животот е пред мене,но веќе не се осеќам како да имам 21 година.Како да нема живот во мене,како душата да ми е празна ,не гледам на работите како порано.
    Се сеќавам на деновите кога со нетрпение чекав викенд за да излезам и како со саати сее спремав за тоа излегување,а сега веќе секој ден ми е ист,монотон,не сум излегла којзнае од кога,а и да излезам излегувам ради реда,но повторно ја нема таа еуфорија пред излегување.
    Се сеќавам и на првата симпатија,на возбудата кога ми пишуваше пораки и на тресењето колена и пеперутки во стомакот кога ќе го видев.
    Сето тоа сега го нема.Дали годините си го направиле своето или во мене е проблемот?
    Секој ден грижи,препукувања,а што ќе биде понатаму? Бидејќи нели,вистинските маки допрва доаѓаат.
    Посакувам да сум безгрижно дете кое си игра во песокот и нема никакви проблеми.
     
  10. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Само едно можам да кажам- Среќна сум и доволно ми е, не барам повеке од животот :)
     
    На Hopeful и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  11. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Татко ми!
    За него можам да пишувам до последен здив и пак нема да успеам да напишам се!
    Со зборови не можам да ја опишам љубовта која ја чувствувам кон овој човек - и да се обидам, премалку ќе биде.
    Толку е силна, што ако ја пуштам да излезе од мене би можела целиот свет да го помести.
    Покрај сите мои неуспеси, грешки, разочарувања - тој е единствениот кој после се пак ќе рече: Ти си моја гордост!
    Татко ми старее.. Косата му е секој ден се по бела.. Лицето му е секој ден се по збрчкано.. Снагата му е секој ден се по немоќна..
    Јас секој ден гледајќи го тоа се дробам од внатре.. Посакувам да можам да го запрам времето и да успеам за него да направам милион пати повеќе, од она што тој го има направено за мене..
    Животот поминува, а јас му посветувам ли доволно внимание на својот татко?
    Му кажувам ли доволно често колку МНОГУ го сакам? Знае ли колку го сакам?
    Дали навистина сум негова гордост?
    Се плашам од помислата колку брзо животот поминува..
    Никогаш не сакам да се покаам дека сум можела, а не сум направила нешто за овој човек! Никогаш не сакам да го помислам ова, не кога веќе ќе биде доцна да се направи нешто..
    Го сакам татко ми.. Го сакам човекот, кој секогаш кога ќе го прашам што претставува за тебе животот тато? Ќе ми одговори, животот мој сте ти и сестра ти!
    Јас сум неговиот живот, а тој мојот херој!
    Те сакам татичко!
     
    На antonina, Someonespecial, Buttterfly и 43 други им се допаѓа ова.
  12. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Кај отидоа сите нормални припадници на машкиот пол ??? Кога бев у врска лепотани на сите страни, а сега еден асален не гледам :worried: Епа коа многу прибирав сега ќе си останам сама за цел живот... Али за да не бидам толку очајна калугерка ке си станам!!! :D од денес сестра Фифица :)
     
  13. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Добро утро и лека ноќ истовремено од мене. :) Бев надвор цела вечер како во тинејџерските години. :D Добро не баш надвор туку во затворена просторија. :) Меѓутоа од 12 навечер до 6 сабајле да не си дома... :? :D И се враќаш после дома и не можеш да си отклучиш врата затоа што си кажал дома да не оставаат клуч на врата од внатрешната страна, а сепак некој идиот оставил, па морав да ѕвонам и да ја разбудам мајка ми која и онака мораше да стане за 30 минути за да оди на работа. Циркуси. :D Ќе спикам сега како бебенце. :) После ќе станам, ќе работам и така... ќе имам плоден и продуктивен ден и обавезно ќе уживам во утакмицата од лигата на шампионите. Многу ми е мило што вчера Барса звана Фарсааааааа загуби со 4-0 од Баерн. Оууууу јеааааа одамна не ми се направил таков мерак. :D Sorry до сите фанови на Фарса, што да правам не ги сакам како тим, а и беше јасно дека тој балон ќе пукне кога тогаш и ќе го окркаат саглам од некоја екипа.
    Се слушаме вечерва, dear girls, women, moms, milfs, etc. присутни тука на форумот. :lol:
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Бип бииип...стигна гинеколошкото комбе :wasntme:

    Зошто луѓето чуваат гулаби? Зошто? Немам некое разумно објаснување. Во Казахстан еден човек чувал орел за да му лови зајци. :| Кој му го дал тој ум на човекот да си мисли дека е господар на светот?
     
    На Shelea, lunicka, Ilusionist и 2 други им се допаѓа ова.
  15. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    И мене ми недостигаат пријатели. Вистински.
    Некој што секогаш ќе биде тука за мене како што јас бев за некој што денес го етикетирам како познаник
    со кој сум имала добри спомени, помалку лоши. Скитам сама по улиците. Ќе заѕвони телефонот со познатата мелодија. Мајка ми. Само таа е секогаш тука за мене. Колку и да сум сама или преокупирана со
    пријатели таа дома ме чека претежно со некое вкусно јадење. И притоа со само две-три реченици по телефон се разбираме. На секое нејзино како си следува моето колебливо.Паа,добро. И двете знаеме дека не е добро и не си додаваме сол на раните. Во ред е.
    Се ќе биде во ред. Барем се надевам :)
     
    На Hopeful, kala21, Christina.A и 6 други им се допаѓа ова.
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.156
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги поднесам оние што работат во гинекологија, не можам ]:) значи до сега милион пати ми е земено крв, на сите можни клиники што се вели , во приватни лаборатории, ма сегде :emo: и само овие паметните додека ти се туфкаш на столче и едвај чекаш да завршиш те пипкаат, те стискаат :?: глупаци ни едни :devil: да ја напипале вената, абе ајде ]:) па јас најубави вени на свет имам :rofl: сите ми го рекле тоа, дека ама ни најмалце не сум проблематична за тоа :wasntme: а она ќе пипка 100 души пред мене па сега и мене абе вријам , од сега имала немала пари на приватно ќе си одам :swear:
    Се извинувам за постов ама просто морав да си кажам :!:
     
  17. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Многу е лошо кога човек нема осет за среќа. Не знае, не умее да усреќува луѓе. Тоа е како на сестра ми да и кажете нацртај глава од девојка. На се ќе личи, само на девојка нема. Е така јас со среќата.
    Сакамд а ги усреќувам луѓето, ама ова е покомплексен свет од колку што изгледа. Живееме во материјален свет, и веќе се губи осетот за среќа.
    Јас имам човек до мене, кој знае од ништо да ја создаде среќата. Да ја наслика, да ја каже, да ја прегрне.. Чудесен е. Ми дава парче од себе секогаш кога ме усреќува, секогаш кога се насмевнувам. Кога ми даде „дел од себе“, предмет направен од неговата имагинација и инспирација, пред некој ден, баш имаше коментар „да седеше овде парче накит, знам дека немаше да те израдува толку“ . Точно!
    Значи немора да ми купи нешто за да се почувствувам среќно. Епа јас таа моќ не ја познавам, незнам како треба. Незнам да создавам работи.

    Понекогаш сум груба. Никој ништо не ми згрешил ама имам бариера, се пазам од чувствата.
    Може и тоа е проблемот. Секогаш размислувам, мислам, а што ако, а што кога ..
    И сега си ветив дека е редно да го оставам паметот на метро од мене, чисто да се опуштам, да бидам среќна.

    Иако можеби сум најсреќната и се чувствувам како најсаканата девојка , (што сигурно не е така), јас имав тежок период позади мене. И многу често си фаќам се при срце. Кој што и да ми каже, веднаш се плашам, се возбудувам. Ми се изремети, ми се вратија грчевите во срцето, ми дојде два пати во две недели, и сега е редно да се опуштам.
    И да бидам среќна.
    И не сакам да мислам дали ќе бидам повредена, дали ќе бидам расплакана. Јас живеам во овој момент!

    Срцето постои да за биде скршено.

    :sun:
     
    На WildCherry, Doozy, Hopeful и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Е ајде, де. Не сакам затворени животни. Јас лично не се чувствувам убаво кога ќе ги видам такви.
    За свадбата на тетка ми, од помодарство таа сакаше кога ќе излегуваат од црквата со младоженецот да пуштат два бели гулаби. (Како во Американските филмови, нели |( )

    Прво, мачење беше да се најдат гулабите и да се купат.
    Второ 3 дена беа во кутија, па ќе ги пуштат во подрумот да летаат малку...па после брканица, неможат да ги фатат. Борби со гулабчињата :fubar: Жално.

    И на крај, на пат до црквата. Дедо ми ги затворил во кутија, ги ставил во багажникот. Ги отвараат таму...умреле гулабите. :doh: Најверојатно немале воздух.
    Таа слика никогаш нема да ја заборавам.

    Колку сурово од човечката страна.
    Зошто луѓето не се сочувствуваат со животинскиот свет? Не се тие бездушни, имаат чувства.
    Само немаат 'памет' како нашиот.
     
    На daylight и kravce им се допаѓа ова.
  19. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Каде се вистинските пријатели??
     
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Си го захевтав прстот.

    Леле колку боли у пичку матер.
     
    На sweet-cherry, Hopeful, Christina.A и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.